Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што мислите за тоа да сте втора?

Дискусија во 'Сингл' започната од independent, 22 јануари 2010.

  1. 27eb

    27eb Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Никој не може да ги разбере девојкиве подобро од некој што го доживеал тоа.Истото ми се случи и на мене се гледав со дечко што има сега веќе 6 годишна врска 2 години.Од некоја страна го сакав ептен а веќе во другиот момент не чувствував скоро ништо за него,скоро 2 години ми збореше дека ке се скара и тие работи ама за жал тоа никогаш не се деси само празни ветувања.Секогаш кога ке му речев дека јас неможам да го издржам ова тој на овоа ми возвраќаше ко демек почекај уште малце бла бла моментално немам некоја причина за да се скарам и незнам таму уште што и јас си чекав си чекав си го упропастив најубавиот период од животот чекајќи некој се до пред некое време додека не си ги отворив очите.Јас сум сигурна дека тој ме сака ама нешто внатре во него не дозволува да се скара пошто кога и да му речев нешто во врска со девојка му секогаш ме слушаше(ко на пр,не излегувај со нејзе и ред др работи)а и + тоа ми се има расплакано,со девојка му гледааа многу ретко.Сега веќе му кажав дека несакам ништо со него тој неможе да се помири со тоа и ме бара постојано сеуште сме во контакт се слушаме ама повеќе нема да бидам со него никогаш.Уште ми зборува ко демек ке се скарам и тие работи само дај ми уште малку време ама не верувам повеќе во него и ако некогаш се скара кога тогаш пак ке и се врати.Само знам дека никогаш повеќе нема да бидам со некој што е во врска пошто поболно нешто од тоа нема,кој го доживеал тоа знае.
     
  2. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    и да се скара со сегашната девојка ти ке му бидеш девојка така ???
    Па ти ке станиш прва а девојка му ке го заземе твоето второ место и ке се вртите така во круг??
    Значи тој што си е учен да си одржава паралелно две врски учен си е бре брате и нема да го смениш никогаш вајлда тоа што имаат скришна врска ги пали или ги возбудува на некој начин им крева анедралин а не зашто се залјубил во вторава девојка едноставно кажано занесеностн ништо друго
    Нема да се видите некое време и ке му спласне занесеноста и толку од паралената врска
     
  3. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Кога го прочитав насловов го сфатив како што мислам за тоа да си втора средно и искрено малку ме зачуди... :lol: Епа зошто да не се заљубиш ? Гледаш дека детето се затрескало во тебе...ако имаш таква можност да го седенеш и отворено да го прашаш каде води сето тоа само напред....не за џабе те бара во 4-5 наутро...уште па ако ти врти пијан ! :inlove: нешто ми ми мириса на загореноооо :lol:
     
  4. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    И да станете некад прва у ваков случај, немој да спиете на тоа уво дека нема вакво нешто и вам да ви се задеси ...
     
  5. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    4.888
    Пол:
    Женски
    Ништо не мислам.
    Знам, никогаш не вели никогаш, но да знам дека постои друга во неговиот живот и упорно да се понижувам самата себе, не би.
     
  6. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Или јас ИЛИ НИКОЈА ДРУГА.Не го делам со никој па што сака нека биде.
     
  7. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Здраво :)

    За мојот проблем веќе имам пишувано во друга категорија,ама ситуацијата се искомплицира така да ќе ми треба уште некое мислење и совет :)
    Накратко проб. беше:се гледав со едно момче некое време,околу 4 месеци..се скаравме,се врати на бившата со која беше 2год у врска..во ред,прифатив го и тоа и едноставно се оддалечив..иако искрено го сакам..ама нормално,гордоста пред се ;)
    Е сеа он сака да се гледаме пак..на прашањето како да се гледаме,добив одговор 'на само кога ќе имаме прилика,зашо не можам да престанам да те гледам..и уште те сакам'..иронија зарем не
    Според неговите кажувања и двете не сака..шо искрено воопшто не верувам
    Вчера кога ја добив таа понуда за гледање му кажав да не ме замара (искрено,последното нешто шо го посакувам е да престанам да го гледам,да прекинам комуникација..ама морам),и му се заканив дека ако уште еднаш се обиде да контактира со мене ќе го пратам разговорот на девојка му.
    Дали постапив правилно?
    Можеби малку е претерано со заканата,секако не би пратила ништо на 'кутрата'(причина за раскинувaњето нивно беше шо го изневерила)..само сакав да ме оставе на мира..ахх премногу го сакам..
     
  8. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски


    само напред,убаво си постапила-во никој случај не се навраќај на нешто што пукнало по било која причина!!!
    Нели крпеното е крпено,никогаш не може да биде ново ;)
     
  9. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Сметам дека добро си направила,не се навраќај потешко ќе ти биде,јас да сум на твое место ако уште еднаш ми се јави навистина ќе го пратам разговорот на девојка му.
     
  10. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481




    Ви благодарам за одвоеното време да го прочитате мојот проблем и да ме посоветувата :)
    Имате право..така е..ама едноставно срцето и разумот не се на иста бранова должина :)
    Во ситуацијава сум разумна,и планирам како таква да останам..не сакам јас да испаднам колатерална штета,и јас да бидам расипувачка на нечија среќа..ако ја има меѓу нив,во шо се сомневам
    Како и да е,да кажам дека нема да градам среќа врз нечија несреќа(нејзината)..тоа нема да биде среќа за мене,туку пропаст.понижување..
    Дадев му простор да го сакам,не ми дозволи..тоа е
    Повреди ме шо ме потцени со таква понуда,шо помисли дека ќе се задоволам со нечии трошки...
    Премногу го сакам..ама се сакам и почитувам себе си ;)

    позз
     
  11. Jecichka

    Jecichka Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    22
    Неможам ни да се замислам даа сум 2ра а не пак да го допуштам сето тоа. И на крај се разбира дека јас ке бидам повредена а тој кривиот. Не! Мое мислење е дека сите девојки кои се поврдени а биле 2 улога во животот на тој дечко се самите криви, бидејки самите се впуштиле во тој оган и се разбира се изгореле.
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    не би си дозволила такво нешто , секоја девојка е уникатна , секоја може да биде единствена .
     
  13. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Едноставно, не ни размислувам.
    Доволно се ценам себеси, воедно и почитувам.. да дозволувам на некој идиот, да ме има во втор план.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  14. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    123
    зависи од многу работи.Ако двајцата пример сакаме само секс,ок е
     
    На UUUUU му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Мојава гордост никогаш не би го дозволила....
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  16. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Па не би, ако тој веке толку ме сака ке направи да сум една и единствена. Втора..па и самиот збор кажува дека е второ т.е нешто споредно, не би сакала да се најдам уште еднаш во таква ситуација а не дека не сум била, ама да знаете дека нема по мизерно чувство! И никогаш повеке, си стојам цврсто на збор.За да бидеш втора не е нималку тешко, машките се ионака доволно прости што можеш да ги вртиш како сакаш, му се здосадило со девојка му па ете сум јас ке изигравам нешто поќе од тоа што сум..не бре луге, не, за да бидеш прва (а и единствена) е тешко.
     
  17. frozenheart

    frozenheart Активен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    ако се работи само за пролазна авантуричка и да нема обострана грижа и меѓусебни чувства тогаш зошто да не :) згора на се човекот кому си му втора е само број во твојот живот :D
     
    На anaantonia му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Shaaggy

    Shaaggy Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    7
    Како може некоја девојка да дозволи да се стави на второ место да биде втора??!!
    Девојки немојте да се погазувајте и самоомаложувајте, знајте си ја својата вредност и никогаш немојте да се ставате на второ место :)
     
  19. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    Не можам да си дозволам.
     
  20. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.157
    Свесно не би си дозволила такво нешто, мислам дека имам многу да понудам за да бидам единствената јас :)