Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што мислите за Philips Lumea? Споделете го вашето искуство, коментирајте, прашувајте...

Дискусија во 'Тело' започната од Philips, 10 ноември 2017.

  1. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.583
    Допаѓања:
    6.148
    Пол:
    Женски
    После бричење на колку време се минеше ?
     
  2. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Првин на краток период измеѓу пробав со брич па лумеа и осеќав влага иритација, па сменив малку: бричење да речеме вечерва, утревечер со лумеа се поминувам.

    Измеѓу влакната си растат нормално, рано е за којзнае какви резултати оти ми е само втор третман, ама очекувам да се изретчат. Братучеда ми ми прати слики, навистина има резултати, таа веќе подолго време ја користи. Најголема промена имала кај надусниците, рацете, нозете и стомакот, под пазувите лично таа не видела голема промена, но можеби кај некој друг ќе делува поинаку.
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.583
    Допаѓања:
    6.148
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за информација, јас ја земав стрикно за нозе и малку под пазуви, па сега од секаде што читам дека има ефект ( барем на нозеве) ме прави весела :dance: Не сум влакнеста, ама ако може да немам уште поубаво :D
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    Лично кај мене најголем ефект има на лицето, пазувите и интимата. Особено сум радосна за пазувите со оглед на тоа што претходно ги бричев на секое туширање, сега тоа го правам на месец и нема повеќе темна и иритирана кожа во тој предел.

    За рацете и нозете се' уште не можам да кажам дека комплетно ги нема влакната, со оглед на тоа што од еден до друг третман на одредени предели повторно ми растат влакна. Се обидувам колку толку поблиску да ми се светнувањата едно до друго, но изгледа сепак некои делови ги пропуштам. Во секој случај далеку е од тоа што биле, доста се поретки и понеприметни.

    Комплетен впечаток ми е дека вреди за секој денар. После толку пробани најразлични начини на депилирање, со ова сум најзадоволна како ми изгледа кожата и колку време сум раат после тоа.
     
    На MarijaMi90 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    @Anabelle.Amorette супер ти објаснила :)
    Растат влакна и понатаму, посебно по првите 2-3 третмани, после тоа ќе забележиш драстично намалување на густината, цврстината и побавен раст. Нема скроз да исчезнат, барем не сите.
    Јас директно светкав по бричењето, не чекав ни пола саат.
     
    На MarijaMi90, Dikinzi и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  6. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.737
    Допаѓања:
    14.396
    Пол:
    Женски
    Долго време се тегнам да ја купам Лумеата, ме предимислува само една работа. Имам многу испукани капилари на нозете.
    Смее ли да се поминува преку капилари?
     
  7. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.170
    Допаѓања:
    180.662
    Пол:
    Женски
    Не смее врз капиларите. И јас имам на неколку места, ама таму не се поминувам.
     
  8. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.737
    Допаѓања:
    14.396
    Пол:
    Женски
    Јас имам на доста места, односно речиси целите бутови ми се…
    Инаку, задоволна си од Лумеата? Вреди инвестицијата?
     
  9. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.170
    Допаѓања:
    180.662
    Пол:
    Женски
    Јас сум многу задоволна. Ја користам на нозе, препони, стомак, пазуви и лице. Досега влакната се намалени за околу 70-80%. На стомакот скоро и да немам влакна. За мене е голем спас, особено што бев склона на поткожни влакна.
     
    На Aztec и Avery им се допаѓа ова.
  10. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.583
    Допаѓања:
    6.148
    Пол:
    Женски
    Еден апдејт од мене за лумеата. Јас сум презадоволна и тоа само по 3 третмана (poolparty) Ја користам на нозе под колена, на стомак под папук само, и под пазуви. Се бричам и по 1 саат се минам со неа.
    На стомакот веќе немам, под пазуви значително побавнооо растат, на нозете ми растат за 4 - 5 дена влакна, и тоа меки, и ептен изретчени :muscle:
     
  11. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Презадоволна сум и јас, веќе имам пишано претходно. Изретчени и побавно растат.
    Ама не ми е јасно зошто на некои места никако да ги снема :( А внимавам да поминам секаде... а некои места на поголемите површини (на пример нозете) изгледаат како да не сум ги поминала...
     
    На Mforever и Dikinzi им се допаѓа ова.
  12. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.583
    Допаѓања:
    6.148
    Пол:
    Женски
    И кај мене си растат, внимавам како се минам, гледам да биде блиску, а баш читав оти треба редовни третмани и на некои места повеќе време им треба. Шо знам, зависи од коренот :?:
     
    На prominent му/ѝ се допаѓа ова.
  13. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Редовна сум јас, завршив со првата фаза, сега поминувам само еднаш месечно.
    Инаку многу јак корен имаат моиве. Многу дебели и густи се. Со оглед на тоа какви проблеми имав претходно со секојдневно бричење, сега сум скоро без влакна:) Ама ме чуди зошто на некои делови е поефикасно отколку на други.
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.583
    Допаѓања:
    6.148
    Пол:
    Женски
    Јас од секогаш на едната страна од ногата имав повеќе влакна, а странично и немав баш. Можеби и кај тебе било така, па сега местото каде што си имала повеќе влакна порано, сега ќе му треба повеќе време. Оти еве сега и мене повеќе влакна ми растат таму каде што и порано имав повеќе, ја барем така си го објаснувам..кој знае (facepalm)
     
    На prominent му/ѝ се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да ја земам лумеата има две врсти. Едната е со повеќе додатоци,а другата само со еден. Таа со повеќе додатоци има за лице така? Јас на лице не сакам да го употребувам,само за нозе и раце,пазуви па затоа сакав да прашам дали таа со еден додаток може да се поминуваш и низ други делови од телото или пак подобро е да се земе таа со повеќе додатоци?
     
  16. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.583
    Допаѓања:
    6.148
    Пол:
    Женски
    Можеш и со еден додаток :)
     
  17. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.737
    Допаѓања:
    14.396
    Пол:
    Женски
    Девојки, две недоумици имам :)

    Дали по третманот со Лумеата ја мачкате кожата со млеко за тело? Или не се препорачува?

    И, дали се поминувате само на бикини зоната или на целиот интимен дел (надворешниот дел од усните)?

    Инаку, многу ме охрабрија коментарите на @prominent и @Dikinzi :inlove: Утре почнувам со првиот третман, така да wish me luck :sun:
     
    На Aztec и Dikinzi им се допаѓа ова.
  18. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.583
    Допаѓања:
    6.148
    Пол:
    Женски
    Јас се минам на пазуви, на стомак под папук само, и на нозе под колена.
    Читав дека треба само на препони, на усните не. И да не ставаш одма млеко за тело, ниту ролон . Најдобро е навечер пред спиење , па сабајлето можеш да се намачкаш :D
    Јас сум ептен задоволна, добро до душа може оти и не сум влакнеста, ама сакам да кажам функционира :D

    Еве, пак ќе пишам, има ептен намалување на влакната, минатата недела се поминав во вторникот, и дури неќна се поминав брич :D Ептен се намалени, а оние што растат се ептен спори во растење, треба ептен некој да се загледа одблизу дека имаш влакна, нареден третман ми е овој вторник , па ќе видиме :D
    Ајде, ќе видиш олеснување (fingers) :f:
     
    На Aztec и Avery им се допаѓа ова.
  19. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.737
    Допаѓања:
    14.396
    Пол:
    Женски
    Значи, презадоволна сум. ПРЕ- задоволна!
    Под пазуви се немам избричено 5 дена и може да терам уште толку. Рацете не ми се бричени 2 недели и има тук-там по некое влакно, кое не се ни гледа. Задоволна сум и од резултатот на нозете, иако потребни се уште третмани. Надусниците целосно изчезнаа.
    На препони најспоро оди, ама влакната видливо се проретчени. На овој дел најмногу ме пецка, па можеби и побрзо го поминувам, па пропуштам делови. Ќе гледам да направам повеќе третмани на две недели, пред да поминам на оддржување.

    И апликацијата ми се најде супер корисна, со оглед дека се поминувам на неколку тури (различни регии во различни последователни денови, најдобро ми е така).

    Така да, сега за сега (y)
    Како што имаше пишано некој погоре, само рак на кожа да не добијам :D
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Etanol

    Etanol Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво јас денес ја купив Филипс Лумеа што е со само еден додаток и очигледно првиот третман кој беше само на пола нозе и пазуви е утнат . Избегнував делови каде што имам брумчиња од депилација и делови каснати од комарец ама тотално се изгубив кој дел сум го поминала, а кој дел не и најверојатно некој дел се поклопил па дошло до два пати. Плус нема сам да одреди јачина туку ја стискав и поради страв да немам некои реакции на нозе ставив на 3, а на пазуви на 1, а имам црни влакна и светла кожа. Е сега имам прашање дали следен третман кој ќе го правам за две недели може да ја зголемам јачината и дали е подобро да се избричам па нареден ден да поминам или можам одма ? И дали после 4 третмана од две недели треба да продолжам така или на 4 недели и после колку третмана треба да се прави пауза? Читав во упатство ама пак многу работи не ми се јасни и се надевам дека ќе има ефект.