И јас мислам така,ако треба сама ќе си останам цел живот ама 2ра нема шанси да бидам.Премногу ми е понижувачкии
ааа се извинувам зашто он мене да не ми биде втор, па јас на него да му бидам златна резерва? мноогу ми е жал ама некако.. не Не сум до толку очајна, можам да си најдам некој што МЕНЕ само ќе ме сака и што САМО со МЕНЕ ќе биде
Љубовен триаголник = Бермудски триаголник,обавезно некој ќе настрада Не одобрувам, не сакам,а и онака сум клаустрофобична и ме фаќа паника од гужва,а тројца веќе прават гоооолеееема гужва во една врска
ХАХАХ......Си имам достоинство и планирам да си го зачувам - Не благодарам на тоа...па ако сака и најубав на свет ,најпаметен ,и незнам какво фраериште да биде ,ако не сум прва на некому во моментот и последна нема да се задоволам со подолу....
подобро не се впуштај во врска со него можеби таков му е периодот сега...ако се впуштиш ти ке бидеш најмногу повредена тој можеби нема да заврши со неа па размисли си самата
Mојата позиција постојано се менува вејке 9 години...еднаш сум прва,после втора...и еве пред некој ден одлучив да се тргнам од човеков,но постојано ми се јавува и ми кажува како не можел без мене,неговиот живот бил унишен и...бла бла бла....Моментално нема никоја покрај себе,но овие 9 год навистина се изморив.Кога му викам дали нешто може да се смени,еве јас сакам да сум со тебе ,но не на ваков начин како до сега ..тој ми вика неможи...епа сто сака навистина незнам?...знам дека го сакам премногу и тој ме сака,но има нешто што го спречува а тоа е сто многу му ја полнат главата со разни измислици..а тој си верува.Значи јасно се договоривме дека неможеме да бидеме заедно,а од друга страна пак не можиме и еден без друг....КАЖЕТЕ ШТО ДА СЕ ПРАВИ....??? :'(
Подобро ќе останам цел живот сама но никако втора да бидам тоа никако PIPI-83 па ти веќе си му кажала дека сакаш да бидеш со него ама не како што било до сега а тој тоа не сака да го прифати можеби звучи сурово но незнам мислам дека дечково или нема свое јас или пак не те сака незнам навистина што да кажам најдобро би било да се тргниш од него ама целосно без никакви повици јавувања и случни нешта треба да продолжиш да си го живееш живото нормално и да си најдиш некој што искрено ќе те сака и ќе те почитува знам дека нема тоа да биде лесно по толку долга врска но подобро е да се обидиш отколку на некого да му бидиш играчка
Не е тоа дали сакаме или не сакаме...а што ако не знаеме, како вика Саманта во Сексот и Градот "wedding rings come off, you know" а па ако не е женет па (ако има девојка) уште потешко се дознава...тука клучен фактор е среќата, информираноста и самоконтролата (ако евентуално има краток спој да се излезе што потрезвено од ситуацијата, без огромен емотивен багаж). Не сакам да сум втора од две причини: 1. Мојот, условно речено полунарцисоиден табиет - Премногу се ценам себеси да бидам втора и за среќа животот ме остави на мојата (дамнешна ) прва позиција (која се надевам дека ќе биде единствена, како досега ) Сите сме хомо сапиенс и не треба рангирање прва, втора, трета...штознам, мое мислење... 2. Верувам во карма: Моето мото е: „Не прави им го на другите она што не сакаш да ти го прават на тебе“ Ова не сакам ни најмалку да се сфатат како предавања или навреда (сепак не сум ни ја толку стара да досаѓам со такви работи ) ова е моето мислење и како јас се водам низ животот. Можеби е исправно, можеби не е за денешниов живот, да чукнам во дрво, досега солидно ме служело
Одсекогаш сум ги фаворизирала моногамните врски, само јас и он или само двајца партнери. Несакам да се мешам во ничија врска, ниту сакам некој да се меша во мојата. А за тоа на некој да бидам втора не би прифатила заради своите принципи и затоа што се ценам самата себе и не би дозволила јас некому да бидам пополнување време, подигање на егото и сл.
Мислам дека самиот абор 2ра, укажува на тоа дека секогаш првата е примарна...колку и да им е лоша врската пак онаа е првата, и ти секогаш ќе си останеш втора. Па и да раскинат, секогаш втората ќе си има епитет на расипувач на врски, и никогаш нема да ја гледаат со такви очи како што ја гледаат првата. Првата секогаш е жртва, онаа добрата, а втората е лошата. Лично, нит сум сакала да се мешам во туѓи врски, нит сакам некој да ми се меша. За една врска треба двајца а не тројца. Таму кај што има тројца, едниот е вишок.
За малку ќе бев втора ...... Ама никогаш не паднав на искушението за нова авантура иако понудите беа тешки за одбивање .Останав доследна на себеси НИКОГАШ свесно нема да бидам втора си имам кажано.По многу мои доделени корпи почна со неа ,ме бараше кога сакаше ,кога ќе се сетеше на мене и при секоја караница со неа.Тогаш кога бев најранлива кога лесно можев да паднам ама не се дадов . Ми беше многу тешко да ги гледам низ град за раце како се гушкаат и сакаат и потсетувајќи се на пораките ( да се видиме) Помина и тоа тие раскинаа на крајот тој увиде која колку вреди дојде кај мене му требаше многу време за да ме придобие и успеа и сега се прашувам да бев втора дали некогаш ќе бев прва ? ! најверојатно НЕ !!! Затоа девојки дадете се освен ГОРДОСТА
малку касно ти враќам ..али ја не би сакала да бидат таа 3-та личност во врската...ако не ја сака неа тоа е ОКЕЈ,а ако сака да биде со ддве откажи го.На сите нас може да ни се случи тоа.Биди со него или не!т.е. или со тебе или со неа.мое мислење.
Јас се наоѓам во многу забегана ситуација. Имено типов има 23 години (јас имам 1 а има 16 годишна женска. Финтава е во тоа што пред извесно време почнавме секојдневно да контактираме да ми кажува како јас сум посебна и незнам што.. и за викенди излегува со мене во јавност иако првиот пат кога проба да ме залапа му се тргнав, а потоа тој почна да ми се извинува и такви раб. А кога го прашав дали ја има изневерено досега ми кажа дека иако нема да верувам дека ја немал, а кога го прашав зошто проба со мене ми рече дека ни самиот незнае едноставно така му дошло.. Инаку со женскаму оди 9 месеци и стварно незнам што се случува.. од една страна да одиш со толку мала (таа е уште дете за него не дека јас не сум нешто повозрасна) е знак дека чувствува можеби нешто за незе, а од друга страна таа и тој за време на викенд во истиот кафич тој стои со мене на маса а таа кизнај каде Што мислите вие за се ова? А и минатиот викенд неможев да му оддолеам на искушението и кога ме испраќаше до дома се бакнавме неколку пати.. Совет плс..
^ Мое мислење: оди со 16 годишна затоа што му дава. И да ја остави за тебе, од тебе ќе го бара истото.
Зависи за кого се работи. Сум била во различни ситуации.Имало ситуации кога не бил вреден за да му дозволам да ме става на второ место,ама имало и ситуација кога сум знаела да толерирам долго време додека не ми пукнал филмот.
Не ми се допаѓа воопшто ни самата замисла. Зошто да бидам втора? Зарем не сум доволно добра за да најдам некој кој целосно ќе ми го посвети своето внимание, грижа, почит и љубов, па да морам да се задоволувам со помалку? Не, не, во никој случај Па на крајот на краиштата, на две столчиња не се седи. Доколку некој не е задоволен од врската во која се наоѓа, може слободно да расчисти, па дури потоа ако сака да има нешто со мене, да направи муабет. Девојки, вие можете да замислите истиот оној кој сега лежи до вас, да ви се враќа од рацете на некоја друга? Не би толерирала такво нешто. Саканиот не го делам!