1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што мислите за образовниот кадар?

Дискусија во 'Образование' започната од girl.23, 21 септември 2011.

  1. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Денес кој сака може да биде професор. само да има врски за да го пикнат на работа.

    Многу професори немаат поим за човечка култура, психологија, а воспитуваат и предаваат на деца.

    Многумина од нив се пријатели со учениците на ФБ, си коментираат на слики и слично, се нема граница професор-ученик.

    По дискотеките не се знае некогаш кој е попијан. Се губи авторитетот за наставното лице.

    Ако имаш пријатели, фрчат високите оценки, на сметка на оној ученик кој вложил максимален труд.

    Од друга страна постојано се жалат на платите, а забораваат на условите на кои работаат во оваа држава: на секои 45мин.-5 мин. пауза, голем одмор, за викенд и празници се слободни, големи летни и зимски одмори, платени екскурзии на сметка на учениците, кога им е мака ќе им дадат на учениците што било, колку да помини часот итн.

    Засега толку. :)
     
  2. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.654
    Допаѓања:
    121.699
    За повеќе од горенаведеното,се сложувам.Иако не е баш далечно времето кога јас бев средно,нашиот однос ни приближно не бил ваков каков што им е денес на учениците и професорите.Се знаеше строгост и едно културно -Добарден кога ќе се сретневме на улица.Ако имаше помлад професор,онака попријателски е бил кон нас,поопуштена атмосфера,ама пак професорите ми биле ко Бог за мене.Во смисол на строгост и почит.На самата професија-професор.
    Но денес-каша попара :| .За врски да не коментирам,зошто и да не кажам се знае.Како и за се друго во државата.Има исклучоци во однос на професорите,но се поретки.Моја другарка дипломира на англиски и ја зедоа за професорка по англиски во средно училиште.Си искача дури и надоле со учениците,а на фејсбук-рамо до рамо се,коментари,комплименти-на сите страни.Искрено,јас се плашам за моите идни деца.Колку необразовани ќе бидат тоа е страшно :x Се повеќе роднини и комшии кои се родители се жалат дека детето им нема поима од ништо.Но не секогаш и професорот е крив.Зависи како го воспитале детето од дома.Ако го разгалиле родителите-нормално професорот им е крив.
     
  3. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Системот како систем иако наидувал на поплаки си се супер. Во смисла се она што те учи. Ама кадарот. Доаѓам од фамилија на професори и они се чудат до каде дошол светов, а и јас. Запрепастена сум на јаодвратен начин. Чест на исклучоци, ама ви се молам, од професор, оне што тој збор би требало да представува ни П. Далеку од П. Има неколку типови
    -оние што не се замараат да те научат
    -оние што и самите не знаат што предаваат
    -оние кои можеш со комплименти да ги купиш и ред др. Деца пуштаме за да научат, а не за да доаѓа ред на приватни школи пари да се дава за на државно, бесплатно школо знаење да покажат. Која мизерија. Знам дека мн деца, не може на секое посебно внимание, ама нека се изнајде начин. Се може зошто се сака. Како кај некои проф сите мумија и мора да научат за оцена, а кај други лабаво? Мора да се има средина. Да сака дете на ваш час да седи, а не да бега. Мотивација. А за некои недолични однесувања надвор од установата...немам коментар. Сепак кога ќе се одлучиш за една професија треба да знаеш и предизвиците и одговорностите кои доаѓаат со неа. Треба бе и овие проф да полагаат како медицинариве некоја заклетва, Питагорина, Шекспирова, Цицерова ли каква ли само некаква
     
  4. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    Јас мислам дека треба да постои дистанца спрема односот професор-ученик и ученик-професор како во училиштето така и надвор од него,и да се прават муабети како што доликува а не како со другар/ка .. За ова имам голема замерка !
     
  5. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    Па и немаме баш способен кадар во училиштава :(
    Гледам повеќето се задржавте на помладите професори, но јас не се сложувам со тоа, барем во моето школо младите професори најмногу ја следат програма според која треба да се оценува, повеќе се трудат да објаснат (веројатно се уште се сеќаваат какво е чувството кога некој кој нема појма од материјалот да те оценува за истиот), знаат како треба со ученик, затоа што и самите биле скоро во таа клупа, во глобала коректни и професионални се на школо, без разлика на тоа што можеш да ги сретнеш во дискотека, сепак се живи млади луѓе, нивни избор е каде ќе си поминат надвор од работното време.
    И оние старите во глобала ми се ОК, имаат години ускуство, знаат точно како да допрат до ученикот и како да ја постигнат својата цел, е сега некогаш тоа е мува да збрмчи да ја слушне, но подобро така одколку фала, фала, еве ти петка |( , материјалот со години го предавале, па нормално дека и кога спијат да ги прашаш ќе ти го кажат и објаснат :)
    И на крајот најзастапените (за жал) мидл ејџ професори.
    Ги има фатено некоја криза и обично паѓаат на комплименти (ефтини трикови) како колку ви е убава косата денес, ги имате најубавите нокти нокти во цело школо :o |( и сл. па според тоа си ги делат и учениците, а и оцените.
    ...Па и ги прифаќаат милениците на фејзбук(за пријатели) си коментираат на слики, статуси да не речам му се молат за лајк на учениците, но еве пред некој ден на пример една професорка му остави коментар на ученик, ејј на истото место јас кај што бев беше на одмор си бил, ми ги виде сликите, ако ги немаш видено оди види ги :^) и триста чуда :puke:
    Дефинитивно најлоша комбинација мидл ејџ нов професор, пу пу скраја да е да ви се погоди некој таков.
    Една имам, ама за цело школо вреди ароганцијата нејзина, покрај тоа што си ги фаворизира лижалчињата, останатите знае и да ги омаловажува, понижува, знае и да се заканува и тоа поради ситници, се мисли господ дека една глупава оцена ни зависи од неа, а во овие три години во кои ми е професорка - една лекција нема предадено и ниту едно испитување нема поминато без да земи учебник пред неа за да те прати тоа што го кажуваш(барем нешто да запаметеше од тоа), лекциите сами си ги предаваме, имаше ситуација лани кога беше болен ученикот кој требаше да предава и не дојде, па цел час така дремевме, прво ни се дереше нас, како да и бевме криви што беше болно детето, после си седна и ни рече не ми се обраќајте денес |( ... патем наредниот час мислев дека на бесилка ќе го стави детето.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Ретко се среќава квалитетен образован кадар во Македонија.
    Што се случи со она дека секој наставник и професор треба да полага психо-тест пред да може да започне да предава?
    Се стори ли и тој закон?
    Со полно срце и чиста совест изјавувам дека поголем дел од професорите се ненормални!
    Ова во вистинска смисла на зборот, исфрустрирани, злобни, пливаат во сопствени трауми, неостварени желби и самореализации од минатото и се истураат врз невини ученичиња или студенти.

    На факултет се посебна приказна, таму како да го допреле Господ за муда, море какво допирање, они си играат Господ, дрски се, вообразени и страшно арогантни (со по некој исклучок од правилото де).
    Што би бил животот без исклучоци?

    Ми се случило да налетам на професори кои воопшто не се запознаени со материјата која ја предаваат.
    Ми се случило да присуствувам на час каде што ученик ја поправа граматичката грешка на час по англиски јазик кај дотичната професорка.
    Ми се случило да слушам предавање по македонски јазик каде што професорката си зборува на дијалект и не се ни труди да го сокрие или острани овој сериозен недостаток. Литературен македонски јазик - што ли беше тоа?

    Поголем дел корумпирани, оние во основно и средно едвај чекаат да ѕвони ѕвончето и да му ја шибнат дома, одвај чекаат распусти , екскурзии, 8-ми март и по едно скапано цвеќе или прослава... сум била сведок на невидена малограѓанштина каде што се собираат во пушална неколку професорки и озборуваат ученички, кокодакаат малтене уличарки. Се спуштаат на ниво на тинејџери и дечиња... Страшно.

    Немам воопшто убави зборови за образовниот кадар кај нас.

    Јас знам дека тоа е една благородна, но тешка и напорна работа, се губат многу живци, учениците не секогаш се мирни и разбрани, но за тој труд кој го вложуваат повеќето од нив, платата која ја земаат им е премногу! И не заслужуваат подобар третман.

    Не сум запознаена која е старосната граница за професори и одење во пензија, но крајно време е да се донесе закон и да се регулира тоа.
    Не може бре некоја 60 и кусур годишна бабичка, троа наглува, со 3 пара очила, уморна од светот и животот да спроведува дисциплина и да дели знаење.
    На факултет исто, таму мислам дека работат на волшебна напивка, со чија помош откако ќе умрат - ќе воскреснат и пак ќе се вратат да предаваат, зашто имаат статус - бесмртност !
    |(
     
    На Markusa2, Monna.Monna, JuLleE и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Значи најпрвин односот на професор-ученик.

    Сметам дека професорот не треба да биде престрог кон учениците.Зошто?Затоа што сите би можеле да имаат страв кај него и да не смеат да побараат да отидат до WC.Го зедов ова како пример.Може да биде слободен со нив како со другар,да можат да зборуваат на секоја тема.А не класичното цркање по учениците иако и ние знаеме да претераме на часовите.
    Имав професор по Македонски Јазик во 3та и 4та година.Луге човекот беше злато,сите го сакаа зошто беше слободен со нас.Зборевме буквално за секоја тема.Еднаш едно девојче дојде нерасположено на час и професоров забележа дека нешто не е во ред.Ја праша што ти е,воопшто не си активна на часот денеска.А таа му рече:Професор раскинав со дечко ми не ми е добро.Човекот наместо да почне да и се кара заради однесувањето тој седна и и кажа неколку работи од кои сите добивме поука :!: Затоа што го сакавме и почитувавме сите му бевме купиле и поклон за роденден.Немаше некој кој не сакаше да се обрака кај човеков.Начитан човек кој ке те натера и да не си ја прочитал книгата да ја научиш на час.Човек кој ја зборува реалноста за секојдневието.На неговиот час никој не можеше да заспие зошто беше интересен и знаеше да се однесува со нас учениците и да не сфати подобро.Кога и да се видиме се поздравуваме и направиме еден муабет а овде не гледам никаков проблем.Имавме и друг професор по музичко исто и тој беше премногу добар ама не како овој првиот кој го опишав.
    Мене ми е смачено од тие професори кои се однесуваат класично кон децата кои не тера да заспиеме на часот.Таков пример беше по Историја иако го сакав предметот на таа професорка мува не смее да прелета а не пак да се засмее. Ама да не должам многу за тоа.Те исмејуваше,те задеваше.

    Друго,да,денес секој може да биде професор,и труло и сакато.Еднаш зборував некаде на таа тема и пак ке спомнам.Не е битно кој професор е на Универзитетот во Штип ама кога го прашавме една проста реченица да нуи ја објасни тој наместо да ни одговори не гледаше пет минути како збунет и на крај го бараше одговорот од крајот на книгата.Чекај бе човече како си дошол ти до таму?Баш се прашувам.Денес ми предава тој мене а утре ако завршам кој знае јас ке предавам на учениците кои ке ми бидат.Што сум научила јас од овој професор кој го спомнав толку ке ги научам јас и моите ученици.

    Што се однесува до пријателите и оценките имав таков случај додека одев во основно училиште.На едно дете кое не знаеше кој главен град е на Бугарија а го заебаваат(Кој е главен град на Софија)кое ен знаеше да ги покаже страните на светот на картата ги имаше сите 4ки и петки затопа што татко му секој Петок им носеше слатки и кафе на наставниците да му пишуваат убави оценки,а некој кој се мачел да научи има послаба оценка.Трагедија.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Како и во секоја друга професија и овде има секакви претставници.

    Има голем дел кои се всушност како залутани на своите работни места, или немаат доволно знаење, а полошото е што тоа сакаат да го надокнадат со зголемена ароганција или немаат поим како да воведат дисциплина. Добриот предавач треба да владее со доста вештини како човек првенствено и да има огромна љубов кон својата професија за да биде успешен во својата работа. И кога ќе сретнам коментари од луѓе од оваа професија како им е пренапорно да работат со деца, прво ми е смешно бидејќи ако се определиш за ваква професија па кому забога ќе му предаваш математика или физика на пензионери?! Разбирам јас дека можеби новите генерации ученици се потешки во поглед на дисциплина, ама кога си се фатил на орото...

    Професорите никогаш не треба да си дозволат прелабаво опуштање и предругарски однос со учениците според мене, друго е да има извесна слобода на часот за отворена дискусија и сл. никако не сугерирам да се врати времето кога не смееле да постават ни прашање учениците и кога биле шибани со прачки, само секогаш оптималното решение е некаде на средината помеѓу тоталната анархија на учениците и деспотизмот на професорот.

    Има и образовен кадар кој заслужува респект, јас секогаш со насмевка се сеќавам на мојата учителка од 1-4-то одделение. Нејзината стрпливост и правилен пристап во разрешување на конфликтите, беа за почит успеа дури да го прилагоди еден мој соученик за кој поради претераната недисциплина имаше сугестии да биде пратен во специјалните паралелки кои ги имаше во моите училиште.

    Инаку неправди постоеле и ќе постојат и во мое време во гимназијата имаше случај на експресно преобразување на 3-ките од четврто тромесечие во 5-ки на сведетелство или на факултет менување на списокот на оценки во рок од 5 мин. за да 9-ката на една колешка биде заменета со 10-ка.

    Во однос на платата и условите за работа на образовниот кадар мислам дека им се повеќе од добри, со оглед на тоа каде се наоѓаат. Знам дека постојано кукаат на недоволно високите плати, но тие се издржувана категорија зависат од буџет кој треба да го полни стопанството и во услови на руинирано стопанство треба да се презадоволни. Да не говорам и за фактот што им се исплаќаат хранарини и трошоци за превоз и што ти уште не сеуште додека во приватниот сектор ова е научна фантастика. Плус со печатење на свои дела т.е. крадење од туѓи трудови поточно универзитетските професори остваруваат и екстра-приходи, а за делот околу корупцијата и врските не сакам ни да навлегувам пошироко во дискусија.

    Мое мислење е дека треба да се зголеми инспекциската служба во образованието и да се следат резултатите на секој еден предавач и да се вреднуваат како остварен успех на учениците за секоја година и да има соодветни пофалби или санкции и секако да се врши евалуација на способноста на лицата за вршење на оваа дејност ако треба и повеќекратно. Секако дека треба да се поработи и на старосната граница фосилите се за во музеј колку и да биле драгоцени на времето и човечкиот мозок е подложен на амортизација. И уште нешто ме нервира сегашното инстант поставување на асистенти на професорски позиции на факултетите на времето требало добро да испотиш задник од асистент преку доцент па вонреден да дојдеш до позиција редовен професор дури и со децении траел овој успон, сега оп - на врвот и тоа најчесто не најспособниот туку најголемиот гзолижач на дотичниот универзитет.
     
    На N.A.T.A.S.A му/ѝ се допаѓа ова.
  9. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    како тоа денес секој што сака може да биде професор?????Мораш прво да студираш,потоа да полагаш педагогија и на крајот да бараш работа....е сега имале врски!! па добро де мн нормално дека ќе бараат врски врските само дополнително помагаат.
    Се пријатели на фацебоок затоашто тоа им ја овозможува комуникацијата....се договараат за часови,дополнителни и додатни итн.
    Излегувале по дискотеки и пиеле ...е добро де...нормално дека ќе излегуваат.И тие си се обични луѓе на кои им треба искачање и забавување.
    Не е точно дека оние што не учат добиваат високи оцени благодарение на врските на сметка на оние кои учат.Јас ќе си учам и ќе си добивам добри оцени што ми е гајле ако некој имал врски.
    А тоа за платите....мила не може образован човек кој работи со деца да зема плата од 20.000 .Знаеш ли ти воопшто колку земаат професорите на запад???? 20.000 се ништо....не е ни пола од она што би требало да добиваат.Лесна им била работата?! Знаеш ли ти што значи да се работи со деца???не со две или три туку секој ден со 200????
    Професорите не се оние кои си допуштаат премногу близок однос со учениците...учениците се тие кои што на професорите гледаат како другари.Ја би рекла денешниве професори се премногу меки и добри.А ако се остават работите во нивни раце да знаете дека нема глас да се чуе на часот и ќе биде мир во секое школо!
    Теодора знаеш ли ти колку инспекции и санкции ги пратат моментално професорите.??? Јас би рекла дури и премногу.Мора секој ден да подготвуваат извештај и триста други работи.
    Не ми се вреува дека толку многу се жалите на професорите а уставри вие учениците сте поголемиот проблем а токму за вас нема никакви инспекции и санкции.Добивате права дури и повеќе отколку што треба
     
    На Paulina.B, m2m2m2 и JuLleE им се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Паулина, кај нас денеска навистина СЕКОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ НАСТАВНИК И ПРОФЕСОР во основно и средно училиште. Еве, не зборувам за факултетите, ко друга држава да е тоа, така имам чувство, ама за првиве две биди сигурна дека е така.
    Партиско книвче или дебели врски, толку е потребно.
    Мораш прво да студираш... па 95% од луѓето кај нас студираат и завршуваат што е најтрагично. Критериумите уште од старт се спуштени. Дај те молам, скоро од секој факултет - филолошки, филозофски, правен, економски, има можност да ги дополага тие три фамозни педагогија, психологија и методика и да аплицира. Не знам која е тука научната фантастика и тешкотија, ниту е магистратура, ниту докторат. Тие три испити се боза, јас не знам кој човек ги паднал досега искрено.

    Да навистина, часот од 40 минутки не е доволен да се договорат за се' што е потребно. :^) Плус, секој професор си има и термин за консултација еднаш или два пати во неделата, и тоа е малку. ФБ е иднината, таму се вршат консултациите, така е. |(


    Мила, плата од 20 000 ден. за нашиот стандард и нивното работно време е ПРЕМИЈА.
    Колку траат смените во училиште, ајде да пресметаме? Од 7.30 наутро до 12.30-13.00 часот првата смена обично... Еве, нека биде и 7 часа раб. време дневно (што не се случува секој ден, зависи колку часови имаат). За 7 часа дневно работа, сабота и недела слободни постојано, без прекувремено, зимски и летен распуст и 20 000 ден. е малку?
    Вие луѓе не сте здрави !

    Никој не рече дека е лесно да се работи со деца. Тоа е најодговорната, ако не и најтешката професија.
    Како и секоја друга. Нема лесна професија, секоја си има своја тешкотија, предности и маани.
    Ама ајде да не се лажеме, професорот сам си го организира часот. Ако треба да предава - ќе предава. Нареднот час ќе испрашува. Третиот ќе даде тест и ќе си зјапа во една точка и тишина 40 минути.
    И? Каде е тука константниот стрес и тешкотија, кога сам си го диригира часот?



    Јас искрено не знам. САКАМ ДА ЗНАМ. Не за друго, навистина ме интересира како така професорите постојано демек се доусовршуваат на секакви семинари и работилници, демек се постојано во контакт и на дофат на учениците, еве фејсбуци и твитери за полесна комуникација, какви се тие извештаи и заложби од нивна страна, што всушност е сменето на подобро, кога нивото на знаење во оваа држава е катастрофално, резултатите се' пониски и победни, а генерацииве се се' поглупави и понеобразовани?

    Коментар?
     
    На Monna.Monna, TheKiketoo, girl.23 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Добро Паулина знаеш ли ти колкав е БДП на една западна економија и паралела со нас не мора прецизни бројки ама дали си свесна колку нема простор за компарации?! Образование е под буџетска каса и зависи пишав веќе од стопанството и важи принцип колкаво ти е тепихчето толку ќе си ги протегнеш нозете. Лесно ти е тебе да се расфрлаш со цифри ама не станува збор за твој имот или сметка во случајов па да делиш плати по сопствена проценка. Знаеш дека на ниво на гранка во текстилна и прехранбена индустрија има мизерни плати од 4.000-6.000?! Ама, важно е само професорот да земе 40.000 другиве луѓе кои ја полнат касата не е ни важно колку земаат нели |( ?! И само нив им е тешко и напорно со навремени плати и прилично долги годишни одмори, а на оние кои работат без платени придонеси за здравство и пензиско, без право на годишен одмор и во никакви работни услови(несоодветно греење на зима, неплатени прекувремени и сл.) им е многу полесно веројатно. Ок, може ти имаш причина да настапуваш пристрасно, ама треба да ја гледаш цела слика, не само оној дел од неа кој случајно ете ти мати некако перцепција дали случајно или намерно ти си знаеш.

    Околу инспекции и санкции, нека има и повеќе отколку што има моментално, мора да се сноси одговорност во било која дејност. Било која компанија од било кој бизнис е секојдневно на упад од различни инспекции изложена од финансиска, пазарна, трудова, санитарна и др. па зошто господата под буџетска капа би биле исклучок?! Па, ај да поплачеме вака сите групно како израз на сочувство над нивната тешка судбина и над маката на нивното поднесување извештај пред некого активност по степенот на претрпен стрес и мачнина еднаква на водење на гилотина.

    И околу последното цитирано поголемиот дел од нас кои дискутиравме на темава веќе одамна не сме ученици, ;) .
     
  12. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Во моето школо има професори од сите типови. Од оние кои незнаат да предаваат и не се замараат да не’ научат нешто, кои си прават муабет со децата како да им се другарки, до строги професори, нормално не толку строги да не смееш да ги прашаш за во веце, а има и онакви кои знаат како со учениците, кои на еден начин ги заинтерисираат децата со материјалот кој треба да се уче.
    За мене добар проф. е оној кој ќе направи јас да се заинтерисирам за тој предмет, да седам концентрирана на часовите и да го слушам, а тој се’ што не е јасно да објасни убаво и да ни го раскаже материјалот на разбирлив начин и да има коректен однос, онаков каков што треба да има со учениците. Ова не секој професор умее и сака да го прави, за жал.
    Сега има некое ново правило што до сега го немаше. Сите професори без разлика колку часови имаат, да седат во училиштето цела смена. За некои ова е добро, оние обврски што ги имаат, наместо дома да ги обават, ќе го сторат тоа во училиштето, но за жал нема услови, канцелариите се премали за сите професори. Но, сепак сметам дека ова е во ред. Како можат нашите родители да седат во конфекциите 7-8 часа и да работат, зошто и тие да не седат,а да не работат.
    Во врска со платата. Што сакаат? Повеќе плата? Имаат тие доволно плата за да го истерат месецот, да немаат нема да се фалат како секоја сезона одат во Солун или Бугарија со свое возило, ова купиле, она купиле. И на крај, пак на нив не им чине. Па нека одат на местото на мајка ми, па тогаш нека се жалат.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Образовниот кадар во Македонија, општо кажано - солиден.
    Да. Солиден, барем во мое време. Најпрвин и јас како и сите многу ги потценував. Потоа отидов во странство и полагав тестови на факс. Ми велеа - од каде доаѓаш, од Македонија?
    Да.
    И тука наидував на поценувачко кикотење. А јас ко исплашено пиле во Европа си велев, ок. Сепак доаѓам од банана држава, ќе да е така.

    Жими онаквото! Можеби квантитативно не можам да речам дека сум имала 50ина квалитетни професори, ама и да се бројат на една рака би рекла вредеа за повеќе од 20!
    Ама до карактерот е, до образованоста, до начинот како да му го привлечеш вниманието на ученикот/студентот и не само тоа - туку да го натераш да го засака она што го предаваш, е тоа е за мене уметност. И такви професори имав и во основно, и во средно а богами и на факултет особено би ја пофалила француската катедра. Оние од англиската малку ми стапнуваа на живец со она нивното - која си па ти да ти дадам 10ка? 10ка значи дека си подобра од мене а тоа е невозможно :^)
    И јас опашот меѓу нозе си велев - е јбг изгледа не сум. Ах таа професорска суета.

    А за тоа колку е тешка професијата, Трендафилке ако дозволиш малку претера со потценувањето на професијата ;) Јас со завршениов факс не избрав да бидам ниту наставник ниту пак професор, знаеш од која причина - премногу мала плата. 20000 денари? Не да е малку, очајно малку е тоа. Нема да ја споредувам професијава со некои други, тоа не. Но професијата како професија е тешка доколку човек ја прави со душа и срце и ја извршува како што треба. А јас ќе зборувам за себеси затоа што имам предавано скоро 3 години. Значи 7 часа неделно - не баш. Многу повеќе, скоро да немав никакво слободно време за себеси затоа што сакав и морав за секој час посебно да се подготвувам. Сакав да сум им интересна на децата, сакав да научат што повеќе. Ги баталив учебниците - си реков ова е мој час и јас ќе си го направам уникатен. Што се не правев за да измислам нов концепт и да го испланирам часот онака за да биде навистина добар и квалитетен. И добивав за возврат мала пара. Во тоа време ми беше сосема доволна, навистина. Но си реков - е во ова не ја гледам својата иднина. Плус си имаш работа со секакви деца...па и не баш лесно. Воопшто не е лесно!
    Некако многу ми ја тривијализираше професијата а верувај - многу повеќе од тоа е. Но жал ми е што има примероци заради кои навистина професијата е гледана негативно.

    Јас кога сега би била професор - би ти рипнала во одбрана на мојата чест :lol: Сега само ти кажувам дека навистина не е толку едноставна за да биде толку малку платена.
     
    На Li0ness му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Никаде не ја потценив професијата.
    Мене ми е една од омилените, повеќе пати нагласив дека е благородна професија, нималку лесна. Напротив, комплексна е, стресна е, ама си има и свои убави страни, леснотии и предности, нели? ;)
    Инаку забележав дека твојот пост алудира на образовниот кадар во минатото.
    Јас тука целосно се согласувам со тебе, намерно не правев паралела со моите искуства од основно, па и дел од средно и професорите кои ги гледам денеска како и што предаваат и колку се трудат.
    Можам да кажам дека чувството е како сол на жива рана, буквално.
    Типичен пример, јас во основно се префрлив од едно во друго училиште, во два различни града, и имаше разлика како помеѓу бог и шеширџија.
    Имено, многу потценуваните основни училишта во помалите градови посветуваа многу повеќе внимание и се одликуваа со поголема строгост како во дисциплина, така и во оценување.
    Во осмо одд. и новото училиште налетав на дечиња кои не знаеја од што се состои писмена по македонски јазик и други основни и тривијални работи, што за моето старо училиште беше смешка.
    Мислам, имаше навистина понижувачки моменти, пропусти и дупки и јас лично почувствував голема разлика.

    А за тоа дека 20 000 ден. во Македонија за денешни услови - е премногу мала плата, би те замолила да си го преиспиташ коментаров.
    И јас би сакала стандардот да е едно 3 пати поголем, сите да живееме удобно и убаво, со големи плати, ама светот кај нас не е розов воопшто.
    Мајка ми, која со факултет работи во смени, буквално се убива од работа, лечи секакви пациенти, сочувствува со туѓи несреќи и проблеми, зема помалку од 20 000 ден.
    Некои земаат 250 евра, други 200, а некои верувала или не - 9000 ден. плата заслужена со многу труд, пот и напор.
    Не велам дека е праведно, ниту идеално, ама да бидеме реални.

    Само посочив дека за трудот кој денеска го вложуваат, нивниот однос кон сопствената професија и резултатите на кои сме сведоци - таа плата не е нималку ниска.
     
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.654
    Допаѓања:
    121.699
    Кога веќе стана збор за плати,20.000 е премногу за нив,со оглед на тоа што не работат цела смена-колку часови имаат толку-се случува и во 12 да се дома :hai: За тоа им љубоморам искрено,ем си земаат добра плата,ем постигнуваат и на работа ,и да одморат едноставно имаат време за се.
    Луѓето во конфекции работат и во недели а знаете за колку 3000-9000 ден.А и меѓу нив има со факултет :|
    .
     
  16. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    Пирамитке, проблемот е во тоа што 90% од професорите не само што не вложуваат плус труд, туку не вложуваат воопшто труд, па да ја заслужат таа плата.
    Секоја чест на исклучоците, ги има и такви, посебно во помладите, споменав во првиот пост, но не и останатите.
    Еве на пример пред избори имаше и професори кои цел месец не се свртија на школо, а се пишуваа оцени
    до душа мене ми одговараше тоа пошто по некои предмети последното тромесечие книга не фатив, ако ме станеа бандера колку мене ќе ми пишеа и ќе си ја расипев оцената, вака си поминав и без неколку ненаучени теми
    поентата ми е не се одговорни.
    45% на часовите си прават муабет со миленичињата додека некој ученик предава, други ни самите не знаат што пишуваат пример професорката по математика си препишува од една тетратка решени задачи на табла и доколку и речеме не ни е јасно одговорот е "ШО ДА ВИ ПРАМ"
    Бог да го прости имав професор кај кој не беше интересно да не отидеш на час (и така не запишуваше) туку да влезиш и да излезиш без да те забележи, криенка си игравме. Е да и тој заслужуваше плата од 20 000.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.817
    Се мислев дали да се изнапишувам на темава... бев професор во средно (сега веќе не сум) и тој леб го кркав нешто повеќе од 10 години, а сега сум и мајка која има дете на училиште, па гледам и од друг аспект. Колку е тешко да се напише овде пост, а да се опфати се, можете да си претпоставите.
    Прво, секоја работа зависи од оној кој ја извршува, и тежината и квалитетот. Оваа сепак е малку поспецифична од другите, мора да признаете. Не зборувам за техничкиот дел од работата, а тоа е подготовка на глобален план за работа, годишно распределение, тематски планови и дневна подготовка /оперативен план за час итн. Потоа, подготовка за час... ретки се часовите кога може со рацете во џеб на час да се оди, треба да најдете начин да го збогатите часот за да биде интересен, бидејќи и јас не можам да слушам ако некој еднолично дрдори сам на себе 45 мин. Изработката на тестови подразбира подготовка на тестови (на пример 4 групи), а потоа и прегледување на истите (прилично мачна работа, верувајте), значи тестот не е ќе седи и ќе дреме професорот 45 мин и завршил работа. Работата подразбира и комуникација со родители и ученици, а тоа е многу широк поим. Мене лично тоа ми одземаше многу енергија, бидејќи не можев да се дистанцирам од животните приказни на децата околу мене. Работев во средно, кога децата се во многу деликатни години и не ми беше сеедно кога ќе ми пријде некое со проблем, ќе се отвори пред мене и очекува барем разбирање... Ама и тоа е кој како ќе си ја сфати работата. Мене постар колега ми има кажано (цитирам) „Што се будалиш и толку се притресуваш, да не ти дадат две плати случајно? Глеј си здравје, и така утре ќе те заборават кога ќе завршат, за кого си губиш нерви“. Е, ако вака си ја сфатите работата, веројатно ќе уживате во „неподносливата леснотија на даскалството“.
    Но, и таму, меѓу даскалите :) има секакви (како и секаде). Имав колешка која постојано бараше да фотокопира, а никако не седнуваше сама да сработи (ова им е познато на сите што студирале :D ), дај распределение, дај тематски да фотокопирам, дај подготовките итн... Обично тие беа оние кои на час диктираа (да не му се верува на човек) и поминал часот, поминал денот, поминала годината... И сега, за кој образовен кадар да зборуваме? За оние кои најсовесно си ја вршат работата, со жар и со љубов, или за оние кои се однесуваат како работата да им е казна? Јас познавам и од едните и од другите. А и од оние кои се нешто меѓу нив. Има луѓе заталкани во таа професија, но има во секоја.
    Работното време не е само држењето часови, туку и подготовката за на час, зависи од часот, на пример подготовката на фолии и сл. Сето тоа го правев дома, на свој компјутер, користев свој интернет, сама плаќав фолии и секакви др. дополнителни работи... па видете вие колкумина од вас би двоеле редовно од својата плата за да може да си ја работат квалитетно работата? Еден долг период самата си го плаќав дури и фотокопирањето тестови, затоа што ми беше понижување да им наплаќам на учениците по два денари за тест (брука жива), училиштето одбиваше да фотокопира на свој трошок, па си плаќав јас, 7 класа по просечно 35 ученици, тематски тестови, наставни ливчиња... пресметајте вие.
    Инаку, сега не сум во образование, но сега наставниците се должни да одат на обуки и усовршувања, за што добиваат сертификати. Колку што знам, платата ќе зависи од степенот на професионална надградба. Имаат едно чудо инспекции, интегрални, вакви, такви и тоа е ОК доколку навистина го подобри квалитетот на наставата. Но еве, наставничката на син ми на пример, постара жена која оди на тие обуки, ама се уште се однесува како што се однесувала пред 20-30 години, смета дека знае се и дека кога таа зборува соговорникот треба да ја слуша со наведната глава и евентуално да потврдува од време на време...
    А за платата, имам многу роднини и пријатели по странство и професорите и наставниците (во основно и средно) никаде не се нешто многу платени. Во САД на пр. со години се на листата дефицитарни професии, едноставно не сакаат луѓе да се замараат со таа работа за тие пари ако имаат друга опција.
     
    На eloves, Phyramide, Theodora и 2 други им се допаѓа ова.
  18. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    ако за некого од вас...20.000 ден е многу голема плата тогаш немам повеќе никаков коментар.А за тоа дека има луѓе кои земаат 6000 плата и дека немаат ни пензиско ни здравствено мила,за тоа е крива државата и системот и они се тие кои треба тој проблем да го решат....
    кога ќе сфатиш дека сметките за струја се 3000 ден плус за вода,па телефони,па интернет,а каде па јаденјето за кое секое нормално семејство дава бар 6000 во месецот....тогаш ќе видиш дека 20.000 плата е ништо а да не зборувам па за 6000 .За луѓе кои се педагози на нашите деца и за луѓе кои дневно минувааат со 200 деца платата од 20.000 е ништо.Кога може еден обичен канцелариски работник за кој не се бара факултет да зема 13 000 или 15 000 можат и професорите кои се образовале и кои се тртнуваат од работа да земаат 30.000.Не вложувале труд па не заслужувале ни 20.000 плата?!! ахаха лелее не ми се верува.
    Луѓе сестра ми е професорка ...во фамилија имам уште тројца професори и немојте да ми кажувате дека децата се мед и млеко а професорите не вложуваат труд и не заслужуваат високи плати.Сум гледала како сестра ми се мачела и учела ,гледам колку тешко и напорно работи секој ден,пишува извештаи,повторно ги повторува и учи лекциите...и сега некој овде да ми кажува дека она не заслужувала поголема плата и дека е во ред да зема 16.000 исто ко некои работници со средно кои земаат и повеќе од неа мислам ве молам
     
  19. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Трета година сум на факултет и со моите досегашни искуства можам да кажам дека само постарите професори, пред пензија се професори во вистинска смисла на збор.Особено ова важи за времето кога бев средно.Тоа беа професори полни со знаење, желни да пренесат на нас учениците, знаеја и да се нашалат, ама учењето беше пред се.И што е најбитно, не да те научат само наставната материја, туку да те научат работи за цел живот.
    Токму тие постарите ме научија што е одговорност, зошто ако ми рекле домашна во понеделник, мора да биде тогаш, а не во вторник.Ме научија дека колку и да звучи заостанато, учењето и работата се секогаш излез.Ме научија што значи некого да почитуваш, како да размислуваш за иднината.
    Тие помладите, барем мене што ми се погодија, беа страшно исфрустирани суштества.Полни со комплекси, сакаа да покажуваат сила и моќ на нас, зашто очигледно немаа каде.Една професорка на првиот час со овие зборови влезе во училница "Да кажам уште на почеток, ако не ме слушате што ќе ви кажам, ќе ве ЗГАЗАМ, нема да бидете свесни што ви се случило" :x Колку само примери има кога се исмевале ако некој има нешто нејасно и праша.Уште толку ги мрзело да објаснуваат или да е потрагично не знаеле да објаснат.Затоа и не се зачудив кога Пирамид, како постара од мене кажа дека кадарот е солиден.
    Сепак, според мене професорот пред се мора да си ја сака професијата.Мора да биде психички нормална личност и сите приватни проблеми да ги остави кога ќе влезе во предавална.Мора да е трпелив, строг но праведен, приземјен и да не набројувам.Секој професор што ова не е, нека си даде отказ и нека не малтретира ученици/студенти наоколу.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Оф Боже, Паулина забегуваш сериозно!
    Веќе рековме - кој не сака да имаме повисок стандард, пофер услови за сите, повисоки плати итн?

    Јас да сум некој фактор кој распределува пари во државава, на професорите во средно ќе им дадам дупло поголема плата - чисто затоа што нивната таргет група на ученичиња се најбесни и хормонски предизвикани (полесно е да се справиш со помали дечиња т.е. основци, или со факултетлии). Среднава група е најтешка дефинитивно.

    Никој не го оспорува тоа.
    Од друга страна, да сум некој фактор, на рударот кој оди секое утро во рудник или жената која крши кичма во конфекција, нема да има дадам плата од 3000-10 000 ден.
    Ама тоа е државата и таков е животот за жал.

    Значи аман, установивме дека 20 000 ден. и не е некоја сума денес за сите животни трошоци, НО СПОРЕДЕНО СО ДРУГИТЕ ПРОФЕСИИ, тешкотијата во извршување и нивната платеност е сосем солидно.
    Ете тоа е поентата.

    Паулина, да не тргнуваме од лични примери од околината, затоа и не сакав да навлегувам подлабоко.
    Знаеш колку мајки земаат по 6 000 ден. плата? А што работат и колку труд вложуваат?
    Одеднаш испадна дека оценување тестови (за кои и нема временска рамка кога да се извршат, значи може да има резултати и по една до две недели) е потешко од некои други професии кои навистина захтеваат и физички напор, а богами некаде и умствен ...

    Ајде, ве молам
    .

    И да додадам, ретки се таквите како Пирамид и Лајонес кои навистина работеле со љубов, со труд и жар, си ја сакале професијата, сакале да ги научат децата вистински, да им всадат љубов, одговорност кон предметот и животот воопшто.
    Јас за таквите имам најдлабоко почитување, зборот ми е дека денеска се ретки како бисерчиња во куп сено.
     
    На eloves, angelce1, girl.23 и 3 други им се допаѓа ова.