Форумџика на годината

Што мислите за оваа диета?

Discussion in 'Диети' started by gorde2812995, Jan 28, 2014.

  1. gorde2812995

    gorde2812995 Активен член

    Joined:
    Jan 19, 2014
    Messages:
    7
    Likes Received:
    1
    Gender:
    Female
    Пред појадок

    Почнете го денот со чаша млака вода во која ќе исцедите еден лимон. Ваквата лимонада ќе го прочисти телото и ќе помогне во разградувањето на мастите.

    Во наредниот час и половина испијте уште три чаши вода за да го исчистите телото од токсини. Препорачливо е во текот на денот да се напиете барем 2 литри вода, но не по секоја цена.


    Појадок

    Запомнете дека никогаш не треба да го прескокнувате појадокот. Постојат неколку опции за овој оброк.

    Варено јајце или кајгана
    Овес или житарки со млеко
    Овошје (доколку јадете банана, ограничете се на една)
    Здрава и брза диета за слабеење без напор

    Ручек

    За ручекот подгответе си оброк кој содржи многу протеини и искомбинирајте ги со свежа салата. Еве неколку предлози:

    Печено или варено пилешко, мисиркино или телешко месо
    Печена риба или исцедена туна
    Супа од спанаќ и интегрални тортиљи

    Вечера

    Вечерата треба да биде најлесниот оброк. Можете да подготвите супа со зеленчук, салата или мала порција тестенини. Исто така можете да подготвите и печен зеленчук со минимална количина маслиново масло или да направите пуканки.


    Помеѓу оброците

    Доколку огладнете помеѓу оброците, можете да исцедите сок од свежо овошје или да изедете мала количина интегрални грицки.Здрава и брза диета за слабеење без напор

    Строго забрането

    Шеќер
    Сокови во амбалажа кои содржат адитиви
    Чипсови и закуски
    Чоколади и слатки од секаков вид
    Леб

    Препорачливо

    Покрај ваквиот вид исхрана, препорачливо е и да спортувате. Каква било активност 3 пати неделно може да ви помогне да се чувствувате уште поудобно во сопственото тело. :*
     
  2. coralin-e

    coralin-e Истакнат член

    Joined:
    Nov 30, 2013
    Messages:
    144
    Likes Received:
    98
    Не ми изгледа лошо. Ручекот е добар, и мислам дека нема изгладнување. Но сепак крајната цел на ваквите режими на исхрана е да се стекне навика за здраво и правилно комбинирање на храната со цел таа правилно да се складира во нашиот организам. Доколку тоа не го постигнеме, тогаш ниту една диета нема да ни помогне. :)
     
  3. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Joined:
    Jul 5, 2011
    Messages:
    8,639
    Likes Received:
    40,142
    Gender:
    Female
    Изгубив надеж за диетиве ако некој има ефект нека пише :)
     
  4. Tanja03

    Tanja03 Истакнат член

    Joined:
    Jan 15, 2010
    Messages:
    78
    Likes Received:
    41
    Gender:
    Female
    и јас :(