Што мислите за Philips Lumea? Споделете го вашето искуство, коментирајте, прашувајте...

Дискусија во 'Тело' започната од Philips, 10 ноември 2017.

  1. Visab

    Visab Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2017
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Едно прашање за тие што веќе ја користат Philips Lumea Prestige, дали на некој вака им станала светилката и додатоците. Се обидував да ги избришам но не можам. Ми личи како рѓа да е ама не сум сигурна. Иначе не валкан секогаш го бришам после употреба.
    20171229_232436.jpg 20171229_232354.jpg
     
  2. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    @Visab јас го чистам со етанол (алкохол од аптека), напрскувам на стапче за уши и излегуваат тие точките.
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Visab

    Visab Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2017
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Фала, ќе пробам и со тоа. Се загрижив да не почнал да се расипе затоа.
     
  4. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    @Visab и мoјoт стaнa тaкoв и тoa пoсле првaтa упoтребa. Сo мнoгу мaлку вoдa нa крпчетo зa чистење излегoa. Туку сaкaв дa прaшaм дaли некoј друг чувствувa силнa бoлкa при блесoк. Дo кoленa е oк, скoрo ништo не чувствувaм aмa oд кoленa нaгoре при секoј блесoк кaкo жaрче oд цигaрa (oвa ми беше нaјблискa спoредбa) дa ме гoри. И тoa без рaзликa дaли е јaчинaтa нa 1 или 5. Нa кoжaтa не мoжaм дa зaбележaм ништo aмa ствaрнo ми е бoлнo. И нa депилaцијa сo тoпoл вoсoк пoвеќе чувствувaм нa гoрниoт дел aмa oвa ми е too much. Нa пaзуви и рaце истo е oк. Некoј друг сo сличнo искуствo?
    Мислaм @Rose96 декa гo земa сегa. Извини aкo грешaм.
     
  5. Visab

    Visab Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2017
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Јас до колена користам повисок интензитет а по сле погоре го намалувам пошто исто болка имам но со помал интензитет се е ок
     
  6. Самурајка

    Самурајка Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2017
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски


    Јас намалувам интезитет, ако мислам дека мн е јако, на 1. Види да не имаш некои ранички или бемки, може некогаш и заради тоа. А кај мене приметив дека ако не сум се избричила убаво исто знае да ме пецка
     
  7. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    Зa еднa неделa требa дa јa пoвтoрaм пoстaпкaтa, ќе прoбaм цел гoрен дел нa 1цa (иaкo не верувaм декa ќе имa рaзликa). Инaку немaм ни бемки ниту пaк билo штo нa тoј дел, бoлкaтa е силнa oд кoленa нaгoре буквaлнo секaде. Третмaнoт гo прaвев пoсле депилaцијa сo вoсoк. Ајде и сo брич ќе.прoбaм следниoт пaт.
     
  8. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Ако го користам со 4 тогаш чувствувам мало пецкање па намалувам на 3 и немам проблем. :)

    На рацете имам многу бемки да го користам или?

    Некаде прочитав нешто за бело моливче за што беше тоа?
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.865
    Допаѓања:
    81.114
    Пол:
    Женски
    Можеш да ги покриеш бемките со бел молив, ако се рамни.
    Така имам читано. :)
     
    На Rose96 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Самурајка

    Самурајка Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2017
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски

    Епа направи еден ден пауза после депилација, и во упатството пишува дека после депилација со восок треба еден ден пауза. Тогаш кожата ти е уште иритирана и почувствителна.
     
  11. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    Сo пaузa беше, пoсле еднa неделa.
     
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.685
    Допаѓања:
    265.991
    Ваљда е ова најактивната тема за Лумеа, конкретно гледам дека постојат повеќе видови на Лумеа, кај нас како што гледам има само два.
    https://www.philips.co.uk/c-m-pe/ha...oxes=&page=&layout=12.subcategory.p-grid-icon

    Јас лично сум заинтересирана за покомпактна, овие што кај нас се продаваат се доста гломазни.

    Постои начин некако да се купат, или мора да барам во друга земја?
     
  13. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    Не знам дали има испорака до овде, јас само сакав да ти пишам да прочепкаш добро пред да купиш. Овие маливе се покомпакти ама спореди ја цената со борјот на блесоци со големината на апликаторот. Ако е делот кој испушта импулс помал од кај Лумеа Престиж ќе ти требаат 100 години за горниот дела на нозете. Зависи за што ти треба.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  14. missy1

    missy1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    6
    Девојки, прочитав дека не е штетно за очите, ама сепак мене ми е многу напорно за очите. Дали би можела некако да ја покријам светлината, бидејќи нели свети од страните, да го покријам тој дел. Не би било проблем?
     
  15. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    До сега имам направено само 3 третмани и сум многу задоволна. Влакната многу побавно растат а и 70% не растат.

    Сакав само да ве прашам ако го користам на бикини линијата дали после депилација/брич треба да чекам 24 часа или можам веднаш да го користам?
     
  16. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.950
    Допаѓања:
    29.024
    Пол:
    Женски
    Дали некој има користено додека дои? Во упатството стои дека не е испитано при бременост и доење..
    Некој со вакво искуство?
     
  17. Самурајка

    Самурајка Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2017
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски

    Јас го користам после брич, и немам никакви проблеми. После депилација почекај барем еден ден, така е и за нозе, пишува во упатството.
     
    На Rose96 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Самурајка

    Самурајка Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2017
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    и мене знае да ми дојде напорно, па си ја вртам главата. Го користам во многу светла просторија, ќе го позиционирам, и си ја вртам главата на друга страна. Не сум пробала да го покријам, ама не би препорачала
     
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Пред 8мо мартовски giveaway, може ли да организираме? :)

    Расположението за да oсмислите правила за:

    1. кој може да учествува и
    2. како да ја избереме среќната мома како ви е?

    @RainBow, се надевам нема да е проблем. :)


    Значи, веќе имаме искуство на форумов со избори и натпревари - готвење, фото, нај-феминка и сл., па, имате осет како оди и фала богу, некој бог-ти-знае какви скандали и џаскање околу нив немам приметено.
    Номинирање (у никој случај кај мене у сандаче), гласање вака или онака, ваш е изборот. Имате колку-толку сенс за слободно да предложите и се усогласите околу тоа. Дополнително на што треба да помислите е што, Лумеата ќе патува од кај мене. Мене ќе ми треба адреса и име на примач. Ич немам потреба да знам име и презиме или адреса на било која од феминките. Па, ако некому му истекне начин да се заобиколи тоа, екстра.
    Ако феминката испадне од скопјево, комотно може примо-предаја на пакет да се изврши ко и со сите матни зделки. Оставам пакет на х договорена локација. Маскирана мома минува секунди потоа го зема и толку.:bandit: Џаст кидинг. Or not

    Нејсе. Мое е да ви ја понудам Лумеата која нели, 'неправедно' ми ја дадоа и која, до ден денес само седи на чување и чека ваков некој момент. Лумеата е чичка нова. Воопшто не е употребена. Утрово ја вклучив во струја за да видам дал ќе светнат сијалички некакви, за да не испадне да ја дадам некому па муабети да ми извади не работАла :bug:
    Бујрум. Мазните девојки се среќни девојки..или како беше слоганот на Филипс(hollest)
    бев мазна до скоро, и не баш многу среќна ради тоа. Али тоа е друга тема.


    Активирајте се, предложете и да заклучиме - како е најдобро, па да почнеме од-до... кога ќе се бира,како ќе се избере и да свечено го пратам апаратчето до момата.
    Обврска потоа... момата да го рекламира и фали, нели, 'како ти се подобри животот пост-Лумеата?':D



    Прочитавте ваљда доволно мислења од Розе, Артемишн и кој се друг за што е убавото, што е лошото..другото, ќе има со кого да се консултирате.
    :party:

    Disclaimer: giveaway-от е организиран со поддршка на Филипс, но, по целосна иницијатива и одговорност на Жаба. Изборот и сите несогласувања со истиот ќе бидат вина, единствено и само на поединечните или група илеџии без чиј придонес, се' би минало премногу глатко и досадно.
     
    На Oxymoron, duffi, Artemission и 3 други им се допаѓа ова.
  20. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Што е оваа штама? (tumbleweed)

    Јас го сакам! Јас го сакам! :$
    Count me in.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.