Никогаш не вели никогаш. Со текот на годините се може да ви дувне на памет. Такви работи се случуваат и несакано. Некој ќе потрфли, а некој не.
Никогаш...и можам да кажам НИКОГАШ бидејки премногу се ценам самата себе си за да му бидам на некого втора...само за авантура ( освен во случај да не знам некое време но затоа коа ке дознаам ке си остане без тоа Спојлер мандалото !
За мене нема ништо возбудливо да бидам 2ра и нема да бидам. За ова буквално викам НИКОГАШ, без у позадина да ми промрчи ѓаволчето никогаш не вели никогаш. Едноставно толку сум горда, дури искрено и размазена од дечковците кои до сега ми се погодувале ептен мирни, така да ова нема шанси да си го дозволам. Нити па да има друга освен мене, додека не знам ок, кога ќе дознаам без сцени
Не ми е јасно како може некој да се задоволи со тоа да биде втора? Тоа што е мое е само мое, исто и туѓото не го дирам. Не ми е јасно како може еве на пример по градов некои девојки кои цел град знае дека се само играчки, да не речам Спојлер еб*чици и секогаш ке останат само тоа на дотичната особа, се занесуваат дека кога тогаш ке ги земе за жена и ке си ја остави онаа која ја има дома?!?! Многу се ретки таквите случаеви, многу многу многу ретки.
Тоа е најголемото понижување кое можетеб сами на себе да си го направите. Ако некој ве сака ќе биде само со вас. Не се залажувајте со тоа дека вас ве сака повеќе од девојката. Ако беше така вие ќе му бевте ПРВА девојка, а не некоја друга. Никој не е незаменлив, зошто така кога можете да имате некој кому ќе му сте ПРВА и ЕДИНСТВЕНА
2-ра ?! Нема шанси ! Постојано би се споредувала со таа првата, би била во дилема дали тој уште ја сака неа, само ќе се измачувам... Сигурна сум во себе и имам доволно квалитети за да бидам прва! И тебе ти препорачувам исто така да не се залажуваш за на крај да не бидеш повредена. Штом е врската толку долга, тие постојано ќе бидат поврзани со нивните заеднички спомени. Јас да би била во ваков случај би се осеќала како вишок .
Е која девојка би сакала да биде 2ра? никоја нормално Како на пример јас и дечко ми да раскинеме сеа, (недај Боже), јас сум му прва љубов и фала Богу дека никогаш нема да ме заборави, ма колку сака нека биде другата подобра од мене А 2ра во смисла, да одам со некој што седи на два стола, нема шанси. Не сум дебилка па ај ќе го делам со некоја. Демек последното машко е на планетава и мора да се дели No way!
Никогаш, никогаш, никогаш. Секој има едно срце, како може да го даде на две? Немам намера да го делам дечко ми со никоја, а ако тој мисли дека може да седи на 2 столчиња, се зезнал... барем едното веднаш ќе го изгуби (мене)
Никогаш не велам никогаш како прво. Со дечкоми кога се запознав, дури после второ трето излегување сфатив дека сум втора! најгрдо чувство! Но, кога се ми објасни и ми раскажа дека тоа што го има со другото девојче и не е баш некоја врска, јас му кажав дека како и да е јас несакам да бидам втора! Му дадов рок-3 дена најмногу да не се гледаме и да одлучи со која сака да биде. Ако сака да си биде со неа, јас му кажав дека одма ќе се повлечам и никој нема да дознае што се случило помеѓу нас. Иии одговорот го добив за нецели 10 минути ( му се сони дури тогаш дека не сум трпелива ), ао одговорот беше дека ме одбира мене и ете сме уште сме заедно! Многу причини имаше зашто ме одбра мене, а како прво тоа дека девојката веќе неколку пати го имала изневерено! Така да, јас не сум за тоа да бидам втора. Јас ете на некоја начин да речам станав прва во неговиот живот ама сепак не беше едноставно. Тој не ја ни спомна повеќе неа, ама јас имав грижа на совеста-мислев дека јас уништив се иако ќе повторам дека и тоа што го имале не било кој знае што и не траело многу (само 2 месеци)...
Никогаш не би го дозволила тоа, не би го делела дечко ми со друга. Сепак се ценам себеси, па нормално која би сакала да биде 2ра? Не би сакала да бидам играчка, резерва... А најлошото нешто е касно да дознаеш дека си втора.
Понижувачки е.Да се биде златна резерва,не, благодарам.Подобро сама,отколку да му бидам утешна награда на некој. Но,во ситуација кога сакаш само добар провод,а притоа без да му даваш на значење на фактот дека тој е во врска,затоа што не ти е ни важно,тогаш е ок.Не е понижувачки,се работи за дружење без чувства,но на некој начин пак овде никој не сака да биде таа првата,која иако е прва,сепак е изневерувана. А да се прифати да се биде со некој,поради тоа што се сака премногу,и покрај тоа што тој има девојка,е тоа,никако. Никако не смее да си го дозволи ниту една девојка.Никоја не е толку безвредна за некому да му се понижува.
Втора ? Никогаш ...размисли подобро или нека раскине или одбегнувај го ќе си најдеш подобар на кој ќе му си прва
Во никој случај не ми погазила врз моите морални вредности и моето така ценето и негувано его,особено поради некој кој ВЕЌЕ има девојка. И да сум заинтересирана само за мување , никогаш не би прифатила, а не пак да се затрескам во него. Јас сум една и единствена , како за себе така и за другите!