Апсолутно никогаш. Јас во мојот живот немам ниту на кафе искочено а да знам дека тој некој се гледа со некоја или веќе е во врска а уште помалку да е женет и слично. Не знам кога и како сум стигнала до тој мој принцип но стојам до него ден денес. Ниту сакам да бидам втора на некој ниту сакам да имам втор. На туѓа несреќа среќа не се гради така ме учеа моите. Дополнително сметам дека сама себе не се почитувам ако го правам тоа.
А што ако мислите дека сте прва, а сте втора или трета ? На кој не му се случило нема да разбере. Јас за малце ќе бев во таква ситуација. Се допишував со еден лик, и сеа да замислиме дека јас се викам Марија. Он имал некоја Марија. И наместо на другарот, по грешка на мене ми пиша: брат хаос сум со овие Марии, и двете во исто време ми пишат додека сфатам која е која. Или другарка една што дечкото и честиташе 8-ми март на инстаграм несакајќи ја стави во група со уште една девојка. Така сам се разоткри. Наместо send separately, group chat направил. И потоа тие две изненадени се прашуваа која е првата која втората. Со која кога почнал..