За такви.. молим.. Ама оние кои ќе се заљубат и ќе очекуваат 'And they lived happily ever after' е само искуство полно со болка, разучарувања и несреќа.. Затоа, ако не си од горенаведените, ич не се плеткај кај шо не ти е работа
Не се сите како горе наведените т.е. да ги жалаш и плачеш оти втори биле а не биле свесни. Еве, пример ти....отворен брак, тоа значи дека на некого си му втора. Гајле ти е ?
Како беше она, на секоја паметна жена, секој маж,после првиот и е втор, зошто па жената да не е втора
Зошто дозволувате да сте нечиј втор избор, затоа од оваа тема се шалтате следно до ‘Зашто нема машки у Скопје’. Наместо да се посветите на наоѓање квалитетен човек, човек со кој можете да градите и да успеете заедно кроз животот, што одбирате вие? И несвесното влегување во ваква врска станува свесно останување во истата кога ќе дознаете за тоа дека сте, втора. Мислам дека само профил на човек кој нема доволно самопочит и има екстремно ниска самодоверба би се согласил да остане во ваков зачаран круг. Не сакам трошки, сакам СЕ’. А се’ сигурно нема да добијам ако сум втора.
Знам многу личности кои викаат дека несакаат да бидат втори, ама опростиле неверство 1000 пати. Свесно викаат дека не сакаат никако да се втори ама потсвесно секогап му простуваат на партнерот партнерката.
Мене ми е тешко да му верувам додека сум му единствена, камоли втора Никогаш не би си дозволила самата на себе да се потценам до толку.
Не. Просто и едноставно - маж кој што има швалерка за мене е незрел. Не му е добро со жена му? Нека раскине прво со неа пред да бара друга. Не за достоинство или не знам што. Туку затоа што така гледам на тие мажи. Не може да се разведе заради што, заради децата, заради пари, заради што? Било која и да е причината за мене значи немање храброст. А зошто ми е таков
Абе убави совети делите. Не е убаво да си втора. Ама јас сум видела како втората станала повеќе и од првата и за кратко време единствена. Па не ми беше многу смешно и не мислев веќе дека е важно која е прва а која втора туку која знае како треба.
И му веруваш ? Од кај знаеш дека нема тебе да ти го направи тоа? Тоа што имате дете не е никаква сигурност. Јас не би можела да бидам во врска со изневерувач ,ниту пак би сакала да се плеткам со зафатени.
Незнам како издржуваат муслиманките кои се втори жени во бракот, остајте швалерај ова она тоа е друго ама замислите втора во брак, ја би направила хаос за 2 дена
Па ако некој е изневерувач и му било толку лесно да те изневери ,што ќе го спречи да не го прави пак тоа? Обично таквите цел живот си имаат на страна нешто не верувам дека би го спречило ни дете ни било што. Као он изневерувач и сеа магично се сменил за неа пошо е "посебна"? Еднаш читер цел живот читер.
А ја вечно друга ги била оно камен а ти мислиш свила и ако срце није ми цело опет те пожелелоо. Ове руке ми биле у ватри срце наравно прекасно схвати.