Здраво на сите Отварам нова тема за Креатин, додакот во исхраната на билдерите и останати спортисти со цел да споделам инормации со вас и да добијам додатни информации од вас за истиот производ. Оној кој редовно користи креатин, добива ОГРОМНИ, НЕВЕРОЈАТНИ резултати. Што е всушност креатин? Нашето тело го создава по природен пат, а се користи за создавање енергија во нашите мускули. Се произведува во црниот дроб, бубрезите и се пренесува преку крвотокот до сите мускули од телото. Еднаш кога ќе дојде до мускулите се претвора во fosfokreatin (creatin fosfat). Овој високо-енергетски метаболит се користи за регенерација за основниот извор на енергија во мускулите, ATP-a (adenosin trifosfat). За разлика од стероиди или дрога, креатинот е 100% природен и можеме да го најдеме во храната. Затоа и никогаш не може да се забрани на спортски или меѓународни натпреваувања. Многу врсти храна како што е харингата, лососот, туната или говедското содржи креатин. Меѓутоа далеку најдобар извор на креатин е kreatin monohidrat, зошто содржи многу повеќе креатин. На каков начин точно работи креатинот? Ја зголемува чистата мускулна маса за две недели.Одговорен е за зголемување на силата, ја зголемува издржливоста и го убрзува времето на опоравокот. Не е ни чудо да сите спортисти кои го земаат креатинот да се поуспешни од оние кои не го земаат. Во брзо време секој спортист кој се натпреварува ќе користи креатин (доколку веќе не го користи). Способноста на креатинот да ги зголемува резервите на енергија во мускулите доаѓа од способноста од синтетизирање на протеинот во мускулите пропратено со намалено разградување на протеините. Исто така го зголемува растот на мускулите, со што мускулните влакна стануваат поголеми и појаки. Направени се повеќе истражувања за да се открие како и зошто креатинот така добро делува. Истражувањата покажаа дека креатинот ја зголемува енергијата, издржливоста и опоравокот на мускулите. Уште еден изненадувачко позитивен резултат е откриен а тоа е дека креатинот го забрзува губитокот на телесни масти и изградува чиста мускулна маса. На кого е потребен креатинот и кои се симптомите доколку го имаме како недостаток? Најпрво, сите оние кои имаат потеба од енергија, брзо изградување на мускули и поголема издржливост треба да почнат со користење на creatin mohohidrat како додаток во исхраната. Понатаму, сите оние кои сакаат поголема дефиниција и немасна мускулна маса, брз опоравок и губиток на масни наслаги треба да почнат да го користат. И за крај, сите оние кои имаат било каква физичка активност, чуствуваат телесен стрес, умор и сакаат на себе да видат зачудувачки резултати треба да почнат со користење на creatin mohohidrat. Начин на употреба: Се употребуваат два начина за користење на kreatin mohohidrat. Прв начин (1 фаза) е полнење. Овој начин треба да го практикуваат оние кои до сега немаат користено kreatin mohohidrat. Овој начин претставува полнење односно заситување на мускулите со креатин. Во првите 4-5 дена земајте 20 грама дневно промешан со сок или вода. Еден ваков ден кога сме во оваа 1 фаза би требало да изгледа вака: 1 мала лажичка(кафе), 5г да се земе после доручек 1 мала лажичка, 5г да се земе после ручек 1 мала лажичка, 5г да се земе 30мин.пред тренинг 1 мала лажичка, 5г да се земе после тренинг После оваа фаза, значи од 6 ден креатинот треба да се користи вака(2 фаза): 1 мала лажичка, 5г да се земе после доручек 1-2 мали лажички, да се земе 30мин.пред тренинг Најдобри резултати се забележуваат кога креатинот се користи со јаглехидрати како шшто е декстрозата (глукоза), која се конзумира заедно со креатинот 30 минути пред тренинг. Најдобрата страна кај креатинот е тоа што е докажано дека не е ни малку штетен по здравјето на човекот. Без ни едно штетно влијание! Сеедно, придржувајте се пропишаното користење и бидете спремни да ги искусите најдобрите можни резултати за добивање на мускули, сила и издржливост. Јас го користам овој.Велат дека креатинот е добар во комбинација со протеин од сурутка доколку сакате добро да се напумпаме.Но мене ми треба само дефиција на мускулите и јачина.Грешам ли негде ? Има некој додатни информации.Како на пример дали може да станеш зависник или не ? Што мислите ? Вашите одговори би ми значеле многу, какви и да бидат. А воедно и ке придонесат за поголема информираност за сите кој сакаат да почнат или се веке активни на тоа поле. Ви благодарам однапред http://www.napumpajse.com/files/proizvodi/ecf17001dac85208bcd514a8221a101b.jpg
Креатин користам од 16 години. Мајка ми мислеше дека е стероид, но јас добро истражив тогаш и имаше некои резултати но после дознав што “батките“ во теретана вистински користат не само креатин и веј протони , туку и нешто повеќе. 5 грама секој ден е докажана научно за ефективен тренинг и со добра исхрана. Не треба да се полни, освен ако не сака да се направи некој подобар ефект со изгледот пред натпревар за повеќе напумпаност. Не е точно дека апсорбцијата со глукоза е најдобра, најдобра е апсорбцијата со топла вода за да не останува грутки но ретко се дешава тоа особено што се микронизира во последно време. Продолжено користење на креатинот е добра работа за луѓето што сакаат да накачат мускулна маса зашто им се намалува миостатинот, кој е главен индикатор зашто некој има повеќе мускулна маса од другите. Повеќе миостатин = помалку мускули А ако програмата ти е оптимизирана можеш да добиеш солидни резултати, исто и исхраната.
Што мислите за CLA за жени јас еднаш го купив но незнаев правилно кога треба да го пијам, откај сто го купив ми рекоа послем доручек пред вежбање. Но јас го пиев некои денови послем доручек а вторник и четврток навечер пред тренинг. Но сега би сакала повторно да пробам. Инаку го купив од Напумпај се
Единствено нешто што топи масти е калориски дефицит. Фокусирај се на тоа што вистински функционира. 1.Исхрана 2.Тренинг 3.Сон 4.Вода 5.Суплементи
Е убав одговор, но јас од сето ова применувам само 1 и 4. На тренинг секој ден одам дури и двапати хаха ама гледам не вежбам (мала шала -додека синми тренира јас го гледам, исто и керками бидејки се мали морам со нив да бидам) така се топи ли некоја калорија
Kazhete kako da gi ubedam doma deka kreatinot ne e hemija? Neka objasni nekoj,oti ocigledno e deka jas za dzabe kje im objasnuvam ♂️
Протеините во нашето тело и тие што ги внесуваме преку производи од животинско потекло јајца, месо, морски плодови се изградени од аминокиселини. Креатинот е една од тие аминокиселини што значи дека нашето тело по природа содржи креатин кој е складиран во мускулите. Поединците кои сакаат за краток период да ја подобрат својата моќ ( за да издржат поинтензивни тренинзи ) внесуваат дополнителен креатин од животинско потекло. Единствена нус појава е тоа што може да се забележи зголемување на телесната тежина, но тоа се случува кога мускулните клетки се полнат со вода.
Креатинот не е амино киселина. Глутамин е одделна амино киселина. Креатинот се складира во црн дроб и заедно со глукозата се транспортира интра мускуларно. Нус појава не е то што се покачува телесна тежина а и башка ктеатинот не е тој што ја зголемува телесната тежина туку то е поради зголемен гликоген во мускулите а креатинот завлеква вода али интра мускуларно. Често пијат вода и ради зголемена течност се тврди дека креатинот дебелеј.
Ќе им кажиш дека како е можно да е хемија а да се продава без рецепта и да го има во аптеки исто без рецепта. Веќе ако неможеш да ги убедиш тогаш чаре ти е да се криеш.
Се размислувам да пијам креатин за да ја зголемам мускулната маса и сила. Знам дека треба да се пие ОГРОМНА количина на вода. Па сето тоа континуирано мокрење нема да им наштети на бубрезите ? Сепак се работи за 6 ако не и повеќе литри вода дневно. Иако веќе една недела пијам Whey протеин и сум презадоволен со резултатите засега... дали е паметно да ги искомбинорам овие две одеднаш ?
НЕМА ПОТРЕБА да се пие огромна количина вода. Вода се пие нормално колку што треба да пиеш секој ден. Баш со повеќе вода ги оптоваруваш бубрезите. 6 литра е премногу. Држи се за нормалниот внес на вода. Нема врска дали пиеш креатин и протеин. Може и у иста чаша да ги ставиш, ништо нема да ти е. Enjoy the process, убаво дека од старт ќе земаш Креатин. Паметно! (Освен некогаш нешто ако си имал проблеми со бубрези, поарно консултирај се со матичен, ако не си имал проблеми, немаш гајле)
Стероиди Се зезам... Аминокиселина што се наоѓа во мускулите и мозокот. Повеќето ја конзумираме преку месото. Како суплемент, бела прашкаста материја.. хехе
На другар му се залепи креатинот за бубрезите пред три години и тоа ме предомисли тогаш, али ја да си прашам сепак