Зависи што сакаш од дечкото.Ако сакаш авантура,не се инволвираш емотивно,не вложуваш и не се посветуваш-why not? Меѓутоа ретко на тоа останува кога тоа веќе ќе потрае некое време. Сум била втора и апсолутно не ме интересираше девојката,не ми пречеше што има некоја,што го делам итн зошто се се сведуваше на физичка привлечност.Барем така мислев,се додека јас не си фатив дечко и реков крај,па на него не му одговараше. Тоа е таа себичност,он две,а ти сама се додека на него му одговара.Реков веќе никогаш.
Нема полошо од тоа да му бидете „втора опција“ на некого. Како прво, не смеете да се спуштате на тоа ниво бидејќи како што првата ја изневерил со вас, така и вас ќе ве изневери со некоја друга. Сум била втора да, но за многу кратко бидејќи чувството е ужасно да знаеш дека откако ќе се разделите оди да се види со неа.
Другарка ми така беше втора,''раскина'' 7 годишна врска...Веќе се некое време заедно,таа лета во облаци а тој пак си тера по свое,пишува на други девојќи,се гледа со други девојќи...Лично јас видов како и пишува на една моја подалечна другарка,ми го покажа разговорот...А таа објавува слики демек видејте не среќни сме нема како нашата љубов.Аха,да.
Се десило да бидам ,,side hoe" и тоа во период од 6 месеци он си имаше 3 женски една по друга скоро ама не се замарам.Убаво пишала членката над мене.
Никад не сум била втора нит ке бидам... Извинете вака за вас шо сте некому втори али као можете,со кое право се мафтате таму кај шо не ви е место УЖАС!
Ако и тој мене ми е втор. Не може тој со две, а јас само со него. На страна шала, не би била втора. Не затоа што би расипала врска, реално никој со сила не го тера да оди со друга, туку затоа што не би си ја потценила вредноста како жена.
Здраво дечки,јас сум нова на форумов. Веќе 3 години се гледам со дечко што има врска од 4 години,на почетокот кога почнав да излегувам со него ми кажа дека нема девојка,он уствари ја имал него не било баш сјајно и мислел дека ке раскинат или што ти знам.Мене ми правеше филмови од типот те сакам тебе,да се запознаеме подобро,ќе бидеме заедно,ќе ни биде супер и многу други работи и мене сите тие зборови ме тераа длабоко во себе да верувам дека тој мене ме сака и ќе биде со мене.Како времето си минува така и јас тонев од лаги во него,а сепак верував, толку наивно го кажуваше ме прелажуваше ко дете за бонбонче.А јас наивна или пак надежна дека еден ден тој ке биде со мене.Како што минуваше времето така се повеке и повеке се зближувавме,јас иако знаев се,продолжував и понатаму со него,секогаш достапна за него,оставав се за да отидам со него буквално се.Дури и немам отидено на роденден на другарка за да отидам со него.Потоа почнав да ги гледам со девојка му заедно,па го нема да звони по една недела,па ке се појави,па пак ке го снема по две три и така во круг.Тоа беше лани Декември-Јануари.мене ми скисна да бидам као жртва секогаш во втор план,секогаш втора. И престанав да му се јавувам,престанав да пишувам. и во февруари почнав да пишувам со друг,излегувавме и по некое време се фативме ми беше дечко,мислев дека го сакам него,бевме скоро по цели денови заедно,секогаш му бев во прв план,секогаш излегуваше со мене во јавност,ништо не криеше од мене и така се до една вечер кога јас со мојот дечко (сега бивш) си седиме онака лабаво си чепкав јас по телефонот и несакајки зазвонив на типот што има девојка,ништо исклучив не ме бараше мислев и дека не сум зазвонила,дека одма сум исклучила.Ама ништо.Ме бара после два дена,се слушаме,правиме муабет и искачаме на кафе,вечерта искочивме пак,го лажев дечко ми дека ме боли глава и дека ке спијам,а јас отидов со овој. И така беа доволни само четири дена за да јас му раскинам на дечко ми и продолжам со овој.И раскинав.Тоа се случува лани баш ова време,и од лани па се до денес јас се гледам со типот што има девојка,и уште ја има.Подоцна месец дена почнавме да имаме и секс,ме скина.Сега сум уште повеке приврзана со него,а тој изгледа дека нема намера да раскине со девојка му,сега сме во фаза кога се гледаме буквално секој ден ми рече да пробаме да видиме ако ни е се океј,да му бидам јас девојка.ВЕ МОЛАМ,ДАЈТЕ МИ СОВЕТИ!
И каков совет бараш? Да ти речеме да го оставиш овој ,пошто очигледно нема шанса да бидете заедно, ќе послушаш? Има многу за осудување во твојот пост, ама еве нема да осудувам. Нема ни да споменам. Само ќе ти кажам дека многу грешиш со тоа што мислиш дека ќе ја остави девојка му. А и да се случи тоа, нема да имаш мир бидејќи тој тоа што и го правел на неа со тебе, ќе ти го прави и тебе со некоја друга. Да не зборувам дека кога ќе ти дојде памет ќе ти биде многу криво што си дозволила некој така да игра со тебе. И сега за крај. Не, нема да ја остави девојката за да биде со тебе. Вие долг период се гледате, да сакал порано ќе ја оставел. Жал ми е. Ама немој да си толку наивна..
Тргни се одма на страна, без разлика и колку време трае, и тоа што ти е прв. Бидејќи лошо си правиш сама на себе, он можеби и ќе ја остави девојка му за да биде со тебе, ама после тоа ќе најде некоја друга што ќе биде втора како што си ти сега. А и искрено си знаела уште од старт дека има девојка што не можам да кажам дека дечкото е крив туку ти што си го прифатила тоа, и како си дозволила така сама на себе да бидеш втора, да живееш во лаги, некој да си игра со тебе и да те бара кога него ќе му текне, пример друга би била ситуацијата доколку не знаеш, па отпосле дознаеш, така си излажана, а вака свесно да прифаќаш да бидеш лажена и ич не ми иде у глава како може. Ама ти си знаеш најдобро тоа. Мој совет е да прекинеш, бидејќи и повеќе од доволно е 3 години да бидеш на некој втора, играчка или издувен вентил.
Дечки се имам обидено безброј пати,дури имам дојдено до фаза да посетам и стручно лице.Никој ама баш никој ми нема кажано биди со него.Во градот е познат како криминалец,кршач на срца,женкар.Ми се има десено и пијана во такси,му раскажувам на таксистот сеа што и ова на вас.И тој ми рече остави го,го знам а да си само ти,не си има и други што ги лаже ко тебе и дека тој уствари не сака никоја.
Епа тогаш? Сите ти кажуваат. Ќе си стегнеш заби. И ќе продолжиш напред. Тешко е, да. Ама не ти е потешко кога знаеш дека друга гушка, бакнува, сака . А ти си му разонода? Сакај го него,никој не ти брани. Ама сакај се себе повеќе. И не дозволувај веќе вакви нешта. Од ова само ти излегуваш повредена. Ти не се почитуваш доволно сама, штом свесно дозволуваш вака да ти прави. Па кога веќе ти не гледаш за себе, тој зашто би гледал за тебе? Верувај понатаму ќе се каеш што си дозволила некој да те искористува. Пошто Љ од љубов нема тука.
Не треба да се обидуваш, туку да се решиш. Ете и сама кажуваш сите ти викаат исто да го оставиш ама ти не го оставаш бидејќи не си решена. Кога ќе решиш многу полесно ќе ти биде. Блокирај го секаде, и број и све, кога ќе го гледаш врти си ја главата. И за некор време ќе ти помине, се надевам.
Продолжи да се понижуваш, јас мислам дека можеш уште, не се давај. Биди му пиунче, покорен секс објект, втора фигура. Грам самопочит да се немало. Можеш уште ајде.
Ова искрено ти е трагедија доколку сакаше тој да му бидеш девојка после толку години до сега ќе ја откачеше таа негова девојка. Според мене требало одамна да го откачиш и броеви да му избришеш, но со оглед на тоа што не можеш да му одолееш поради некоја причина не знам каков совет да ти дадам, извини, но почекај некој попаметен стратег од мене (без разлика на полот).
Според мене не само што треба да му раскинеш туку треба и на девојката да и кажеш се.Па нека има пак он врска со една гледање со друга да го видам.
И сериозно му веруваш дека ќе ја остави девојка му и ќе ти биде верен дечко . Прво не поради друго туку поради себе си ,толку ли не се цениш ? Па дозволуваш да те искористува кога сака да си ебе на страна. Дечкото да имаше чувства барем за една од вас немаше да го прави ова ,иако мислам дека е џабе се што ти зборуваме на форумов дека нема да го оставиш он ќе продолжи да те искористува .
А што мислиш на тоа дека не си само ти втора него дека е можно да има и трета. И самата кажуваш дека е таков. Вака девојче никогаш во животот не дозволувај да бидеш нечија играчка. Можеби тој секој ден е со тебе но се враќа кај женскаму. Да си му значела одамна ќе и раскинал нејзе и ќе те фател тебе. Без предрасуди секој од нас греши и јас имам излезено со момче кое што имаше женска се гледавме период од 1 месец видов дека нема намера да и раскине па несакав ни нејзе ниту па себе си да си наштетувам така да јас го шутнав. Кога раскина со девојкаму одма ме бараше но не ме најде. Вака ќе ти кажам Доколку го сакаш и сакаш да продужиш со него едноставно кажи му Крај да бира помеѓу тебе и нејзе. Ако ја одбере неа не ти треба во животот, ако рече да му дадеш време стави го крајот во истата секунда бидејки премногу време му имаш дадено. Ако те одбере тебе веднаш нека раскине на девојката. Но едно знај ТОЈ ШТО ИЗНЕВЕРУВА СО ТЕБЕ ЌЕ ТЕ ИЗНЕВЕРУВА И ТЕБЕ. Мој совет ти е дека не ти треба. Но тоа е твој живот и ако ти мислиш дека можеш да смениш нешто пробај види но залудно време трошиш. На овој свет има милион момци така да не е само тој ке засакаш некој многу повише од него и ќе сфатиш дека залудно си си го трошила времето за него