Што мислите за тоа да сте втора?

Дискусија во 'Сингл' започната од independent, 22 јануари 2010.

  1. srcka.16

    srcka.16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    I jas se pronajdov vo temavaa za zal :worried:
    veke podolg period mi se pustase decko koj e vo vrska vekje 4 god celo vreme beshe so mene mi se javuvase se gledavme sekoja den..So negovata devojka se gleaa mnogu retko,mi se pustase celo vreme mi se javuvase mi zborese deka me saka,deka ne ja podnesuva devojka mu i deka ke i raskine za da bide so mene..Sekako na ovie zborovi ne mu veruvav posto znaev deka 4godisna vrska e tesko da se rasturi tuku taka..Toj i se skara zaradi mene ,mi vikase ke praveme muabet za da bide so mene no toa ne se sluci bea samo prazni zborovi toj pak se smiri so nea no i ponatamu mi se pusta mi se javuva i saka da pominuva vreme so mene jas sakam da se odalecam od nego no toa ne e mozno :worried: Me ima isprateno povekje pati no ne se slucni nisto bidejki ne sakam da bidam 2ra i da bidam samo iskoristena vo celava ovaa situacija :(Se nemavme videno skoro eden mesec se do sinoka mu vikal na drugar mi da sme odele na kafe me nemal videno od odamna.... cesto mi zboruva deka ke se skara so nea za da bide so mene no toa ne se slucuva mi zbori deka sum mu nedostigala..Sepak ubavo mi e koga sum so nego imame tolku mngu zaednicko ovie nekolku meseci... Ne mi e jasno negovoto ponasanjee zosto taka pravii:( ve molam za sovet ....
    [mod-kirilica:18kwh350][/mod-kirilica:18kwh350]
     
  2. adorija

    adorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    11
    Прашањето е и ако раскине, зарем сакаш таков човек покрај себе? Да има една девојка за по дома а друга за во град.
     
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.142
    Допаѓања:
    38.727
    srcka.16 а ти да си се тргнеше на страна?? малиов нема шанса да си ја остави девојката ;) 4ри години така не се фрлаат во вода! не, за некоја нова цурица! него сега му е фазонот- секој ден грав не ми се јаде! додека не добие што повеќе од тебе, типов ќе ти се јавува, ќе те бара итн! од кога ќе си го добие посакуваното, нема да те познава! и да знаеш број еден лага на секое машко во сериозна врска му е не ја поднесувам! епа ако не ја поднесуваш тогаш како си издржал 4 години бре во врска? па јас со човек што не го поднесувам не можам ни 4ри минути! така да не се лажи,не летај во облаци, тргни си се на страна, и најди си некое слободно дете, не дозволувај да бидеш душевно искористена(да го засакаш па да патиш после)! што е многу пострашно од тоа да бидеш само искористена!
     
  4. srcka.16

    srcka.16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    фала премногу лудото.19 и јас мислам така само ми беше чудно неговото понашање и не планирам времето да си го губам со глупаци ко него ;)
     
  5. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    121
    Пол:
    Женски
    пиле прва виолина си е прва виолина, мислиш дека тој кога би бил на твое место би сакал да е втор, не мислам така туку би те терал да си одбериш, зато размислиси убо позз
     
  6. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    721
    Допаѓања:
    926
    Не умем да будем друга, на првом сам место себи ! :!:
     
  7. bestrasnost123

    bestrasnost123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    27
    види никоја не го сака тоа но кога ќе се заљубиш нема друго колку и да сакаш да излезеш не можеш плачеш го колнеш денот кога си го запознала и си прифатила таков да влезе во твојот живот но уште си со него болни се овие работи и на никоја не би го посакала тоа и да те одбере тебе другата ке страда и ке те колне патем не се гради среќа на туѓа несрека позз
     
  8. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    620
    Знам дека ќе звучам нескормно, претерано самоуверено...ама морам да бидам искрена! Никогаш не би играла улога на скриена девојка, никогаш не би вложувала време во неофицијална врска, никогаш не би се согласила на тајни средби, никогаш не би заспиела ако знам дека у моментото ,,мојот,, е со другата, никогаш не би му приредила на некој да добие нешто повеќе од тоа што заслужува, никогаш не би му го овозможила луксузот на некој да има две девојки одеднаш (па не дај Боже јас да сум втората) И после некој ќе каже ,,никогаш не вели никогаш,, ама кога е во прашање самопочита на човек тогаш тоа правило ја губи значајноста! Да бидам втора??? Па јас сум воспитена, паметна, интелигентна, школувана, убава, способна да одберам и проценам добро за мене, јас не заслужувам да ги добивам работите половично, не заслужувам да бидам втора :angel: ! Се додека девојките помалку си се почитуваат себе, се повеќе ќе се соочуват со проблемот ,,втора виолина,, :!:
    И уште еднаш ќе кажам дека не станува збор за претерана самоувереност, туку станува збор за самопочит која ја стекнав во текот на овие 23 години колку што ги имам!
     
  9. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    3.256
    Пол:
    Женски
    Не сакам да бидам втора, ниту тој да има втора. Сакам да бидам една и единствена, девојката која ќе му значи се’, на која прва ќе помисли кога ќе стане од спиење и на која последна ќе помисли пред да заспие. Сакам да бидам неразделлив дел од неговиот живот, двајцата да бидеме едно цело... Да бидам неговиот воздух што го дише, храната што ја прима, убавината што ја гледа, мудроста што ја слуша, сонот кој го сонува, желбата која му се исполнува, страста која гори, раката која го води напред во животот, светлината во темнината, топлината во ладното... Самата помисла на љубовни триаголници, четириаголници, шпански сапуници ми е Непромислива. Да имаш нешто, а всушност да го немаш е најироничната игра на животот, но секогаш завршува несреќно, иронијата секогаш прераснува во сарказам. Чувството кое преовладува додека знаеш дека си втора или има втора е нешто што не би го посакала на никого, ниту на најгорките непријатели и злобници.
    Чувствата треба да бидат взаемни, тоа што го чувствува едниот да го чувствува и другиот.
    Но тоа е невозможно или...? Не барам многу нели...? :)
     
  10. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.994
    Која сака да биде на второ место? Па и оние кои си дозволуваат да се втори живеат со илузија дека се единствени,дека таа првата што ја шета за рака не ја сака туку ете навика....дрн дрн јариња.

    Вистина е дека секој на некој начин може да биде изманипулиран и несвесно да се најде во некој љубовен триаголник,ама ако си доволно паметна сигурно кога ќе сватиш нема да останеш таму кај што не ти е место.

    Жена ко жена секогаш сака да е единствена ама тоа се доживува со некој кој ќе го заслужи тоа,што ќе направи да го чувствуваш тоа во секој дел од твоето битие, а не да трчаш во прегратките на некој кој поимот единствена го разбира како термин за определување легнати женски таа вечер,пред да се врати кај онаа која и другиот ден ќе остане со него. ;)
     
  11. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    31
    Тие девојки што се паметни не се мешаат во некоја врска и да бидат втора или не знам што....

    штом ќе дознаеш дека си втора треба побрзо ама што побрзо подалеку од тоа
    :@ :@
     
  12. My.self

    My.self Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    2
    Не дозволувај никогаш да бидеш ВТОРАТА... сепак ти советувам да комуницираш со него но на дистанца за да не се вљубиш бидејки ќе страдаш ! ://
     
  13. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    122
    Нема потреба да се размислува. Зошто да влегуваш во долги врски и некому да му уништиш се? А и ако не ја сакал девојката, машкото може да и раскине а не да паѓате на такви филмови: Јас не ја сакам, тебе те сакам и на крајот оп слушаш се омажил со неа. Никогаш не треба ни да помисите на тоа да бидете втора некому. Ако некој стварно ве засакал, ке ја остави девојката веднаш и вие ќе бидете прва, а не да ве остави втора.
     
  14. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.885
    Допаѓања:
    5.574
    Пол:
    Женски
    2ра? :devil: кое понижење е то ...никој не е вреден до толку
     
  15. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    101
    а сто сум јас резервна гума?ќе пукне едната ќе ме користи мене додека ја поправи другата па пак ќе си користи старата ееееееееееее нема бато
     
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.295
    Допаѓања:
    17.929
    Пол:
    Женски
    Не знам...убаво викаат жената има само една маана, не знае колку вреди. Во 80%ако не и повеќе од ваквите случаи, мажот си се враќа кај првата. А и да се наоѓа некоја во "среќните 20%"
    „Не гради среќа врз туѓа несреќа“ рекле. А и да го освоиш џек-потот во оваа ситуација (колку ниско, човече) да успееш во намерата да раскине заради тебе секогаш ќе живееш во немир дека тоа може и тебе да ти се случи (да ти раскине ради таква баш како тебе). А верувај, штом еднаш му се случило, ќе му се случи пак. БЕЗ ИСКЛУЧОК сум видела многу такви работи.

    Има еден случај ги познавам луѓево имено девојкава се плеткаше со женет на кој баш и не му одеше со жената али она беше капката шо ја прели чашата да се разделат. Е сега заедно се, ама тука е бебенцето од првиот брак, кое татково никад за ништо не би го напуштил колку и она глупо се осеќала и дури и рекол в лице јас од детево не се откажувам а и ти не си прави филмови дека ќе се земеме и ќе имаме семејство...Аууу, зарем убав маж, магистер, вработен на ептен престижно место би дозволил такво понижување, не не, тоа може само жена да го направи (инаку таа има магистрирано во странство, има суупер работа, не е убава-преубава е, секој маж би сакал таква жена покрај себе и си дозволува вакви “луксузи“...е ова стварно не го сфаќам.

    Драга индепендент, застани си зад никот и никогаш немој да зависиш од каприците на едно машко. Ти посакувам многу среќа, има премногу слободни прекрасни дечки кои само чекаат да ти се приближат (или ако се посрамежливи да им се проближиш)
     
  17. mjauuuuu

    mjauuuuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    јас ќе речам само дека истото што и го прави неа ке ти го направи и тебе...и дека ако си за обилна врска бегај подалеку од него пред сосема да се затрескаш!
     
  18. harrypotter

    harrypotter Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    5
    Па ми се има ова случувано али не бев баш втора туку он прекина со нејзе и дојде со мене...
    Значи сепак сакам да кажам дека знам низ што поминуваш и јас искрено немам ништо против само би имала замерка за вашите години. Зависи колку години сте и двајцата пошо врските до 14 15 па некаде и 16 години се краткотрајни и не сфаќаат за сериозни а доколку сте над таа возраст јас исто така повторно тоа би го сфатила за забава пошо он има женска и заедно се три четири години и не би го губила залудно времето.. А и да ја остави таа за тебе секогаш постои можност да ти го направи тоа и тебе затоа што ако еднаш веќе го направил големи се можностите да го направи и втор пат..
     
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    1.736
    да бидам втора???

    за НИКОЈ НА СВЕТОВ!!!!! НИКОГАШ!!!!!

    колку што машко може да го здоболи да биде втор 100 пати повеке женско

    трошкички од љубовта... понижувачки...
     
  20. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    60
    втора? - НЕ благодарам ...попрво без дечко ќе бидам отколку некој да ме мота...се знае или прва или аста ла виста бејби :D