1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што мислите за новиот закон за боледувања?

Дискусија во 'На работното место' започната од Kalina1, 3 ноември 2011.

  1. Kalina1

    Kalina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    37
    Јас завчера ги слушав на телевизија и не ми се веруваше. Правеле статистика во другите земји највеќе боледувања имало над 60 год. а кај нас од 25-35 год. Па сакав да го прашам министерот во нашава земја колку души има над 60 год. што работат обично сите се стечајци или пензионери. Нормално ке зимаат боледувања тие од 25-35или 40 год. тие имаат мали деца.
    Еве јас лично се соочувам со тој проблем, имам две годишно дете кое иде во градинка и секој месец се раболува и немаме баби за да го чуваат и морам да земам боледување. За секое боледување докторката ме малтертира крвна склика, брис од нос и грло, па упат на специјалист за ОРЛ и јас така болно дете со 40 тем. место да лежи дома го мкнам по ординации и чекални со саати.
    Сметам дека стварно не се нормални, и докторот и пациентот ке иделе во затвор ако имало неоправдано боледување. Многу се изреволтирав од овој закон. После ова никој нема да сака да даде боледување,мене ионака докторката ми пререкува за секое боледување- па не ја носи во градинка најди си жена да ти ја чува,па и реков ако ми дадеш ти секој месец 10.000 ден. за жена нема проблем.
    Вие што мислите и какви се вашите искуства.
     
  2. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Што мислите за новиот закон за боледувања

    Не ми се многу баш допаѓа, но сепак мора да се стави ред. Имам блиски личности кои земале боледување само затоа што не можеле да се снајдат да излезат од работа ден, два па ајде боледување ќе земат една недела и ќе ти тераат на шетање по Бугарија, Грција. Но има и такви што навистина им е потребно боледувањето а не го добиваат (на пример нина ми имаше ризична бременост и беше правена серклаж а ја тераа да оди на работа во 7ми месец, иако за да ја истера бременоста до крај требаше да лежи постојано и потешко од 500гр. да не крева).
    Како и да е, јас само што останав бремена веднаш останав на боледување од причини што постојано крварев, а работата ми е таква што бременост и работа не оди.
    Здравје за втора бременост, ако немам потреба од боледување, како ќе одам на работа со стомак :x :fubar: :x :lol:
     
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Што мислите за новиот закон за боледувања

    Па освен што се регулирани строго работниците, регулирани се и работодавците.
    Ова со боледувањата го оправдувам од причина што сум сведок на такви боледувања, не му се иде на работа, оп ќе го фати пријателот доктор ќе му пише боледување и ужива платено дома, тоа е присутно особено во здравството, кај што и онака ги мрзи да работат. Ако не го направеа ова ќе имаше премногу злоупотреби на правото. Сега не знам за казните затвор, мислам дека за ваков престап треба високи парични казни и одземање на дозвола за работа (привремено или трајно). А за мајките е навистина тешко, имаат мали деца кои имаат големи потреби. Ова се различни причини за боледување, одн. слободни денови и треба да се регулираат одвоено.
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Што мислите за новиот закон за боледувања

    Донекаде го оправдувам,зошто мора да се стави ред! Како што кажаа и другите погоре-не им се оди на работа и оп боледување ,и тоа за што -за шеткање! Многу такви познавам и тоа не ми се допаѓа воопшто.Се искористува боледувањето за лични задоволства,е ова само кај нас го има.
     
  5. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    Што мислите за новиот закон за боледувања


    ЈАС мислам дека ова е катастрофа Јас работам во приватна фирма еве 3 години нити еден ден немам земено боловање за одмор да не прајме муабет еднаш 5 дена со триста молења и еднаш тој не пушти и тоа како знак на добра воља
    7 дена и тоа тој кога сакаше слободни немат или секоја втора недела во зима и празници и делници работиме викат газдата ам ви се плаќат плус за празници признават прв ден Божик и прв ден Велигден ,прв ден Нова година зошто на вториот третиот попис се правит !

    П.С. е сега се прашувам КАДЕ е министерот да ми кажит како да се лечам ЈАС ако треба да одам до Скопје на преглед или контрола треба колешката цел ден да седи на работа и мојата смена да ја работи и обратно ЈАС за нејзе !

    ОВОЈ ЗАКОН ТРЕБА ДА ВАЖИТ ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА ???? или и за нас јадници што работиме за приватни фирми ????? :!:
     
  6. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.019
    Допаѓања:
    5.943
    Што мислите за новиот закон за боледувања

    Го оправдувам законов за во училиштата .
    Крајно време беше ученициве од основно и средно да се приберат малце и да почнат да бидат поредовни на школо . Кога и да дојдат тестови и испрашувања и оп - пола клас го нема .Си имаат оправданија извадено , некои ги немаше и по цел месец , што болест ќе беше тоа ...
    Па и ние што седиме по 7 или 8 часа дневно на школо , не сме казнети ..
    Ако си навистина болен кога го носиш оправданието носи и крвна слика брис и све остало па тогаш нека ти го признае оправданието , оти се злоупотребува .
    Овај закон треба да важи за во училиштата , па родителот ако е толку несовесен ( му наштетува и на своето дете ) нека лажи и тој дека си болен , а не си ...
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  7. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Што мислите за новиот закон за боледувања

    Се сложувам со предлог законот но не во целост.Зошто? Затоа што оние на кои навистина им е потребно боледувањето ќе доаѓаат до него со тешки маки , а пак оние за кои е навистина е предложен законов пак ќе си доаѓаат до боледување.и пак нема да има ред со боледувањата.Па мислам доста беше од некој луѓе кои работат во администрацијава и секој месец по 2 недели боледување , или од земјоделциве кои дојде ли сезона за сеидба одма на боледување се фрлаат.
     
  8. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Што мислите за новиот закон за боледувања

    Аха... одлично, нема проблем. Имаме сега механизам за да се заштитиме од оние кои демек лажат дека се болни, од мрзливите, ове-оне. Пеки.

    Само уште да измислат како да ги заштитат оние кои се пребиваат од работа а на никој не му е гајле... Државни празници, Нови Години, што не. А ниту се платени, ништо. Кога сите страни ќе се задоволени, тогаш е во ред. Кога газдата на фирмата ќе оди во затвор затоа што работи во недела а не пријавил и не ги плаќа вработените, тогаш ќе е во ред.
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Radiance

    Radiance Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    170
    Што мислите за новиот закон за боледувања

    LOL, па тогаш кој ќе не лекува ако така беше добар законот ќе одеа 50% од докторите во затвор.
     
  10. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    Што мислите за новиот закон за боледувања

    сега со новиот закон нас кои работиме во приватен сектор нема да ни даваат лекарите боловање и тогаш кога навистина сме болни заради тие што работат во државна администрација ова работат треба у наводници да биде (секоја чест на исклучоците) кои што си зимаа секој 2 месец по 15 дена боловање и сега ние ке трпиме заради нив е мнооогу се нервирам
     
  11. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Калина твојот син не глуми дека е болен тој стварно е законот е за тие што глумат болни и земаат белешки само за да се оправдаат :) немам нешто против законот зошто е праведен
     
  12. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Ни во државна администрација не е секаде исто. Јас работев во образование и никогаш не сум отсуствувала повеќе од 3 дена и тоа ако баш не можам од кревет да станам, ако имам темпеартура на пр. И за тие неколку дена ми било одбивано од плата се по ред (редовност, отуство, превоз, храна...) и после тоа МОРАВ да ги одработам изгубените часови, за да нема кусок од бројот на часови кој мора да се одржи во една учебна година. Значи ем ќе ми скинеа од плата ем после си го сработував тоа. Се буневме, ама џабе, тоа беше така. Не знам дали во сите училишта, ама кај нас беше ептен мачно ако се разболиш и не дај Боже, земеш боледување.
    Инаку, мајка ми ми има кажувано дека ептен одамна фирмите, институциите и сл. си имале комисии и ако си земеш боледување комисијата ненајавено доаѓала дома да провери дали си дома и дали си болен. Е сега не верувам дека лекарот одел во затвор ако видат дека не си болен :P , ама за вработениот имало санкции.
     
  13. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    И сега е така, само што не постои посебна комисија, туку од HR од фирмата испраќаат тим на доктор и сестра директно кај тебе дома, за да проверат на лице место дали ти (или детето, зависи за што ти е боледувањето) си навистина болен, и потоа пишуваат извештај до фирмата. Тоа е најчесто тим од поликлиниката со која фирмата има склучено договор за систематски прегледи :)
     
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.566
    Пол:
    Женски
    Јас многу убаво се сеќавам на ова. Секогаш мајка ми кога беше на боледување, а имаше перод кога беше на подолги боледувања под 2 - 3 недели знае да дојдат ненајавени од работа д кај нејзе да ја контролираат. И јас сум за тоа да се воведе повторно. Па после да видиме дали во овие услови кога секое работно место веќе не е сигурно како во социјализмот , дали некој ќе лажира боледување за да иде на пат да ужива или да ора на нива. Јас пред една година се искарав со матичната моја зашто не сакаше да ми даде боледување а имав 4 дена температура и не можев од кревет да станам. Овој закон е ужас, особено и за децава. Педијатарот на другарка ми и вика не можам да ти дадам повеќе од едно боледување за 3 годишно дете зашто еднаш сум ти дала и толку ти следува во тромесечие. Мене да ми речеше така ќе ја задавев на лице место жими мајка.
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Еве го најновиот Закон т.е Измена

    ,,Објавени се нови измени на Законот за здраствено осигурување („Сл. Весник на РМ“ бр.26/12 во натамошниот текст измени) кој стапува на сила од 29.02.2012 година.

    Овие измени меѓу другото се однесуваат на член 18 од Законот за здраствено осигурување со кој се уредува исплатата на надоместокот од плата во случај на спреченост од работа заради болест. Имено досегашното решение да овој надоместок до 21 ден паѓа на товар на работодавачот, со измените надоместокот на товар на работодавач сега е до 30 дена, а над 30-от ден на Фондот. Со измените се утврдува исплата на боледување на товар на работодавачот од првиот до последниот ден на боледување во случај кога привремената спреченот за работа поради повреда на работа настанала како последица од необезбедување на мерките утврдени со прописите од област на безбедноста и здравјето при работа од страна на работодавачот.

    Со овие измени нова обврска за осигурениците, а тоа е дека во рок од (8) осум дена од добивањето на извештајот од матичниот лекар или од првостепената лекарска комисија на Фондот, осигуреникот овие документи мора да ги достави до работодавачот, односно Фондот, во спротивно осигуреникот е должен да се јави на работа.

    До некаде се стегнаа работите, ама сепак останува да виси курумпираноста на лекарите кои од ракав ги вадат боледувањата.
    Ако некој мисли да го злоупотреби на ова време каде што ниедна работа не е сигурна, нека се подразмисли дали работодавецот ќе го држи месец дена и ќе му плаќа плата и доприноси.
     
  16. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Луѓе може некој да ми каже како се врши сега исплатата на платите додека си на боледување? никогаш се немам сретнато со оваа проблематика сеуште се врши исплатата по 3 месеци?
     
  17. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    ДА! (ем не им се работи и воопшто не се експедитивни ем нема пари фондот)
     
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    значи тешко на тој што ќе оди на боледување добро ова ли е закон бре каде го има ова со што ќе живее болен човек 3 месеци без никаква исплата катастрофи :@
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Знам, исто се чека и за рефундација на средства од купени лекови (кои спаѓаат во листа за рефундација). Еве побратимка моја е на трудничко боловање, бебушот направи 4 мес и фондот дури тогаш и пушти сре-ва. И исплати на куп за претходните 3 а за наредните 3 кој знае колку ќе чека пак.
    По фирмата што ги имам овие на боловање чекаат по 3 мес.
     
  20. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Славица не те сваќам по 3 месеци пример колку пари ќе ти исплатат тоа што ти следува 3месец,или уназад за 3те месеци ти исплаќа фондот?таткоми пример работи во државна фирма но сега има здраствени проблеми и има големи шанси да оди на боледување а не сум запознаена со ова воопшто бидејќи никогаш ни таткоми ни мајками не отишле на боледување незнам законот како функционира воопшто... :worried: