ЕМО стил,прво интересен стил кој е од 80-те, како стил се карактеризира со носење на црна облека,слушање на емо музика,и сечење на вени .... Морам да кажам дека како стил од него излегле многу други стилови :како Scene...SCENETO е многу подразлично од емо стилот до максимум се одвојува од него и затоа не го мешајте. Во Македонија нема многу емовци зборам за вистински повеќето се позери ....Иначе тапираната коса особено црната е нешто што ми се допаѓа многу ..Иначе секој човек е емоционален,ама емовците да кажам дека го искористиле тоа во градењето на нивниот стил.Како стил е прекрасен,како начин на живеење мислам со сечењето вени е нешто што не е многу убаво...
Емо стилот не ми се свиѓа.Прво, не сакам многу да ја носам црната боја, а ни да слушам емо музика...А сечењето вени веќе ми е претерано...Сето тоа не е за мене, ама секако не ги осудувам луѓето со емо стил
Многу ми се антипатични и нападни вклучувајки го и нивниот стил. Да не збориме за начинот на кој гледаат на работите -- типичен пример : Oh my Gog my boyfriend dumped me/this dog peed on me/i gained weight etc. etc.. what am I gonna do?!?!? (тука паѓаат во очај за набргу потоа да си најдат решение за проблемот) -- Oh, I know! I'm gonna cut my veins Патетично.
I wish my grass was emo..so it could cut itself Не ми се допаѓа стилот, машките како глуварчиња ми се во косите а и некои како виножито ја прават косата
Мене искрено не ми се свиѓа. Претеризам ми е.. ама ете.. неможам ја на некого да му речам: Не биди емо.
приметив дека многу девојки го мешаат емо со scene. Немам ништо против емо стилот и некогаш дури ми е интересен, но повеќе ми се допаѓа scene(повеќе бои, пожив е). А што се однесува до музиката многу ќе се изненадат колку познати бендови се класифицирани како емо бендови, не мора да значи дека ако слушаш емо музика дека си емо http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_emo_artists - линков чисто информативно ако некој го интересира за емо музиката
Тоа е веке стил и избор.. за стилови не се праи муабет секој шо сака нека си праи .. Но ете мое мислење за емовците.. е големо НЕ! Не би му замреила на никого и не би му кажала зашо се облакаш така зашо вака зашо онака сигурно и на нив не им се допага мојот стил.. пошо сме различни Но стварно бе да ништо не личат воопшто не ми се допагаат во косите како подвожни грмушки се.. очине црнила.. облеката исто со тие кловновски конуди ногата им изгледа многу многу голема Незнам искрено никогш не би се облекла така макар и за 1ви април да е тоа...
Еве некои Емо варијанти од мене Пред некои 3 години сигурно... Не ми се смејте А да си направам пак Емо шишка Се шалам
Офи да ти кажам не ти стои лошо. Мене си ми многу поубава вака со шишки отколку без нарави си пак, ама блага верзија, не вака емо Мене не ми сметаат, не ми се ни свиѓаат емовците ама гајле ми е, што сакат нека прават. Машките пак со ваков стил ич не ми се маженствени, не би се загледала во некој. Ама ова и не е баш некој стил, повеќе ми е ко преодна тинејџерска бунтовничка фаза. А она нивниот стил на живот како се им смета, никој не ги сака, депресивни се бла бла, и незнаш што, не сум баш запозната...ми е само една глупост. Ко еј само нив им е тешко, на сите други рози им цветаат. Слабаци п.с колку и да се трудам да бидам либерална, има некои емо фаци и комбинации на кои неможам да останам рамнодушна а да не се прескрстам или изнасмеам
Jaс лично сметам дека музиката која ја слушаш не треба да те ограничува во однос на тоа како да се облекуваш. Од каде тој пропис дека они што слушаат метал мора да се во црно, запуштени, со милион алки на рацете од црна кожа и метални нитни? А еве имам видено многу емовци низ град, и најчесто тоа се тинејџери. Навистина немам видено некој моја генерација или пак постар со таква шишка, дречлива боја на коса и слично. За девојчиња ми е симпатично, шишката ја имам носено и јас, само не ми се допаѓаат оние безвезни принтови, кои се карактеристични и за панк или ска музиката. Значи слушам разни типови на музика, па си го терам својот стил. Инаку страшно ме иритираат машките емовци, тие нивни фризури ми се одвратни. Иако не знам што значи и емо музика, таа емо шишка за мушка глава е ужас. Младиве мислат дека тоа е убаво, како што јас мислев дека е топ косата да ми паѓа на очи и ништо да не гледам
епа вака да се изјаснам за емо стилот,многу е греотенстварно е страмота за опшеството.Една личност треба да биде нормална карактеристична за самата себеси,а додека емо стилот нема никаква врска со тоа,тоа е некоја пролазна фаза на тинејџерите кои не можат да се пронајдат во овај изгубен свет
Spoiler За поделбатана вистински и фејк емовци - Мислиш дека оние вистинските емовци ,што сечат вени секои две секунди и што си ги касапат и унакажуваат телата изгледаат исто толку привлечно како фејк емовците ? И искрено ,дали имаат време да јадат бре тие ,а не пак да се шминкаат и фризури да средуваат по минимум два саати на ден? Јас не мислам,логика ми нема . Ич не ми сметаат ,интересни ми се ,а тоа фејк или не - мој проблем не е ,кој каков сака нека си биди ,ако нас ни изгледаат како имитатори не можеме со сигурност да знаеме како се чувствуваат тие во себе. Ги има ете насекаде околу нас ,претежно се некои дечурлии максимум 17 години ,убаво им е ,и мене ми е убаво кога ќе ги видам такви шаренки папагалести ,мили ми се ! А тие црните бои се типични за нашиве македонски емовци ( секоја чест на поорогиналните и поразнобојни ,имам сретнато и такви ,тенкс Гад! ) ,настрана се шарени .