Зошто да не? Ако е финансиски реализиран, има неколку хациенди, џипови, станови, јахти вишак па ми препише, ќе прифатам и петнаесетта да сум, не втора.
Мене ми се има случувано да ми постават такви услови во врска сум си имам девојка ако ти одговара ок ако не чао пријатно. И имав прифатено ама на помлади години. Сега ми се повтори истата ситуација ама не прифатив. Го контролира нон стоп на телефонот љубоморна ли е не знам. Не знам како си дозволуваат толку!!!
Подалеку од такви, не знаеш дали си втора или 10та. Стави се на местото на неговата девојка која ја лаже и манипулира дека е единствена.. Како мислиш како си дозволуваат така? Ако му е девојка/жена и ако приметила нешто нормално е да почне да го контролира за да си ги потврди сомнежите.
Да не сум надвор од темата но, довербата е онаа на која треба да се темели секоја врска. Љубомората можеби ја натерала да му ѕвони и да го прашува каде е и што прави те. да го контролира постојано а, тој да трчи по неа но, јас ете не сум таква. Се вели "лисицата кога ќе ја крене опашката тогаш мажјакот трча по неа. Додека не ја крене нема да трчи по неа...". И јас можеби сакам таква врска или некое момче ама нема да го сторам тоа нон стоп да го контролирам каде е и што прави.
Хмм, никогаш не ми било важно дали сум бил прв или втор, никогаш не сум сакал да бидам статистика, секогаш ми била важна личноста...
Не доаѓа во предвид. Би сакала маж ми да е невин до прва брачна ноќ. Ама може и после тоа некој ден да се почува, за да не помислам дека е лесен.