Што мислите за нашите модни дизајнери?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од lolitaa, 28 февруари 2010.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.421
    Допаѓања:
    45.896
    Пол:
    Женски
    Млади македонски модни дизајнери

    Видете што најдов на Фесбук:
    http://www.facebook.com/pages/Poison-Iv ... 1756201319
    Во Охрид имаме нешто ново. Прекрасни се креациите, мене многу ми се допаѓаат. :clap: :clap: :clap: за девојкава!
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG] [​IMG]
     
    На Bright и rossonerka им се допаѓа ова.
  2. fs-fs-fs

    fs-fs-fs Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    800
    Пол:
    Женски
    Млади македонски модни дизајнери

    Голема почит кон сите наши млади дизајнери...но, морам да ја кажам мојата забелешка, ова несакам да звучи како потценување на нечиј труд, но малку нашиве дизајнери се имаат заборавено со цените па имаат фустани од по 1000 евра, за тие пари ќе земам Ели Саб ;)
    единствено сметам дека треба да бидат поскромни тоа е се
     
  3. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.463
    Од она кое сум го видела, некои само мислат дека се модни дизајнери. Лош крој, катастрофа материјали, моделите бледа копија на оние од светските модни писти.
    Нешто од работата на Кикириткова ми има фатено око.
    Некако многу сиромашни ми се тие парчиња облека кои досега сум ги видела, а се наши, македонски. Имаат лоша промоција и еве конкретно, Цаци не знам за сега, но порано имаше цени до таван. Влагам во тоа ЗАП Милано, си пуши цигара, ни добар ден ни ништо, како што влегов така излегов.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.034
    Млади македонски модни дизајнери

    Дефинитивно има млади и талентирани дизајнери кои допрва ке се докажуваат. Инаку лично ги обожавам креациите на Александра Митковска. Прекрасни се. Ама не само нејзините туку на сите се прекрасни зошто се оригинални. Браво! :)
     
  5. la.parisienne

    la.parisienne Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    172
    Млади македонски модни дизајнери

    Мислам дека овде место заслужуваат и двете дизајнерки од модната куќа Кокев Кадриу, Мила и Танја. Имаат одлични креации. И пристојни цени за нашиот стандарт.

    * http://www.kokevkadriu.com.mk
    * http://www.ateljekokev.com.mk


    Еве неколку што мене ми се допаѓаат
    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На malechkata му/ѝ се допаѓа ова.
  6. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Млади македонски модни дизајнери

    Не ни знаев дека постоеле Тони Матичевски и Ристо Бимбилоски. :$ :o

    Прекрасни дизајни, и браво на нивниот огромен успех.

    Навистина штета што не знаеме колку многу добри дизајнери имаме, не само тука, туку и во светот.
    Иначе, многу ми се допаѓаат моделите на Емили Ексклузив, Ателје Кокев и на Цаци. :D

    И другите се одлични, но овие ги знам од претходно. Особено Ателје Кокев, не останувам рамнодушна на ниеден нивни невестински фустан. ПРЕКРАСНИ СЕ !
     
    На Chocoholic.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    153
    Млади македонски модни дизајнери

    мене од овие само Елена Лука не ми се свиѓа....некој креатор, колку и да не се пронаоѓам во неговиот стил, сепак ја почитувам неговата визија....а според мене Е.Л. нема никаква визија...имам впечаток дека си игра моден креатор :) мислам дека за театарски костими може да пројде...за друго не.
    Се разбира ова е мое гледиште, за вкусовите нели, не се дискутира :wasntme:

    и овие Лудус пријатно ме изненадуваат :) Билјана Каран има убави фустани...а и Цаци ептен си ја почитувам
     
  8. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    8.992
    Допаѓања:
    108.961
    Млади македонски модни дизајнери

    Големо браво за нашите млади дизајнери. Би ги издвоила Росица Мршиќ, Емили, Елена Лука.. иако сите ама баш сите имаат прекрасни креации.
     

    Прикачени фајлови:

  9. Miss.Waldorf

    Miss.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    16
    Млади македонски модни дизајнери

    Ми се допаѓаат фустаните од Маја Кикириткова=)
     
  10. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.945
    Допаѓања:
    5.943
    Млади македонски модни дизајнери

    Сподели нешто да видиме, ме интересира
     
  11. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.644
    Допаѓања:
    1.686
    Млади македонски модни дизајнери

    Можеби не му е местото овде но вреди да го споменме бидејќи води македонско потекло.Се работи за Тони Матичевски.Не верувам дека многумина чуле за него,не знаев ни јас до пред малце кога пребарував на интернет.Тони потекнува од Македонија,неговите родители се од Македонија,но се преселиле во Мелбурн-Австралија.
    http://www.tonimaticevski.com/about/ Линк од неговата страна
    http://en.wikipedia.org/wiki/Toni_Mati%C4%8Devski линк со повеќе информации за него.
    Тој е навистина познат дизајнер во светот ја има облекувано и Ким,и други познати.
    Во некој нареден пост ке поставам слики и од неговите креации.
     

    Прикачени фајлови:

  12. beautiful1

    beautiful1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    33
    Млади македонски модни дизајнери

    Ми се допагаат креациите на Маја Кикириткова и ја обожавам оваа струка. План за во иднина ми е да завршам факултет за дизајнерка овде во Лондон па се надевам дека ке ви ја дизајнирам вашата облека по порачка :D
     

    Прикачени фајлови:

    • ana1.jpg
      ana1.jpg
      Големина на фајлот:
      13,1 KB
      Прегледи:
      297
  13. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.022
    Допаѓања:
    11.182
    Пол:
    Женски
    Млади македонски модни дизајнери

    Ова момче е од Куманово и посебно ми е драго што успеа да се пробие на европскиот пазар како дизајнер и даси создаде своја модна линија наречена NULLA
    [​IMG]

    Еве дел од неговите модели, кои се модерни, урбани и искомпилирани со класиката на црната боја:
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.334
    Допаѓања:
    15.487
    Модни случувања во Македонија и да нема.
    Што се однесува до модните дизајнери, би ја издвоила тука Маја Кикириткова. Немам некое посебно мислење за нејзе.. Класика..
    [​IMG]

    -Постојано спомнувано име кај нас кога се работи за модата е и Елена Лука. Знае што сака, и што е најважно знае што прави. Повеќето нејзини креации ми се свиѓаат..
    [​IMG]
     
  15. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.660
    За информација на тие што ја спомнале Елена Лука не е моден дизајнер. Таа си замислува дека се разбира од мода и естетика но всушност ‘‘брендот‘‘ и е само за бизнис. Во гардеробата која ја изработува преовладува кич и бледи копии на светски брендови. Се проби на сцената со хуманитарни ревии што и беше успешен потег бидејќи освен искомерцијализираноста на Елена Лука овој бренд нема никаков друг квалитет. Елена Лука е измислена за разгалени тинејџерки чии татковци ќе платат по 300 евра за фустан од тул со циркони и вообразени невести кои на свадбата сакаат да бидат како препарирани патки кои тоа ќе ги чини илјадници евра. Алал да и е на Елена што успева да им ги зема парите и да им продава бледи копии на Диор, Валентино и сл. што немаат Д од дизајн.
    Ако сакате дизајн во Мк побарајте го во Лудус или кај Росица Мршиќ.
     
    На Mishela и Hipica им се допаѓа ова.
  16. Elika

    Elika Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    46
    Најискрено не сум запознаена со ниеден од нив така да немам впечаток :)
     
  17. MissBreezy

    MissBreezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    110
    Елена Лука, кој сака може сешто да зборува ама професионалци се во прашање. Кај нас беа први кои се покажаа како вистинска модна куќа, а имаат и секакви услуги. Јас лично не сум купила никакво парче од таму, признавам дека креациите се скапи (од 500 евра па нагоре во принцип) ама неколку пати сум била кај нив и многу се услужливи, што е за мене еден голем плус. Имаат и други услуги покрај креирањето, ама да не должам.. мене ми се допаѓа нивната работа, се восхитувам на повеќето креации. Секогаш кога поминувам кај нив зјапам по излозите. :D

    Задоволна сум од Сека Радончиќ. Постара е, сега не знам баш дали е сеуште активна, ама ден денес го сонувам тој прекрасен корсет што го имаше направено пред неколку години... беше толку 3Д, просто неверојатно. Ако и нарачаш изработка, дефинитивно нема да се покаеш. Таа ми предложи фустанче за свадба, одлично ми го стесни како за мене и ме советуваше што да носам за акцесоари.

    И во Папилон сум била за фустанот за матура и тогаш се советував со Зоран- креаторот. Многу го намачив кутриот човек, се работеше за невообичаена креација ама подобро не можеше да испадне фустанчето, навистина ми го погоди во целост, а башка имаше и сешто свое да понуди, само што јас бев одлучна. :lol:

    За наведениве можам да кажам од искуство, за други креатори не сум компетентна да зборам, само знам дека доста нови и млади креатори на FWSK се покажаа добро и изненадија (некои да, некои не).

    На фејсбук има страница за македонски модни дизајнери -http://www.facebook.com/Macedonianfashiondesigners
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.474
    Јас немам некое позитивно мислење за Елена Лука.
    Сметам дека нема никаква визија, ниту имагинација, ниту сопствен печат, нешто што треба да го поседува секој моден дизајнер.
    Не знам како функционира нејзиното студио, дали е професионално и дали има добра услуга, но според мене го нема најважното - свој потпис.
    Сите парчиња се бледа копија од нешто веќе видено и прошетано на модните писти.
    Многу е преценета и не сфаќам искрено како се крена толкава помпа околу нејзините дизајни.
    Некаде после Нова година во една емисија имаше неколку млади дизајнерки, меѓу кои и Елена Лука, и фустанчињата кои ги креирала - ако воопшто тоа може да се нарече креирање, беа засрамувачки смешни.
    Не ми се веруваше дека тоа го нарекуваат креации и моден дизајн.

    Билјана Каран има некои интересни парчиња, иако, слично како и кај Лука - веќе видени низ светот, без некои новини и инвентивност. Сепак е малку подобра од претходнава.

    Маја Кикириткова ми фаќа окце, плус е доволно млада да се развива уште повеќе и поквалитетно.
    [​IMG]
    [​IMG]

    Ненад Секирарски не е лош, но не е ниту сјаен, има многу перфекција во неговата изработка.

    Мислам дека најмногу свежина внесува тимот на Лудус, Јован Петровски заедно со Росица Мршиќ.
    [​IMG]
    [​IMG]

    Сметам дека Македонија не поседува доволно квалитетни дизајнери и сме светлосни години далеку од светската модна сцена.
     
    На sesilija, rossonerka и Marchesa им се допаѓа ова.
  19. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.022
    Допаѓања:
    1.080
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    [​IMG]

    Немам ни мислење, ова се си кажува... ни го упропастија најдоброто нешто што го имавме во МК со креацијава...
    А за новиве не сум ни мн запознаена бидејки имам кренато раце од фациве наши.. ретки се тие на коишто би им се :bow:
     
  20. Marchesa

    Marchesa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    965
    Билјана Каран само ќе ја споменам. Ми се допаѓа многу тоа што го работи. Во сите нејзини колекции има една така фина доза женственост, еден ненаметлив ама препознатлив стил. Ако некој ја прател, ќе се согласи со мене. Последнава колекција малце ме разочара дека за заштитно лице ја зема Викторија Лоба, ама колекцијата пак си е одлична. Се' би носела ;) И да не заборавам да споменам дека едно време работеше во Италија и дека има учествувано на Miami Fashion week :)
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.