Досега низ форумов прочитав многу девојки кои се втори, меѓутоа ниедна не рече, среќна сум вака!. Сите велат го сакам, убаво ми е, ми вети дека ќе ја остави/ќе се разведе, едвај чекам да сме заедно, итн.... Значи сите очекуваат да добијат нешто и кога тогаш да му станат први. Тоа е најголемата грешка. Така не правиш ништо освен што се повредуваш самата себе. Најбитно е да НЕ се заљубиш во дотичниот, да не плачеш дома кога тој е заедно со ‘‘првата’’ , да не фантазираш како еден ден ќе дојде и ќе те побара за жена, да не дозволиш тој да ти кажува што смееш да правиш, а што не, да не ти прави љубоморни испади ако излезеш со друг... Конкретно за мојов... знаев дека ако сакам можам да го имам само за себе, сум размислувала за идејата повеќе пати, ама не можев да се видам заедно со него во иднина... и ете на крај признавам дека ме возбудуваше тоа криумчарење од цел свет за малку нежност и страст. Па зошто да не???? Немаше никакви сериозни муабети, ветувања брда и планини, барање на телефон, заеднички вечери... само максимално уживање додека бев со него. Откако ќе се разделавме се заборавав и пак си одев во потрага по совршениот. И ете си го најдов, и сега за сега такви авантурички не ми требаат. А и не сум тип што изневерува.
Не верувам дека е баш така. Никоја не би можела да ме украде за 4 мин ако со предходната имам нешто вистинско што ме врзува. Всушност, секоја ми останала во сеќавање. Без разлика на околностите во кој сме раскинале, секоја по нешто вреди и секоја ја сакам на свој начин. Тоа не значи дека сегашната треба да се бори со минатото. Само треба да биде тоа што е, своја, таква каква што сум ја засакал. Е сега прашање ... дали сеgашната можеби некогаш била Втора? Можеби Што вика Балашевич, To ne bira pamet nego srce. Се додека се заебаваш правиш штета на себе си и на него. Промискуитет, мување, свесно и намерно си праиш кеф на „таквата“ додека повредуваш други ... секој може да те осуди и да те нарече со погрдни имиња. Ако си заљубена, ако постојат силни чуства ... тоа е веќе сосема друго. Никој немозе тек така да те осуди, ниту ти самата себеси. Срце не е заебанција. Некогаш едноставно.. не слуша Многу генерализираш. Се спушта девојката, а зарем тој не се спушта “под ниво“ ? Можеби тој е играчка, а не е свесен за тоа? А за тоа дека по светов шета секакво ѓубре, секакви манипулатори-ки, измамници-чки, сосема си во право Таква девојка во мое маало се викаше „мераклика“, сите ја сакаа Respect
Во твое маало таа може да ја викаат како сакаат. Додека мене ми е убаво со некој не ме интересира за други. Нели, во границите на нормалата. Сигурно не со некој женет. Врски сум расипувала, затоа што пред се мене така ми одговарало. Се борам за мојата среќа или ќеф, зависи од случајот. Не ме интересира дали свесно или несвесно повредувам некој. Затоа што и мене некој ме повредувал па не му било грижа.
Абе ова испаднаа сите морални демек,а? Јас на одмор се смував со еден тип и не ни знаев дека има женска и шта да радим сад? Некогаш или си била или ќе бидеш втора во тоа сум сигурна! И моите другарки се чукаа во гради,а после излезе демек:Ох,никогаш не вели никогаш.Се случи!
pa toa e edno da se smuvas bez da znaes, no da vlezes svesno i namerno vo vrska vtora sigurno nema da ti donese sreka vo zivotot ,
Да сум втора?? сум била и тоа! Не ми се допаѓаше што не смеев да му пишам порака, да го побарам... Ама добро тоа беше малку покомплицирано! Но јас велам вака: Не верувам целосно на никој! јас сум тука, тој е Битола, од кај знам јас дали вечерва е дома или излезен некаде?? Колку што ќе знае тој за мене толку и јас за него! Што ако сум втора на некој незнаејќи?? Тоа ме носи на повисоко ниво? Можеби и во овој момент јас сум втора на дечко ми! Нормално дека јас му верувам него, но никогаш не се знае, целосна преданост и доверба кај мене не важат! Е тоа јас го сметам за доблест!
Па и свесно да е!Секој си гледа прилика!Ако нејзиниот дечко не мисли на неа и на нејзините чувства зошто би мислела некоја друга за неа.И се свиѓа,може да го добие ќе го зграпчи.Тој неа ја потценува и понижува со тоа што оди со други.Што имаш ти што нема таа?Таа е прва-ок,пред сите е со него-ок.Ако не мислеш ништо сериозно и нема љубов многу ти е гајле.Тој ќе ти ѕвони,а ти ќе бираш кога ќе бидеш со него,а не тој!Секој си го врти во своја полза! Инаку ова што пишував во второ лице не се однесуваше на тебе...беше онака напишано...
Не гледам ништо лошо во тоа да бидеш втора,ако во моментот и тебе ти одовара.Сакам да кажам дека ако не сакаш ништо повеќе со дечкото на кого си му втора и не му ја загрозуваш врската со девојката,тогаш ми е ок,но доколку некој ти значи нешто повеќе и би сакала нормална врска со него,а тој си има девојка и со тебе се дружи само поради кратки интимни средби,е тогаш НЕ,никако,тоа ми е многу понижувачки.
Ок е да бидеш втора,се додека немаш емоции или не знаеш,е потоа...следува рикањето,лупањето од земја и слично... Никој тука не рече дека е неморално,ако ти одговара ок,ако ти е заради добар провод,пак ок,само што сите се прават силни женски дека можат да поднесат да бидат втора зошто се независни. На крај краева...како да знаеш некогаш,а и да знаеш,но ти е добро времето поминато со него,НО не очекуваш врска потоа,длабоки емоции,шеќерна волна низ парк,нема потреба да ти е гајле за таа првата.Веројатно е голема и не е ретардирана за да се соочи со тоа или да го остави. ТоВа е и ве молам доста се навредувате на лична основа. Лудост е во овој луд свет да се шири морал.
Aко некој толку многу сакаш навистина....не ти е гајле! ниту фактот дали си прва, втора трета....само гледаш слободен тајминг да се видиш со него, да го изгушкаш најсилно...да почуствуваш дека си негова! љубовта не прашува, и за жал понекогаш стапуваме во многу опасни врски од кои нема исход те. на кои од сам почеток се знае дека или ке се гура така со криенки, или воопшто нема да се оди, на пр. типот има доолга врска,или е женет можеби ? Aко почнуваме врска со таков тип, треба свесно да знаеме што ќе не чека, и да го издржиме тоа! секако олеснувачки е ако и ние сме во слична положба- брак/врска или сл. веќе и двајцата знаеме на што сме! но ако ние сме слободни а тој е во врска или брак работите одат поотежнато ! срцето не бира во кого се вљубува, па затоа за да бидеш со оној што го сакаш спремен си на секакви лудости ! аа..за понижувачко....да си втора е понижувачко да, ама ако он не е во никаква врска, млади сте слободни а ти си му во тн. втор план.! на пр. во темни сокаци изјави на љубов, а низ град едвај те познава ?! е тоа е веќе за мислење и понижувачки, а со фатени типци веќе свесно навлегуваш и се помируваш со фактот да си втора ако нормално така сакаш..... поздрав девојки!
Јас летово се мував со еден, исто имаше долга врска, па дури и првиот секс ми беше со него.. И јас си мислев дека нема да се заљубам, ниту ништо, ама коа помина се, јас сватив дека осеќам нешто.. Али никад не покушав да им растурам врска. Он раскина со девојката, пак се мував со него, али овој пат остана на тоа, и он сеа се фати со друга. И јас пак си останав со празни раце... Мој совет ти е да не се заљубуваш, зошто сигурно ти се јавува колку да те залаже да останеш со него, да се осигура дека нема да си најдеш друг и да го шитнеш него. Толку долга врска, не е голема веројатност дека ќе ја заврши за некоја..авантура еве да ја речеме. Не викам дека нема шанса да е искрен, али коа би глеале реално мислам дека е така.. Не очекувај премногу, за да не бидеш после разочарана..
Имав понуда таква али ја одбив..Јас не мислам туку знам дека не сакам да сум 2ра туку го сакам местото наречено прва...
немој да се залажеш...мене еден дечко долго време ми се пушта, флертува со мене, сака да се видиме, а има долга врска со девојка која го сака... јас го вртам, иако е поголем од мене 4 години. постојано ми пишува пораки, ми се јавува, а јас само му давам лажна надеж зошто знам што бара од мене... сепак стави се на местото на таа првата, може и некогаш и ќе му бидеш прва и ќе се сетиш колку бил расипан со неа, така и со тебе...твое е што ќе правиш, ама ти си ЕДНА И ЕДИНСТВЕНА )
според мене ти заслужуваш многу повеќе од тоа да бидеш онаа другата...... доколку тој не ја сака својата девојка немало да биди со неа 3-4 години и сеуште да се заедно. Верувај ми дека единствено што бара тој е забава и немој да си дозволиш поради неговата забава ти да излезеш повредена. Стави се себеси на прво место. Истото ми се случи и мене не толку одамна и откако јас го одбив дечкото си најде некоја која ќе биди со него... под услов да не дознае неговата девојка..... толку од неговата ` љубов ` спрема мене....
zvuci kako klise ama jas sekogas go kazuvam ova: 1.sansite deka ke ja ostavi za "vtorata" se mali (u tvojot slucaj ja ostavil ama sto posle...odbral dr za da mu bide devojka a ne ti) 2. I duri i da ja ostavi za da bide so tebe zasto mislis deka nema i tebe da ti go napravi istoto. Moze te saka i zaljuben e u tebe ama zasto mislis deka nema da najde dr i da se zaljubi vo nea. 3. Ako navistina te saka i saka da bide so tebe mozete da pocekate prvo da ja prekine vrskata za da pocnete kako sto treba
Ми се случило само еднаш, и тоа летово но само мување, а и врската на типов беше на стаклени нозе веќе...Онака колку да разбијам монотонија, малку неубаво од моја страна. Но инаку воопшто не го оправдувам тоа! По природа кога сум со некој што ми значи МОРАМ да бидам единствена, по природа сум доста љубоморна, и тоа што го сакам не го делам со НИКОЈ... или ќе имам се или ништо, не се задоволувам со половични ствари.Тој да си има девојка која ја знаат сите, а со мене скришно -НЕМА ШАНСА... Кога сум заљубена сакам да го кажам тоа на цел свет... И не би можела да поднесам кога би ме изневериле, така да авантурата од летово никогаш не би можела да ја повторам. Одам по тоа не му го прави на друг, тоа што не сакаш да ти го прават на тебе!
Втора? Ни на сон. Доволно си се ценам и почитувам себеси. Според мене секоја девојка, која е културна, пристојна, воспитана, интелегентна не треба да биде бирана. ТРЕБА ДА БИРА! Патем не планирам со некоја очите да си ги вадам за маж, или да се испречувам во нечија врска. Има многу риби во морето...
Зашто да сум втора??? Зашто? Јас кога нешто сакам со никој не го делам! Не го делам омиленото чоколадо тоблероне, не го делам омиленото џемперче, не го делам мобилниот, зашто дечкото да го делам??? Ако некој сакам да е мој ќе е мој, ама јас да го делам НЕ. Или јас или она, нека реши. Ама уште полошо е да бидам јас втората .... НЕ ФАЛА. Не си идам јас под мојата чест и да му служам на некој да си ги задоволува страстите само кога тој ќе посака, кога тој ќе има време, кога девојка му не е тука... сакам да биде покрај мене во сите моменти, и кога тој сака но и кога јас сакам. Плус убаво велат луѓето не го прави она што не сакаш да ти го прават. Не сакам во мојата врска да има втор, не сакам ни јас во нечија врска да сум втора и истата врска да ја расипам. За мене во една љубов постојат двајца, постои еднаквост. Не постои трета личност, не постои второстепеност!
Баш пред некое време пишував колумна на темава, се надеваме дека ќе ви послужи напишаново Зошто да ти бидам втора, кога можам да ти бидам прва и единствена?! Љубовни триаголници! Не се забавни, верувајте! А ги има и те како. Колку пати сум слушала од пријатели, познаници муабети од типот : Абе имам јас дечко/девојка ама не сме во врска официјално, знаеш само онака се гледаме да не знаат другите, затоа што тој/таа е во врска или брак. Која е поентата? Зошто да бидеш нечија втора варијанта кога можеш да бидеш прва и единствена? Можеби овој тип на триаголници биле интересни кога сме имале 17-18 години максимум, ама сега?! Да бидеш со некого знаејки дека тој има некоја што ја сака и цени, со која што официјално е во врска, ама ете си сака фраерот од време на време да си прошета и со тебе, па и со уште десетина други. Епа алал да му е. "Убаво" си ги поставил работите. Ај тој е на некој начин "паметен" што успеал да ги усклади обврските како девојка му не би дознала дека тој се гледа со други. Ама таа која што се гледа со него и покрај тоа што знае дека тој не е слободен?! Што е со нејзе? Девојки, каде ви отиде самопочитувањето?! Самите си ја намалувате својата вредност, испаѓа дека не вредите доволно за да тој биде само со вас. Тоа е проблемот на денешниве девојки. Тие што не вредат веќе знаеме како завршуваат, со тарифа за една ноќ. Ама тие што вредат или ќе се заглават во глупава врска каде што дечкото нема да ги цени и ке шетка со овие другиве, или пак не ценејки се себеси ке одлучат да му бидат втора опција некому. Секоја чест на исклучоците што по некоја среќа завршиле во нормална врска каде што постојат само тие двајца и што е најдобро доволни си се еден на друг! Затоа што, ако не си се доволни и ако нешто во таа врска недостасува следен чекор не е да отидеш со првиот или првата што ке налета туку да седнеш и да поразговараш за тоа што недостига или за тоа што треба да се промени. И сите среќни и задоволни! Нема потреба од пуштање трета личност во врската, само ќе се искомплицираат работите, и што сте добиле? Одвратен љубовен триаголник од кој на крајот ќе има најмалку двајца повредени! А таа втората која што си живее во надеж дека тој ќе ја остави девојката со која што е подолго, онаа што ја знаат неговите пријатели неговото семејство, мислам дека треба да престане да се залажува себеси и да си најде попаметна работа во животот. Да сакал тој да ја остави првата, ќе го направел тоа уште на почетокот, нели?! Која е логиката да продолжуваш таква фарса? Не го оправдувам фактот што дечкото на крајот ќе испадне фраер што бил со двете, а вторава ќе испадне само обична мивка што растура врски.