Затоа поставила прашање и затоа и' кажувам како ќе и' биде, дека неславно ќе заврши. Ако сака да си ја пролонгира маката уште, нека... Секако ќе и' биде тешко, ама што порано ќе го откачи, толку побрзо ќе преболи.
Aко е со согласност - open relationship од двете страни во ред е. Само таков аранжман е за оправдување. Сешто е зад грб не чини, и на тоа реферирав кога прашав дали имаат достоинство и почит кон себе.
Втора виолина да бидеш значи немаш достоинство, посебно за тие што заглавуваат долго време чекајќи уште малку да ја остави девојката, жената. Толку ли не се ценат самите себе и своето време, па си го трошат на вакви врски.
Преку глава од недораснати неизживеани мажи! Поради разни глупави причини и изговори, најчесто под притисок од фамилијата и околината ќе заглават во долги нефункционални врски и бракови, неисполнети, исфрустрирани и бесни на себеси и ај ќе одам сеа ќе варам наоколу кај ќе стигнам. Ма ајде бре! Оди порасни па врати се. Едноставно прекини се што имаш со партнерката па почни се од ново, барем толку респект заслужува секој од нас наместо таквото набивање рогови и дисреспект кон се што сте изградиле и поминале заедно. А за девојките кои дозволуваат да бидат искористени немам коментар. Ги имам во друштво и пробувам и не можам да ги објаснам ниту опишам нивните сфаќања и гледишта на работите. Не ги сожалувам затоа што тоа не е наивност, свесно се пикаш кај што не ти е местото. Тоа е одлик на злобна личност особено па во случаи каде што намерно и плански се растура брак со деца и се руши нечив дом. Еден ден и на таквите ќе им падне цел свет врз глава...
Не знам дали сум пишала , или не , ама пак ќе пишам . Втора не сум била , и никогаш не би дозволила да бидам втора . Си ја знам вредноста , за да го дозволам тоа .
Не е дека некој ги натерал да стапат во брак и да склепаат деца. Не се незадоволи дома.. најчесто не е тоа проблемот. Изневеруваат, затоа што им се може.
Ako ne se zadovolni neka se razvedat pa neka brkaat sojki. Osven ako brakot ne e od otvoren tip, se ostanato e mizerija.
Ама тоа кажувам, дека повеќето не се незадоволни.. Изневеруваат, оти им се можи... односно, оти им се е*е
Па со самото тоа што им се е*e на страна и бараат нешто ново значи дека не се задоволни со она што го имаат дома со партнерката. Никој не бега од убаво. Досадно им е, монотоно и не се задоволени во сексот кој кај некои брачни парови скоро и да го нема. Варање не е паметна опција во ниеден случај, затоа измислиле развод.
Има и такви на кои им е досадно и монотоно и изневеруваат, ама има многу што изневеруваат оти им се можи. Знам, оти сум правела муабет со десетици оженети мажи кои изневеруваат и сами ми кажувале кои се причините за изневерувањето.
Немора да значи дека не е среќен само мисли дека партнерот секогаш ке биде до него и се ке простува па ај еден е живот ке си излезам ке си изеб...
Samo zenite so 0 samodoverba,pocit sprema sebe i dostoinstvo ke prifatat da se vtorata. Prosto zatoa sto podsvesno znat deka tolku mu e vrednosta i deka nemozat da bidat prioritet tuku samo opcija. Zalosno...
Понекогаш си се запрашувам зошто мажите немаат доволно храброст да расчистат со себеси и своите емоции.Ако они не се чувствуваат среќно во една врска зошто воопшто настојуваат да ја одржуваат таа врска? Па си прават излети со паметот со други девојки хараат им се улизуваат а ваму немаат муда да прекратат. Зошто секогаш играат на таа карта ебена резерва?! Машкоста не се мери по основа на дали друже си женет и имаш швалерка,или имаш долга врска ама и плус две три за забава.
На секоја жена не и е приоритет маж, фамилија, дом и деца. Некоја е кариеристка, па тоа што е втора ич не и е гајле. Кратко речено, си тера мерак каде сака и кога сака и не се замара дали е втора, трета, прва.... И воопшто не се чувствува дека има помала вредност од ПРВАТА жена. Јас неможам по тој терк, ама знам дека има и такви.