Статистиката е едно а реалниот живот друго. Овде се работи за таква материја што нема ни теоретски шанси да се измери а камо ли да биде релевантен извор. Овие статистики се правени врз база на некои психолошки сознанија засновани на тоа како функционираат мажите и жените. Ако малку реално размислите ќе сватите дека нема теоретски шанси да направите истражување кој со кого идел и кој бил прв а кој втор.... Еве да размислиме реално, секоја жена која се наога во таква ситуација мисли дека е она прва а другата е втора.... Значи кога некој ќе ми објасни како се собрани овие податоци тогаш може и ќе поверувам на тие статистики. Исто како што може да и се верува на оваа анкета на сајтов поврзана со секс со женско каде испаѓа дека повеќе од половина се бисексуалки или лезбејки, што е тотално погрешно. Грешката е во тоа што можат да гласаат и мажи, чисто од зезање, а и голем дел на жени стиснале исто така тотално без везе да, а ниту биле со жена ниту имаат таква намера. Предлагам да ги баталиме тие анкети затоа што се нерелевантни, бидејки неможе да се потврди нивната веродостојност. Ок анќетирале некоја девојка да речеме, кој ми гарантира мене за тоа дека таа е искрена и кој гарантира дека таа била прва или е втора.... Затоа пуштете ги анкетите и кажете го сопственото мислење. Овде на форумов да направиме една анкета ќе испадне дека сме сите невини и дека евентуално сме имале 1 партнер, тој прв, тој последен, дури ни тука никоја од повозрасните од мене не би признале неверство а камо ли во лична анќета. Ако се решиме да дигнеме раце од се и да не се бориме ќе треба да седиме дома и да кукаме и да изиграваме Калимеро нема правда, наместо да се бориме за своите сели. Зошто би конкурирале на работно место кога се е наместено, зошто би ризикувале да излегуваме надвор кога може да не згази нешто, зошто да бидеме втори кога можеме први, зошто да имаме дечко кога може да не изневери.... Исто така во некои д коментарите се провлекува еден стереоти, ако тој си е женкар таков ќе си остане, што е тотално неточно. А, тој што сега мислите дека е нај верниот сопруг, дечко.. на светот неможе да ве изневери? Истото важи и за жените, мажот а и околината може да мисли дека е светица а таа ороспија со тапија... Во природата на човекот е да ги идеализираме лугето кои ги сакаме се додека не ја дознаеме нивната темна страна или болна вистина, затоа ни е тешко да поверуваме кога некој ќе ни каже дека партнерот не изневерува и мислиме дека не лажат за да ни расипт, и како по обичај се лутиме на тие што ни ги отвараат очите.
Понижувачки ми е на мене. Дури наа ескурзијата во трета кога испив малку повеќе, на другарката со која бевме во иста соба, еден саат ја советував, повторувајќи едно исто, никојпат немој да бидеш втора.
не е убаво да си втора, повеќе боли да си втора затоа што знаеш дека е повеќе со „саканата“ и дека таа го „има“, полесно е да си прва кога ќе дознаеш дека те вара од гнев ќе си заминеш како попче ке си се вратиш на сингл, од гнев ќе станеш посилна и поубава.
Треба ли воопшто нешто да се мисли на оваа тема? Која девојка/жена сака да биде втора во нечиј живот? Сите за себе го сакаат целото внимание на партнерот и не верувам дека на некоја која е втора и' се допаѓа што љубовникот го дели со онаа првата. Што мислите за тоа да сте втора можеби треба да се постави како прашање таму каде е дозволена и нормална појава полигамијата и мажот може да си земе повеќе од една жена.
Прва или втора ... Релативно знае само ТОЈ кој е инволвиран со две личности во некаков однос. Додека ТИ првата мислиш си му единствена, јавно експонирана, ТОЈ веројатно мисли дека втората му е љубов и обратно. Така да, оваа тема некако има подлабока вистина. И повеќе комбинации. И нелогично е да се ословуваме со прва, втора партнерка.
Да сум втора, тоа за мене не би било очекување дека нешто посериозно ќе произлезе од нашиот однос. Имал типот девојка, очигледно не бил нешто задоволен од врската или имал желба за некоја друга. Од таков не можам да очекувам дека мене после откако ќе ме избере како втора, ќе ми биде верен и нема да ми го направи истото како на неа што и направил. Сето тоа е само забава, авантура и ништо повеќе.
Победно чувство од тоа да си некому втора нема,всушност многу сум против тоа,еднаш доживеав на своја кожа ,кога бев во оние полуди,помалку зрели години,тогаш ми беше возбудливо,типот имаше девојка,па се гледавме и слушавме тајно,имаше возбуда и адреналин,ама сега свесно не би посакала да се впуштам во такви авантуи ,па ни да доживеам мене некој тоа да ми го прави
Taa sto saka da bide vtora ili nesto ne e vo red ili od sebicnost da rasturi vrska !! So koj pamet VTORA ???
Ne deka prvata e vo nekoja zavidna polozhba, ama ova vtora e epten omalovazhuvachki. Bozhem aj, rezerva, da ne sluchajno prvata ima dobieno ili ja boli glava...
Понижувачки, срамно и многу ниско. Дури глупаво ми делуваат такви девојки да не речам прости. Не жалам ако некоја си се пронајде, едноставно вистина е, а вистината секогаш боли
Nikogas vo zivotot ne sum sakala da bidam vtora vo nisto,pogotovo ne na ljuboven plan.Ili edinstvena ili nikako..
Vistinata ne boli,a i ne gledam zasto da boli jas bev edno vreme vtora ako ne se lazam msm bea 9mes ili god,i stoako bev vtora koga sekoja vecer bevme zaedno,posle 5god vrska pa 7meseci brak,e sega ako stanuva zbor za zenet covek toa e veke dr.A i se zavisi sto go potiknalo covekot na druga