Не ме нервира емо стилот бидејќи до лани и јас го применував па се купував алишта во тој стил, ја исфарбав и косата во тој стил т.е. бев позната како ЕМОТО и сега тој стил ми се здосади и криво ми е некако шо сум била емо порано хехехехехехе најпојќе си жалам за црните прамени на косаваа иначе немам ништо против тој стил и не ги осудувам оние кои што се носат така и воопшто не ми пречат во друштвото
Bez navreda no spored mene toj stil bas e katastrofa , .... sekoj ima razlicen stil.... se soglasuvam so Angelche ...............
Ми се допаѓа тој стил но мислам дека ЕМО многу повеќе одговара на девојчиња бидејки машки со шминка малку ми е глупаво. Доколку си ЕМО мислам дека си чувствителен но незначи дека си дојден до тоа да сечеш вени. Иако кај нас 90 % од емовците само го практикуваат стилот на облекување и ништо повеќе што и донекаде е добро
Не сум баш по емо стилот,имам една другарка која е ептен навлезена во ова.Јас не го сакам баш овој стил
јас ги гледам како да се марсовци се чудам и ги гледам како се однсеуваат,секое нивно движење го пратам,исто мислење имам и за металците,и за ние едни други незнам као се викаа
Немам баш ништо против емовците дури едно време сакав и јас да постанам ама...јас сум си спортцки тип.Баш ми се допаѓа нивниот стил на облекување иако не значи дека треба да се зацрниш нон-стоп да се облекуваш во црно а исто така сум против тоа дека не значи ако си Емо треба да ФБ или на нешто слично да имаш фотографии со исеченици од жилети или нешто слично :n:
Ми се допага само стилот на облекување али тоа сто го прават .. не .. иначе имам видено емо по улица и некако ми се као скиснати али не сите
Дефинтивно се согласувам со тебе, дека повеќето од младите воопшто не го разбираат емо стилот.Мене лично не ми се допаѓа, но секој си одговара за себе и знае како најубаво се чуствува.
Нормални луѓе?? Ма ајде ти се молам, ти според облеката одредуваш дали некој е нормален или не f со тие стереотипи. За стилот мислам дека имам многу позери, а истот така и многу личности што мислат дека емо е уствари сечење вени. Според мене тие се креативни луге во поглед на облека, кул боја на коса и емотивен карактер, музика за нив балади.
Не да не ми се допаѓа, ужасно е!! Толку ми се одбивни, искрено мене најодбивни ми се емо машките, но сепак секој со својот стил, неможеме сите исто да сакаме.
Со тоа нормални луѓе немој лошо да ме сватиш... замисли ти на твои години да бидеш ЕМО... малку е чудно нели, мислам дека повеќето ЕМО се тинејџери.
Да во право си дека повеќето се тинејџери бидејќи потоа на пример за вработување ти барат кодекс на облекување потоа за било кое работно место луѓето имамаат предрасуди кон стилот на изглед и облекување па едноставно се асимилираш со останатата маса како ти што ги нарече „ нормални„ луѓе, ама тоа е малку несоодветен збор па јас би рекла мнозинството луѓе