Што мислите за емо стилот?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од snowflake1818, 16 април 2010.

  1. mima83

    mima83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    54
    Секој си има свој стил,и не ми смета ,ако ме прашувате воопшо не им го сфаќам тој емо стил нити ми се допаќа кога ќе видам некој облечен така,ама ако тие си се осеќаат убаво зошто да не,нивно е :P
     
  2. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    830
    Јас сум анти-емо човек :rofl: :rofl:
    Не ме бендисува нивниот стил на облекување а уште помалку нивната ајде да ја наречам филозофија...
    До вчера еден мој другар беше емо, сега повеќе не е, а и она што го гледам по градов како да им помина модата на емовците :?:
     
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.759
    Еј, баш не ми се допаѓаат. Ама ич. Многу сакам шареноликост во градот и секакви начини на облекување, но се надевам дека моето дете (слично како што рече и ФБИ, тука се согласувам со неа), поготово ако е син нема никогаш да изгледа, што јас знам - ко пејачот на Tokio hotel |(
    Bill Kaulitz или Боки13, едно те исто, само едниов барем прави некоја ок музика да речам, ама во однос на стилот и имиџот, исто ми се фаќа.

    И онака мислам дека стилов е најпопуларен кај многу младите генерации (12 - 18 max). Со тек на време ќе им помине. Разбирам дека е фаза. И јас кога имав 12 носев панталони паднати до коленици и превртував фармерки како Крис Крос, па ми помина. Дејгиди, луди, млади години :)
     
  4. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.932
    Абе тоа е како сипаница. Поминува :lol:
    Јас порано така ја тапирав косата, се шминкав така, се глупирав па ми помина xD

    СОВЕТ: Ако некогаш присакате да бидете Емо, преспијте, ќе ви помине. :D
     
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    3.574
    Допаѓања:
    24.357
    Пол:
    Женски
    Не ми се допаѓа овој стил зашто сите ми се некако како депресивни, натажени во фаците. Дајте луѓе смејте се, млади сте аман!
     
  6. plawa

    plawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    129
    Најверојатно ( читај сигурно ) повеќето нема да се согласат со моето мислење....
    Ич не ми се свиѓа тоа што денес повеќето се облекуваат и однесуваат според музиката што ја слушаат. Ако слуша емо музика се облака у црно, користи црн кармин :puke: и сече вени, ако слуша метал ги носи оние алки и ланчиња со боцки како и да се викаат ( простете за неинформираноста :?: ) па пирсови, кожњаци, мартинки...

    Кога ќе видам убави девојки низ град со 10 пирса на фаца и кило црна шминка , облечени во црно ептен ми е криво.... |(
     
  7. BlueEyess

    BlueEyess Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    19
    правите емо луѓе не идат по мода овде се е само мода и ептен е ретко некој прав емо чоек да се погоди нема врска ако сака емо музика одма вика ја емо сум бил бла бла бла еве јас ги сакам сите жанрови музика па и емо а тоа не значи ама баш нишо а plawa не сечат вени туку само рацете пази :D више шо нема да измислат иначе емо се луѓе кои се или мн лути тажни или нешо од таа природа и место да се соочат со тоа ги крија емоциите стварно тажно и ако некој навредив и нешо такво извинете ми и поздрав до сите :*
    и да ви кажам дека мн измислуваат луѓево сеа носев блуза со монистри и рацете парче ми се напраија и одма оваа емо и такви глупости а нема врска :lol:
     
  8. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Јас никогаш не би сакала да бидам емо ама немам нешто многу против овој стил. Сепак секој има право да одлучува каков ќе биде неговиот стил. Инаку кај емовците ми се свиѓаат косите :D
     
  9. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.371
    Допаѓања:
    6.183
    Ma одвратни ми се,во секоја смисла.
    Ајде океј,панк,рок све е тоа супер,ама емо кога ќе видам,чисто ми доаѓа да му исповратам во фаца.
    Без навреда,ако има некоја емовка овде. :)
     
  10. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    66
    Mене баш ми се допаѓа стилот, уникатен е некако и ако си емо(не сум јас,но сепак велам) не значи дека мора да сечиш вени и вие што викате некои има што не ни слушаат таква музика,а така си се носат им се свиѓаат фризурите, облеката па зошто да не? Hа пример познавам една девојка која е емо и не сече вени нешто(не дај боже) забавна е отворена и го искористува животот и го живеe до маскимум за разлика од некои што се облечени во светли бои така да не ја цените книгата според корицата ;) Ce согласувам со една девојка (извинете не го запомнив името) што рече секој нека си фура што сака(мислам беше) секој си има свое јас и секој има право да си одбере што ќе носи и како ќе го носи не мора да им се повраќа в лице на некои :D
     
  11. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    653
    Баш ми е интересен овој стил но да го видам на друг, јас лично не би се облекувала така. Сакав да се облекувам во емо стил пред две години но фала богу ми помина :D
    Секој си има свој вкус, а со тоа оди и стилот, мене пример ми се допага vintage облека, а некој не може да замисли да ја носи на себе се е тоа прашање на вкус. Како што реков за стилот интересен ми е, и немора да значи дека некој ако се облекува така тогаш сече вени, не се смее и слично.
     
    На emma-chan му/ѝ се допаѓа ова.
  12. emma-chan

    emma-chan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    9
    ја порано многу го сакав, ама сега не
     
  13. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.564
    Oh rly?
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  14. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.319
    Не се дружам со емовци, од причина што никој во моето друштво не е емо. ПОрано се залетував многу, сакав да бидам емофка, па си купував некои парчиња што се стрикно за емо, ама се беше минлива фаза. Тие парчиња што си ги купив ги комбинирам со друга облека и не изгледа емофско.
    Стрикно ми се допаѓа овој стил, не до толку со тапирани и со преса правени коси, ама некои работи како накитот, облеката ми се допаѓа.
    Музиката е премногу заморувачка, не би слушала.
     
  15. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    66
    Yes really... Не велам дека ми се допаѓаат сликите,но не мора да значи дека сите се такви ;)
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  16. ruperts

    ruperts Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    5
    Сите оние кои се емо сe најверојатно личности кои се уште се обидуваат да се пронајдат самите себе, така да мене не ми пречат, меѓутоа оние "емовци" кои што се сликаат до ВЦ школката или со Hello Kitty а да не ги споменувам и оние кои што се сликаат додека се самоповредуваат себеци (сечење и сл.) ми се стварно одвратни. Имав братучетка која што поминуваше во одредени фази, а една од нив беше емо и константно носеше црно и се затвораше во соба, не разговарајќи со никого од семејството меѓутоа тоа траеше неколку месеци па потоа се префрли на "хипик" и сега после две години (сега има 18) си е нормална и има сосем нови пријатели колку што знам.

    Заклучокот е: немам ништо против луѓето кои се емо, но оние кои само сакаат да привлечат внимание органски не ги поднесувам.
     
    На Rock-a-Fella и Wild.Child им се допаѓа ова.
  17. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.380
    стилот ми се допаѓа многу, некое време мислеа дека сум емо, поради шишките и што слушав rock :emo:
    Само начинот на кој тие гледаат на светот, особено тоа сечење вени, и не знам што-е тоа НЕ ми се допаѓа.
    Самата сум гоолем оптимист, секој ден е нова приказна и нова авантура за мене, и се трудам секој момент да го искористам, што повеќе да направам, залудно губење време е нешто што најмногу мразам -.-
    а и мразам луѓе кои се незадоволни и депримирани -.-
     
  18. Ivu4

    Ivu4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    41
    На Dobie му/ѝ се допаѓа ова.
  19. TeddyS

    TeddyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    120
    паа супер облека , воглавно , само што не ми се допаѓа сечење вени и депресивност :) инаку гоолема десетка за стајлингот + фризот :)
     
  20. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.564
    тоа е scene, не е емо.
     
    На TeddyS му/ѝ се допаѓа ова.