Што мислите за тоа да сте втора?

Дискусија во 'Сингл' започната од independent, 22 јануари 2010.

  1. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    230
    Можебе он те чекал,ама бидејќи си имала дечко,не можел ништо,а сега кога си слободна,ја користи шансата :) ;)
     
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.881
    А оти не превземеш нешто во твои раце па да ги скараш? Ако сакаш да си со него официјално па зошто да не?
    :)
     
  3. Slim-Shady

    Slim-Shady Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    19
    Најважното заборавив да го кажам...Идев со дечко ми 2 години (ама тоа не значи дека сакам пак да бидам со него ..напротив) туку ...овој сега што се мувам со него иди со сестрата на бифшиот :D:D:D А онака сум блиска со неа... Знам дека е грозно ова што го правам ама па ми се свиѓа ептен бе луѓе пааааа :( :@
     
  4. whatever

    whatever Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Skoro so sekoe napisano se sloziv....Toa e nesto najmizerno spored mene...a mi se ima sluceno. posle dolgo vreme pronajdov nekoj koj go svigam i mu veruvam ...doznav deka imal 3godisna vrska deka so nea ima zavrseno se i e mn razocaran i jas bev pa nekako se utesivme megusebno ...bev naodmor toj sekogas mi se javuvase mi pisuvase, se odese vo najdobar red. Sekogas bese tuku koga mi treba se dodeka nedoznav pred nekoe vreme deka toj povtorno e so starata ljubov a jas za toa neznam...navistina bev povredena.
    znaci mn loso custvo e toa :(
     
  5. Slim-Shady

    Slim-Shady Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    19
    Не требало да се заљубуваш (ако можам така да кажам) во него..Затоа што сепак знаеш дека тој имал 3 годишна врска претходно и мн работи поминал со таа девојка па сигурно нема веднаш туку така да ја остави и да се откажи од неа... Знам дека ти е тешко сум била во слочни ситуации но немој др пат така да нае*иш затоа штто тие таквите со долги врски секогаш се навраќаат на старото ретко кои започнуваат отпочеток... :*
     
  6. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    93
    Не е препорачливо.Инаку од сите што викале нема шанси некогаш да бидам втора,се им се удри од глава.Си ги подвиткаа опавчињата.
     
    На Mili28 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. martina-srcus

    martina-srcus Нов член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    12
    да се биде втора а да знаеш е тотален кретенизам, замисли на кое ниво се спушта таа девојка, кога дозволува да му биде само играчка во нечии раце.
    И замисли колкав и е капацитетот, кога му верува дека ке и раскине на другата само чека погоден момент или од типот само тебе те сакам со неа сум онака грев ми е да и раскинам.
    ама тоа ти е секакво ѓубре шета по светов
     
  8. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    499
    Многу е потценувачки некому да си втора виолина. Ќе и ги собираш лигушките на неговата девојка. :puke:
    Одвратно! :puke:
     
    На bones му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RedRose97

    RedRose97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    158
    Игнорирај го. Не биди втора виолина. Не само што е потценувачки туку и нема да се чувствуваш добро за себеси. Тоа е моето мислење.
     
  10. whatever

    whatever Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Slim-Shady. se soglasuvam so tebe...no se sluci ednostavno nebev nisamata svesna deka pocnav da se vljubuvam...znam glupavo od mene...no luge sme pravime greski. Sepak iskreno mislam kazav deka sepak od edna strana i mozebi milo mi bese so ete toj si ja ima srodnata dusa pak do sebe... dodeka jas ke prodolzam da ja baram :) pozz
     
  11. cacaa

    cacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    5
    вие што си дозволувате да сте втори треба да разберете дека ако тој чуствува нешто за вас нема да дозволи да бидете втори.машко потешко излегува од долга врска отколку женско,затоа не очекувајте дека ќе ја остави женската за вас а и плус тоа ве сметаат за лесни девојки тоа е докажно :hai:
     
  12. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.412
    Допаѓања:
    26.254
    Пол:
    Женски
    Знам некои ќе ме осудат, ама јас сум била втора :$ . Воопшто не се почувствував потценувачки и манипулирано, бидејќи јас го искористував него не тој мене 8) . Меѓу нас имаше таква хемија, привлечност и страст што чуреше насекаде кога ќе се видевме. Ми се додворуваше цел век, ама сепак во него никако не гледав потенцијален дечко и не сакав да се фатам.
    Девојка му не ми беше ниту блиска, ниту драга, така да ни на крај памет не ја ставав. Се гледавме кога јас сакам, правевме што јас сакам... немаше ништо повеќе од лапање, галење и мазење.. траеше година дена.
    Уште првиот пат кога почувствував дека можеби се заљубувам, ставив крај и не излегов повеќе со него. Можеби подло од моја страна, ама јас не се каам. Многу убави моменти проживеав, за сега да мислам на морал.
     
    На Trnche, Mili28, julie77 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.881
    Кога ќе прочитам колку било потценувачки... Ви се сронаа бисерите! |(
    Ако ми е убаво со него ми е гајле дали сум втора трета или осма!
     
    На tinnalove му/ѝ се допаѓа ова.
  14. cacaa

    cacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    5
    толку си се цениш самата себе. :hai:
     
  15. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.412
    Допаѓања:
    26.254
    Пол:
    Женски
    Абе мој човек ;) .
    Секако треба сами да си процените, дали тој ве искористува. Ако сте лудо заљубени, а тој доаѓа кај вас само за секс, ако ви ветува дека ке раскине, а вие живеете во илузија дека некогаш ќе станете прва, а тој ден е се подалеку и подалеку.... тогаш такво измачување не ви треба. Џабе гаите лажни надежи.

    И секако не за женети, дечковци на другарки, братучедки итн... тогаш овде станува збор за лицемерство.
     
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.881
    Ако се однесува ова за мене, да си прашам чисто информативно, од каде дојде до заклучок дека јас не се ценам самата себе? :D
    Sweety разгледај низ форумов ќе ме најдеш насекаде, ќе видиш дали и колку се ценам ;) . Дотогаш биди ми поздравена. Јас уживам во животот максимално :*
     
    На wild.child15 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.503
    Па реално, не тече во секоја врска мед и млеко на почетокот.
    Можеби си има нерасчистени работи со друга, па вие на тој начин, во тој даден момент, сте биле втора.
    А можеби и многумина од вас не знаеле за постоењето на таа дотична г-ца , ниту за фактот дека сте биле втора.
    Не се чепатете многу.
    Во првите две недели јас знаев и бев свесна дека се мотка уште една друга околу мојот дечко, го прашав - ми кажа, нормално дека сеедно не ми беше. Не кренав раце туку така, се изборив , затоа што вредеше и сега сум прва и единствена.
     
    На srcekrsacka, Lolipop23, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.638
    Допаѓања:
    100.626
    Ружице,значи сепак не си дозволила да бидеш втора штом си се изборила да си прва.
    Ако е така сеедно да се соочиш со тоа да си втора,тогаш нека не кукаат,нека се помират и нека останат втора се додека им е убаво.
    Не е едноставно да знаеш дека го делиш...

    Јас никогаш не сум била втора и не ни можам да замислам како би изгледало тоа,а да дојде ред сигурно дека би се изборила ако човекот е вреден за тоа,а не манупулант и женкар.Има јасна граница и каде можеш да отвориш поле за борба,а каде не.Проценка е многу важна работа,впрочем како и во секоја друга борба,само што тука го проценуваш и партнерот и ривалот.
     
    На slobodka и cacaa им се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    15.599
    Допаѓања:
    132.926
    Пол:
    Женски
    Едно ќе кажам „никогаш не вели никогаш“ затоа што не знаеш што ќе ти донесе иднината.

    Јас свесно никогаш не би прифатила да бидам втора виолина, значи никогаш не би си дозволила да се заљубам во некој што е во долга врска или пак женет. Велам свесно - значи ако знам дека е забрането овошје самата ќе се тргнам и ќе си барам друго чаре. Не сакам да му бидам резерва затоа што бракот или врската не му чини, а освен тоа, не би се спуштила толку ниско да бидам со некој таков кукавица што не знае да си ги реши проблемите, па излезот го бара на друго место. Или пак само сака да шара, да си има повеќе женски на лагер. Па уште и да ме залажува дека ќе прекине - не фала.

    А ако дознаам предоцна дека се работи за зафатен човек, и тогаш би се тргнала, би го оставила колку и да го сакам - како што еднаш и направив. И се надевам дека ќе ми биде последно да се затрескам во зафатен. Ама затоа после него научив малку и јас да искористувам... и уживав во тој период :devil:

    Она што претходно го кажа Трендафилка е вистина, чиста вистина - сите некогаш сме биле втори - и тоа е многу веројатно на почетокот на врската - секој од нас си има резерва ако не му успее со некого. Еве јас, пред да започнам врска со мојов дечко, сега свршеник, имав три-четворица на лагер... и никој од нив не знаеше за другите. Некое време поминав така, пред конечно да се одлучам. А верувам, море не што верувам, знам дека и тој ги имаше неколку, што е сосема нормално. Ама треба да знаете да се изборите за она што навистина го сакате!
     
    На cacaa и Trendafilka им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.638
    Допаѓања:
    100.626
    Па добро,ама штом дошло до муабет втора,да бидеш или не,сепак треба да си свесен дека си или можеш да бидеш,повеќето би рекле не,не сакам.

    Постои можноста некому да сум била втора,не викам не,ама...се водам по интиуција,читам однесување и сензитивна сум на било какви промени.Нe e тешко да се открие која по ред си во харемот,па затоa мислам (ама само мислам) дека не сум била во таква положба,не ја негирам веројатноста еден ден (од овој партнер тешко) да бидам,ама сум човек кој убаво сака да запознае,па да се впушти во нешто,не играм на несигурно,колку и да сум човек желен за промени и спонтаност,сепак љубовта,срцето се скапа работа за да ризикувам.

    Сепак,морам да ви признаам дека не сум била секогаш фер играч,сум си правела свој харем,резерви,глупости,а денес имам само симпатии. :D

    Како и да е во ниеден случај нема прва кога две ќе се умешаат...
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.