Форумџика на годината

Што мислите за Philips Lumea? Споделете го вашето искуство, коментирајте, прашувајте...

Дискусија во 'Тело' започната од Philips, 10 ноември 2017.

  1. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    6.335
    Пол:
    Женски
    Бемките кои се НЕиспакнати (рамни со кожата) можеш да ги обоиш со бело моливче за очи и така да се поминуваш со лумеата.
     
    На wannaBeMomma му/ѝ се допаѓа ова.
  2. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.231
    Зависи и какви бемки.
    Јас испакнати и големи бемки немам, но имам неколку ептен мали и рамни со кожата. Не им ни обрнував внимание и светкав врз нив. :tmi: Ништо не се случи но пак ќе кажам, зависи и од видот на бемките. Внимавај повеќе околу нив, не е на одмет.
     
    На wannaBeMomma му/ѝ се допаѓа ова.
  3. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.231
    Update по првото користење... можам да кажам дека 70% од влакната на сите третирани зони ми се многу изретчени или многу, многу побавно растат. Ако досега секој ден ги бричев нозете и пазувите, сега слободно можам да почнам на 4-5 дена. Пресреќна сум ^_^
     
    На Doozy, MarijaMi90, NPN и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Only1

    Only1 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    1.149
    Пол:
    Женски
    Јас го купив овој со еден додаток за лице.Досега направив 5 третмани.На нозете има некој делови каде што не растат,но многу малку ми се изретчени околу 30-40%.На пазувите и лицето има најмалку ефект,не се изретчуват многу само што побавно растат.Незнам дали е до влакната или јас незнам да го користам:?:. Ке продолжам со користење на две недели иако апликацијата ми предлага да го користам на 4 до 6 недели, па ќе видам дали ќе има повеќе ефект.
     
  5. valentina89

    valentina89 Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2021
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Јас го користам веќе 2-3 години и сум премногу задоволна! Особено на нозете и на стомакот ептен помалку влакна имам, исто и на интимните предели. Неспоредливо помалку. Под паздувите се намалува доста ама треба да си доста редовен според тајмлајнот што го добиваш на нивната апликација, а јас сум се освен редовна и организирана со тоа. Во секој случај дури и таму има разлика. За лицето приметив најмала разлика..

    Секако најдобро функционира за тие кои имаат темни влакна и светла кожа.
     
  6. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.231
    Уште еден update.
    По три третмани, некаде 80 до 90% помалку влакна имам. На рацете буквално веќе немам ниедно влакно, а и тие што растат самите си отпаѓаат по некој ден. Доволно е само да ги потегнам со прст. Многу сум задоволна. А имам уште два третмани од првата фаза.
    Се надевам дека летово конечно ќе можам да си шетам раат со мазна кожа (hollest)
     
    На Giinna, Doozy, MarijaMi90 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    Здраво
    Дали Филипсот е иста цена секаде? Конкретно сакам да го земам тој од 16.000 во Нептун, а за оваа цена гледам во сетек 2 различни?
    Ве исчитав ама ич не ми се јасни моделиве?
    Ве молам за мислење за тој од Нептун, вреди ли од таму да се купи? :)
     
  8. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    3.137
    Пол:
    Женски
    Во сетек има повеќе модели и сите се поевтини од нептун отприлика за 1000-ка може и повеќе. Разлика од еден до друг модел се само додатоците кои ти овозможуваат на поделикатните предели поубаво да "фати" сензорот. Јас најосновниот го земав и сега за сега супер ми е, успевам со обичниот додаток да поминам се, па дури и лицето.

    Имам прашање за тие што го користите на интима. На кој начин ги отстранувате влакната во периодот од еден до друг третман? Некако за две недели тешко пораснуваат за со восок да се извадат, а и не се сите пораснати. Брич во живот немам употребено таму, но ако ептен нема друго чаре ќе се нафатам и на тоа.
     
  9. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.231
    Брич :) Одличен е резултатот.
    Јас пред првиот третман во живот немав ставено брич на рацете, на пример, но го направив и тоа. Имам слушнато дека најбрзи резултати се добиваат со бричење, затоа што светлината најдобро го „фаќа" пигментот на влакното.
     
    На Sanniii му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nadelinka

    nadelinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    601
    Исто искуство.... на почетокот се депилирав ама послаби резултати.... со бричот одма се примети разлика....
     
    На MarijaMi90 и Sanniii им се допаѓа ова.
  11. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.231
    Само на лице не можам да се натерам да ставам брич, ме ужаснува помислата :lol: Но и со депилирање имам резултати, многу побавно ми растат сега^_^
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Ефикасно е за влакна на лице бе?
    Ко поп сум...
     
  13. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.231
    Да. Треба трпение малку ама ќе видиш резултати. Посебно ако имаш темно влакно и светол тен.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Оти сум одела и на ласер и на електролиза и ефект: Нула.
    А темни ми се и дебели ко фортоми.
     
  15. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.231
    Јас цел живот имав проблеми со влакна. Секој ден бев со брич во рака, или со лентички... Е сега не сум пробала ништо друго освен ова, ама после 2-3 третмани сега конечно можам да здивнам и да не го кријам лицето со косата:)
     
    На Doozy, MarijaMi90 и WildMk им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    И јас се бричев едно време... посебно меѓу третманите со електролиза и ласер... пошто депилацијата ги вади фоликулите, а за да делува ласерот и струјата, мора да има фоликули. 20 и некој ден им бил циклусот на раст.

    Првиот пат ко се избричав на лице, се рушив од плачење.
    Ко говно се осеќав.
    Знам зошто, ама тоа не го мена фактот дека ме направи да се чувствувам 'невредно'.
     
  17. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.750
    Допаѓања:
    21.438
    Пол:
    Женски
    Јас се уфрлам во муабетот ама се надевам ќе бидам од помош.
    Другарка ми има мака со влакна на брадата. Ги упропастила со тоа шо ги тргала со пинцета и и беа црни и дебели. Ги средувала некогаш и по два пати во ден, ако излегувала некаде. До толку беше катастрофа.
    Почна да оди редовно на депилација со топол восок и влакната ем шо и се изретчија, и растат на многу поќе време. Ептен е задоволна сега.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Ги депилирам со години, ама исти се.
    Се' имам пробано.
    До сега, ништо не делувало.

    И во право си.
    Најголема грешка е да ги чепкаш.
    Прв пат ми се појавија на 18години... имав воспаление на јајниците, ми се испореметија, па ПЦОС накалемив, па се оправи низ годините, ама влакната останаа како сувенир.

    Првите беа долги, навистина долги... меки тенки и светли.
    Е на мојата 'паметна' глава и' изгледаше дека не треба да имам никакви влакна и почнав со пинцета да ги кубам... со време се згуснаа, задебелија и затемнаа.

    Што викаше Саманта од Sex and the city: You pull one, six more come to it's funeral.

    Мој совет: Ако не сте почнале, ич не чепкајте влакна... никаде!
     
    На christinnn му/ѝ се допаѓа ова.
  19. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.231
    @WildMk не можам да зборувам за ефект од професионални третмани затоа што не сум посетувала, ама конкретно за мене ова се покажа многу ефективно. И ефикасно. Освен тоа, во домашни услови можеш да си го користиш долго, мислам дека имаш 250.000 светнувања, што би било еквивалент на неколку години користење во одредени интервали. Тоа излегува доста поисплатливо за разлика од професионалните ласери.
    Според мене вреди за секој денар што го дадов, а долго се мислев дали да го земам...
     
    На Doozy и WildMk им се допаѓа ова.
  20. Simsot

    Simsot Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2018
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Продавам епилатор лумеа најнов модел купен од Нептун сеуште под гаранција, искористен само 8 третмани во исправна состојба. Инфо во лп за цена и др.