Јас би рекла не,ама знаеш како оди тоа со емоциите...посилни се Ако имаш јак карактер и ако сметаш дека можеш да го откачиш,супер за тебе
Немој никако да си дозволиш да се заљубиш во него! Прва работа е тоа што тој има врска од 3-4 години , а тебе те бара цело време - фактички тој ја изневерува својата девојка. Од друга страна, не сакам да звучам грубо но, само те искористува и на крај би те оставил како стара крпа. Ајде да речиме да раскинат со девојката... Ти размисли дали би сакала да бидеш со дечко кој те изневерува или дали би сакала да бидеш причина за раскинување на долга врска ОЧИГЛЕДНО не толку совршена чим дечково почнал да „шарка“. А можда пак ова му е само минливо... Нешто како „еј се скаравме малце со девојкава сега ќе види таа дека јас можам да имам која сакам девојка бла бла“ и да сака да ја направи љубоморна девојката. Јас сепак би се задржала на тоа дека тој е во врска 3-4 години и да кажеме дека ја изневерува својата девојка со тебе, доколку би раскинал со неа и ти бидеш следна на листата ништо не ти гарантира дека ова што го прави сега на неговата сегашна девојка нема да ти го прави и тебе. Ова беше моето мислење.
ех колку девојки има што се 2ри ... но не ги осудувам,можеби имаат некое чувство што е посилно од нив, и знам со сигурност дека и на таквите ама ич не им е лесно.. искрено никогаш не ми можела да поднесам да сум втора.. според мене тоа е нај болното а воедно и нај понижувачкото чувство за една девојка
Па колку и да го сакам некој никогаш нема да паднам на толку ниско ниво да бидам јас втора,тој нека биди втор зошто пак јас Не знам зошто некои девојки паѓаат на толку ниско,се мешаат во врска надевајќи се дека ќе растураат нешто што е градено со љубов,мажи како мажи можеби ќе ви симнат sвезди за една вечер или ќе ве залажат дека ќе и се скараат на таа првата ама вистината е тоа што нема да се случи.Еве и да се случи ги скарувате некој кој оделе толку време тој цело време ја варал со вас,и што постигнавте ако тоа и го направил на некоја кој бил долго време зарем вас нема да ви се случи истото,можеби од 2ра добивате статус на 1ва ама можно е да се појави и некоја 2ра итн....Затоа женски има мажи за сите па тие нека освојуваат нека се борат за нас зошто ние да им потклекнуваме,сепак ние сме жени треба да бидеме освојувани,сакани,посакувани,некој да не почитува и сака,мажите не се толку вредни колку што ние му ја креваме нивната цена и его
Erm...no thanks. Неморално ми е и под ниво. Несакам да бидам ничија замена, а и се раководам според непишаното правило „Ако изневерил со тебе, ке те изневери и тебе.“ На таквите типци ниедна не им е доволно добра. А јас да се брукам со таков? Нема шанси. Не е единствен, ни најдобар, ни најубав па да си го „лади“ со повеќе истовремено. Сум била во ситуација бившиот да има втора. Кога дознавме и двете една за друга, остана типот сам, со онаквото во раце и само не молеше наизменично да му се вратиме. Беда. Девојката сама призна колку и` е бедно чувството што била во таква ситуација иако не ни знаела дека јас постојам, така да, никогаш.
епа вака девојки мене ми се случува истото ... многу го сакам веке подолго време ми пишува да се видиме само покасно е слободен навечер кога е без девојка му (а имаат прилично долга врска) не баш многу но 1 година 2 незнам точно го сакам премногу ми намига секој пат кога ке ме види и ме бара да излезиме и ми пишува дека сум го заборавила дека не му пишувам никогаш прва и се лути-.- ахх не знам повеке што да правам ке се спобудалам не знам дали да прифатам па што сака нека биде ама сум скоро сигурна дека нема да ме откачи и дека ке сака подолго време да се гледаме скришно ... а си пишуваме и коментари и јас кај него и тој кај мене како срциња и сл знам дека ке речете не дека не е за мене да не се мешам не ни го сакам тоа но тој мислам дека не ја сака неа кога и да прашам зошто не си со неа тој ми вели еех таа спие што сака нека прави демек ми е гајле... ве молам девојки за совет ?
Не ја сака а иде со неа 1-2 години Па нормално како ќе те придобие тебе затоа мора да ти вели дека не ја сака ,не го интересирала?Зошто ако не ја сака еве нека и се скара,и нека биде со тебе,ама тука имаш одма одговор демек жал ќе му бидело за неа,не го оставала таа и бла бла се само лаги.Зошто не те побара ако му значиш денски а не само навечер ти sвонел.Извини вака што сум многу директна ама тука јас искрено не ги гледам машките криви туку сме ние кои дозволуваме да падниме на нивниот шарм и неколку слатки зборови.Мој совет ако те сака тој ќе и се скара и ќе те изнесе пред гордост јавно ќе те држи за рака,не дозволувај да паѓаш на ваквите "фраери" бидејќи тие не гледаат ништо сериозно туку само провод за 1 вечер,а верувај дека секоја вреди и заслужува да биде ПРВА !
swrcii, ако ти се точни годините на профилот, во никој случај да не се занесуваш со таков тип. Веројатно според должината на врската која ја има, типот е над 18 години и нормално е дека во тој период само ке лета да смени што повеќе женски, и верувај дека освен „официјалната“ женска, не си единствената која ја вика да излезе со него. Самото тоа што кажа ти намигнувал и сакал тајно да се гледа со тебе, доволно е човек да сфати колку е тој сериозен. Едноставно, сака да си седи на две столчиња. Ако навистина сака да е со тебе, без проблем ке расчисти со сегашната женска, ке и` објасни дека не може веќе со неа и готово. Верувај дека и девојката ке му биде благодарна што не и работел зад грб а и тебе ке ти е полесно што ке го имаш само за себе. И уште едно нешто што навистина ми боде очи, може ке звучам сурово ама...каков доказ за љубов се срценца и бакнежи на FB?! Тие толку го имаат изгубено своето значење, што нивната употреба е веќе механичка. Никогаш нема да ги разберам таквите работи... Како и да е, едно големо НЕ за типот! Не се залажувај.
фала за искрените мислења Queen-Nefertiti, calliope тој има 18 таа е една година помала од него еве ке ви казам последно што ми вели "па знам ме заборај ко ке докажиш ке знам дека ме сакаш" и слични работи од овај тип за да се видиме демек... и на камера се имаме гледано повеке пати свесна сум дека тој сака само забава но мислам дека почнувам да се заљубувам пополека и пополека можно ли е да го одбегнам ова??
никогаш втора гордоста не би ми дозволува да направам несто такво,башка МОЕ НЕ ДАВАМ ТУЃО НЕ САКАМ ми се десавало да ми се пустаат маски кои имаат девојки-сите попиле корпа јас прво дознавам ако е слободен ок ако е зафатен не фала на туѓа несрека не се гради среќа
Ахам, веќе и насетувам каков доказ бара... И штом и самата си свесна дека сака само забава, спремна си да се жртвуваш себеси за негово задоволство? Подобро во лице кажи му дека знаеш што сака, па тогаш да видиме дали ке остане онаа „мила“ личност што ке ти симнува ѕвезди или веднаш ке си бара нова жртва. Разбирам дека ти е тешко ако веќе си почнала да чувствуваш нешто спрема него, ама верувај дека после ке ти е потешко кога ке те искористи и ке те фрли. Затоа подобро кажи му се` што си мислиш, прекини секаков контакт со него додека е време и уживај во животот и добрите момчиња кој допрва те чекаат.
Не мислам нешто подрастично на оваа тема. Сепак, иако немам некои цврсти цели во животов на тема-врска, ова дефинитивно ни во најмеките не ми влегло. Нема да кажам дека е вторите се глупави, неморални и површни. Сигурно и оние кои фактички се втори, гледаат некоја убавина во тоа. Вторите секогаш добивале првокласен третман, па не се почувствувале како резерва. Можеби поголемо е задоволството со втората, но не и љубовта и потребата да те фати за рака пред сите и да каже - е оваа е моја девојка. Единствена. Втората секогаш ќе остане ограничена под режим од негова страна, додека тој во меѓувреме ќе е слободен да го живее сонот на секој маж.
Постои непишано правило составено од три подточки 1. Ако момчето се забавува со две истовремено (народски кажано се мува) и двете се свесни за тоа, па се грабат за круната тогаш дотичниот се одлучува за некоја сосем трета! 2.Ако момчето си има сериозна врска, и посакува да си внесе свежина во интимниот и љубовниот живот се обраќа кај некоја втора, која е свесна за тоа дека тој има женска заради која тие мораат да го кријат својот однос. Таа, во случајов втората, цело време инсистира (директно или индиректно) тој да ја прекине својата врска, со цел таа да го заземе тоа место НО момчето во поголем број случаи сфаќа колку тој е заљубен и колку е добра неговата женска, во случајов првата...па почнува таа фаза на каење кај него и се однесува како кон Принцезата од Монако-кон својата женска! А на третата подточка не ми текнува, значи не ми била толку интересна за да ја запамтам или па сум немала такво искуство! Како и да е, погоре напишаното немора да значи за сите врски пошто и јас лично познавам и вакви и такви случаи па девојки сума сумарум ние треба да бидеме тие кои ќе ги диктираме правилата и кои нема да дозволиме да бидеме први, втори, трети...петнаести итн Зошто машките не се замислат за тоа дали ние ќе се одлучиме за нив и дали воопшто размислуваме за нешто сериозно со нив.. Секоја врска, или па нека биде тоа само ван најт стенд ние го започнуваме со мислата дека тој можеби е вистинскиот, како луди паметиме се до детал од нашиот прв дејт, како тоа не нарекол, како сме се бакнале, како сме се пипнале ...а тие, мислат само на тоа још једна у низу и да...ја поминав јас оваа Можда не секое машко, ама поголемиот дел од нив!
Тоа е искористување.. и за мене и за таа првата. Без оглед на тоа какви чувства имам за некој дечко, не е вредно. Ако не може да одлучи помеѓу мене и нејзе, не ме сака доволно за да биде со мене. Он ќе си ја игра играта - "Јас ќе го имам најдоброто од двете се додека едната не се измори." Женски, најдете си некој без багаж. "...Hop on the bus, Gus. Get a new plan, Stan. Just get yourself free." - Paul Simon
Никако, ама баш никако не сум дозволила да бидам втора виолина на некој. Не сум без самопочит и никогаш не би паднала толку ниско за некој.
Ако има девојка немој да се впушташ во некоја љубовна авантура ќе си имаш проблеми и со двајцата речи му да престани со тоа удварање и земи закани се дека ќе му кажеш на девојка му
Тоа ти го прави поради што во врската му е досаден периодов, не затоа што ке ја прекине толку години врската за некоја што ја знае кратко време. Како и да е, не се опуштај со таков тип, знаеш дека ке му бидеш занимација :/