1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што ми се допаѓа, а што не кај одредени форумџики?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од BoaVista, 25 октомври 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Ајде и јас малку да пукам, ама мааалкуцка само, затоа што не сум толку долго на форумов за да успеам да најдам толку негативности. Сепак чисто теоретизирам врз основа на лично создадени впечатоци. И не ме тепајте, јас сите ве сакам, ве сонувам дури бреј! ;)

    Оффспринг - ти си ми прва, како највпечатлива и веќе и ти реков еднаш. Бравос за тоа дека си директна, некогаш и премногу ама тоа си ти. Паметна си, и ако ти се точни годините, зрело размислување имаш. Искрена си и искреноста во овој свет исполнет со лаги е реткост и јас лично многу ја ценам. Мислам дека за жал животот / или пак некои тешки ситуации те натерале да си малку посурова и негативна, или пореална да речам. Малку од песимизмот по мое мислење би можела да скратиш, сепак си млада и животот е пред тебе, никогаш не знаеш кога ќе се сврти тркалото, а можеби веќе и се врти, којзнае ;)

    Багуфче - мислам дека си едно страшно мило суштество, знаеш да помогнеш, ми се допаѓа што ни ги толкуваш соништата - браво за снагата. Ама мислам дека си многу чуствителна, дури и премногу и се случува ете некогаш да сфаќаш лично поинакви мислења и кога некој ќе те пецне, реагираш како еж - подготвена да боцнеш. За среќа мислам дека лутината брзо ти поминува. Не си злопамтило. Ете ова со чуствителноста би било единствено нешто негативно, ама земи го како совет повеќе, за твое добро не чини да се сфаќаат лично некои работи ;)

    Вајлд Чајлд - абе ти мало мало ама паметно! Ненормална интелигенција, рационално размислување, аргументирани ставови - се на едно место. Одлично! Минус имаш што си го замараш главчето некогаш со премногу песимистички филозофии. Абе не вреди, живеј си го животот наполно, оди досаѓај со клик - клак ако треба (ок, знам дека ова веројатно нема да го правиш :lol: ) ама поентата ја разбираш нели? И огромно браво за музичкиот вкус! ;)

    Трендафилка, Џули и Бокичка - немам негативности или барем засега не сум забележала од вашите постови. 5 со 3 ѕвездички ви давам за изградените ставови, за тоа колку сте ми интересни, посебни, зрели...абе женски и пол.

    Гоу, БиЈу - да не продавате позитивна енергија на кило? Дај кажете на која тезга да ве барам :) Ептен сте ми весели и ведри. И тоа ми се допаѓа кај вас.

    Лилит - посебна си. Да не се повторувам со она што другите го рекоа, да, ладна понекогаш ама мислења на место. Абе спушташ у секунда. И безброј пати си ме насмеала заради тоа. Нема трте мрте кај тебе, риспекат! Што би рекол Тони Зен :)

    Ајде толку засега, а има еден куп форумџики кои ми се драги, и сакам да ги читам, да разменувам мислења, да дебатирам на културен начин и ми се допаѓа тоа што тука има квалитетни ликови за такво нешто.
     
    На BeYourself, Wild.Child, julie77 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    интимности не кажувам :x епа епааааа......доста е за симпатиите што зборам бе :lol:
    и во реалниот живот не зборам за интима освен со 2-3 поблиски другарки, за другите мојот љубовен живот е повеќе или помалку мистерија :D
    и јас се согласувам :D , ама баш и не сте ми нашле голема негативност добро е :whew:
    НЕ продаваме туку ДАВАМЕ :D
    вака со раширени рачиња :hug:
     
    На BeYourself му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Најпрво едно големо благодарам до Пирамидката ;)

    Јас ќе напишам само за три форумџики кои ми оставиле посебен впечаток на форумов. Ги читам сите, но нив три посебно си ги издвојувам, затоа што ми се најинтересни...

    И да, нема да има ништо што не ми се допаѓа подолу во постот, затоа што овие три девојки, според мене се прекрасни :)

    Џули - Морав да почнам со тебе :D Изградена личност, со цврсти ставови. Стабилна, паметна, реална. Емотивец кој знае да се контролира (нешто како мене). Свесна за тоа каде живееме и како живееме, но не се предава, до крај се надева... Ги познава вистинските вредности во животот и ги вреднува! Толку многу ми е драга се чувствувам како цел живот да ја знам...

    Пирамидка - Е многу си ми мило бе Пирамидче! Прекрасна, позитивна, емотивна, весела и забавна... Цврсто гази на земја. Си има свој став, но не сака да се наметнува! Нејзино си е да го каже, а ти сега сфати си како сакаш. Сака забава и животот го гледа од поубавата страна! Па така и треба! Остани ми позитивно египетско пирамидче :)

    Трендафилка - Страшно приземјена девојка, помирена со реалноста! Девојка која знае што сака и тоа и го зема! Својот став има да ти го наметне, ама со факти! Кај нејзе ништо не поминува туку така... Девојка без пардон! Прекрасни мислења, реални пред се и секогаш со мала доза на емоција :lol:

    Реални девојки, сите три! Реални и прекрасни!

    Останете такви!
     
    На lloovvee, julie77 и Phyramide им се допаѓа ова.
  4. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    Иако не сум многу од оние типови кои користат "милата таа" или "драгата таа","убавата она",сепак сите форумџики ми се драги,и иако не сум можеби многу активна со постови (кога-како) сакала или не,некако ми станавте секојдневие,на форумов владее некоја позитивна атмосфера благодарение на девојките што секогаш се пријателски расположени за шега,смеење,и несебично помагање секогаш кога некому му е потребно.Сите што се активни па и тие што не се, ги читам кога можам,а барем еднаш дневно секогаш можам :D
    Освен троловите кои се појавуваат одвреме-навреме,кои понекогаш знаат да бидат и забавни и да ни дадат пример какви НЕ треба да бидеме, ништо не ми смета кај форумџиките,едноставно,колку луѓе-толку карактери,и верувам дека сите се искрени,барем од она што го читам.

    Извинете што сум оффтопик ама еве се сложувам со горенаведените карактеристики на форумџиките кои сте ги опишале,а може и пак ќе навратам пошироко да се произнесам. ;)
    :* за сите.
     
  5. Shila89

    Shila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    204


    И јас исто мислење имам :) Сакав да ја додадам и Лилит :$
     
  6. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Не сум баш староседелка на форумов :D па затоа и нема да дадам поопширни мислења и негативности,но вака кратко ќе си кажам:
    Hipica - Иако знам дека не е од Скопје,јас си ја замислувам како една моја блиска другарка,со свој посебен стил и на облекување и на однесување.Баш онака хипи! Интересна девојка :D
    Lilit - За неа имам и претходно кажано во друга тема дека ми се издвојува со начинот на пишување,секогаш ги читам нејзините мислења.Дефинитивно девојка со свое ЈАС,цврст став,уникатна.Тоа ми се допаѓа.Многу ја почитувам.Само не ми се допаѓа кога е малце дрска према некој кој ќе отвори тема која се повторила или која е непотребна,мислам дека тие се нови и не се снаоѓаат баш ама и од друга страна треба малце повеќе да прочитаат пред да отворат и кажат било што.Убаво е што е тука кога треба да се искара некој,заслужено! :!: :D
    Go-Girl -Прво да и кажам дека аватарчето ми е омилено!Така си ја имам научено и ја баш ми има оставено впечаток и мислам дека е како девојчето на сликата,мила,природна,чуствителна и харизматична.И дефинитивно се сложувам со сите мислења за неа пред мене дека шири позитивна енергија!

    ...ќе си додавам уште неколку форумџики :) to be continued... :hai:
     
    На Hipica и Go-Girl им се допаѓа ова.
  7. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    381
    Ај малку и ја да пукам.... ;)
    Сите сте ми некако интересни..некои повеќе некои помалце...немам омилени ама имам кои редовно ги читам...

    Phyramide Не бев многу активна ама ве читав редовно..Пирамитка не ја имав приметено покрај толку поста и плус добри се додека не отиде во Париз :$ Оттогаш ја пратам редовно...и можам да кажам дека ми е една од најпозитивните на форумот....Интересна ми е ептен за читање иако е малку постара ја мислам дека е 20годишна...ми се свиѓа што нема табуа во сексот, отворена и секогаш спремна за дружење и за добар коктел ( алкохолен ) обожава журки и добра музика слуша....Немам нешто негативно во неа....

    Jullie77 Кога првпат се зачленив ја запознав неа...И оттогаш ми има оставено добар впечаток...Си имаме сличен проблем се бориме со јарците :devil: не е проблем ама нешто е... Чим е во врска со јарец до сега сигурно има научено што е стрпливост и дека само трпение е спасение што би рекла Хипица.....
    Џули ја замислувам како ептен згодна и добра....Мила ми е ептен...а и паметна...има и на една тема исто што многу се согласувам со неа а таа е врска со од различна вера...абе на сите што пишале на сите им има одговорено да не влегуваат во таква врска :clap:

    Трендафилкаа.к.а.Тренди е моја генерација можеби 1 год постра....и ми е девојка на место...каква што секоја би требала да биде...многу е интересна во опишување на секојдневието и на нејзините блиски.Паметна е. И ја замислувам како секогаш средена ништо да не и штрчи како скопските шмизли ама во позитивно оние оргинал прави што се а не овие што сакаат да бидат...Исто кај Тренди ми се допѓа што има добар вкус за музика сака Дџеи а не фолк и турбофолк :puke: Тренди е девојка што мора да ја приметите во друшво верувам дека е најгласна. Нема негативноости

    Go-Girl Гоу сто така од пред некое време ја приметив на форумов иако е доста стара ама сега си ја читам редовно...Гоу ми е позитивка со тапа што би рекле скопјанките....Највеселата и најубавата опишувачка на форумот и што е најдобро што секој пост и е на место не филозофира без врска....Интересна ми е ептен и ме насмејува многу со нејзиините постови кои се жива истина али убаво стокмени во едно ...И ја приметив како другите дека не пишува интимности и како она што вика најголем број мислење и се во кафе муабети...аа да Гоу е парти девојка и сака многу алкохол :rock:

    ЛиЛит Девојкава иако е помала ама ми има оставено многу впечаток...Перфекционист е...И доста паметна понекогаш дрска ама така и треба со некои...кој како си ја нареди ....Постовите секогаш и се на место и се што ќе каже е вистина...обожавам да ја читам, ме насмејува редовно...доста паметно девојче е...стварно секоја чест за неа....само така нека си продолжи ;)

    Уффф се распишав...доста е за сега....другите утре а и касно е... :* :* :*
     
    На Go-Girl, julie77 и Phyramide им се допаѓа ова.
  8. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    ајде еве ќе кажам нешто за данилела, заштитното лице на форумските игри. :)
    ми се допаѓа тоа што во себе има доза на резервираност спрема форумџиките. ми се допаѓа тоа што си се почитува самата себе ептен, и си се држи на своето. не сака да влегува во конфликти, и кога ќе влезе во таква ситуација, онака мирно се повлекува со неколку зборови, едноставно не ја разгорува дискусијата до висок степен.
    не ми се допаѓа тоа што не е многу активна по темиве (иако последниве неколку дена гледам се активира), иако забележувам дека девојката има што да каже.

    пирамитка, една и единствена. полна со ентузијазам, страст, авантуристичка душа, интересна за читање, а сигурно уште поинтересна за држење.
    едноставно се ми се допаѓа кај неа (барем сега за сега) :$
     
    На Danilela и Phyramide им се допаѓа ова.
  9. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Значи морав да ја искоментирам Вику. Не ми се допаѓа тоа што изгледа дека на форумот се зачленила само за да ги брани партиските бои и да се докажува, не ми се допаѓа ниту иронијата во нејзините постови, незнам зошто, но имам чувство дека е тука само да провоцира. Не ми се допаѓа тоа што нема свое мислење, повеќе ми личи дека е портпарол на власта.
     
    На nesa, LilMissBossy, Offspring и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Лилит ми оставила добар впчеаток -женска со интелект, памет и либерална цура, што знае што прави и што пишува.
     
  11. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Хммм... за мене некако многу воздржани :)
    кај Сесилија ми се допаѓа тоа што има доста познавање за модата, а не ми се допаѓа што понекогаш знае да се вмеша и да искритикува без да знае што се случило.

    Ја избрав Сесилија не знам од која причина... ;)
     
  12. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    јас ќе набројам неколку кои ми имаат оставено впечаток..само со збор-два
    пирамитката жена полна со совети и убави зброви, секогаш знае да ги насмее другите околу неа..дружељубива, добра љубезна, едноставно прекрасна :)
    гоу девојка со многу добри мислења, за пофалба е .. многу сака алкохол и сака забави на чет, таа е главната организаторка...ама кога ќе ја изнервириш одма може да ти докаже дека навистина таа е во право ..
    лилит добра девојка, со супер мислења кои секогаш се на место.. понекогаш е избувлива и8 се нерира ама јас би и рекла да не се нервира толку млада .. секогаш знае да даде совети .. дружељубива е и ги мрази троловите и оние што отварат непотребни теми ...
    лоли ептен добра девојка која секогаш е таква-каква што е .. многу дружељубива и можам да кажам дека понекогаш многу се нервира за тие што отварат дупли теми, а тие кога ќе почнат „ее, каква подршка бла,бла“ таа едноставно ги игнорира или пак ги смирува со збровите „само сакав да кажам да не се трупат дупли теми на форумот, не мислев ништо лошо за тебе и бла, бла“ :D девојка со добро срце и заљубена ...
    теди девојката е ептен мила и многу си ја засакав .. љубезна е и не се бута таму кај што не и е местот, сталожена девојка со свој став..
    хипица порано мислев дека си повозрасна, а излезе дека си млaда :lol: , а со толку супер-добри мислења, едноставно ти се дивам .. секоја чест :clap:
    багуфче понекогаш премногу се нервира за нејзините години, а не треба ;) .. знае да ти каже кога нешто не ти е во ред, ама не те навредува
    оффи како прво многу се радува кога не треба да оди на работа :lol: .. ептен добра девојка и мила .. понекогаш знае да си биде дрска, ама сепак не ти мисли лошо .. кога подобро ќе ја запознаеш ќе дознаеш дека однадвор е лладна девојка, а внатре толку добра и мила
    вајлд, ангелчето, аннии - вас ве ставам во ист кош, многу сте слични :D љубезни, млади и пред се’ со добри мислења и созреани за нивните години, продолжете така :clap:
    сенза дури вчера дознав колку била мила и добра .. ептен добра девојка и заљубена исто така .. многу е добра и не прави разлика во годините на пријателите .. можам да кажам дека е сталожена и секогаш дава мислења на место..
    ајде толку, другпат ќе опишам накратко некои други, сега се доста
    бтв сакам да и кажам дека можеби повеќе ви ги напишав добрите особини, ама што да правам тука немате покажано некоја лоша особина :angel: :D
     
    На Wild.Child, senza.parole, Hipica и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Кај Лилит, Офспринг, и Трендафилка, ми се допаѓа тоа што немаат влакна на јазикот, се искрени, и директни.
     
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    јас се решив да ги анализирам следниве феминки, што ми оставија во последно време еден впечаток(секако повеќе е добар отколку лош :lol: :)

    дејзи искрено многу ми се допаѓаат нејзините размислувања за повеќето теми, поготово за нејзината тема *нема правда*... се гледа дека има добра душа и е грижлива особа-а таквите ги сакам :) не ми се допаѓа тоа што некогаш е многу избрзлива, јазикот т.е прстињата во овој случај и се побрзи од мозокот :lol:

    лакримоса редовно ја читам, навистина ми се допаѓа како размислува во врска со сексуалните проблеми, и за просјаците :) дека е грижлива и се обидува да им помогне колку толку(како што кажав за дејзи така и за неа, значи поштувам вакви луѓе што се грижливи за безпомошните) но, не ми се допаѓа тоа што ми е малце повеќе националистички настроенка :P и малце груби зборчиња користи за неистомислениците како нејзе (во овој поглед) воглавно, ми се допаѓаат сите други нејзини размислувања

    боависта
    девојкава мислам дека е една од поновите ако не се лажам, бидејки не сум ја приметила пред месец дена-два! ми се допаѓа девојкава, нејзините размислувања, начинот на изразување, современа особа! нема нешто што не ми се допаѓа кај нејзе... можеби малце да биде потрпелива срема другите... во многу ретки наврати сум ја заприметила да избувне...можеби во фамозната тема за пасошот само :)


    блонд
    девојкава ми е преинтересна :lol: многу си ја засакав, не знам интересно чоече ми е, ново светло му даде на форумов одкако дојде, барем мене така ми делува! позитивна е, знае да те насмее со постовиве... немам замерка во врска со нејзината активност тука, освен една замерка, што повеќе е на приватна база-не биди толкав инат ;)

    се надевам дека нема да ми замерите :* ова се само мои сваќања
     
    На Lacrimosa, blond, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Кај Вајлд Чајлд не ми се допаѓаат нејзините тмурни денови. Слично и кај Багуфче.
    Не за друго, мене не ми пречи, ама ужасно ме потсетува на периодот кога јас бев тинејџерка и толку самосвесност и секирање не е на арно.
    Баш онака е мачно. А никој не заслужува.
    Ама кој е виновен што се толку реални и умни и двете?
    Сами сте си криви :P
     
    На Wild.Child, annnni, baguf4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Секогаш кога се вмешувам, знам што се случило ;)
    И никогаш не критикувам без причина :!: ;)
    :*
     
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Вака сега ми дојде една инспирација да ви напишам... Кај сите ми се допаѓаат и не ми се допаѓаат одредени работи. Да не навлегувам баш. Гледам ме опишувате како строга и дрска :) Јас сум таква, ама со добра намера. Сакам некогаш реално да ви ја прикажам суштината на нештата за да се освестите. Знаете, на туѓи грешки ретко кој научил нешто. Научил некој од туѓите грешки, ама ако има кој со факти и примери да му објасни. Сите сте ми мили, ве доживувам како едно огромно виртуелно семејство, каде што сите гледаме да си помогнеме и никој никому не мисли зло. Еве сега паѓам за спиење, ми треба сон, ама без да ја отворам фемина нема шанси да заспијам :)
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Зошто пак јас стекнав вечаток дека сме врснички?!Или те побркав со некоја друга?!
     
  19. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Еден период воопшто не бев присутна на форумот и не сум ги читала баш редовно некои форумџики па затоа ќе издвојам неколку чии постови СЕКОГАШ ги читам до крај и просто кажано ги обожавам :$

    enca.69 скоро со сите нејзини мислења се сложвам, уште кога се зачленив одма ја приметив, моето двојниче :lol: немам негативно мислење !!

    Лилит има ли некој кој не ги чита постовите на Лилитка од почеток до крај ? и секој пост е незаменлив, интересен, напишан со единствен препознатлив стил без влакна на јазикот. Девојката со најбогат речник на форумов, понекогаш дрска, но сепак своја и самоуверена. Лилит rules !! Не знам колку години има,а многу ме интересира и е единствената членка која никако не можам да ја замислам физички :lol:

    Hipica Весела, опуштена,оригинална и знам дека има 18г. ама секогаш кога ги читам твојте постови некако го заборавам тој факт, да не кажувам дека си мислев дека ги имаш барем 25 :) Иза неа исто така не можам да кажам ништо што не ми се допаѓа.

    Има уште неколку форумџики за кои би коментирала ама др пат |-)
     
    На enca.69 и Hipica им се допаѓа ова.
  20. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    381
    А можда и сме врснички ( сега и ја се збунив ) :?: а можда ме и имаш помешано со друга... :?:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.