Лолипоп и јас сум била втора и го правев истото како тебе, јас го искористував него што ќе му кажев тоа правеше, само за разлика од тебе јас имав и секс, а и зашто да не па тоа не значи дека ме искористувал за секс кога и мене ми беше убаво а го имавме јас кога ќе посакам. После година ипол јас го откачив него, тоа беше пред 3 месеци и уште ме бара и ми се јавува и ми пишува пораки и ме моли да се видиме, ама јас несакам ми беше убаво со него додека ми беше, никогаш не побарав од него да раскине со девојката зошто ниту ја знам која е, тоа си е негова работа а ако нема чувства за мене па нема уште да ме бара и да ме моли да се видиме и тоа секој ден. Поздрав, само пазете од тие што лажат и што долго време ке останете втора ако неможете да ја контролирате ситуацијата, јас успеав да ја контролирам да биде во моја полза
ок е кога не си заљубена во него ништо не губиш, не се чувствуваш понижена,манипулирана едноставно не ти е гајле.... ама лошото е кога ќе се заљубиш и цело време ќе чекаш да раскине со девојката,а тој само те лаже сега ,утре е во тој случај само се мачиш себе си и се понижуваш максимално!
никад не би била 2-ра,попрво би останала сама отколку да бидам некому втора ало бре па сто сум јас резервна гума??????????
Значи усте однапред се извинувам ако некого го навредам со моето мислење Јас никогаш не сум била втора а ниту пак сакам да бидам зашто би била втора колку што се гледам не ми фали ни нога ни рака ни око за да не може некој да се задоволи со мене па да има друга. Најискрено уште еднаш извинете но не можам да ги сватам девојчињата што дозволуваат да се втори мене тоа ми изгледа како да се играчка некому "јас си имам девојка а кога ми е досадно со неа ти си тука да ја разбијам монотонијата" никогас не би си дозволила такво нешто
Не дека ги осудувам тие што се втори нивно си е туку ме интересира нели ви е страв девојката (првата) да не дознае, не ви е страв дека може во сред град да ве обрука, да ве понижи ????
Не дека ги бранам вторите, не се согласувам и јас за изборот на втора виолина (иако не се знае што носи животот па може, не дај Боже, да не стави во ситуација на втори и да не сме свесни за тоа).....но, сакав да те прашам за болдираното.....треба да се понижи втората или да се понижи дечкото илити "мангупот" што ги вртел двете истовремено? Решен ли е проблемот ако се казни втората и се продолжи со врската? Како ќе се осигура првата дека дечкото нема и во иднина да свири на две виолини, а виолини има колку ти душа сака?
ако дознам дека сум 2рата (не дај боже)или сум била сигурно ќе си остани само со таја првата и плус ќе јади една шамарчина(најсигурно)
А според тебе на втората треба награда да и се даде??? Кога ќе се казнува и двајцата ќе се казнети не неразбирајте ме погрешно дечкото и те како крив за него ќе има најстрога казна ама и за втората и неа ќе ја снајде која е бе она мене да ме понижи а и да дира мое??? Не ја имаат погодено девојката можат да се гледаат со дечко на кој што првата му е мивка која не може да примети дека година ипол дечкои ја вара. Ова и се имаше десено на моја другарка ама не се работеше за долг период на неверство кога дозна после тоа втората несмееше од дома да излезе а и до денденес е обрукана и понижена, а дечкото е тој сеуште квичи и моли
Прво, ако таа некоја несвесно е ставена во улога на втора, нема што да ми е крива што е дечкото лажго и муватор, не дека нема да имам аверзија спрема неа, ама ќе се пресметам со него. Второ, ако таа некоја свесно се упикува, тогаш нејзино е да проба, ама негово е да ОДБИЕ. И во тој случај нема јас што да се замарам со неа, ако е мивка нема да се спуштам на нејзино ниво, доволно се понижила и сама + карма из а бич!-ќе го осети тоа и на своја кожа. А тој веќе доволно се покажал колку вреди да го дише воздухов на земјава, нема ни да ми треба таков. Што има потреба да го трошам времето на луѓе што не заслужиле ни плунка да трошам на нив? И ако втората е мивка и првата е мивка, типот тогаш е фраер? :?
Никогаш не би дозволила да сум втора столица од фактот што многу многу мали се шансите за ваквата "авантура" да успее. А доколку успее, шансите за тој да ви го направи истото (да оди со друга додека е со вас и да ве остави) се многу големи. Првата во секој поглед не е крива за ништо затоа што таа воопшто незнае за тоа. Машкото е тој што треба да одбие/тој што не треба ни да комуницира со "такви" женски. Доколку би дознала дека сум била во ваква ситуација,едноставно чао пријатно на машкото па очи нека си копа со која сака. Реално да правиме муабет, не вреди да се замараш за некоја си а на крај краева не е ни таа крива затоа што машкото требало да речи не и тоа да е финално.
Некаде имам напишано дека типот е фраер?? Шо убаво ми ги испрврте зборовите. Да појаснам МИВКА се однесува во тој случај кога дечкото ја изневерува женската година време, а таа не приметува Ти како би ја нарекла таа??? А инаку зборував за врска подолга, дечкото и девојката заедно излегуваат, сите ги знаат како пар што значи втората неможе да каже дека незаела дека е втора. Вред си е било што било ама нека останат заедно,нека продолжат а не тој да оди и да и квичи и да ја моли првата А и имам напишано и стојам зад тоа не осудувам дали некоја ќе биде втора, трета или четврта кој што сака нека си прави.
Девојката што знае дека дечкото ја изневерува со друга, т.е. има квазиврска и со друга не би ја нарекла мивка (не знам какво значење има за тебе зборот, ама за мене е навредлив), туку би ја сметала за некоја што има минимално ниво или воопшто нема самодоверба и самопочит и има страв да остане без дечко или дека нема да си фати друг (што во суштина е сосема друг проблем што во краен случај се решава и со стручна психолошка помош). Конкретно за твојов пример напишав мислење претходно: И не сфаќам што е разликата помеѓу осуда и лепење етикета? Колку што те разбрав за тебе и таа што е втора и изневерената девојка се мивки. А тој "фраерот", не само да моли, треба и повеќе од тоа да си добие.
2 мислам која е целта да бидеш втора? Не подобро би останала вечно сама одколку нечија втора и само потреба. Пффф не!
Никој никого не губи, зошто никој никому не припаѓа!!!! Така да не е важно дали си прва или втора, важно е да имаш секогаш на ум, дека на сопствените очи неможеш да им веруваш, а не па на некој друг! Во човечката природа е секогаш да бара нешто ново и во највеќе случаеви тоа и се дешава, без разлика дали ние сакаме или не! Поздрав
Да се биде втора...?! Како што читам гледам повеќето се против тоа... Можеби и јас потсвесно сум против тоа.. Ама ете бев втора, и не се каам за тоа. Се моткавме со типот 1 година, па после си фати женска, ама пак мене ме побара, не сакав...душата му ја извадив ама ете пак паднав на него, едноставно не можев, ми викаше ќе раскине со женската ама едноставно не ме интересираше тоа и не му ни поверував.. Траеше едно лето кога тој не се гледаше мн често со таа... и што? Ќе речат ме искористил.. па и јас него го искористив.. убаво ни беше и нема потреба да се каам. А и тогаш си мислев.. ќе викаат луѓево прави овој будала од мене... а и си викав па јас сум таа што знае, а женска му не знае, од неа прави будала не од мене, јас само си се впуштав во авантури и правев мене да ми биде убаво а тој да не чувствуваше ништо немаше пак да пробува со мене... Не се чувствував како да сум понижена, да немам самодоверба, да бидам резервна гума... да сум паднала ниско, тоа никако
Извини совршенство ама зошто некоја што не те знае би се замарала која си ти па да не дира твое, а и од каде впрочем твое, тој ако веќе има втора не е само твој, а и никој никого не поседува! А и зарем би се спуштила на тоа ниво да правиш скандали некаде, мислиш дека така ке ја обрукаш девојката и ќе ја казниш?! Не, тука и самата ке се избламираш! Ако такво нешто се деси јас едноставно би го откачила дечкото и кој го врти нека си брка женски, зашто би се замарала со некоја девојка што ниту ја знам ниту ме знае!
Бев втора се гледавме еднаш неделно имавме убави викенди,убави вечери отмени хотели и скапи подароци траеше девет месеци јас ја прекинав врската после 7месеци пак ме бараше пред некој ден побара и да ме види онака пријателски несакав.Имам врска една година и сум прва убаво ми е ама немам многу работи што ги имав предходно се е поскромно и нa моменти жалам.Кога бев втора си велев врска без иднина.А сега сум прва па и тука немам некоја светла иднина.Немам одредено мислење и став под ова прашање кој како му одговара сам си увидува човек дали е во ред или не...Кога бев втора имаше едни предности и не се каам сега кога сум прва има други предности ама малку се каам.Лично го оправдувам ако е се во граници и со некој договор...
Мене не ми се јасни тие што знаат дека има девојка, а они си се задоволувале со дечкото, која лапајки,која ебе..и! Значи, никогаш нема да сфатам, од толку слободни дечковци, што има јас да задоволувам некој или себе си, а знам дека има девојка. Ова ме води да помислам дека истата девојка би го направила истото и ако дечкото е во брак, ако има жена. Во тој случај не се виолини, има еден постручен термин - швалерки се. Има девојка и свесно му се трти со газот, па чекај бе човече, може пред брак се, може 5 год одат, девојка му дома седи замислува свадба ,а они со дечко и се ебав...т! Јас не би дружела никој таков, прво бидејќи му се гледа паметот од старт, ако го прави тоа на девојката утреден и на мене ќе ми го направи, ако евентуално ми се засвиѓа кој ми гарантира дека ќе ја остави, ако јас му се свиѓам ќе ја остави одма, ќе биде со мене цело време, а не кога ќе му се присака, трето - ако мене ми е до еб.ње, ќе најдам слободен дечко, па не мора некој со девојка, ако и таков нема ќе масту....ам вечерта, ќе ми помине желбата. Јас не би играла така, се водам по тоа, не го прави тоа што не сакаш тебе да ти го прават кога ќе бидеш во врска. А на пример, ако дознаам мој дечко дека прави такво нешто, ќе си раскинам фино лепо, ќе и честитам на цурата бидејќи ќе знам дека ако мене такво нешто ми направил, ќе и направи и на неа кога-тогаш!и нормално ќе ги мразам некое време, ама ќе ми помине. А за швалерки, ку.ви или егоистични девојки кои преку се ќе поминат за да си ги остварат желбите, целите и идеалите......викаат за љубов се потребни двајца, но секогаш има некоја што не знае да брои! П.С НЕ навредив никој ,да не ме сфатите погрешно, секој во животов си прави како што си сака и му одговара!
Без разлика, колку слободни дечковци има, никогаш не треба да се зарекуваме, дека нема да се заљубиме во човек, кој има ....прва. Таа љубов боли и горчи, ама се случува.
Мислам дека му здосадило од неговата сегашна девојка и сака забава, но сепак е приврзан за неа.. така да не дозволувај да си му само играчка кога друга му го поседува срцето