Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што мислите за Philips Lumea? Споделете го вашето искуство, коментирајте, прашувајте...

Дискусија во 'Тело' започната од Philips, 10 ноември 2017.

  1. bibiK23

    bibiK23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2016
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Со бричење, според она ја што сфатив како функционира апаратот најдобра опција е бричење поради тоа што влакното сепак останува под кожата, не го вадиш и корен и на тој начин апаратот полесно го детектира. Ама сепак нека каже некој искуство како поминал со делпилација, можеби е ист ефектот.

    Инаку гледам погоре некои коментари дека после два месеци повторни им раснеле влакна, чудно ми е бидејки јас го користам точно од јуни веќе ми се последните третмани и од тогаш секое влакно што паднало не ми има пораснато пак, дури можам да кажам дека 95 посто повеќе не ни растат!
     
    На X.X му/ѝ се допаѓа ова.
  2. X.X

    X.X Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    31
    Се согласувам,направив само 2 третмани и сум презадоволна(инаку ги бричам во меѓувреме,тоа ми изгледаше најсоодветно,а инаку имам бел тен и црни јаки влакна)
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  3. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Ги прочитав речиси сите мислења во темава, и пак се двоумам дали да го купам. Не се малку пари сепак. Јас имам светла кожа и црни, јаки влакна... Ако не помогне, ќе се изедам жива што сум фрлила толку пари. Сум практикувала и депилација во салон и со топол и со ладен восок, депилација во домашни услови со ленти, бричење со крема и со обичен брич... Влакната во никој случај не ми се изретчија, напротив. :( Инаку немам бемки, флеки или проблем со поткожни влакна.
     
  4. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    За кој дел од телото најмногу ти треба?
     
    На prominent му/ѝ се допаѓа ова.
  5. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    За нозете, бикини зоната и евентуално за лицето... Но најмногу за нозете, неподносливо ми станува секојдневното бричење...
     
  6. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Ќе ти делува, сигурна сум. Јас го користам за нозе, за пазуви и за бикини зона.
    Најубаво ми делува на нозете и пазувите. После 3-4 пати користење влакната под пазуви стануваат претенки и пресветли (тие неколку што останале) што не се ни гледаат. Е сега, јас малку летото забушавам со користење, затоа што после тоа не смееш 48ч на сонце да се изложуваш па затоа не го користев редовно, и затоа почнуваат повторно да се враќаат влакната. Ако го користиш редовно, ќе немаш таков проблем.
    Мене ми е огромно олеснување, пример во лето немаш проблем да кренеш рака, немаш никакви црни точки под пазуви, изгледа убаво и мазно. Исто и на бикини зоната, иако побавно ама се случува истото, влакната растат побавно, светли.
    За нозете, не ми се толку голем проблем, пример ако после бричење одма ти се прават точки како што ги викаат strawberry legs, сега не се познава воопшто влакно. Еве и после 2-3 месеци некористење на Лумеа, имам влакна, ама не се толку темни ниту дебели колку што ми биле пред тоа. На некои места и воопшто ги нема.
    Да напоменам го користам само до над колена, на бутовите не ја користам затоа што искрено не ни можам баш сама да фатам секаде.
    Е пример на стомакот не ми функционираше за тие влакненца.
    На лице ја немам пробано. Али еве, залади планирам деновиве да почнам повторно со користење, па може да ја пробам и на надусниците.
     
    На Doozy, X.X и prominent им се допаѓа ова.
  7. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    @x.Daisy.x Ти благодарам за деталното објаснување. Ако ова е решението за моите упорни и цврсти влакна, спремна сум и мало богатство да дадам, само да се ослободам од секојдневното бричење :tmi:
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  8. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    31.289
    Женски тие шо го имате лумеа со додатоци за лице и тело, како сте задоволни?
     
    Последна измена: 8 јануари 2021
  9. bibiK23

    bibiK23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2016
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Ја сум задоволна за секој дел од телото! Буквално ја користам за нозе, препони, пазуви, раце и лице. Дека ќе ти ги снема влакната еднаш за секогаш тоа не е можно, но ако се користи редовно ( јас ја користев на почетокот прво на две недели, потоа поретко, сега се вратив пак на две недели за одредени делови) апсолутно немаш никаков проблем со растење, дури може и да не се бричиш по две недели и повеќе!
    Исто така ми го реши проблемот и со поткожните, сега кожата ми е потполно чиста.

    Е сега ако престанеш да ја користиш 6 месеци и повеќе не знам дали нема да растат влакнаа така малце како кога се користи, но сепак делува и на дебелината, ќе ти растат потенки и посветли!
     
    На deskarada му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Slatkish255

    Slatkish255 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2016
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    786
    Пол:
    Женски
    Јас почнав да го користам пред нова година, пред некој ден го направив третиот третман и сега за сега сум задоволна. Не премногу но има резултати, изретчени ми се влакната, на некои делови како во печати не ми растат. Сепак сега ги бричам уште се немам депилирано да видам колку време ке им треба да пораснат.
    Сакав да прашам после колку третмани ке има најмногу резултат? И дали треба/можам да ги правам на секои 2 недели за да има поише ефект?

    Исто дали на некој му имаат исчезнато црвените точки од порите од влакното? Мене тоа ми е најголем проблем и сега за сега немам баш видлива разлика, се надевам ке има.
     
  11. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.911
    Допаѓања:
    31.503
    Пол:
    Женски
    Јас сум веројатно ист случај. Светла кожа и јаки темни влакни, имам и ПЦОС (синдром на полицистични јајници што прави да ми раста прилично влакна). Ова ми е спас. Го имам веќе пет години и навистина ми помогна. Сеуште имам влакна ама многу поретки од порано. Имав и поткожни и сега тие ми се на минимум сведени. Јас го имам само делот за нозе зашто тогаш само таква опција имаше. На почеток го користев ан секои две недели, а сега од време на време правам третмани (на неколку месеци еднаш). Сега имам нешто како четвртина од влакната што ги имав пред да го користам. За деполација имам исто еликтричен депилатор од Филипс и тој ми е најднобра опција (во споредба со восоци и слично).
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Јас немам ПЦОС, едноставно сум премногу влакнеста, веројатно е генетски.
    Инаку се решив, деновиве ќе земам Лумеа со додаток за лице т.е. тој што е околу 18.000. Се изначитав и дојдов до заклучок дека најдобро дејствува на светла кожа и темни јаки влакна. Изгледа баш за мене :lol:

    Е сега имам едно прашање:
    Дали некоја од вас ги правела почетните третмани на помало растојание од 2 недели?
    Знам дека е поврзано со циклусот на растење на влакната ама мене ми растат многу, многу побрзо. Со депилација со восок ми растат за неполна недела...
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Имам прочитано дека викаат џабе би го правела тоа. Демек на 2 недели требало. Ќе видиш ако ти се толку темни влакната ќе имаш за месец дена видливи резултати. :)
     
    На Doozy, Slatkish255 и prominent им се допаѓа ова.
  14. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    31.289
    Веќе два третмани направив и за тие два иако се малку гледам дека има некое изретчување на влакната. Имам правено на лице, стомак, нозе. Јас најмногу мака имам со поткожни на нозе и страшно ме нервира тоа. И забележав дека ги бричам нозете, кога растат влакната не ме чешаат како порано кога растеа, а сум користела брич.
    На препони и пазуви уште нема пробано некако ми е страв, не знам.
    Знам дека не можат да исчезнат скроз влакната, бидејќи коренот на влакното се обновува на 7години, доволно ми е да се изретчат и да немам поткожни :D

    @prominent јас ги депилирам надусниците и после другиот ден со Лумеата. и многу бавно ми растат сега на тоа место.
    24часа треба да поминат од кога ќе се избричиш, па после со Лумеата.
     
    Последна измена: 1 февруари 2021
  15. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Добро штом така. Значи ќе морам да бидам трпелива. Секако ќе се придржувам редовно до третманите, веќе ме можам да издржам да сум постојано со лентите или со бричот во рака.

    Колку време по третманот смеам да се мачкам со крем/млеко за тело? Дали е сува кожата по третман? И што се случува ако случајно поминам двапати на исто место? :^)

    Морам да се бричам или може и депилација пред светкањето? Не можам да замислам за ставам брич на лице!
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  16. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.911
    Допаѓања:
    31.503
    Пол:
    Женски
    Ова не е краткотрајно решение. Треба трпение и упорност. Инаку третманите треба да се правата на минимум две недели едно заради циклусот на раст на влакната (толку им треба да пораснат). Тие што имаат повеќе влакна и често се депилираат (зашто мораат знам и јас бев таква) секогаш фаќаат различни влакна во раст. Ти ќе издепилираш едни, друите ќе си пораснат и така во круг. Втората причина заради која зе прави на две недели е заради заштита на кожата. Со ова се генерира прилично топлина па може да ја оштетитш кожата (читај да ја изгориш) ако често го користиш. Јас за надусници и за брада одве на дерматолог на ласер зашто тогаш кога правев уште немаше ваков апарат за по дома. Дерамотологот во зиам ми правеше на две недлеи, а веќе во пролт на месец дена дури зашто сум светла. И тогаш морав да се мачкам со фактор 50 за да не ми се оштети кожата. Така што трпение.
    Инаку и ефектите нема да ги видиш одма. После првите неколку третмани ќе мислиш дека е џабе. Потоа прво ќе почнат да се појавуваат кругчиња со помалку влакна па потоа целосно ќе се изретчат (пак ќе имаш влаква ама многу помалку, посветли и поспоро ќе растат).
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nadelinka

    nadelinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    586
    Да споделам мое искуство што може на некој ќе му помогне :)

    Првите два месеци третманите со лумеата ги правеве на две недели, а потоа на месец дена. Бричење еден ден претходно и поминување со лумеата без претходно да биде намачкно со млеко, лосион и слично. Јас имам цврсти црни влакна на интима, долен дел нозе и пазуви и имав ептен ефект после првите два месеци - поизретчени и поспор раст... Горен дел нозе и раце ми се светли и меки и таму и воопшто да немав ефект.

    Јас не стигнав до фаза каде скроз ќе ги снема и да не морам да се средувам со Лумеата некое време, но дефинитивно цело лето го поминав во кратки и речиси 6 месеци немав отидено на депилација....
     
  18. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.827
    Допаѓања:
    5.553
    Дали некој има искуство со тенки влакна? Знам дека не функционира на светли, ама за тенки не пишува ништо официјално.
     
  19. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Можеш и депилација иако препорачуваат бричење од некоја причина. Не знам точно зошто.
    Смееш да се мачкаш отпосле, не ми била сува кожата. Ако поминеш два пати, веројатно ништо, немам забележано некој проблем. Повеќе имам проблем искрено со пропуштање на место и многу смешно изгледа, пример на нозете, правоаголник без влакна, па линија со влакна кај што не сум поминала :rofl:
    Моментално на нозе немам правено можеби 6 месеци ништо, а влакна ми растат тук-таму. Премалку :) Дури сум изненадена што уште трае ефектот.

    @violetblue искрено не знам. Би ти рекла да изгуглаш, ама можеби да нема баш добар ефект. Ако се темни мислам дека би успеало, ама ако се посветли :?:
     
    На prominent и violetblue им се допаѓа ова.
  20. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    И мене некако ме влече да го купам, ама не се малку пари сепак. Најмногу ми е за кај бутовите, најмногу поткожни тука има.
    Дали се чувствува некаква болка, печење при третманот?
     
    На prominent му/ѝ се допаѓа ова.