1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што мислите за емо стилот?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од snowflake1818, 16 април 2010.

  1. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.581
    Па сега ако имаш момче што е рокер сигурно дека и тој ќе те сака сигурно и тој ја бара својата сродна душа која има слични интереси како неговите.Мислам дека повеќето рокери се рокери во душа а не во изглед,но познавам голем број на луѓе кои не се срамат од тоа и се носат така.
     
    На Joi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. newgirl1

    newgirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    4
    Во право си, иако знам дека многу луге ги осудуваат, посебно девојките па сакав да искоментираме, читав една статија која што викаше дека напредните слушале рок и метал, дека тој стил бил најубав, дека мажите на тоа се палеле највеќе, но незнам зашто сите викаат дека не е така
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Fashion.n.a.d.e.44

    Fashion.n.a.d.e.44 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    31
    Jас мислам дека е точно тоа дека девојките што се облекуваат така имаат помала шанса за дечко со некој што си се облекува нормално незнам многу машки ми имаат речено никогаш не би бил со ваква бла бла..но ако таква девојка се запознае со такво момче што така се облекува би биле прекрасен пат и многу би си се сакале во тоа сум сигурна пошто познавам многу такви парови и имам многу видено и се мнооогу прекраски заедно.

    Cепак јас си се држам на моето мислење дека некој ако навистина те сака ќе те сака таква каква што си.
    A што се однесува до машките рокери,металци и др. дали имаат шанса за девојка што си се облекува нормално мислам дека оние кои се забрадени некако на некој начин гнасни се незнам јас дури се плашам од такви тие и баш немаат многу шанса за нормално облечена девојка.
    A и музиката нема врска може и воопшто да не се облекуваш така а да слушаш такви песни.Hа пример дечкоми слуша и рокенрол и метал и све ама се облекува ептен нормално и вели дека му е одвратно тоа облекување и никогаш не би се облекувал така. :D
     
    На Joi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Јас мислам дека и овде се е до личноста.Зарем нема убави рокерки,металки на кои страшно добро им стои црно?! Сега некој заостанат со размислувања од 5век нормално ќе зборува ау нема шанса,некапена,блабла...Но доволно интелегентите луѓе без разлика какви се прво би разговарале со личноста па ако им одговара ќе се случи нешто повеќе.А за машки мене не би ми сметало да има коса до земја се дури ме разбира.
     
    На Ekstaza му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Alyson

    Alyson Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2014
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    170
    Темава многу ми падна во очи...
    Не е точно сека ако имаш некој стил на облекување поврзан со музиката што ја слушаш тешко да си најдеш дечко.
    Само во нашата ни земјичка каде концертите на Цеца и Аца Лукас се полни, а ако има концерт на некој рок бенд нема да има ни третина од бројката што ја имало на горенаведените, може да се сметаат рокерите и металците за непривлечни, несфатени и незнам какви.
    Да се вратам само на стилот оти ако почнам да филозофирам на темата рок vs турбофолк нема да има крај.

    Нормално дека девојка што слуша ваква музика нема да си најде дечко што препаѓа по кафани и турбофолк, а и обратно. Исто и за машките металци и рокери сметам дека би настојувале да си најдат некоја која барем малку има поим од музиката што ја слушаат. Не за џабе велиме да си најдат сродна душа.

    Јас лично многу повеќе ги почитувам, многу поинтересно ми било со нив во друштво. Несакам да ги ценам луѓето по вкусот за музика, но и тоа е многу важно. И јас слушам таква музика, се случува некогаш да облечам црна маичка, црни фармерки, ноктите претежно ми се излакирани со црн лак, но ме виделе и со посветло, ме виделе и со фустан, ДА, сосема нормална личност сум. И го имам најдобриот дечко што можев да го посакам, исто така слуша рок и метал, исто понекогаш си се облекува во тој стил, најчесто е сосема нормално облечен. Сите од моето друштво се во врска, си имаат прекрасни девојки/дечковци, така да, во ова јас не гледам некој проблем :wasntme:
     
    На Ekstaza, Natali.3, MarchelineAmaru и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Derby

    Derby Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Не мислам дека стилот на облекување може да биде причина за помала шанса кај момчињата.Секој има право да се облекува како сака.Има едно девојче од мојот град што се носи рокерски па момчињата ги врти на малиот прст. :|
    Потполно се согласувам со Alyson :)
     
  7. Catherayn

    Catherayn Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2014
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    185
    Пол:
    Женски
    Луѓето се такви,тоа што им е непознато го сметаат за одбивно :D
    Колку пати имаме зборено со друштво на таа тема-девојчињата се грозат кога ке видат некоја у мартинки облечена,демек не биле женствени обувки нешто у тој стил.
    Мене лично,ептен ми се бендисува така да се облекувам-мартинки,темни фармерки,карирани кошули,маици од бендови..
    До сега сум немала дечко рокер/металец-мислам дека баш ке си одговараме..во стилот.
     
    На Ekstaza и Joi им се допаѓа ова.
  8. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Едно чудо глупости се изначитав на темава, и имам многу што да кажам ама ќе скратам.
    Значи, металците/рокерите/раперите, скоро секогаш си наоѓаат партнери со сличен или ист вкус на музика.
    Ретко кој дечко што ги слуша Avantasia, Septic Flesh, Black Sabbath ќе се заљуби у кремска цура манекенка у розево.
    Неговиот свет е едноставно поинаков, следствено со жанрот на музика и нормално дека ќе си бара партнерка која ќе му прилега според тоа. За вкусот на жени, од типот слаби, дебели не праиме муабет. Тоа си е индивидуално.

    Истово важи и за тип што го слуша Аца Лукас. Сигурно нема да најде девојка металка која ги слуша горе набројаните групи. Едноставно не си соприлежат со интересите. А знаеме повеќето денес како функционираат запознавањата. Прво коа ќе се запознаеш со некого го прашуваш каква музика слуша. Ако слуша слична на твојата и бар малку ти е симпатичен ондак се знае што се следува понатака. Во сите други случаи не велам дека е невозможна врската, (бидејќи треба и други критериуми да бидат исполнети), само мислам дека е многу ретка. Бидејќи денес 70% од паровите кои ги познавам претежно слушаат иста, или приближно иста музика.
    Меѓутоа познавам и такви, кои си немаат благе по ова прашање ич немаат ист интерес, па пак си тераат заедно и се им е рамно.
    Така да конкретно мојот одговор на твоето прашање е - Апсолутно не мислам дека оние девојки и дечки кои слушаат поинаков жанр имаат помали шанси за партнер.

    А другарти шо очигледно сакал да остави впечаток на јако фраериште, па искоментирал демек нема никогаш девојка која поинаку се облекува да донесе дома, му посакувам баш у таква да се заљуби во иднина, :devil: и откако ќе им ја донесе на неговите дома да ги фрапира онака, да паднат на г'з. :D
     
    На Ekstaza, sweet-star, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. DragonFly11

    DragonFly11 Нов член

    Се зачлени на:
    17 август 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    Фустанче во Готски стил кое го обожавам :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    • nbmn.jpg
      nbmn.jpg
      Големина на фајлот:
      26,7 KB
      Прегледи:
      79
  10. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Јас слушам рок и метал ама не се облекувам баш така а МНОГУУ сакам и планирам да си го сменам стилот.Тука не можам да најдам таква облека :D Треба да одам во поголем град ама имам неколку маички рокерски.Мене не ми се допаѓа тоа што судат така на прв поглед.Еве јас на пример бев една од најпаметните во одд и мирно девојче а шо дека слушам рок.Не е се до изгледот :^) И да стварно има некои девојки створени за тој стил..Сега за наоѓање дечко,па секако се преферира некој со таков стил или барем иста музика да слуша.Потешко е за наоѓање,да бидеме искрени :worried: ..Ама има и други луѓе што можат да изненадат.Стилот е доста креативен,не е само црни панталони и маици.Тука идат и искинати фармерки,кожени панталони,па некои интересни маици со натписи и белезиците со буцки,јакните и јаката шминка :inlove:
    А другарите твои не морале да бидат толку злобни ако можам да кажам. :^) Еве јас не можам да поднесувам српско,фолк и народно и сеа треба љуѓето да ги вреѓам? |(
     
    На Ekstaza, Natali.3 и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  11. Nina23a

    Nina23a Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2014
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    19


    Јас бев едно време рокерка, што сакаш да прашаш? :)
     
  12. Marijasp

    Marijasp Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2014
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Многу ми се допаѓа тој стил и сакам така да се облекувам, но како што рече Stefani999 мора да одиш во поголем град за најдеш таква облека.
     
  13. Marijasp

    Marijasp Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2014
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Grunge ми е најубав. Сакам и така да се облекувам. И готскиот не е лош но Grunge... Преубав стил. :inlove:
     
  14. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.480
    Гранџ и готик да. Во принцип се облекувам и така и така. :)
     
  15. Twinkles

    Twinkles Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    980
    Ниеден од овие не ми се допаѓаат. Но кога би бирала , еве ,нека е готик.
     
  16. Ketnis

    Ketnis Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    238
    Пол:
    Женски
    Уште од прва година почнав да се облекувам и да слушам grunge. Најмногу ме привлекува. :D
     
  17. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Grunge style најмногу ми се допаѓа.
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Grunge ми се допаѓа највеќе и планирам да почнам да го негувам како стил на облекување. А ми се допаѓа и не многу нападен gothic, дури би облекла некогаш нешто помеѓу grunge и gothic. Еmo не ми се допаѓа, лично.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Natali.3, Ketnis и Sunshine.Sunshine им се допаѓа ова.
  19. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Е, ама ептен сте ми интересни со ова „јас бев, па престанав“. :D
    По што го дефинира(в)те тоа? Сте престанале само така да се облекувате или општо веќе не ја слушате таквата музика и не сте „поданици“ на културата која ја носи со себе?
    Крај на основно и почеток на средно бев „раперка“. Јао, кога ќе ми текне каков мушкарац бев со тие фиоките по пантолони и маици во величината на Тупурковски... :rofl:
    И пак имав двајца дечковци! Едниот демек рапер што после се преобрати во рокер, другиот си го носеше селското во душа и ме викаше „недоволно длабока“ да го разберам фолкерајот. Па сега видете. :D
    После и јас се преобратив кон рокот/металот и стилот што го носеше со себе...и пак си најдов дечко, мада, искрено, истата музика ја слушаше. Во почетокот е интересно да се облекуваш така, демек мислиш сите очи во тебе се вперени и си посебњак, ама после здосадува.
    Сва среќа па не бев и емо. Сега ќе одев по психијатри да ми прават хипноза да го заборавам тој период од животот. Ептен ми се циркузанти тие деца.
    Али еј, да бидеме реални, постоеле и оние кои ми имаат превртено очи ако ѕирнале низ каверите од албумите што ги слушам и коментирале у стил „Какво е ова ѓубре, нели те болат уши?“, а потоа цело време гледале во мене ко да очекуваат да извадам вуду кукли и козја крв, и да почнам со ритуали.
    То се зове „глуп ко сајла“, што по автоматизам го исфрла(м) од потенцијални кандидати.
    Сега слушам и рап и рок/метал, а знам да се облечам и во цветно фустанче, апсолутно не ме тангира перцепцијата на околината т.е. потенцијалните плоџачи, дали сум била даркерка, дете на цвеќето или ко градска фуфа, мада сум најголем дел од времето облечена во некој гранџ фазон, и можам да кажам дека стварно таква ме неќат. Ваљда им личам на хобо-наркоман. :emo:

    Заклучок - не игра музиката/стилот некоја пресудна улога, но не е ни без ич. Сепак секој своето капаче си го бара. Крајно па, и мене не би ми привлекол внимание пастув со раскопчана Ник Слотер кошула и шпиц, чија мишка станува опојна на „Лаку ноч“ од Адил. :| Освен за сеир, нали. :lol:
     
    На Ekstaza, ku4ence, Natali.3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.960
    Пол:
    Женски
    Таква девојка автоматски сака такви машки, и обратно. Тој што има таков стил и слуша таква музика сигурно ќе го привлече и таква девојка. Така да, убаво им е на нив.. си го живеат филмот.