Девојките не се лоши,интересни се(шминката,фризурите).Машките (досега што ги имам видено) се педерастични.Тоа сечењето - за никаде,не знам утре кога ќе формираат семејство,кога ќе ги видат тие лузни нивните деца како ќе им објаснат од што се...Како и да е,ако им се допаѓа тој стил,нека го фураат.За разлика од кај нас,во странство се поинтересно облечени со повпечатливи фризури.Ова кај нас е некако..фејк..
Еден дечко на факултет ваљда се смета за ваков и да ви кажам дека имаше маскара и креон црни. Абе аман бе!!!
немам против ама не го ни подржувам.. посебно не тие класичното ЕМО има некои слатки но некои стварно
Воопшто не ми смета нивниот стил,секој нека си носи тоа што сака, мислам јас не сум емовка па најповеќе носам црна облека.
Што сте запнале со црнилата бре??? Какви црнила? Ај машките, девојчињата се лампиони. Само има панк примеси во гардеробата и можеби затоа. Искрено јас ги ценам субкултурите многу повеќе од mainstrem-от!!! (сем дед металот како музика- заради текстот и сите движења базирани на сатанизам -морничави ми се) Тоа се луѓе кои размислуваат поинаку од грото, кои свесно се двојат од стадото. И затоа ги почитувам, без разлика дал се панкери, скинери, хипици, емовци, металци, рапери, стритери, скејтери, растафаријанци.... Субкултурите се убавината на градот. Кога шетам во Берлин уживам гледајќи ги како роеви низ парковите... мирисаат на уметност, на друг поглед кон светот и начин на живеење на истиот. Се радувам кога ќе сретнам толпа панкери како мало дете... Кај нас такво нешто ретко се гледа, а таму е секојдневие... И кога сме кај Емовците, интересни се, девојчињата ми се посебно убави а машките слатки (со исклучоци нормално ) идеологијата не ми е нај погодена, но оној кој си се пронаоѓа нека повели. А фејќери одсекогаш имало- и ќе има. Седумдесетите години Вудсток беше збиралиште на Хипиците, а Битлси станаа најслушан бенд -кај нас исто сите биле `хипици` иако поима немале што тоа значи и ги пееле песните на битлси како што ги дослушнувале : (шекена беубе твисте ша, камокамокакамока беубее на ) ете баш така =) А за црнилата нa EMO-вците, еве ви пример како што може да забележите црнила нема!!!!! баш напротив, изобилуваат со шаренило, и тоа ми се допаѓа кога е во согласност со стилот, убаво комбинирано...штом ги видам ме развеселуваат
Мене ми се интересни поточно имаат интересни фризури иначе не дека ги сакам ама не ми се нешто омилени
Не ми преќат,сум се нашла во ситуација (на дебата) да бидам во друштво со емо девојка.Нејзините ставови многу се разликуваа од повеќето во групата,некако како да гледаше поинаку на светот,на работите.Но тоа не ја прави изрод,имав прилика да ја запознаам по дебатата и таа беше сосем нормална,интересна иако имаше проблем со шишката постојано и паѓаше во очи па си ја местеше Но сепак немам ништо против,па секој си живее свој живот и може да биде како сака,и да го има стилот кој што го привлекува,иако повеќето, овие луѓе ги сметаат за фрикови
Многу интересни фризури имаат емо-вците. Секогаш им се средени, до влакно. Почитувам. Не знам какви им се размислувањата, ама стилот не им ништо побетер од металци или скинери или уфурани мали раперчиња. Така да, немам ама баш ништо против. Секој нека си фура филм каков што сака. Негов живот, негов избор.
Емо-стилот ми е некако ептен средношколски филм, оние шо не можат као да се уклопат и прибегуваат кон алтернативни решенија... Далеку од тоа да имам нешто против, ама не ми се допаѓа.
Искрено, стилот на облекување ми се допаѓа ама само кај девојчињата пошто кога ќе ги видам машкине со римели и моливи цели ко на педерчиња наликуваат, стварно! Не ми се допаѓа стилот на музиката што ја слушаат, многу ми е некако 'dark' и ептен се дерат На девојчињата многу ми се допаѓаат фризурите и облеката онака севкупно.. Иако повеќе ми се свиѓаат scene, зашто се повесели и се облакаат така во посветли бои, а емовците се многу down и секад се депресивни, сечат вени бла бла, многу се емотивни.. И јас додуше сум емотивна, ама сеа нема да сечам вени зашо дечко ми ме остаил..Не ми сметаат лично, а и зашо би ми сметале?
Не ми сметаат-секој си има право да се облака како сака, ама не ми се свиѓаат баш. Тоа е популарно кај 1-2 година средно и ги разбирам, пошо се во најлудите години и сакаат да се истакнат да привлечат внимание. На женските некако повеќе им стои, ама машките не ми се свиѓаат.
Секој има право да се облекува онака како што се чувствува најдобро. Мене лично не ми се допаѓа, ма да cool ми се емо шишките на женски , а машките се некако педерастични
Порано и јас се занесував со овој стил многу ми се допаѓаше . амааа сеаааа коа ќе видам емовци на улица ми иде да се убијам .. го мразам .. извинете ако има некои емовци тука
Лично да ми сметаат - не, не е мој проблем кој како се облекува, што прави и како прави, но воопшто не сакам да бидам во близина на такви личности. Некако многу ми се депресивни, мрачни, страшни... а вистински Емовци ретко има, повеќето се дечишта што сакаат малку повеќе внимание, па ај сега ќе се облекуваат во црно и ќе сечат вени зошто некој тип што им се свиѓал им мавнал корпа - чисти глупости! Јас НИКОГАШ не би се облекла така, или да правам нешто такво. A еве до каде стигнуваат таквите, вистинските ЕМОВЦИ... (линкот содржи грозни слики, кој мисли дека неможе да ги гледа да не отвара) http://www.documentingreality.com/forum/f10/some-emo-girl-needs-serious-help-11192/