Што ми се допаѓа, а што не кај одредени форумџики?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од BoaVista, 25 октомври 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    29.256
    Пол:
    Женски
    Што ми се допаѓа, а што не кај одредени форумџики?

    Епа ајде јас да почнам прва. Ќе почнам со највпечатливите.

    Оффспринг
    Кај Оффспринг ми се допаѓа тоа што е искрена, ми се допаѓа и тоа што речиси сите мислења и се издржани и поткрепени со факти, ми се допаѓа тоа што многу зрело и реално размислува за годините кои ги има, ми се допаѓа што во повеќето ситуации е објективна и не го менува мислењето во зависност од тоа кој го напишал истото(а забележав неколку форумџики кои бранат нечии мислења само затоа што тоа е напишано од форумџика која им е драга и ги поздравува секој ден во СП).

    Не ми се допаѓа тоа што мрази кучиња и подржува нехуман однос кон животните.

    Значи вака би требало да изгледа, секако може да напишете и за повеќе форумџики, не само за една ;)
     
    На lloovvee и Offspring им се допаѓа ова.
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.891
    Охохохо ме насмеа Боависта за кучињата. Мразам бре, лоши се, касаат :devil:

    Мене ми се допаѓа кај Боависта тоа што е објективна, добро се изразува и не треска неповрзани глупости. Не се лигави, тоа е многу битно. Реално гледа на работите, без летање во облаци. Ми се чини дека везе додека пишува :) Сите мислења ми се поклопуваат со неа, освен за кучиштана ( :lol: ). Исто ми се допаѓа тоа што не е партиски определена .

    Незнам што не би ми се допаѓало, освен што не се сложуваме на таа тема. Ама тоа е друго. :) Се на се, ми е една од највпечатливите форумџики и кога и да видам нејзино мислење застанувам да го прочитам до крај 8)
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  3. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.008
    сеуште не сум ги добро запознала, но некако сите ми изгледаат како срциња ♥
    ме нервира некои кои не го почитуваат туѓото мислење и веднаш даваат контра одговор.
     
    На pikolino му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.891
    Па форум е, секој има различно мислење. Ако станеш поактивна ќе мораш да се навикнеш на тоа да има и спротивни мислења од твоите :)
     
  5. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.998
    Како нова на форумов мора да кажам дека релативно малку ги познавам форумџиките па би било неблагодарно да давам било какви коментари ,но сепак мора да кажам дека во очи ми паднаа Трендафилка,Славица999 и Оффспринг како девојки кои ме воодушевуваат со своето размислување,барем засега:)
    Јасно е дека ова е форум и не можеш да очекуваш твоето мислење да ги воодушеви сите тука,да испопаѓаат во несвест од советите и мислењата кои си ги дала,но сепак мислам дека ако не се согласуваш со нечие мислење е сосема во ред,мегутоа барем почитувај го тоа што некој има да го каже!!

    И за крај морам да спомнам една работа која многумина од вас на форумов ја сватија погрешно,ама изгледа јас се изразив така:)...За темата Од грдото пајче до јака шмизла која ја напишав јас,не сакав да навредам ничие облекување и начин на шминкање,туку тоа беше само мое размислување за девојките кои го тргнуваат настрана своето мислење,својот стил и го заменуваат со некој стил кој слушнале дека е ин,се со цел да не изостануваат од фенси трендот.Во дадената тема го посочив начинот на облекување ,ама тука се работи и заменување на старото друштво со некои луѓе кои се во шема демек,па шопингување на места кои се далеку од можностите ама се кубат коси дома дека мора од таму чизми да се купат да речеме.Секој си има право на свој живот и тоа го подржувам апсолутно ама сепак Биди свој,има доволно други луѓе!!!
    Поздрав до сите феминки и се читаме:)
     
    На lloovvee и slavica999 им се допаѓа ова.
  6. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.517
    Допаѓања:
    12.677
    Aх оффи оффи, сега ти си ми на мета, ќе те изрешетам до крај! :D :D :D

    Mи се допаѓа што се држи со своето мислење, има свој став, искрена е, почна да се поправа- во подобар човек(во смисол почна да станува пооптимистички расположена :D ).

    Не ми се допаѓа нејзиното мислење за кучињата, ама знам дека со тоа срце има малце љубов и за нив, нели оффи? :D и тоа што е многу голем песимист. И ја се држам до тоа Памти па врати, ама не до толку, па почни да простуваш по малце. :D

    E така да си знаеш оффи. :D

    (Па поинтересно ми беше вака да кажам, да се насмее малце отколку само со обични зборови. Моето второ име е шалантос. :D )
     
  7. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.713
    Допаѓања:
    5.048
    Пол:
    Женски
    Расположена сум за промени и прифаќање на добронамерни критики. Имам променливо расположение ...пукајте дур е време :lol:
     
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.652
    Допаѓања:
    9.682
    Пол:
    Женски
    Да не звучам лигаво...
    ама мене сите ми се допаѓаат на различен начин. Секоја е интересна каква што е , па навикната сум од некои да читам по дрски мислење, од друга по весели, од трета по мрзливи.... заради тоа и ми се свиѓа форумов. Во никој случај нема да биде интересно ,ако сите се изразуваме во ист стил, и сите исто мислиме и се согласуваме.
    Има неколку девојки што се издефинирани како “лошки„ а мене ми се супер! Има и многу што се “светици„ ама и тие се супер. Така да....
    се си е супер! :rofl:
     
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.768
    Офспринг - јес да и јас кажувам се в лице, ама ти девојко си бетер и од мене. Море арно, само така треба :D А тоа за кучињата, сите ти се запнале.... и мене не ми се допаѓа. Али разбирам, некои луѓе ЕДНОСТАВНО НЕ ГИ САКААТ.
    Ама како бе не можеш да ги сакаш такви душички? :D

    Стронгер - прича за собом. Експлицитна, понекогаш дрска, понекогаш сочувствителна... како ќе и се фати. Дека имаме некои различни погледи на животот - имаме. А и не верувам во се‘ што ќе напише. Ама таква сум јас, не им верувам ич на луѓето. Тешко на некој КОМПЛЕТНО да му верувам.
     
    На Animals Lover и lloovvee им се допаѓа ова.
  10. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    2.878
    Допаѓања:
    3.917
    Пол:
    Женски
    Мене кај боа виста ми се допаѓаат сликите што ги постира,тоа што цврсто стои на земја,се гледа дека има свој став,свој стил на живеење :) Едноставно ја замислувам како една преубава девојка и внатрешно и надворешно...
    Не ми се допаѓа тоа што не се согласуваме околу една тема (знае таа која) но тоа не оспорува да ја почитувам многу како извондреден форумски лик.. :)


    Ајде пукајте ме мене :angel:
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  11. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    29.256
    Пол:
    Женски
    Багуфче

    Ми се допаѓа тоа што многу добро толкуваш сонови :) Ми се допаѓа и тоа што си оптимист, барем мене така ми изгледа по постовите, ми се допаѓа што си мила и емотивна личност. Од неколку твои постови заклучив и дека се трудиш да ја пронајдеш добрата страна на секој човек, што е за поздравување. Интелегентна си и зрело размислуваш за своите години. Исто така ми се допаѓа тоа тоа си искрена и позитивна личност и што веруваш во она што го пишуваш. Те замислувам како убава и средена девојка која многу внимава на физичкиот изглед :)
    Е сега не ми се допаѓа тоа што кога некој не се согласува со твоето мислење, веднаш сето тоа го сфаќаш лично. Конкретно ова се однесува за темата во однос на која не ни се согласуваат мислењата.
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.465
    Допаѓања:
    26.682
    Пол:
    Женски
    Да не навлегуваме многу во карактерноста, бидејќи темава ќе стане иста со психолошките анализи. Да се држиме само до однесувањето на форумот.
    БоаВиста
    Ја приметив уште на самиот почеток. Дефинитивно имаме ист вкус за машки :) Секогаш има најубав аватар. Мислењата во политичките теми, не ни се поклопуваат, ама се што е разумно напишано сакам да го прочитам, па макар било спротивно од моите ставови.
    Не ми се допаѓа тоа што е резервирана кон одредени теми, не знаеме ништо за нејзиниот живот, за љубовта. Најмногу пишува во Политика и во Мода, во другите поретко ја сретнувам. А баш би сакала да ја прочитам и по другите теми. :)
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.715
    Допаѓања:
    103.979
    Се мислам дали темава треба да поживее...
    Прво,има куп вакви и е за кафе-муабети,а второ,има ваква тема во психологија,анализа на форумџики каде се пишува се позитивно и негативно.
     
    На Wild.Child и Bokicka им се допаѓа ова.
  14. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    687
    ^^^ И јас исто помислив штом ја видов темава!

    Без навреда БоаВиста, интересна тема е нема збор, ама Оффспринг пред некое време ја постираше темата психолошка анализа и мислам дека е доволно опширна за да се опфатат повеќе сегменти, вклучувајќи ја и оваа тема...
     
  15. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    29.256
    Пол:
    Женски
    Ок е, ако е слична темава со некоја друга или ако не е за тука, слободно избришете ја или префрлете ја на соодветно место ;)
     
  16. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.822
    Пол:
    Женски
    хмм....
    ќе си почнам со багето.
    ми се допаѓа значи како размислува за нејзина возраст. ми се допаѓа тоа што верува во себе и во тоа дека добрината ќе се врати по секоја цена. тоа што знае да те советува, и искрено од срце знае да бде другарка. таа е пример за денешната младина...
    не ми се допаѓа кај неа тоа што исто како и мене лесно се навредува, лесно ја повредуваат (сето ова ми е заклучок од постовите нејзини), и не ми се допаѓа тоа што кога ќе се заинаети за нешто, абе оди до крај. да, убаво е да ги браниш своите ставови со факти, ама се си има граница :wasntme:
    еее така багуф4е, да си знаеш :*

    оффи, ми се допаѓа тоа што има свое јас, се држи на место, приземјена е, го бране своето мислење, без разлика кој што рекол... ми се допаѓа што си го живее својот живот и не ги рецка другите (така и треба).
    но има нешто и што не ми се допаѓаааа... некогаш знае да биде ептен ладна, груба, коментира со 3 збора само, ама доволно да те залепи на ѕид и да направи да се почувствуваш непријатно. не ми се допаѓа тоа што е гооолем инат (оффи има ситуации во животот каде мора да бидеш барем малку попустлива), и омекни го тоа твое срценце, па женско си да му се сневиди :lol:
    нема лутиш :!: :*

    гоу, хммм... се е кажано :rofl: еве со смајлито...
    ми се допаѓа тоа што секогаш е позитивна, ми ја пренесува енергијата. има смисла за хумор, секој нејзин пост држи место. ми се допаѓа тоа што никогаш не пишува колку да има напишано.
    е не ми се допаѓа тоа што, ако не забележавте, нема споделено ниту еден интимен момент од нејзиниот живот :!: себична е :D страшно ме потсетува на мојата цимерка (во тој поглед) :lol:

    (ќе си кажам и за другите, не се секирајте... ќе ве испукам убаво :D )
     
    На Go-Girl и baguf4e им се допаѓа ова.
  17. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.903
    Пол:
    Женски
    Да, али разликата е што има одредени девојки кои имаат помалку од 500 мислења а постовите им се стварно добри, па заради тоа не можам да ги анализирам во другата тема бидејќи го знаеме условот- над 500 мислења.
    Плус овде можам конктетно да кажам што ми се допаѓа а што не кај форумџиката, а тоа да бидат 2-3 реченици само.
     
  18. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.361
    Се согласувам со бројче и старфиш потполно ... секоја форумџика ја сакам на посебен начин некоја поише некоја помалку ... една само малце на нерви ми гази ама не сум ја приметила во последно време 8)

    инаку некогаш лилит знае да биде дрска и ладна ... сепак јас ја почитувам и имам убаво мислење за неа но не мора да е секогаш наострена ....

    ми се допаѓа кај гоу секогаш позитивна ... бројче кажа негативност се согласувам ...

    кај лолипоп не ми се допаѓа што и она знае да е дрска ако не е расположена понекогаш а не е таква кога ке се подсмири :lol: ... Оффи исто така ама веќе сум и кажала и ми се допаѓа што не е партиски определена ...

    кај трендафилка туто комлето ми се допаѓа секое мислење и став а одамнааа ја следам .. немам ни една негатива (освен не знам животни дали мразеше она ) :?:

    и не ми се допаѓа што во некои теми ставате огромниииии сликиии и коа ми е поминат нетот не ми ги отвара ... ама тоа е до мојот нет сепак не е до вас :wasntme:

    Боависта има најубави аватари и убав вкус ...

    Па пукајте ме и мене хаха :)
     
    На BoaVista, Lolipop23, Lilit и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.811
    Допаѓања:
    2.101
    Ке искоментирам само за две од вас кои ми имаат привлечено внимание, 1 во позитивна и 1 во негативна смисла...

    Позитивната ми е rossonerka и ме зачуди што е со сино цветче, затоа што сметав дека е една од поактивните овде на фортумов, ама изгледа во последно време станала активна, инаку од април е регистрирана...Баш ми е фина, што знам, со многу од нејзините постови се согласувам...

    А lacrimosa ја приметив кога дискутираше на темата ПРОСЕЊЕ, и многу ме нервираа нејзините коментари таму... Мада немам ништо против неа, ама од тогаш ја приметив и ја препознавам на форумов...

    За останатите кога ке ве проанализирам малку подобро ке ви кажам каков впечаток сте ми оставиле, сега за сега неутрално :)
     
  20. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.822
    Пол:
    Женски
    lilit, ја почитувам ептен, и да, се согласувам со теди дека знае да биде понекогаш ептен дрска :lol: ама карактер, јебига :lol: каква је, таква је, си ја сакам :*
    нејзината дрскост ја ставам и во ми се допаѓа, и во не ми се допаѓа. (зависно од ситуација)

    трендафилка - секој нејзин пост го обожавам, и нема шанси а да ја прескокнам со читање :angel:
    ми се допаѓа тоа што секое нејзино изразување е подржано со тон емоции, кои ги чувствувам во нејзините зборови, реченици...

    виножитка
    - своја на своето 8) , ми се допаѓа што е издржлива, стрплива, упорна. понекогаш настрана, но секогаш со добар коментар. ама знае и да те залепе некогаш :D

    теди - весела, забавна, во последно време добро расположена, се бори за успехот, и пред се стабилна :!: . не ми се допаѓа само кога е тажна (иако имаме такви моменти), а некоја нејзина особина која ептен ми гази на нерви, немам приметено :?: . ама ќе ја фатам некој ден :lol:
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.