Vtora? Ne blagodaram... Ne samo zatoa sto sakam kako sekoja normalna devojka da bidam edna i edinstvena tuku i ne go pravam toa sto nesakam mene da mi go pravat, karmata e kucka, nekogas znae da zakasni ali nema da ve odmine, se se vraka se se plaka...
За љубов правиме секакви глупости некогаш п прифаќаме и да мсе втори, трети и стоти но реланоста е следна: Ако си втора нема шанси да си среќна, секогаш ќе боли ...
Сум била втора личност и никогаш повеќе нема да си го дозволам тоа ..... ужасно е можеби на почетокот не се замарав со тоа ама подоцна почна да ми станува непријатно и не сакам да бидам втора личност
Никогаш втора, или ке биде само со мене и со никој друг, или нека биде со сите останати ама нема да биде со мене .
Да си втора во нечиј живот па да машташ дека еден ден ке станеш прва во 99% е машта а во само 1% се случува и тогаш стануваш прва но тоа не завршува тука, сега си прва но пак сега си во јадна ситуација бидејки сите мажи од тој тип кој што се не ретки имаат една која им значи ја сакаат и таа е таа така наречена ,,прва" но не и единствена бидејки таквите типови мажи никогаш не се задржуват на првата ја сакаат можеби и превише но сакаат и сите други жени да се нивни Тоа е факт тоа се тие типови ако си ти втора сигурна да бидеш дека има трета и четврта ако од втора станеш прва после доаѓа втора трета до се кај што ке му се пружи прилика
Сакам на сите девојки кој мислат дека се во подобра позиција и во предност што се втори и што знаат за првата да им порачам да внимаваат тоа е тешка борба во која најчесто остануваат повредени и отфрлени бидејќи нивната ,,прва"сигурно им значи многу инаку не би ве криеле вас од неа, туку би ја раскинале таа врска па дури брак ова сепак 21 век но таа е вистината мажите сакаат забава со вас за да ја разбрануваат монотонијата од долгата врска или брак потоа уште постраствени им се враќаат на ,,првите" ова го знам од машки братучеди женети и со долги врски ми се довериле сме разговарале милион пати на вакви теми тоа е таа вистина ,,првата" таканаречена е во нивното срце друго се е забава П.С.не оправдувам неверство но ако ме изневери партнерот и дознаам мое мото е око за око заб за заб
Тоа ли е тоа ВТОРА ВИОЛИНА ... како може да се смета за предност тоа то се знае за девојката/ жената за мене тој тип веќе си направил ѕид кој не го пробива топ ... таков не ме заслужува и точка. А што се однесува до око за око заб за заб ... во бес можеби би рекла ама да направам такво нешто НЕ, не вреди тој никој себе си и трет некој да се вовлече во нешто само за одмазда. Според мене да се биде со некој затоа што се сака тоа и од вистински причини за таков тип е најдобра одмазда.
http://vesti.mk/read/news/6805545/2...-problematichna-akterka-kje-i-go-prezeme-bred Еве овој тип на мажи незастануваат
Чекај малку, зборуваме за Бред Пит, прво секоја ќе му се закачи за да си го крене публицитетот, а не дека е лудо заљубена... калкулираат, пола Македонци не се Бред Пит (искрено и не зам што толку убаво има во него) ... има и мажи и жени што живеат во триаголници од кои причини тие си знаат, за мене се што е повеќе од двајца е гужва, не се диши таму.
Ми беше муабетот за сите оние што се обидуваат да украдат нечиј маж ако успеат значи се работи за особа која лесно ги менува чувствата и кога тогаш и нив ке им го украдат ваквите мажи невредат според мене
Често сум го слушала тоа крадење мажи ... како се краде маж/жена? како мене не ме украде некој јас сум веќе во врска? својски да се мачи ако мене ми е супер во таа врска, не може. Бред ја остави таа пред Џоли затоа што таа не сакала деца и сл. тралала ... мора да има некојапричина за тоа, а и добро велиш можеби нестабилни се чуствата, лабилен тип, денес овде е заљубен утре на друго место, го има тоа.
Тоа ,,крадење" тој термин го употребив у смисла познавам девојки кој ,,абе незнам зошо ама многу ми се свиѓаат женети" тие особи демнат е сеа проблем е што денешниве мажи неразмислуваат со горната глава а и незнам некои се у филм као ако боцнат нешто настрана као се фраери а верните мажи биле папаци сеа ја невикам ништо кажувам што слушам по машкиве скопски фраери, значи имам брат, многу братучеди нивни другари од муабети кажувам што сум слушала. Ај овие мажи што влегле у тој филм влегле не им се докажува дека не е машкоста во тоа ама и овие жени да се ценат малку повеке и да не навлегуваат у тријаголник тоа фраерство у варање би се искоренило али за жал тоа има земено огромен замав
Искрено дојде време да не се знае кој со кој се е.. многу се извинувам за изразов ама сеа ке ви кажам нешто. Работев пред неколку години во една позната фирма во нивен магацин, се на се бевне 19 души искрено најискрено секој ден дознавав по нешто што ме запрепастуваше. Шефица наша се шврљаше со исто наш шеф кој беше женет, се чудев на тоа за потоа да дознам дека и шефицава имала долгогодишна врска, потоа разбрав дека директорот кој исто така беше фамилијарен човек се швалерисуваше со неговата секретарка која ни помалку ни повеќе имаше 10 годишна врска со друг и уште помизерно ми стана кога дојде сопругата на директорот и ја глеам со секретаркава нели швалеркава на маж и си муабетат едно пола саат со чудење погледнувам во една од колешките а она ми шепка ,, пријателкии сее " ааааа лелеее реков зар и ова го има ццццццццц......абе од директор до чистачка не се знаеше кој со кој е. Шест месеци работев и си напуштив и мило ми е ако останев ке ме направеа како нив, ние луѓето сме наивни мнозинството победува ке ме убедеа дека во 21 век тоа било нормално како што се вадеа на тоа и толку