Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што мислите за тоа да сте втора?

Дискусија во 'Сингл' започната од independent, 22 јануари 2010.

  1. TrueReligion

    TrueReligion Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    175
    Сум се нашла во ваква ситуација и сеуште патам.........Најубаво е да се држите настрана од долги врски бидејќи во споредба со првата,никогаш ќе немате реални шанси...Можда звучи малку сурово,ама она знае се за него,он знае се за неа,додека со вас ќе треба да почнува се одново.A не верувам дека некое машко е способно за тоа..Намигнување,симнување ѕвезди-тоа машките не го прават со онаа која ќе ја оженат...Цело негово друштво ја знае неа,а вие ќе се чувствувате како вишок.Плус,дали навистина ти сакаш да бидеш причината за нивното раскинување?Кога веќе се заедно долги години веројатно цел град знае за нив.И сега наеднаш ТИ.Почетокот ќе ти биде доста тежок.Ќе бидеш туѓинец пред сите и ќе се најдеш во доста незгодна ситуација незнаејќи што другите,пред се неговите блиски мислат за тебе...Јас да си кажам за јас....Она знае за мене,јас во скоро дознав за неа затоа што и него го запознав пред месец и случајно со еден другар шетавме пред некоја недела и он почна да се смее зошто овој(,,мојон'') помина пред нас и тргнал табличките од колата...Другар ми не знаеше за ,,нас'',а со него се знал и јас потпрашував и коа почна да ми кажува дека имал женска,живееле заедно одреден период,се почувствував доста бедно ама моја е вината затоа што знаејќи го тоа јас продолжив со него(среќа не му одговорив дали сакам да излезам со него),само теравме онака,она-ова,се дури пред 2-3 дена не ги видов заедно во неговата кола...Згора на се,сме имале исто име....Сега кога се сеќавам на одредени моменти,не знам дали се зборувало за неа или за мене....Не дозволувај си себеси да се заљубиш во таков......Верувај дека има други кои повеќе вредат од него.Тој воопшто не е заслужен за твоите солзи,.....Не можеш да си дозволиш да бидеш причината за неговото задоволство.....Таквите како него,не ја изневериле неа со тебе,со доста други го правел тоа(во мојот случај,знам за 3,сите моја генерација и која случајност никоја од нив не сака било каков контакт со него)....Тоа му е него само занимација....
    Сети се дека некогаш си живеела без него.....Навиката не е потребна...:))
     
    На SOVRSENSTVO и unique123 им се допаѓа ова.
  2. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    374
    Прв пат ја гледам темава и се ужаснувам !

    Па дали е можно девојките веќе да паднале на толку ниско ниво, па ко да нема 100000001 друго машко на светов, се залетуваат по зафатен. Ама го сакале :!: Дај ти се молам, не е ни чудо што веќе машките имаат толку ниско мислење за девојките.

    Добро, како можам да бидам со некој и да знам дека после мене или пред мене се гледа со друга?! Тогаш јас сум понижената и глупавата, пошто неговата девојка за озбилно сигурно не ги прати сите негови авантурички. Колку патетично.

    Зарем несакате на некој да сте му се на светов? По ѓаволите, тој сигурно не ве сака, тоа се брдо лаги. Оваа е таа работа, која јас изгледа никогаш нема да ја сфатам.
     
  3. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Па некој ако си ја сака таа првата,нема да си дозволи да ја внесе во нивниот живот онаа втората како што велиме ние факт е дека и едната и другата е понижена на различни начини се разбира
     
  4. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Ит сакс, тоа е мое мислење.

    Не би си дозволила на себеси никогаш да бидам втора и нема никогаш да изигравам нечија резерва, губење време е тоа, според мене. Самиот факт што сум „втора„ укажува на тоа дека не сум толку значајна во неговиот живот, а посебно па ако ми врти филмови дека ќе ја остави поради мене, добива клоца у
    муда
    и нека си наоѓа друга труба за свирење. :wasntme: Тоа со него никогаш нема да биде вистинско нешто, никогаш нема асално да можеме да излеземе, разменување нежности во јавност бог да чува и ајдеее јуриш, цел живот јас ќе се кријам, а он среќен и задоволен, седи на две столчиња. Нема потреба, има толку слободни други машки со кои што би можела да имам прекрасна врска. Крај краева, па и сингл да останам, нема бре да бидам втора.
    Башка муабет е тоа што не би можела да заспијам навечер знаејќи дека „крадам„ нечиј друг тип, посебно ако се долго време заедно. Па и таа девојка се борела за нешто, градела нешто, се трудела да ја одржи врската, зошто би го заслужила тоа? :^) Јас не би сакала да ми го направи некој тоа, затоа не би го ни направила.

    Памет во глава девојки..
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    ако некој ми значи и сакам да сум со него неможам ни да замислам а да сум му втора,а толку многу да го посакувам :!:
    а ако со некој што е у врска а си се свиѓаме едн на друг не би ми претставувало проблем само за мување :!: ништо повеќе од мување :!: :!:
     
  6. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Втора да бидам на некого :?: подобро сама цел живот одколку на некого да сум му втора.Мислаам тоа нешто не можам да го замислам а не пак да го прифатам |( За личностите кои ова нешто го прифакаат имам многу лошо мислење.Тоа се личности кои не се сакаат сами себе,личности кои се многу слаби и не се способни сами да се заштитат а да не зборувам за тоа што уништуваат врски или пак не дај боже брак :x Без навреда но јас имам најдолно мислење за ваквите :)
     
  7. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Ако сум втора дефинитивно ништо не сум мислела..па нема ни да мислм за понатака Господ ми го зел паметот..и сум дозволила на некого да му бидам втора



    А лично за мене никогааш не би дозволила подобро сама отколку да му бидам втора на некого.. Ноу веј :!:
     
  8. Kristinna92

    Kristinna92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    168
    Море колку и да го сакам никогаш нема да си дозволам да бидам втора. Па ако сака Бред Пит нека е. |(
    Јас не сум резерва за некој да ме бара кога првата му ја нема. И јас имам почит кон себе и сметам дека сите заслужуваме да имаме некој кој ќе не сака само нас, и ќе биде само покрај нас.

    А она тепањето филмови, демек ќе ја остам за тебе, бла бла.. Нема да се случи.
    А и да се случи, што кога ќе бидете вие првата, а тој пак си најде некоја втора?
    Епа бате, чао пријатно. Таквите машки кои си играат со 2 девојки не вредат, има многу други кои ке ве ценат само вас, затоа не затварајте им врати на некои добри момци заради лошиот кој ви дава лажни ветувања! ;)
     
    На blond.bunny и pll им се допаѓа ова.
  9. mirna0911

    mirna0911 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    18
    Е добро де , еве јавно си признавам јас сум втора и што?! Си се глеам со еден тип цела година , он има девојка и што сеа? На почеток не знаев дека е зафатен ама после дознав , и веке не се ни трудам да сум му ДЕВОЈКАТА НА НЕГОВИОТ ЖИВОТ. Со оваа што иде , идат 3-4 год и ја вара веке цела година со мене , епа која е целта тука јас да го освојувам него за да и го земам местото и мене истото да ми се дешава ? НЕ ФАЛА!!! Убаво ми е и вака , кога сакам го глеам кога не ми треба не го барам. Искрено тој повеке е со мене отколку со неа . А и можам да и кажам дека убаво и стојат роговите . Ај да ве видам сега судете ме :?:
     
    На PeachGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.964
    Допаѓања:
    123.553
    Не мислам ништо,пошто тоа нема да го дозволам.
    Или ќе биде целосно мој или не.Не сакам со никоја да го делам нити да се понижувам самата себе,ако свесно знам дека сум втора.Не би паднала толку ниско,па и јас имам достоинство.Ако тој не ми го дава првото место,не ме заслужува,ме заслужува друг подобар,кој Господ како и за сите,би го чувал и за мене :P

    ^ Мирна ,не сме судии ни Господ да судиме,сама си одговараш за своите постапки,како ти е убаво прај си.
    Јас знам дека никогаш не треба да им го правиш на другите она што несакаш тебе да ти го прават :wasntme:
    Исто како и дека тркалото се врти ;)
     
  11. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    4.769
    Искрено,темава е паралелна со темата "Се мував со оженет" зошто фактички тоа е тоа. Немора да си тинејџер или само да имаш врска па тој да си најде втора... Може и во брак да си и пак да најде некоја... Како и да е,никогаш не би била втора! ПО НИКОЈА ЦЕНА! Колку сака нека е убав или неодолив (иако во мојов свет,такви кои вредат да кршам мои правила не постојат).
     
  12. Sense

    Sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    45
    Бидејќи самата побара осуда. :lol: :rofl:

    По твоево мислење ми изгледа како да не ти се допаѓа ситуацијата во која се наоѓаш. Бараш осуда а реално никому овде не му е гајле за твојата ситуација се додека тебе ти е убаво и не бараш некој совет.

    Прашање за тебе: Зашто побара да ти дадат мислење, односно осуда за твојата ситуација ако тебе ти е е океј и се супер, м? Или само си се искажа?

    Инаку, за мене - не би сакала да бидам втора. Е сега никогаш не вели никогаш, незнаеш во каква ситуација можеш да дојдеш, сакала- несакала...но треба да се цениш себеси а и другата страна, јас не би сакала да повредувам некој, макар и непознат.
     
  13. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Нема што да мислам бре, при самото негово доживување на мојата совршеност автоматски станувам прва и единствена :D :D

    Мој маж, мои правила бе, нема лабаво 8)

    ... Сепак си бирам опција во која нема да бидам некое скриено копче во задниот џеб, фала многу ама имам други планови за мојата безобразно тврдоглава и своја лева половина од мозокот ;)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mirna0911

    mirna0911 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    18


    Не напротив баш ми е мило што не сум таа што носи рогови , не барав осуда само сакав да ви кажам дека и да си 2ра има своја убавина . Како сакате сватетеме.
     
  15. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    173.974
    Хахаха ,не носиш рогови како првата?
    А сигурна си дека не постои некоја трета ,а?Некоја која и тебе ти ставила рогови и тоа поголеми од роговите на првата?Кај има чад има и огин.Ако постои втора можеби постои и трета ,затоа не се толку сили со роговите на првата,можеби ист број рогови носиш и ти :D
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    Ќе го напишам тоа што го мислам, не со намера да ги навредам некого, туку само да си кажам она што јас го мислам.
    Прво, зошто да бидам втора, на типот што се замислил дека е некој шеик и планира да си прави харем, не планирам да му се приклучам верувајте. Никогаш не сум била со дечко кој има девојка, не планирам ни да бидам. Гледам сите пишувате во стилот неа ја вара, што ми е мене гајле, рогови нека си носи. А вие? Не се осеќате повредени што го делите со некоја друга, што не ве сака само вас, што вас ви ѕвони кога ќе се скара со девојка му и секогаш си втора опција?
    Ако некој ме сака, ќе биде само со мене. Колку и да го сакам никогаш нема да го делам со друга!
     
  17. mirna0911

    mirna0911 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    18

    Сеедно , ама знам дека нема трета , бар не сум до толку слепа ко негована :)
     
  18. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.964
    Допаѓања:
    123.553
    ^ Mирна,де седи си таму мирна :!: Ај да видиме. :lol:
    Се зезам.
    Кој изневерил еднаш изневерува пак.
    Ако те сака -неа ќе ја остави и ќе биде со тебе :* Значи?
    Ако сакаш да си втора виолина-изволте.Твој избор :)

    Едит-Имаш 23 години :o Мислев дека си 14че.Сепак потруди се да си најдеш нормален дечко и врска.Цел живот ќе се задоволиш да бидеш во позадина?
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mirna0911

    mirna0911 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    18

    не сакам да е со мене , и мене истото ке ми го прави , не сакам да ме сака :) нека ме сака како сега што ме сака те обожава . И ај добро , ке си седам мирна :) ххааххахаха...
     
  20. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    За мене тоа е понижување и никогаш ама никогаш не би му била втора на некој.Едноставно не сум од тие кои многу се заљубуваат или кога ќе се заљубат ја губат главата.Секогаш се ставам себеси на прво место и никогаш не би си го дозволила тоа.Ако тој е кретен и ми ветува љубов и ми симнува облаци додека со друга шета насекаде и ја претставува како своја девојка тогаш не ја заслужува мојата љубов.Понекогаш треба да се размислува и со главата а не кога ќе се случи такво нешто.
    Јас го сакав.не можев да одолеам,не можев против срцето.Нели сте помислиле дека ако тој ве сака ќе ја остави девојката и ќе биде со вас.Ама не на него му е побитно да се го прави ќефот и да ве фрли после како искористена крпа.
     
    На Antonija123 му/ѝ се допаѓа ова.