Те цитирав на твоите коментари. Или не разбираш што си пишал, сакам да кажам, не знам да речам или премногу ChatGPT користиш.
И јас ти одговорив. Немаш претстава што може а што не може Чет ЏПТ, ниту кој било ЛЛМ или трансформер, очигледно. Еве, ако сакаш прати ми и порака, ќе се допишуваме во ИНБОКС, нема проблем.
Ех, кога сум тука , и веќе кога си член на тимот, и има и следно прашање. Нели е малку така „преексплицитен“ речников на овие другариве погоре, дури и ако сме на тема за секс?
Замисли, да веруваш дека не постојат машко-женски пријателства... Реално не требаше да ме чуди воопшто, имајќи предвид 99% од мислењава шо ги има направено на форумов.
Пријави да видам на шо мислиш точно зошто то шо можи да се речи дека можи да помини како проблематично е минимално. Еве сега корегирав ситници. Ама ПРЕексплицитен речник? Не знам. Какоидае, ако гледаш нерегуларности користи го копчето „Пријави“ или пиши ми ЛП. Еве можиш уште сега то шо мислиш дека е остнато и е проблематично да ми го пратиш. Пошто вака лесно ќе заминиме оф топик нема смисла. И да не бидам јас оф топик: Ко да памтев дека имам коментирано на ваква тема, ама изгледа било во машко-женски пријателства. Јас имам машки пријателства и апсолутно не ги гледам како поќе од то. Кај мене во глата се се сортира по категории. И ако падниш во категорија другар - ти си другар и толку. Искрено ме вреѓа да знам дека некој ми е другар зошто чека прилика да има односи со мене. Зошто не можи да сме само пријатели? But that's just me. Воедно ако имам односи со другар, тогаш тој е fuck buddy/friend with benefit. Логично.
Многу „ебе*А, ебе*Е, еб*,“ итн,, нецензурирано низ повеќе коментари. Само ме интересираше каква е политиката. Еве, ова нека е порака и до другарите. Следен пат ќе пријавам на која била тема. Мислам дека треба да одржуваме некакво цивилизирано ниво на комуникација. Фала за брзиот одговор, и фала ти за твоето мислење на темата!
Ми се плаче од коментарите искрено. Јас имам 10г другар, ДРУГАР, еве годинава и старосватови му сме на свадба. Може по таа линија ќе ме праша за фак бади да ми е.
Хмм,темава е стара колку и човекот. Отсекогаш имало за и против мислења, но колку што разбрав овдека се бара личниот став. Лично мислам дека каде има пријателство не би требало да се меша со секс, освен ако не ако не се појавила обострана симпатија т.е. љубов(лично сметам дека сексот е одраз на љубовта).Воедно сметам дека пријателството може да функционира меѓу машко и женско. Лично сум имал такво искуство, да со личност која ми била пријателка сум почнал врска, но за жал врската не успеа ,а јас изгубив добра пријателка. Тогаш бев за жал премногу млад за го разберам тоа. Но животот не учи....
Кај секој и со секој е различно. Јас имам другарка (со која се дружиме и знаеме уште од основно) и сме многу блиски,знаеме сѐ еден за друг,немаме срам еден од друг за ништо и од ништо. Се дружиме многу време и имаше еден период кога имавме и секс и тоа ,можам да кажам,беше најдобриот секс евр. Немавме партнери тој период и едноставно се деси јбг. Тоа го правевме кога ќе ни се присакаше и правевме и пробувавме свашта. После престанавме со секс и до ден денес сме другари а за сексот никој не дозна. Така да зависи од луѓето дали ќе останете другари или не. Можеби е чудно но е можно. Знам дека во повеќето случаи не е можно,и со сексот завршува другарството или почнува врска,но има мал процент каде што останувате другари и тоа нај нај другари како во мојот случај.