мислам дека е глупост,секогаш она што го посакувам и заслужувам ќе биде преполовено,а мислам дека сум многу повредна и неможам себеси да си дозволам да бидам 2-ра.....ама баш никогаш па и за кој и да станува збор....
Jas pak se vmesam vo temata,moe mislenje e deka vo slucaevite kade sto ima vtora gubat devojkite zasto maskite se ponecuvstvitelni cim e so dve sigurno i dvete ne gi saka. Se dodeka nie zenite ne se opametime i ne im stavime granica tie ke prodolzat da si igraat so nasite cuvstva. Jas nikogas ne bi bila vtora ,toa e nevkusno i odvartno,pa makar da bi bil deckoto i na mojata najgolema DUSMANKA.
Сум била 2ра на кратко и ден денес незнам кај ми бил паметот.Веројатно "бев"со него бидејки мислев дека ке ја остави девојката ама тоа не се деси само ја си губев време.Нема погадно чувство од тоа !! Јес да цело време се гледавме и се слушавме како да сме во врска дури се чудев како може некој да има девојка а толку слободно да се понаша, у диско искача со мене по кафиња по цели денови заедно,да се чудиш од кај наога време да се слушне да се види со нејзе после толку време поминато со мене ,ама ете лугево постигнуваат.Заклучокот шо ко изведов од ваквата врска ако може така да се нарече е дека без оглед колку е ок фин и поминува време со тебе секогаш ДЕВОЈКА му ке биде на прво место коа ке дојде празник со нејзе ке биде коа ке дојде роденден со нејзе ке го поминува коа ке дојде време за одмор со нејзе ке иде на одмор а ти увек ке бидеш тука на stand by на него коа ке му текне и коа ке нема обавези со нејзе да ти се јави или да ти посвети внимание.Затоа без разлика колку и да ми се допага некој ако знам дека има девојка подалеку од него.Со нивната врска шо сакаат нека си праат дали им е ок или не им е,нивна работа не сум ја тука издувен вентил и занимација додека се у криза па коа ке се опраат клоцата у гз.Што вика другарка ми штом денес нејзе ја вара,штоо си мислиш и тебе утре вака ке ти праи со некоја друга .Така да мене навечер барем мирна глаата,со други нека се вараат колку сакаат ама ја нема да бидам таа што утре ке ја покажуваат и ке викаат ете греота девојчето, ја вараше со Супергрл, им расипа врска....
мирна, да не се лажеме, ова на секој ни се случило, ама те читам и не можам да верувам дека ти е толку сеедно, уште и упорно пишуваш за девојкаму... ако си решила да бидеш втора, изборот е твој, но сигурна сум дека си свесна дека не е исто да си прва и да си втора... да си прва значи дека има нешто што те става пред другите...значи, има нешто поради што ја става пред тебе, без разлика на тоа што ја изневерува... Би ти дала добронамерен совет, тргни се на страна, да бидеш втора е понижувачко за една жена! Зошто би му била втора или тета или незнам која на некој си, кога некаде таму некој чека да му бидеш единствена?
Ми се допага последново што го кажа - кога некаде таму некој чека да му бидеш единствена Тој и во неколку наврати ме тераше да бидам со него - ама кога знам каков е , и што и прави нејзе - НЕ ФАЛА , ке биде дечко само за по дома. и уште еднаш да повторам НЕ Е ИСТИОТ ДЕЧКО ВО КОЈ ШТО БЕВ ЗАЉУБЕНА ПРЕД 1 ГОДИНА. И да изборот е мој , јас бирам дали ке сум втора , трета или незнам која , се додека не се појави соодветниот за кој ке кажам ДА ОВОЈ МОЖЕ ДА ГО ИЗНЕСАМ У ЈАВНОСТ и да кажам овој ми е дечко , се додека не се појави тој , сите други ке бидат дечковци за ``ПО ДОМА``. Не знам колку ме свакаш .
Разбирам... сепак, верувам дека постои нешто многу подобро таму некаде за тебе... А и, верувај, не би сакала да се најдеш во ситуацијата на девојка му ... Замисли, наоѓаш некој кој вистински ти значи, мислиш дека се е ок , а тој прави како овој твојот... А правило е , верувај, секогаш ама баш се се враќа... и тоа на истиот начин...
Не сакам да ја мешам девојка му во сето ова - кога веке тој не мисли на неа . Сепак ако јас сум за по дома на него - тогаш и тој мене ми е. Се задесиле и ситуации последниве неколку пати - да ми рече зашто не искачаш со мене , или ај со мене на викенд ?!! Каде бе алооо?! Сепак си ја знам границата . Прелоша би била ако би се сложувала на се што предлага. А ова за вракањево , знам свесна сум ке ми се врати еден ден , ама и некогаш мене ми беше така , и од тогаш ми важи - БОЉЕ ЈАС НА НЕКОЈА ДА И ПРАВАМ ТАКА , ОТКОЛКУ НЕКОЈА МЕНЕ. Може ова е дрско и безоибразно од моја страна , ама бар не сум ни повредена од него нит па заљубена у него.
Сум решила да ти го сменам погледот хихихи Маче, и мене некогаш ми беше така... и им се врати... и јас го наравив истото... но мене не ми беше убаво чувството дека повредувам некого...Не смееш така да размислуваш - како тоа БОЉЕ ЈАС НА НЕКОЈА? никој на никого! а ако не си се заљубила, ќе се заљубиш...
Сум решила да ти го сменам погледот хихихи Маче, и мене некогаш ми беше така... и им се врати... и јас го наравив истото... но мене не ми беше убаво чувството дека повредувам некого...Не смееш така да размислуваш - како тоа БОЉЕ ЈАС НА НЕКОЈА? никој на никого! а ако не си се заљубила, ќе се заљубиш...[/quote] После 9 месеци убаво го знам каков е , нема да се заљубам, не во некој што не ги исполнува критериумите да го засакам. Така да си останува да е дечко за ``по дома`` , дечко за леп провод и ништо више. Да у право си никој на никого - ама тој сепак потегна се , ако веке некој некого повредува тоа е он неа , јас само сум невидлива - ама битно крајно задоволена од него )))
Да,да баш сите сакате да сте први,никој ни на крај памет не би помислил да се вмеша во врска/брак ако знае претходно дека е зафатен. хахахха која иронија бе луѓе колку од вас,или пак колку другарки знаете што се впуштиле во таква авантура по забрането овошје м?Голем е процентот...Ех сите да беа со вакви размислувања кај ни беше крајот тогаш,немаше да се расипуваат долги врски,да се растураат бракови... Ма заврши времето кога сме кажувале еј штета што е зафатен.Сега модерно време е велиме ма многу ми е гајле што има друга,се јавуваме како витези да го ослободиме заспаниот принц од канџите на неговата сакана И тие најхрабрите што успеале од 2ри,да дојдат статус први,и опппп по некое време се најдуваат во истата ситуација,ама сега боли оти тие не наштетуваат туку осетуваат на своја кожа како е.Епа сами си го баравте Овде сме како на Олимпијада Еден победува,бадијала си 2,3...се знае кој ја освојува титулата
А што кога си прва и кога знаеш дека има втора, а не сакаш да го оставиш? Одма следуваат прашања што е таа подобра од мене, што има таа што немам јас..(иако е една обична мифка за која не вреди да се збори). Иначе тие што се втори секогаш си мислат дека се некое ниво над девојките, но да знаете дека многу грешите бидејќи таа ако се налути тој одма ќе ве остави. Единствено ако ве сака вас повеќе од девојка му е тогаш ќе ја остави заради втората...
Нити сакам да сум втора,нити сакам да ми се умеша втора. Да бидам втора и да растурам нечија врска според мене е глупост невидена.Како прво тој не ме цени доволно и сака да му бидам "тепач на време" а второ не би сакала да се ставам на местото на девојката,затоа што знам дека не би ми било убаво кога јас би била на нејзино место. Сум имала шанса да бидам втора и тоа со дечко кој го сакам но мојот одговор наместо да биде ДА или РАСКИНИ ПА ДОЈДИ беше -> СРЕДИ ЈА ВРСКАТА,СО ВАРАЊЕ НИШТО НЕ ПРАВИШ <- а навистина го сакаВ.Ден денес сме другари и тој е сеуште со девојката на некој начин благодарение на мене,затоа што му помогнав и со пријателски совет. Не го прави тоа што не сакаш да ти го прават.
Охохооооххоо!Немој да речете дека лажам и се правам светица,поедноставно,досега ќе имав 256 дечковци на кои ќе им бев втора,наместо да си добијат корпа...Жалосно е што во повеќето случаи,се оние зафатените..а јас треба да изигравам втора девока за секс..Ама не,и готово,башка тоа,нема шанси,и да како што кажавте,онаа првата има нешто повеќе затоа што таа е пред мене,а да бидам јас прва за тој да раскине со неа веќе ќе знам каков е,утре ќе најде некоја и пак јас ќе бидам повредена..Доволно е само да каже:''ќе раскинам со првата'',за да сфатам дека не вреди човекот ни 5 ден,па не да идам со него,неможам да ја газам гордоста ниту да бидам исфрлена за друга како што ќе ја исфрли првата заради мене...Не,Не,Не,Не и Не!
Што мислам??? Боже какви глупости! Ма ниту една девојка никогаш не смее да си дозволи да стане 2ра, без разлика колку слепо е заљубена во дечкото..мислам..ваљда не сме до толку слепи и глупи де
....... две години мислев дека сум прва во неговото срце што ми беше поважно од тоа дека сум втора физички во реалниот живот......... . ..за среќа се разбудив од илузијата и прекинав.....едноставно сватив дека сум втора секаде... .. ...не дозволив да игра со мене повеќе........и реков големо чаооооо...........
подобро сингл отколку да растурам врски и да бидам втора,или пак да има друга освен мене и да ме џитне после како партал,no way
Да знам дека има девојка и свесно да имам сексуални односи со него (па и нешто помалку од тоа) ми е идиотизам. Значи да има секс со неа, па да доаѓа кај мене на уште една рунда , јас мислам дека ќе си мавам боксови до крај на мојот живот. И е крајно непочитување на сопственото Јас. Нека им е со лесно на ваквите кои ова го прават. Но ако има некоја таква сакам да ме просветли што и се врти во главата? Какви се тие љубовни чувства кои ги има? и Нели ја гризе совеста? Онака барем малку?
Нит би сакала некоја да ми се умеша во врската нит па јас би се умешала во туѓа. Знам дека секогаш вторите девојки мислат дека се на некое повисоко ниво од неговата прва девојка, дека се подобри и дека повеќе вредат ама се лажат ДУБОКО! Дечкото да се заљуби навистина во друга додека има девојка, ќе земе фино лепо ќе и раскине на девојката па ќе си биде среќно заљубен со другава. Да не се лажете дека он не и раскинува на девојката бидејќи му е жал а уствари вас ве сака! Да ве сакал ќе бил со вас а не со неа. Си нашол втора виолина па ќе си свири кога ќе му текне.