Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што мислите за Philips Lumea? Споделете го вашето искуство, коментирајте, прашувајте...

Дискусија во 'Тело' започната од Philips, 10 ноември 2017.

  1. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Го купив денеска, тој од 18.000 со додаток за лице.
    Денеска ќе почнам со третманите, па ќе кажам прв впечаток. Ја симнав и апликацијата.
    Ајде, се надевам дека го најдов спасот од влакништава:)
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Traveler91

    Traveler91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    Jas denes go zapocnuvam tretiot tretman i imam mnogu malku vlakna na nozete i racete za razlika od prethodno , a pod pazuvi i nadusnici veke nemam :inlove::inlove: Mnogu sum srekna :clap::makeup:
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bibiK23

    bibiK23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2016
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Се зависи колку е дебелината и цврстината на влакното, кај подобели влакна може да се чувствува пецкање ама тотално е неспоредливо со болката како кога се депилираш. Мене тоа ми е голем плус што веќе не морам да ја трпам таа болка при депилација, користам брич еднаш во неделата дур и на подолг интервал, само за некои места бидејќи ја користам редовно и воопшто не ми ни растат влакна повеќето делови.

    Ви препорачувам на сите што се мислите, ич да не се мислите 8)8)
    Ако ја користите редовно (како мене) ќе заборавите воопшто на проблемот со влакната. Големо олеснување е што не мора да се оди на депилации секоја недела и не трпите толку голема болка туку и општо. Лично мене психички многу ми олесна, нема веќе леле ми пораснале малку морам да почекам уште некој ден за депилација, а во тие денови чекање да не можеш фустан да облечеш. Јас од кога ќе направев депилација скоро еден ден ми се смируваше кожата од црвенило бидејќи ми е многу осетлива. За поткожните па да не зборувам колку се имам нервирано.
    Буквално Лумеава ми го смени животот, не губам веќе ни време ни нерви!
     
    Последна измена од модератор: 2 февруари 2021
    На Doozy, Traveler91 и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  4. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    Се канам да го купам, но се' уште не можам да се одлучам за кој точно модел. Која е разликата од еден до друг? Гледам дека во сетек најскапиот е 28.000 и е со два додатоци, а во нептун е 30.600 со три додатоци. Имаат ли улога некаква додатоците? Дали може со еден додаток да се поминат и пазуви и бикини зона? Одблесоците колку што забележав скоро кај сите се исти, 250.000. Тоа да е безжичен не ми игра голема улога поради тоа што сигурно батеријата не би траела нешто многу долго, па би го користела со кабел. За се' друго сум совршен кандидат со моиве темни и јаки влакна :D, а и немам многу бемки по телово.
     
  5. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.441
    Јас имам со кабел, и користам само еден додаток а имам два, за интима посебен. Во суштина се може да се светне со ист додаток. Тој за интима делува малку поинаку и помал е , ама не мислам дека филтрира нешто за заштита посебна. За другото е како ке успееш да го наместиш.
     
    Последна измена: 6 февруари 2021
    На Sanniii му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    Значи и овој најевтиниот би имал ист ефект?
    За интима безбеден ли е? Дали го користиш само на препони или целосно?

    https://www.neptun.mk/categories/DEPILATORI/PHILIPS-LUMEA-SC-1994-00
     
  7. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.441
    Треба да проверам кој модел го имам,не ми е купен во мк и стар е 2 или 3 години.
    Го имам на најјако користено на интима и пецка, исто и само на препони но да бидам искрена, само неколку пати, па дезинфицирам пред и после.
    Сега само за делови од нозе го користам каде сеуште имам влакна и за лице и пазуви. Интима не чачкам веќе, други методи за таму користам, без посебна причина , не мислам дека штетен би бил зашто додатокот за интима не нуди заштита туку е помал, трет додаток јас немам. Имаше 2 со мојата. Задоволна сум освен на лице не се драматични ефектите. За тело би рекла супер е кај мене. За интима ретко ја користев за да проценам
     
    Последна измена: 6 февруари 2021
    На Sanniii му/ѝ се допаѓа ова.
  8. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Јас имам со кабел и со додаток за лице. Знам дека додатокот за лице има посебна заштита, но светлината си е таа.
    Понекогаш имам проблем да го наместам на ковчестите делови од телото, како потколеницата, лактите, зглобовите, ама со малку повеќе труд успевам.
    И јас сум иста како тебе, а и немам воопшто бемки. Досега сум поминала само еден третман, така што е рано да зборувам за резултати, ама ако се изретчат барем на половина не жалам ни денар.
     
    На Sanniii му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Traveler91

    Traveler91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    Девојки ќе може ли некоја да ми објасни како се вклучува опцијата Slide & Flash ?
     
  10. Slatkish255

    Slatkish255 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2016
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    786
    Пол:
    Женски
    Дали и на рацете ги бричите влакната или може и да се депилирам? Ама се мислам како за 2 недели ке пораснат пак со депилација.

    Исто дали на некој му пројдоа црвените точки од депилација на нозете? И ако да после колку третмани?
     
  11. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.113
    Допаѓања:
    40.314
    А проблем се бемките?
     
  12. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Па мислам дека треба да се внимава, да. Како и со тетоважи.
     
  13. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.113
    Допаѓања:
    40.314
    Сакам да земам ама ме подзамисли, имам доста
     
  14. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Јас пред првиот третман ги издепилирав рацете, пред вториот ако треба ќе ги избричам иако до сега не сум ставила брич на рака.
     
    На Slatkish255 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Иам две три влакна на брада шо ми растат и ме носат близу нервен слом, ги корнам со чупалица, сакам да се поминам со лумеава, иам соодветен додаток, али моментот со бричење претходно ме вади од памет.

    Совет? @prominent pls, ако имаш вакво искуство :bow:
     
  16. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    Се' уште е рано да кажам од лично искуство, но од искуство на другарка на лицето најмалку имала ефект Лумеава. Можеби игра улога тоа што влакненцата таму се послаби и потенки.
     
    На Izaabella му/ѝ се допаѓа ова.
  17. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Зошто? Нема да ти растат поинаку влакната од бричење, не се секирај :D
     
    На The Unicorn му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Уплав иам од влакна на лице, не знам дали е ефикасна за нив, у глава иам сто филма. Се бричам, па се поминувам со лумеата, па не помага, па ми расте брада до крајот на животот :worried:
     
  19. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Нема, можеби нема да ти ги снема ама нема да ти растат повеќе од претходно. :D
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    И јас имам проблем со влакна на лицето, и тоа не се баш тенки, посебно на брадата и јас имам неколку што постојано ги кубам и упорно растат.
    Се надевам дека ова ќе ми го реши проблемот. Јас веќе еднаш се поминав на лице со соодветниот додаток секако, а претходно се средив со лентички со восок и тоа што остана со чупалица. Брич на лице не ставам па последно да ми е.
    Сега ќе чекам резултати. Ама секако не очекувам дека веднаш ќе ги снема :):)