@Rosie333 ехее колку бивши ми имаат вака плачено на телефон .. никогаш на никој од нив не сум дала шанса да ме повреди по втор пат . И јас имам граници и достоинство . Не сум ничија играчка , па денес ќе играш со мене , утре ќе ти купат поубава и мене ќе ме фрлиш , а кога ќе ја искршиш новата , пак мене ќе ме земеш . Еднаш имав ситуација , каде бивш дечко исто ми рече да зборуваме пред кафичот каде излегував редовно , за на крајот да дојде до обид за силување . Буквално ме одвлечка во темно и запуштено сокаче и почна да ми ја влече облеката ( носев панталони и маичка со кратки ракави ) . Ова беше прв и последен пат да дадам шанса на бивш за разговор очи во очи . Успеав да избегам неповредена и без големи последици , но сепак таа случка ми остави доживотна траума и последица - страв . Не ми е намера да те исплашам , само споделувам искуство , што ми се случи тој еден пат кога дадов шанса да зборувам со некој бивш . Што не значи дека и тебе ќе ти се случи . Дечкото е вртелешка , ако толку те сакал и му значиш , ќе и каже на девојка му дека не ја сака веќе , ќе расчисти со неа , па после ќе трча по тебе . Се додека е со неа во врска , ти си му само секс објект .
Единствено си ја спасила таа од таков кретен и од свекрвата. Ама не заборавај дека среќа не се гради врз туѓа несреќа. Сега каков е таков е, трпи си го и него, а и свекрвата, си заслужила. Немој да се изненадиш дека некоја друга му станала повеќе сакана и единствена од тебе. Многу си се преценила дека знаеш како треба. Но, се гледа дека постои карма за сè. Па затоа сега бараш совети, бидејќи повеќе не си му привлечна и не сака да има секс со тебе, плус немаш негова поддршка кога е свекрвати во прашање. Со растурање туѓи врски не можеш да имаш среќа.
Никако втора. Само прва. Така ти е тоа. Таквите секогаш завршуваат отфрлени. Толку ли не можат да си најдат слободен дечко? Туѓото е послатко.
Мене пример би ми било грдо да бакнувам таму кај што бакнувала она. Треба да е сингл некое време да се избришат нејзините отисоци па тогаш да праам што сакам.
Му викам пред некој ден на мојов.....Замисли некој друг да ја бакнува и милува жена ти освен тебе. Леле кога ми упати еден поглед
Не, не....Правевме муабет на темава. Затоа што во близина имаме примери. Идат и со други, а партнерот/партнерката нема појма.
Кај муслиманите е многу различно. И 2те жени знаат за нив и 2 те се третирани на ист начин. Не е дозволено во муслиманската религија едната жена да е повеќе од другата. Има премногу закони за да се заштити жената. Остајте ја вие Хурем султан. Во серијата не е прикажано точно како станала единствена жена. Премногу е издраматизирано. А оваа е веќе сосема друга ситуација, мажот манипулира со две девојки затоа шо така му одговара. Шо воопшто не е во ред. Исто така видов мислење од членка шо во сума сумарум кажа дека една жена е попаметна ако преземи маж на друга жена, шо е многу погрешно. Мажите знаат шо прават многу добро и тоа шо го имаш "освоено" и си единствена е чиста среќа. Знам шо сака да кажи со тоа, како жена ја сфаќам потполно, но сепак е чиста среќа ништо повеќе. Сепак не би се нафатила во таква врска да влегувам свесно. Со тек на време се појавува многу недоверба од двете страни, несигурности, проблеми и мислам дека такви главоболки не ми се потребни самата да си ги стварам.
Пред многу години во младоста осудував кога се нема достоинство да се замине од врска во која не си доволно ценет и ставен во позиција да бидеш 'втора виолина'. Од денешна перспектива гледам поинаку. Разбирам дека секој некогаш може да се најде во ранлива животна позиција да прифати да биде втор и тоа нема толку врска со достоинството, туку со психологијата на личноста. Самодовербата, претходните искуства, моменталниот егзистенцијален статус и околности.