Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што мислите за Philips Lumea? Споделете го вашето искуство, коментирајте, прашувајте...

Дискусија во 'Тело' започната од Philips, 10 ноември 2017.

  1. 1esthermolly

    1esthermolly Нов член

    Се зачлени на:
    5 март 2022
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Здраво женски
    Јас сум нова, направив профил највише ради темава за Philips Lumea не сум баш во тек со фемина па валјда ова што го пишувам ќе успеам да го ставам како пост
    Ајде да се вратам на темава, немам користено Lumea ама имам другарки што веќе го имаат купено и имаат резултати, доста време собирам парички и конечно со душа чекам да помине викендов и да одам да си го купам и јас
    Сакав да се обратам на платформава најише за таа скептичност што ја имаат одредрни девојки епа вака јас на пример имам многу голем проблем со поткожни влакненца дури до степен да треба да одам во Градска болница да ме сечат со жилет, тоа се е придонесено од различни депилации од искусни и не искусни козметичарки, тесни панталони и слично сум правела и математики сега искрено да правиме муабет парите што ги даваме месечно за депилација (јас во случајов месечно давам 1200 денари што е прилично ту мач ) можам да ги одвојам или да ги давам за месечна рата за Lumeata може некој нема да се согласи со мене ама реално имаме премногу пари дадено до сега а воедно и болка.
    Факт е дека не може секој да си го дозволи овој епилатор али верувам во тоа дека вреди
    Од понеделник ке го имам во мои раце и ќе ви праќам резултати како чисто инфо од мене и епилаторот.
    Извинете за долгиот пост ❤
     
    На Seli20, NPN и j$ass им се допаѓа ова.
  2. NPN

    NPN Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2015
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    484
    Пол:
    Женски
    И јас се мислам да го купам зашто многу поткожни имам и јас. Па супер би било инфо да дадеш какви резултати ќе имаш:inlove:
     
    На Seli20 и 1esthermolly им се допаѓа ова.
  3. 1esthermolly

    1esthermolly Нов член

    Се зачлени на:
    5 март 2022
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Ќе објавам постче обавезно
     
    На Seli20 и NPN им се допаѓа ова.
  4. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    664
    Допаѓања:
    456
    Пол:
    Женски
    И јас уште се мислам, најмногу се мислам оти ми треба за мустаќи и подбрадок и ќе треба да се бричам, тоа се мислам ќе ми е криво, џабе ќе дадам пари, нема да успее и ќе ми расне брада ко на машко.. ете тоа ми е работава, и се мислам ќе се изгорам офф
     
  5. 1esthermolly

    1esthermolly Нов член

    Се зачлени на:
    5 март 2022
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    И мене ми требаше за тој дел од телото, дури не можев да се поднесам и ми беше срам да искочам се мислев таму дека ме глрдаат иииии не дочекав да си ја купам лумеата отидов на ласерска епилација во La Belezza во ново лисиче и еве со еден третман јас немам влакненца на лицето :angel:
     
  6. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    664
    Допаѓања:
    456
    Пол:
    Женски
    Малку ми е невероватно после еден третман да нема веќе влакна, оти читав доста на темава и обично и после 6,7 третмани пак се враќаат. Дали се бричеше пред третман, дали после третманот веќе воопшто не ти растат и колку време е поминато од третманот? Која цена им е еден третман?
     
    На 1esthermolly му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Неколку другарки ја користеа Лумеата и споделуваа позитивни мислења и искуства но поради цената мене ми требаше подолго време да се одлучам околу купувањето на истата. На крај се одлучив за последниот модел, оној со додатоците за интима, надусници и пазуви и морам да кажам дека сум прилично задоволна. Претходно, влакната ги отстранував со бричење и користење на епилатор. И двете опции си имаа свои недостатоци - бричењето имаше краткотрајни резултати а користењето на епилаторот траеше премногу долго и барем мене ми беше доста болно, па тоа многу влијаеше на мојата одлука околу купувањето на Лумеата.

    Откако ги истерав првичните 6 третмани ја користам Лумеата еднаш месечно. Претходно ги отстранувам влакната со бричење и правам пилинг на тело. Процесот трае подолго од што би сакала но барем го правам тоа еднаш месечно, барем за повеќето делови од телото. Најголем успех имам на нозете каде влакна скоро и да немам и освен она бричење пред Лумеата, скоро и да немам потреба да ги избричам нозете во текот на месецот. Голем успех забележувам и на рацете и под пазувите додека додатокот за надусници не го користам.
    Најмногу се разочарав во поглед на интима бидејќи изгледа како да немам никаков успех. Додека ми траеа првичните 6 третмани на секои две недели забележував некое намалување на влакната во оваа регија но сега веќе не. Реално најмногу сакав да видам намалување на влакната во таа регија но ете, не се случи, барем не на долг план. Размислувам да ги повторам првите 6 третмани на две недели барем на интима, но се уште не сум се решила.

    И покрај се, топло ја препорачувам на сите девојки. Можеби е поскапа опција, но доколку секој месец одите на депилација, верувам дека ќе ви заштеди многу пари на долг план а за оние кои се депилираат дома ќе ви заштеди многу нерви!:D
     
    На Hija.de.la.luna, Aztec, NPN и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    664
    Допаѓања:
    456
    Пол:
    Женски
    Дали може да се изгориш со апаратов, оти иам глеано слики на нет и некако не ми е прегледно кој дел го иам поминато кој не
     
  9. Aztec

    Aztec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    739
    Може да се изгориш ако на едно место поминеш два или повеќе пати.
    Види во другата тема имам ставено и слика со мислењево. Не знам зошто не ја дава тука.
     
  10. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.307
    Пол:
    Женски
    Ја имам на брада подкожни и лумеата ме спаси, на лице ми требаше 6 третмани и конечно бројот е намален а и подкожните влакна ги немам .Други делови од тело со 4-5 се намалија доста ( зависи колку прецизно блицкаш). Периодов немав време забушавав али на нозе еве ептен мали растат на некои места на некои ништо немам.
    Апсолутно најбоље нешто, прекинав и восок да користам него со брич сегде па и на лице. Препорака имате за сите што кожата и влакното е според препораката на лумеа, бидете трпеливи и почнете сеа ( ако сте у можност), за у лето да уживате.

    Земи бело моливче и напрај си шема и поминувај, и мене ми беше страв на почеток. Реално и да скокнеш дел нишо страшно ќе знаеш од кај ќе почнеш наредниот пат и полека полека ќе се намалат тие нерамномерни делови. П.с ја креон бел користам
     
    Последна измена од модератор: 6 март 2022
    На ForeverYoung и NPN им се допаѓа ова.
  11. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    664
    Допаѓања:
    456
    Пол:
    Женски
    Дека за лице ми е, за надусни и подбрадок и поспецифичен е тој дел некако, за нозе раце ај полесно е
     
  12. Aztec

    Aztec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    739
    За надусници е лесно. 3-4 блесоци ќе ти требаат. Нема што да утнеш. За подбрадок може да замолиш блиска личност да ти го направи третманот. Со бело моливче ќе обележува каде поминала и готово.
     
    На Seli20 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. 1esthermolly

    1esthermolly Нов член

    Се зачлени на:
    5 март 2022
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Епа вака јас таму каде што бев цена на првиот третман е 2000 денари за пола лице после секој нареден третман е по 200 денари по евтин, девојчето што ми правеше ласерска епилација со "професионален" епилатор да речеме, ми објасни и ми кажа вака: лицето од овој момент влакненцата ги смета за страно тело "не се више мои" и ги исфрла, ти ќе мислиш дека тие влакненца ти растат ама тие всушност сами по себе ќе паднат. И да јас не верував на тоа, ама пробав еве скоро 3та недела после првиот третман мене влакненцата сами ми паѓаа буквално како што кажа. Факт е дека треба да одам на уште еден третман али и од првиот одлично се чувствувам, дури и ми е чудно што озбилно јас немам влакненца.
    И да одговорам на прашањето, ги бричев со брич за лице од оние од dm со еден жилет.
     
    На SunnyGirl2 и Seli20 им се допаѓа ова.
  14. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.307
    Пол:
    Женски
    Ја со огледало и се блицкам дел по дел. Подбрадок го вртам обратно гајтанот накај носот да ми е ( ако има логика ) и стаклото легнува. Ама полека не фатив ни ја се првиот пат, на нозе ме праи другарка ми па пак ќе пропушта, али со тек ќе фатиш се и се намалуваат . Само живци и трпение
     
    Последна измена: 6 март 2022
  15. NPN

    NPN Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2015
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    484
    Пол:
    Женски
    Купив лимеа конечно и страв ми е да почнам да ја користам, да не се изгорам(facepalm)
     
  16. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.537
    Допаѓања:
    5.892
    нема апликација за тел?
     
  17. NPN

    NPN Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2015
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    484
    Пол:
    Женски
    Имаа. Првиот третман уште не сум почнала. :(
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.307
    Пол:
    Женски
    Мене апликацијата ми е некако хаотична , на лист си запишувам
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.307
    Пол:
    Женски
    Почни со најнизок сетинг на нозе. Односно блицни дел од ногата и остај до утре, да видиш како ќе ти реагира кожата. И мене ми беше , сеа блицкам пишувам на телефон, глеам серија јадам:rofl:
     
    На NPN му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Animallover<3

    Animallover<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    180
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали може да се користи LUMEA и додека дојам ?
    Бебето е 4 месеци