Ја обожавам готиката, воедно го носам и тој стил. Се снаоѓам од секаде во однос на облеката купувам што ќе ми се допадне од различни бутици. Но дали постои во Македонија, некој таков шоп само за таков стил на облекување за нас алтернативциве? Пошто до сега немам никаде сретнато дека има
Ја зачитав темава, и сега не знам колку е уште постоечка и кој сеуште се интересира, но јас сум металка. Почнав да слушам рок, метал, гранџ, психоделик и разноразни поджанрови кои произлегуваат од метал од петто одделение, и како мала секогаш имав проблеми, се паднав во генерацијата на рап душички и секогаш бев трн во очи, но за тие 4 години успеав да се справам и да овозраснам и повеќе да не ме интересира туѓото мислење. Се облекувам како што сакам, почнав повеќе да се слушам себеси во однос на стилот но ја задржав темната нишка. Облеката најчесто ја правам сама, нарачувам накит од интернет,додуша облека и не е толкав проблем зошто ако имаш визија ќе можеш да се снајдеш и со обични парчиња овде. Погледите и коментарите од типот на другарите со кои си се шетала ги имаме секојдневно, секаде и проследени понекогаш и со гласни коментари но не верувам дека оние кои се пронашле себеси и се градат внатрешно и визуелно дека им е грижа за туѓи мислења. И во тој правец е исто на тоа поле. Ќе тргнам од себеси, мене нема да ми е проблем доколку дечкото ќе слуша рап или поп, но сепак би била посреќна доколку слушаме исти тип на музика зошто световите ќе ни се поблиски еден на друг. Има многу рокери, металци и луѓе кои ја следат и живеат алтернативата исто како и девојки, така да не ни е никаков проблем А верувам дека има луѓе и кои знаат дека вистинското нешто што е важно е она што вирее одвантре, а автентичниот изглед може само да надополни.
па од сите три можам да издвојам грунџ( кога би морала да издвојам) инаку ни еден..а најмалку готик...страв ме фаќа кога ќе видам некој готски облечен искрено...мрачно аууу
Бев една од нив. Две-три години. Сега баш и не ми се допаѓаат. Со тие шишките ништо не гледаат. Ајде девојките океј, ама машките... Се знае машко што е, а не тие плачковци.
Vo pravo si po primitivni mislenja amin...Kako vaka jas metalka se omaziv... c c c c Od 7odd pocnav da slusam rock,podocna metal.Preferiram da se oblekuvam crno zasto ja sakam taa boja ne zasto me pravi metalka i nikogas sum nemala nikakov problem so drustvo ni pak so deckovci.Toj sto e zgoden i ubav sekako ke privlece vnimanie kako i da se obleci.
@MilaP е ајде како да им се докаже. Сум имала дечко, имам и сега еве. А и рокерките, металките и сличните на нив имаат стил со кој привлекуваат внимание, некој сака нешто поразлично, а не девојка како сите останати. Отсекоаш таквите се соочувале со секакви етикети и нетолеранција, а не можам да разберам зошто. Не се ниту грди ниту грозни како што кажуваат оние префинети шмизли. А башка, имаат подобри, подлабоки сфаќања и подобар карактер. Ама таков е менталитетот кај нас за жал.
Не знам не ми се допаѓа некако не знам зашто,а немам ништо против тоа кој како најубаво си се осеќа нека си носи,тоа е стил
Емо не ми се допаѓа, ама гранџ и готик. Гранџот е опуштен, див и слободен стил според мене, а готик е мистериозност, елеганција... Емо го поврзувам со сечење вени, трескање од земја, депресија...
Баш се сложувам дека ќе си најдат некој како нив Не бе не леле замислете ист металец како некоја си, црн офарбан во косата, со пирсови и тетоважи цел, како да го акнала струја косата Не ми се допаѓа ич Не сваќајте како навреда ве молам! боље е некој џентлмен него таков
Луѓе,треба да се сфати дека СИТЕ ИМАМЕ РАЗЛИЧНИ ЖИВОТНИ СТИЛОВИ!На Балканот е општо познато дека сме заостанати малце.Предрасуди има на сите страни.Сакаме да одиме напред а сеуште се замараме со кој како се носи.Прочитав погоре дека рокерите и металците си наоѓаат исти како нив.Типичен пример се татко ми и мајка ми.Тој бил тежок рокер на времето,мајка ми обожавателка на Здравко Чолич.Ете 16 години се заедно и немаат проблеми со тоа.
Се согласувам и јас мислам дека подобро е некој џентлмен него некој таков со пирсови и тетоважи, косата со спрејови зелена,жолта,бела ваква таква.. моето мислење е тоа