Паулина, упорно извртуваш нешта без концепт и не знам колку веќе има смисол човек да ти реплицира. Значи јас сум економист и ти објаснив постапка на тоа како буџетот на една држава исплатува расходи меѓу кои се платите на буџетарите врз основа на приходи т.е. приходи стекнати од стопанството, преку даноци итн. Поентата цело време ми е, нашето стопанство е пред колапс и навистина немам намера да се вртам во круг со тебе со непромислена дискусија околу тоа колку била мала платата. Толку се можностите, тоа ти е суровата реалност. Кога нема и царот останува гладен, веројатно сега разбираш конечно на што целам. Како што тој буџет семеен кој го опиша не се шири ако приходите се тие што се, дај објасни како буџетот на државата ќе се прошири?! Прашањево е реторичко, бај д веј.
Вака, образовниот кадар, за да го коментирам, ќе го поделам на три дела, основно, средно и факултетски. Е, сега. Во основно, ми се појавува слика на исфрустрирана бабичка, со стапче, наочарчиња и лаптоп пред неа. Методи и техники од пред 20 години, комуникација со ученик, нула кома пет, циркузи. Ретки се некои асални учителки, кои го работат тоа како што треба, со љубов, труд. Повеќето се преокупирани со кукање заради распоредот, па како тоа она да иде од 8, и да седи до 11 за џабе, а само два часа да има... мислам, немој молим вас. Фактот дека на Педагошки, барем од тоа што јас го гледам, се запишуваат многу слаби и просечни ученици, кажува доволно. Немам слушнато досега дека некој отишол таму затоа што стварно го сакал тоа. Секоја чест на исклучоците, јас сепак зборувам од тоа што го слушам. Друго, кога слаб/среден ученик станува студент, навиките и ажурноста тешко дека ќе му се сменат. Ако се прашувам јас, учители и професори треба да бидат НАЈДОБРИТЕ, а не најслабите. Само, тешко дека јас ќе се мотивирам да учам за учителка, кога и нема некој голем ќар. Нека има мааалкуцка поголема плата, да бидам добро платена, па ќе видите како ќе трчам таму да одам, не професор, професор и пол ќе бидам ако сакаат. Во средно, малку, за нијанса, поквалификувани ми се. Ама за нијанса. Има некои кои не ги лази мува, имаат работно решение и не го боли таквоето дали ти ќе научиш или не. Има некои кои со љубов го работат тоа, па се тука да помогнат, сослушаат, во секое време и невреме. Јас лично, задоволна сум од добар дел од професорите од средно, барем тие мене што ми предаваа. Океј беа. На факултет, е хаха, мојот омилен збор деновиве, ЏУНГЛА! Значи, него или неа, преосвештенството, не го интересира дали ти знаеш или не знаеш; дали слушаш или не; дали ќе научиш или не. Негово е да си дојде, да го каже тоа што има и да си испадне. Ароганција на ниво, мислиш снеле златно јајце кое еволуирало во златна кокошка со тек на време, па не можат да зборуваат со нас, обичните смртници. Најтрагичниот дел е што мораш да им се смешкаш и да бидеш љубезен, затоа што нели, ако не си, нема ни да те удостои со одговор. Колега им е омилен збор, а уствари, предаваат по 15 предмети, држат 10 катедри, немој некој да им го зеде работното место... После немало организација, епа нема. Нешто што не ми е јасно, е зошто предаваат бабиња и дедиња од по 60 години, кога веќе се им е преку глава и гледаат да стасаат до пензија. Од искуство ви кажувам, тие таквите мува не ги лази. Можда биле страв и трепет на времето, важеле за угледни професори, ама како идат годините за пензија, ја губат силата. Далеку сме од совршенство, точно, но не се сјајни и во другите земји. Едино сум одушевена од школскиот систем во Скандинавските земји. Се друго е гола вода. Па Американците не знаат да читаат бре, на 15 години, еј! Ние сме светлосни години понапред од нив.
ОК, така ми се виде, ако не си ја потценила ондак my bad, се извинувам Да, се разбира дека има и леснотии и предности. Впрочем како и секоја друга професија. И токму тука би рекла, дека навистина не сакав во тој правец да го однесам муабетот - да споредувам професии. Сакав да се изјаснам за професијата како таква и да избегнам споредби хирург - професор - ѕидар итн. Ако тргнам по таа логика тогаш во однос на хирургот кој спасува животи, кој е професорот да заработува толку нели? И да, ќе признаам зборувам за тоа како било во минатото, јасно ми е - но не сум повеќе ученик, и навистина не знам каква е состојбата сега, тоа нека си кажат другите кои на свој грб ја чуствуваат и те како професијава како ученици или студенти. Само сакав да кажам дека имав можност да споредам со други земји и дека и јас доста ги потценував професорите, се додека не видов како е надвор од Македонија. Имам студирано и на еден приватен факултет каде кога дознав колку плаќаат оние редовните студенти (значи не таквите ко мене со стипендија) зинав од изненадување. Особено кога сфатив колку „вложуваат“ во работата професорите кои ни предаваа. И тогаш си реков - оф златна Македонија, каков квалитетен кадар имаме а сепак работат за „никаква“ пара. И жал ми падна право да ти кажам. Кике, те разбирам сосема, и се слагам - има И такви професори кои не прават буквално ништо. Еве Трендафилка заврши во истото средно како и јас - ќе се согласиме за тоа какви паразити има школово - и по мое сознание сеуште предаваат таму Мислам да седи професорот на час и цело време да ти зборува за тоа какви нови сателити и микровални си купила место да ти даде барем калап за обликување на знаења е за мене повеќе од причина да НЕ е професор, а не пак да седи таму и уште и плата да зема. А за платите, можеби живеам во утопија мислејќи и верувајќи дека еден ден сите ќе заработуваат онолку колку што вистински заслужуваат. Ако елиминирам се и навистина размислам само за оваа професија - а тоа и го направив, плус и од лично искуство, ќе се повторам уште еднаш и ќе кажам дека за еден квалитетен професор кој навистина се дава себеси целосно и комплетно за да ги научи нешто тие деца кои ги гледа секој ден, е таа плата многу мала. Не сакам воопшто да бидам погрешно сфатена, и мислам дека всушност во голем дел се согласуваме, само поентата ми беше дека - ете, не би плукала јас лично по оваа професија. А факт е дека како и во секоја професија така и во оваа има навистина такви кои не ни заслужуваат да ја вршат оваа дејност. Особено ако земеме во предвид дека тие луѓе ја создаваат иднината на една земја. Епа ете тоВа би било
Образованието денес не може да се спореди со образованието во минатото! Кога јас бев во основно од 1-4 ми предаваше постара учителка. Повеќето беа такви, постари. Да ми е жива и здрава, ама ме научи и на ред и на дисциплина. Се знаеше дека мора да се носи домашни, ако ракописот не ти е добар, ми ги кинеше страниците. Ќе кажете застарени и строги методи, ама благодарение на нив и на нејзината голема љубов и посветеност, јас, а и многу мои соученици, сме добро воспитани и образовани личности. Исто и за од 5-8 одд., се сретнав со доста солиден кадар, каде што имаше и некои исклучоци кои да не кажам ама дека воопшто не ги биваше, но сепак јас сум и те како задоволна од знаењето кое ми го дадоа. Во средно се соочив со такозваните професори кои беа вработени со врски и со партиски книшки. Првите 3 години имав извонредни професори, хемија учев 50 % од часовите, француски истотака. Имав чест да бидам дел од предавањата на тие неколку Професори кои безрезервно си ја сакаа професијата и со љубов си ја работа. Е на такви професори се поклонувам. Но 4 година, ајде да не мешам политика но јасно ни е кој стапи на власт и кој како заработува гласови, се отпуштија дел од младите професори кои беа одлични во својата работа, но немаа партиска книшка, и на место нивно се вработија искомплексирани партиски војничиња кои за време на изборите се во партиските штабови наместо во училниците каде треба да ги учат децат за кои зимаат плата. Згора на се се вообразени, да не кажам необразовани и само Господ знае како земале диплома. Зар професор по хемија не треба да знае кои соединенија се заситени, а кои не? Е од ваквите образованието ни стана хаос. Сега е дури бетер. Имам помали сестри од мене, па гледам што се случува, какви се професори не им предаваат. Се пијанчат со нив за време на викендите, на часовите спијат и се зезат со учениците, а знаење никакво не им пружат. За оваа зборуваат и фактите кои покажуваат во што се претвараат младите. Необразовани, недисцилинирани и безобразни! Но секоја чест на исклучоците. Кога јас одев во училиште лошите професори беа исклучоци, а сега е обратно. Е оваа веќе е за расмислување. Кој ни ги учи децата? За факултетите несакам ни да коментирам, професори со по 90 години, едвај зборуваат. Не знам дали за нив важи дека треба да се оди во пензија. Асистентите се приказна сама за себе. Искомплексирани, се иживуваат врз студентите. Катастрофа! Но овде има и доста добри професори од кои можеш многу да научеш. Професорите на факултет, барем кај мене, се подобри и почовечни од асистентите. Кога сега ќе се види сликата на образовниот кадар кај нас ќе се види дека е катастрофа. Кога ќе направиме споредба со минатото, со само неколку години претходно, ќе видеме дека беше солидна!
Јас би да искоментирам за факултетските професори, со кои јас сум имала искуство. На тие луѓе би им ставила забрана да се приближат до факултетот, а не пак да им предаваат на студенти и да образоваат стручен кадар. Да ви кажам право дали можам еден добар професот да издвојам. Или се пијанчат во бифе, па се придржуваат додека да дојдат до амфи, па трескаат зелени за спорот со Грција, за сексови или некоја сосем трета работа што им паднала на пијаниот памет. Овие трезните пак, ќе ја земат книгата пред себе и читаат и читаат и читаат... Третите си напишале на ливчиња некои информации, кои и всушност не се ни малку релевантни за испитот, ама ете, да се направат и малку духовити бидејќи гледаат дека веќе сме заспале. Па имаш тука мито и корупција, никаков морал и ред други работи. Асистентите. Хмммм. Па имаш некои кои се уште требало да бидат во клупа, ама ете со среќа(читај врски)станале асистенти, а има студенти на часот кои ги поправаат. Исто така има и од оние кои се уште имаат трауми од професорите, па се обидуваат да се ослободат од нив префрлајќи ги на стдентите. И после сакаме неисфрустриран кадар? Ма даааај. Добрите се бројат на прсти и не ти оставаат впечаток од сите фрустрации кои ти се насобрале. жива среќа што сум вонредно, па кога видов каква е работата одев на оние предавања кои ми одговараа. И морам да кажам за образовниот кадар што ме, нели, оформуваше како личност во основно. Фала му на Господ што испаднав читава. Една од почитуваните не знам со какви не имиња ме нарекуваше. Гуска, кокошка, па сме биле како посрани, а таа една што од столот не се мрдаше, абе не можам да ви опишам. Мислам дека некаде во потсвеста имам трајни последици од неа. И потпишувавме петиција да ја избркаат, цело училиште, ама врските и беа подебели од самата што беше. Па потоа ми викаше како јас ќе сум била еден пропалитет и штета во светов. Среќа, средното ме оправи, само за тие професори ќе излезат пофални зборови од мојава уста. Ми го дотераа паметот, секогаш беа тука и за совет и за се. И фала им/ А за старосната граница, што да се каже веќе. Една сирота едвај седеше, ама немаше шанси да оди во пензија. На крај од рак почина Спојлер Бог да ја прости.
Мене ми текнува на една од основно, не' нарекуваше со секакви имиња неколку недели - вошки, свињи, гниди , само затоа што на некое детенце му се истурило чашка јогурт во нејзината скапоцена училница (мислиш татко и ја купил) и оти нејзиното омилено цвеќе умрело. На крајот случајот дојде и до директорката, па после следеа извинувања, ама ученици немојте така, ама не мислев јас тоа сериозно... не бре, ќе те наречам вошка и свињче на шала. Инаку, збор-два за професорите на факултет. Освен што имаат напумпано его, оргомна доза ароганција и вообразеност, некои се бајаги неинформирани во врска со сопствениот предмет. Некои се можеби експертиво својата област, но немаат воопшто пристапен начин на објаснување на работите, ниту ентузијазам за предавање. Или спласнал со годините, или никогаш и го немале. Жално е, јас навистина сакам да знам што знаење и ум има да подели некој кој учествувал во пишување на македонската граматика, а се' што добив беа некои чудни колоквиуми со домашни и 20 прашања за учење, некои монотони предавања и диктирања, глава да те фркне, да се убие човек од зевање и досада. Сум сретнала 2-3 професори достојни за почит и внимание, да те заинтересираат, да ти одговорат на прашања, да те навлечат на дискусија, а што е трагично - токму тие не биле дел од мојата одбрана бранша...
Таа барем се извинила. Оваа викаше дека ние сме биле криви и невоспитани. Можам и сега да си ја замислам со изобличената фаца, како се дере мислиш децата сме и ги убиле. Како може бре таков човек деца да учи, не можам и не можам да си сврзам. Ужасно искомплексирано жениште... Ми текнува на една другарка кога и рече: Седни ма таму, што се шеташ ко посрана некоја. Божеее со какви тикви тиквосани си имам работа А оваа само што влезе, уште ни часот не почнал. И образовен кадар сме имале. Сите имале па и ние
Што ве чуди, на Педагошки ( пак, без навреда за тие што студираат таму ) се запиша девојче кое, можам да гарантирам со главата, не знае да чита! Средно помина што на среќа, што на врски, а што заради класната. Не знае да чита, помина матура со препишување, извади две четворки и среќна и весела се запиша на Педагошки. Како што има среќа тоа девојче, а јас несреќа, ништо чудно да му предава на моето дете. И ај сега, кој е крив ??
Што мислам? просто и едноставно не го бива за гомце! Како може да го бива бе? Ке ви раскажам една приказна која има два главни лика Снежана од претставата и Келнерчето. Во основно учителката одбира 4-5 ученици кои ги форсира стално и се една иста е Снежана во претставите, се еден ист е Принцот, а што другите деца?! Идиоти се, или родителите немат звучно презиме за да добие една е*ана улога во претстава?! Од 5-8 одделение ај нели се менува класен раководител, ама пак исто срање, почнуваат веке и кој може и кој не може да фака врски за наместо 2 да му пишат 3, иако не знае уште да чита и не ги знае основните интерпункциски знаци. А зошто не знае? Затоа што учителката до 4 одделение не му обрнала доволно внимание лижејки им се на родителите на предходно споменатата Снежана од претставата.. Доага средно. Оној кој едвај доби пролазна оценка со молење и врски (истиот оној кој нема 2 чисти бидејки нАли, учителката не се замараше да го научи (презафатена со Снежанка од претставата) итн...) не успева да се запише ништо друго освен келнер кој претставува струка само колку да ти дадат диплома од средно не дека се учи нешто.. (без навреда на оние кои се келнери).А Снежанка од претставата оди во приватно средно училиште бидејки родителите и се премногу изморени од молење за оценки, поткуп итн... Таму си плака си учи и си го завршува средното. Ама и Келнерчето исто така си завршува средно, можеби со сите двојки но си завршува. Доага факултет. Од старт Келнерчето не ни размислува за тоа. Нема просек и почнува да работи во некое маалско кафанче за 250-300 денари дневница. Снежанка од претставата се запишува без проблем на факултет, си го завршува со тоа што ке му го испу*и на професорот два пати за оцена 9 или 10 а не учи баш до толку.. Оди на факултет со кратки сукнички, професори се палат си еб* мајката. НО, се наога еден стар лош професор на кој не му се дига па не прима сексуални услуги за оцена но затоа пак внук му има роденден и добро би му дошле 200 евра за подарок(корумпиран професор ХКМмМм..). И така Снежанка наша, си дипломира, оди и на постипломски и така се зима најлесно диплома. ЗАКЛУЧОК: 89% од професорите без разлика дали зборуваме за основно средно или факултетско образование се корумпирани или манијачки настроени. Снежанка правеше што правеше си зеде диплома и ке зима некаде висока плата во некоја фирма(знаеме веке на кој начин ХКммМмМ..)Што е криво нашето келнерче што е машко па неможе да понуди сексуални услуги на професор, а нема ни пари за да си купи упис и оценки на факултет. А нема ни звучно презиме Штета. НО, не грижете се за него во мегувреме се смени власта па ке се најде некоја работичка и за него, царина, полиција... А може и со членска книшка од партија и на факултет да се запише. Ништо чудно се е могуче. Спојлер големо браво за чесните исклучоци на ученици и професори кои не се палат на кратки сукни, пари, звучни презимиња, и партиски определувања. и се извинувам за исцрпниот пост
Што мислам за образовниот кадар кај нас (еве ќе кажам конкретно за мојот факултетза медицински ) ,како прво толку многу се исфрустрирани и недоволно едуцирани ,а да не кажам колку се алчни за пари ...секоја чест на некои професори кои се исклучок ...
Во основно горе-долу сите сме имале од постарите учителки, кои повеќето се в пензија, и користеле застарени методи на учење, но колку-толку биле учителки во вистинска смисла. Ќе зборувам за еден случај кој ме зачуди. Во основно училиште влезе нова учителка, околу 24 годишна. Повеќето дечиња и` се пријатели на фејсбук, каде можат да читаат нејзини секакви глупости и да гледаат слики каде позира во секакви изданија. Потоа, објавува слики и од дечињата, од самата настава во училницата. Кој и` дава право да објавува слики на интернет од деца, од кои некои не се ни свесни за тоа (сепак немаат сите компјутери дома, или фејсбук), а ни самите родители појма си немаат. Кој е тука виновен, директорот, самата несовесна учителка (вработена по врски), што се нема работни правила? А, каде се родителите? Дали знаат за ваквите ситуации и не им пречат или навистина немаат поим.
Кај мене сите пријателки што ми се професорки,учителки на ФБ редовно си објавуваат слики.Значи од настава во природа,изработки некои, еве сега за Халовин една по англиски до 4то одд.си објавувала слики.Искрено ова ми е одвратно бе! Треба да се казнат,зошто дава лоша слика дека само се сликаат а не работат.Значи секоја недела слики од ова слики од она! Цццц,и тоа ти бил образовен кадар Ма само строго,а не тука фотосесија за на ФБ ,така ли се работи,така ли??????? За ова конкретно за ФБ што ставаат слики,треба да се алармира до повисоко и сите што имаат слики да се казнат!!!!!!
Баш кај нас во школо се збореше што мислиме за професорите , а една другарка само што се испокара со проф. по физичко Изнакажа пред професорка милион работи , зошто ја избрка од час и почна да се исмејува , као да ти покажам кај е канцеларијата да се жалиш ,ако сакаш и во министерство иди едно друго. Кажав јас лани дека треба од време на време да прават професорите психо тест . Некои не се способни да смират 30 ученици , камоли да го одржат часот , да предадат тоа што треба . И лани ми се налути професорката што го кажав тоа , сега истото го кажав и ми вика па тоа и ќе се воведува сега . Епа време беше . Има некои што буквално се иживуваат на учениците . Од дома изнервирани дошле и лупаат единици како ништо , запишуваат во забелешки , кај педагогот праќаат .. А кај педаготот посебна приказна . Е кој те пратил сега ? Муабет ќе си попраи со ученикот безвезе нешто и ај врати се на час Има и такви што да ти е мерак да седиш на час . И да не ти иде предметот и да не го сакаш , ќе го засакаш .Секоја чест за таквите .
Да се надоврзам на предходниот пост на Душица дека треба психо тест за професорите, освен тоа мислам дека не треба да се вработуваат учителки од 1-4 одделение кое не се мажени или имаат деца. Пример во мојот град во едно основно училиште има 2 учителки кои не се мажени ниту имаат деца и имаат околу 45-50 години. Ги навредуваат децата им викаат дека се глупави кретени и што се уште не. И тоа сите родители го знаат, па дури и одговорните во училиштата знаат дека децата се навредувани од некои стари кокошки што иако завршиле факултет немат две чисти за тоа како треба да се понашаат со децата. Да имаат свои деца дали би сакале да им го навредува некој така? На тој начин децата се обесхрабруваат уште мали дека не ги бива за учење и понатаму вбоопшто не ни пробуваат да седнат и да научат некоја лекција. Зборот ми е треба да се надгледуваат посебно учителите од 1-4 одделение кога децата се како сунгери и впиваат се што им се зборува. Не може некој/а кој никогаш во живото немал допир со детското воспитување да солат памет на мајките како да си ги воспитуваат децата. Еден прост пример. Пред 2 недели имаше родителско во одделението на внука ми и таа е попуштена со успехот по еден предмет. И сега, по тој предмет по кој што попуштила, наставничката се осмелила да и каже на сестра ми дека треба да престане да ја прака на Англиски јазик курс, и на кошарка бидејки немала време да се посвети на нејзиниот предмет. Многу е без врска. Дури почнувам да мислам дека 25 % наставниците се криви за лошото однесување или успех на училиште на детето.
Има секакви професори. Сега се подобри, но неможе секогаш министерството се да контролира. Јас бев ученик до лани. Во средно имавме компјутери. Неписмените професори не знаеја да ги користат и не ги користевме. Дојде инспекција, ги користевме компјутерите. Си отиде, пак старата песна. Имав секакви професори. Имаше и такви што не дозволуваа да отидеш до вц. Изговорот им беше:"Не сте првачиња па да не можете да издржите до крајот на часот." А како вие драги професори си излегувавте сред час, најверојатно да мочкате? Вие првачиња да не сте? Имаше професори што беа потполно незаинтересирани. Имаше професори што се зафркаваа цел час, потоа ќе опнеа тест и ќе наредеа кецови и двојки. Оценувањето завршено, дошол први, стигнала платата важно и другиот месец пак истата песна. Имаше професори кои им предаваа на сопствените деца. Имаше професори кои си имаа миленици во класот. Јас давам преголема поддршка за екстерното. Да видиме дали пак ќе има попуштање. Незнам какви се казните за оние професори кои имаат отстапки за 2 оценки, ама јас би сакала да се поголемки. Конечно да им дојде умот на професорите. Ах да, треба да има почести инспекции. Потоа, при најмала неправилност удри го по џебчето, па ќе видиме дали следниот пат ќе работи така како што работи. Поточно, не работи.
Не значи дека ако професорот е повозрасен и со поголемо работно искуство е и поквалитетен. Во основно сите професори ми беа од постарите генерации. Повеќето пред пензија. И ги имаше секакви. Најзастапени ми беа оние на кои ги мрзи да предаваат. Од кај нив излегував со најмали знаења. Постојано бев на приватни часови за да ги научам лекциите кои требаше да ги научам на училиште и за чие предавање некој зема плата. Но, не можам да кажам и дека ништо не научив. Имав неколку професори кои најзаслужено си го земаа секој денар. Професор на место, со знаење и познавање на својата област. Сега во средно, сите професори се млади. Највозрасните имаат 35-6 години. И искрено сум позадоволна од нив отколку од овие постарите во основно. Сегашниве професори се целосно заинтересирани за предавањата, за наставата, за воннаставните активности. Се залагаат за максимална дисциплина и прават се што е во нивна моќ за да го направат часот интересен и едукативен. Секогаш се тука за секој ученик, независно дали се на работно место или не се. Кога и да ми потребала помош за било што биле тука за мене. Било да ги побарам на телефон или на фејсбук. Ниеден проблем не ми останал нерешен. Максимално помагаат, те сослушуваат секогаш. Арогантно и дрско однесување кај нив нема. Пријателски се настроени и создаваат атмосфера во која не мора да трепериш од страв дека стоиш и разговараш со професор, но истовремено влева почит кај ученикот. Јас сум позадоволна од овој сегашен, нов образовен кадар, кој скоро излегол од ученичките клупи. Но, ова го зборувам за моето училиште кое е приватно. Искуствата од моите другарки кои се во државните средни училишта говорат нешто друго, но за тоа не би коментирала бидејки не сум била во непосреден контакт со тамошниот образовен кадар.
Со снегот само децата се радуваат. Повеќето не одат на училиште, а слободните професори ги полнат кафичите. Кога ќе се затопли ќе ги надокнадат деновите. Само се прашувам како? Со рецитирање на лекцијата во брзозборка? Во едно од училиштата наставата траела по 20мин. Некои од професорите каснеле по 15 мин. на часот, запишувале час и ѕвони ѕвончето. Потоа се жалат како имаат премногу работа и не се платени. Има ли контроли во позаостанатите села со по неколку ученици? Таму е секојдневие часовите да траат дури по 30мин. Тешко на денешните деца со вакви професори.
Точно е ова кој сака и кога сака и нее важно со што минал на факултет и дали знае 2*2 толку ееее...а наставници се....со ученици ан фб си пишаат си коментират безвезни работи фала богу во мојто школо нема такви...идат родители во канцеларија и одма нареднио час гледаш сите му се петки а детето не знае што е именка...и како да разговара...30 збора се на се знае а одличен ее...
Колку што е катастрофа кадарот исто толку катастрофа се и учениците. Секоја генерација се понекултурни и поневоспитани од дома. Страшна работа. Затоа и некои професори не се замараат многу со часовите, посекако ко ќе дојде време за оценки пишување ќе ти наредат кој ученик каква оценка треба да има дирекоторите, родители со дебели врски. Ако не, можеш слободно и од работа да леташ. Учениците и самите си земаат за слобода за се расправаат за оценки за коишто не се заслужни, бидејќи од дома ги научиле дека тие едноставно треба да имаат петки по секој цена, и без доволно учење. Мислам мизерии се случуваат. Не треба да се критикува само кадарот.
Е од вакви како тебе децата се распрдуваат и ги губат моралните вредности. Па зар може едно мало детенце да оде на Англиски, Кошарка, Основно и што ти уште не? Срамота и гревота е што "модерните" родители им даваат ЕДЕН ТОН обавези на децата. Во ред. Нека иде на Англиски ако веќе епрен сака или нека иде само на кошарка, или музичко ама дека има време да иде секаде, епа извини, не е детето вундеркинд. Полно родители сакајки да ги мафнат децата од дома и да имаат колку-толку слободно време велат: "ами ај ќе ја запишиме музичко, нека проба, ај ќе ја носиме играорна, може ја бива"... Не ја бранам наставничката/професорката, можда има дебилен однос кон децата, можда баш внука ти ја зела на пик. Но да ми кажеш дека нема врска тоа што има милион обавези вон основното и дека тие не влијаат на квалитетот на нејзиниот напредок, епа извини, се лажеш.