Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што мислите за Philips Lumea? Споделете го вашето искуство, коментирајте, прашувајте...

Дискусија во 'Тело' започната од Philips, 10 ноември 2017.

  1. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.170
    Допаѓања:
    180.662
    Пол:
    Женски
    Симни си ја апликацијата и таа ќе те потсетува за секој нареден третман. Исто ќе видиш, има во упатството како по делови да ги поминуваш нозете, за да знаеш кој дел си го поминала, а кој не. За јачина, ќе си ја зголемиш нареден пат според бојата на кожата и влакното.
     
    На Etanol му/ѝ се допаѓа ова.
  2. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Јас престанав да ја користам Лумеата периодов (пред одмор и сега веќе месец после одморот).
    Кожата ми е доста потемнета, па сакав да прашам што да правам, само да ја намалам јачината или воопшто да не го користам на исончана кожа?
     
    На ForeverYoung му/ѝ се допаѓа ова.
  3. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.170
    Допаѓања:
    180.662
    Пол:
    Женски
    Не го користи. Јас ќе правам пауза и здравје од октомври пак.
     
    На prominent му/ѝ се допаѓа ова.
  4. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Претпоставив, затоа што кога пробав пред некој ден светкаше црвено т.е. не функционираше воопшто на мојата кожа...
     
    На NarCis@ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.817
    Допаѓања:
    23.401
    Пол:
    Женски
    Дали е проблем да се користи ако имам акни на телото или разранети акни?
     
  6. Traveler91

    Traveler91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    S
    Симни ја апликацијата на Philips Lumea и внеси ги твоите податоци, апликацијата ќе те потсеќа кога треба да го правиш следниот третман
     
  7. Aztec

    Aztec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    739
    Да. На воспалена и оштетена кожа не треба да се употребува.

    @Etanol во другата тема за Лумеа имам и слика ставено во случај да не го сфатиш пишаното. :)
     
  8. Slatkish255

    Slatkish255 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2016
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    786
    Пол:
    Женски
    Јас да споделам искуство, Лумеа почнав да користам мислам дека во декември и го користев на 2 недели. Знам дека од кога ке се направат според шемата третманите на месец дена се повторуваат ама јас си продолжив на 2 недели.
    Искрено супер бев задоволна, со оглед на тоа што мене најголем проблем ми беа оние црвени точки, до јуни имав огромна разлика, ми се изретчија дури на некои места не ми ни растеа.

    Од крај на јуни до сега не го користев, заборавав те денес те утре и еве влакнава скоро и да ми се вратија сите. На тоа пишуваше дека треба до 6 месеци да е океј, ама ајде нека не се 6 ама 2 бар да си раат. Му се случило на некој вака?

    Јас како и да е од утре ке почнам да го користам пак, ама ми е криво толку месеци ми требаа да се изретчат и сега пак од почеток..
     
    На Ivka~ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. brookeen

    brookeen Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2020
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, го земав Philips lumea bri920. Па ме интересират искуства со овој модел? И што е разликата овој од другите, по шо гледам ги има многу
     
  10. Etanol

    Etanol Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Имам едно прашање до сега направив 4 третмана на секои 2 недели и има разлика на многу места не растат како дупки имам без влакна ама на некои пак си растат. Е сега според апликацијата која ја симнав пишува дека имам уште еден третман на 2 недели и потоа на месец, а гледам некои си продолжиле со третмани на 2 недели. Дали е во ред да си ги правам и јас на 2 недели или сепак да преминам на одржување? На препони имам многу малку разлика, а на нозете повеќе во план ми е да почнам и на други делови да го користам само што со брич на стомак и лице никогаш не би се осмелила да се фатам, а викаат дека со депилација уште помалце имало резултати.
     
  11. Traveler91

    Traveler91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    Едно прашање, веќе одамна го направив третманот , но пак ме потсеќа секој месец да се поминувам, па ме интересира зошто? Нели требаше на секои 6 месеци?
     
  12. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    Некое време треба да правиш одржување, односно поминување на еден месец додека не ти даде во апликацијата completed.
     
  13. Traveler91

    Traveler91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    Супер ,ама веќе 5 месеци поминаа откако го поминав целиот третман и уште ми бара на секој месец ...
     
  14. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    Да знам. Мене еве дури после 9 месеци ми даде completed само на одредени делови. На другите си продолжувам затоа што не ми се влакната 100% исчезнати.
     
    На Traveler91 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    1.955
    Кога одприлика се забележливи првите резулати? Некаде прочитав дека имало видливо намалување на влакната уште при првиот третман.
    Пред неколку дена го направив првиот третман и сега гледам дека влакната почнуваат да си растат како и порано, не гледам никакво намалување.
    Дали може да се депилирам измегу третмани, а денот пред третман поминувам со бикче? Или препорачливо е само бричење?
     
  16. Slatkish255

    Slatkish255 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2016
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    786
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа дека првите 6 третмани мислам беа треба да ги правиш на 2 недели, не би имало време да ги издепилираш зашто нема да ти пораснат. Најпрепорачливо е за најдобри резултати да се бричиш, инаку јас одма не забележав резултати тек може после 3-4 користења.
    Сега го немам користено 6 месеци и си се враќаат влакната, ке почнам пак па до летоска битребало да има пак резултати.
     
    На ForeverYoung му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    454
    Пол:
    Женски
    Читав дека го користеше за лице, после година дена како е ефектот, бетер ли се влакната од бричење или споро растат?
     
  18. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Не, скоро и да ги нема веќе. Ептен бавно растат и многу се изретчени. А пред тоа имав огромни проблеми со влакната на лицето, срам ми беше да излезам дури понекогаш, мислев дека сите таму ме гледаат:tmi:
     
    На Seli20 и ForeverYoung им се допаѓа ова.
  19. TheDreamGirl

    TheDreamGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2021
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
     
  20. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    454
    Пол:
    Женски
    Леле иста сум ама шубе ми е да се бричам на лице, ако се депилирам со ленти помегу третмани пример денес се поминам со ленти па по 2 дена со ласерот се мислам би имало ли ефект оти на страната си пишува може и со депилација. Ако знае и некој друг нека каже слободно