1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што ми се допаѓа, а што не кај одредени форумџики?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од BoaVista, 25 октомври 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Се согласувам за лајковите! Претеризам е, особено пак кога ќе видам дека ме поздравила некоја со која воопшто немам никаква допирна точка, ниту пак сум сврзала ред муабет. Ете тоа не ми се допаѓа. Навистина не гледам причина да се поздравуваат сите луѓе одеднаш освен за лајкови. Еднаш реков, поздравуваат по 100 души само за да им се качи рејтингот затоа што по другите теми неможат. Впрочем само таму и пишуваат, во некоја длабока тема немам видено никаде од нив мислење. Не сакам да именувам, да не излезе ете дека сум гомнојадач, ама ми боде очи ненормално. Поздравувам само кога имам некоја причина, на пример сум муабетела преку ЛП, па ете сакам да ја поздравам таа форумџика, или било која друга причина. Ама да земам да поздравам некој што немам два реда муабет не гледам причина зошто. Или пак кога ќе видам со едвај 20 мислења веднаш имаат кого да поздрават |( Искрено ми се блуе од таа патетика и претеризам, гет а лајф аман веќе...

    И морам да кажам дека пинк4евр ме изненадува :) Особено кај неа ми се допаѓа културниот пристап, кога ќе замоли за помош онака културно и мирно :) На пати ми делува преплашено, како да се изгубила во средината, но е девојче на место. Мило во ред ти е изразувањето јас не бев ни пола од тебе на твои години :*
     
  2. Incroyable

    Incroyable Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    31
    Нова сум.. Доколку би имала подолг стаж фала богу дека би се решила на критикување но, засега не знам и не познавам никого тука доволно добро за да изградам свое мислење за него. Ама морам да промрчам..

    Ненормално добар впечаток ми оставија Џорџина и Лилит. Многу сакам такви личности. Мислењата се до некаде оптимистични, од друга страна песимистични и згора на се хуморот игра голема улога во нивните постови.

    Оффспринг - ми се допаѓа како размислува. Толку искреност на едно место, не е на арно :P Шала :)

    Трендафилка и Хипица - позитивни и приземјени девојки. Совршени девојки на 21 век :)

    И досега што забележав кај Лолита777, не ми се допаѓа тоа што зборува како се да поминала а, сега нас ни вели јас во ваше време таква бев.. Со сета почит на нејзините 29 години. Ама сепак не е толкава возраст за да зборува како да учествувала во Први Светски Рат.

    Само морам да кажам. Јас не сум јас ако не промрчам некаде. :D
    Не ми се допаѓа што во темава претежо се омилени, тие што се модератори.
    Не ми е јасно ако модераторите ве пофалат и ви пишат леле, фала горди сте на себе или што ?!
    Барем јас така мислам.

    Се надевам не навредив некого :*
     
    На GeorGinnA и lolyta777 им се допаѓа ова.
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Тие не се омилени затоа што се модераторки, туку се модераторки затоа што се омилени. ;)
     
  4. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    2.426
    не ми се допаѓа што одредени форумџики се претпоуваат во нечиј карактер.. во карактерот на некоја подобра форумџика, односно не ми се допаѓа тоа што на некој начин ги копираат нивните мислења, и веке како да знаат на кој проблем како би одговориле нивните миленички и тие го прават тоа на тој начин...
    исто не ми се допаѓаат мислењата кога некоја форумџика ке пише мора тоа да го имаш, како може девојче да нема нешто такво?? или пак оние за лице не штеди? за коса не штеди..
     
    На enca.69 и Go-Girl им се допаѓа ова.
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Не ми се допаѓа тоа што се оценува нечиј карактер по само еден прочитан коментар. Колку што сфатив целта на форумот е забава и едукација, а понекогаш подобро е да ги дознаеш на туѓите грешки отколку да ги проживееш истите. Не ја оценувајте книгата според корицата. Јас тука никому не солам памет, го кажувам она што би го советувала своето дете.

    На располагање ја имате опцијата непријател..
     
    На Incroyable му/ѝ се допаѓа ова.
  6. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    767
    Не ми се допаѓа што некои одма создаваат слика за некого,од само едно мислење,како што спомна лолита777.Сметам дека на форумов има и доста љубомора :| Ако некоја нова форумџика се пофали дека нешто си купила или стави слика во Модни критики за храбри феминки,каде е дотерана веднаш почнува недоверба и коментари од типот "Ни дојде друга Притица |( ". Исто така ме нервира кога некоја форумџика упорно кажува дека е во право и ги навредува другите кои имаат поразличен став.Сакам луѓе кои имаат свој став,но :!: ги почитуваат и туѓите мислења иако не се согласуваат со нив. :)

    Ми се допаѓа Трендафилка,бидејќи секогаш кога ја читам има што да прочитам.Тоа што го пишува не се само два реда напишани со зборови,тоа е нејзино мислење кое има посебна магија.
    Исто така,ми се допаѓа позитивата која ја шират Гоу грл и Пирамитка. :) И исто така кај пинк фор евр многу ми се допадна што покрај тоа што повеќе пати беше нарекувана спамер и нејзините мислење беа критикувани,таа не не напушти и се подобри. :*
     
    На blueeparadise, wolf4e и Go-Girl им се допаѓа ова.
  7. Incroyable

    Incroyable Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    31
    Несакав да ме сфатиш погрешно. Уште на почетокот кажав, не познавам никого доволно добро за да го искритикувам. Кажам дека ДОСЕГА сум забележала.. Тоа е тоа..
     
  8. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    за фемина дознав сосема случајно ми се допадна и се зачленив,еве веќе 7 месеци опстојувам по форумов со корисничкото име стилас7.јас и по други теми се имам изјаснето дека секој ден читам нечии постови и мислења но поради обврски по дома или мрза не пишувам,тоа што сум слабо активна со пишување го анулирам со тоа што има давам ѕвездички на оние кориснички кои напишале нешто што особено ми се допаднало.тоа што некој не чита нешто од мене,не значи дека јас не читам од него,и мислејќи дека дека ме имаат заприметено се случува да ги поздравам од срце за тоа што речиси секој ден "другарувам"со нив на фемина,не е со лоша намера сепак ако на некого не му се допаѓа јас длабоко му се извинувам.не би споменувала кориснички од типот на тоа дека ми се допаѓа или не допаѓа нешто кај нив,затоа што реков сите кориснички ги доживувам како едно нешто дел од фемина сите подеднакво ги читам и почитувам.верувајте прво нешто што правам на утро е да се уклучам на фемина и да видам како се подредиле мислењата од сите вас,и имам изградено некоја слика за сите за тоа која каков живот живее,што прави денес и слично.ми се допаѓаат речиси сите кориснички и во иднина ќе продолжам да ве наградувам со заслужени ѕвездички,топол поздрав од стилас7 :* .
    п.с.ќе се обидам во иднина да ја победам мрзата и да ви овозможам повеќе мислења од додичната стилас7 :emo: :$
     
    На lolyta777 и Go-Girl им се допаѓа ова.
  9. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Ми се допаѓаат Секси, Багуфче, Лукс и Тенкаи. Сметам дека често имаме слични мислења, и мислам дека добро се соглсувам со нив. Едноставно се мили и ненаметливи девојки што секогаш се обидуваат да помогнат. :)

    Исто во последно време се повеќе и повеќе ми се допаѓа Пинк, се забележува дека има напредок и дека прифаќа најдобронамерни критики и ми станува се помила и помила. :) Тука некаде сме со возраста и како што и таа самата рече некои мислења ни се слични или исти. Многу ми се допаѓа кога учтиво и плашливо ќе те замоли нешто :$ и се труди да не се наметнува. :)

    Други форумџики кои ми се допаѓаат се и Блонд, Офспринг, Трендафилка, секогаш позитивната Пирамитка и тие се отприлика.. Ах, како ги заборавив ФБИ и Дафне, тие се нашето форумско освежување и баш почнувам да ги ценам девојкиве, зашто имаат изградено свој став и имаат интересни мислења.

    Има некои поединости што не ми се допаѓаат кај одредени форумџики но тоа го сметам како најнормална работа, зашто сите имаат и свои негативности. Нема некоја посебна особина што ми паднала во очи. :*
     
    На FBI и Lux им се допаѓа ова.
  10. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Не ми се допаѓа кај одредени форумџики што кога една ќе каже нешто, после неа 10 форумџики го повторуваат истото, и немаат свој став за нештото. Сум приметила на повеќе теми од поодамна не е нешто ново од сега.
     
    На FBI, 2468, budala.sum-pa.sto и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Јас да кажам ми се допаѓа забавната поезија на Георгина :D (кога ќе напише некоја песничка за 5 минути смислена ама смешна и забавна, а вистинита)
    Ми се допаѓа револуцијата која ја покрена росониерка во мода и стил :clap:
    Постовите на Дафне кои се на интересен стил напишани, реални, а воедно интересни за читање. :)
    Ми се допаѓа и желбата и трпението на Благувче да ги протолкува сите сонови ;)
    Морам да ја споменам Шилеа која буквално си тера свој филм и никогаш во постовите не посочува некоја форумџика ниту пак се обидува да реплицира и да создаде тензија и кавга....а воедно е премногу талентирана и креативна, па не е себична и овде со нас ја споделува поезијата. :)
    Милината и благородноста која ја има Ана :!:
    За мене најзанимливите постови на Пирамида што ги читам без да трепнам :D
    Анализите на Трендафилка во неколку теми....како што е темата - машки во скопје, шопинг во солун и сл.

    Имам уште работи за кажување ама во нареден пост ;)
     
    На rossonerka, FBI, baguf4e и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Ајде после пола година присуство на форумов да пишам што ми се допаѓа а што не, иако веќе за некои за мене највпечатливи форумџики пишав.

    Значи општо гледано, поготово кога гледам дека знаеме како мисирки да се раскрекаме на некои теми, многу ценам и почитувам реално и културно дискутирање. Кај одредени форумџики тоа ми е и причината зошто ги читам - цврсто изградени и изнесени ставови, јасно и гласно кажано што е мислено, а сепак на многу пристоен и културен начин. Кај овие девојки исто ми се допаѓа што знаат прекрасно да прифатат спротивни мислења, да ти е милина да ги читаш и конструктивно да се „караш“ со нив едноставно. Горе доле си знаете кои сте да не ве набројувам. Морам тука да ги спомнам и Росоњерка, ФБИ, Ливинг Глам (душето), Боа Виста...едноставно сте ми неверојатно културни и мили, и таа жичка кај вас на смирена дебата без лично навредување ми се допаѓа ;)

    Е сега има и голем бран на форумџики кои милуваат во СДК да си напишат се што правеле во дадениот момент. Не ми се допаѓа што таа тема се претвори во еден вид на фејсбук статус: мочкав, какав, се цункав со милиот, имавме секс, па немавме секс, му зготвив, тој ми зготви, сега одмарам, каде е да ми пише на фб, леле ме испрска кола, леле врне, леле овде отидов, леле онде отидов, леле се вратив. Мене ми се многу здодевни таквите дневни извештаи, и тоа 5 пати за ден, без навреда |(
    И за крај конкретно ми текна дека има нови форумџики кои се појавиле тука изгледа само за да се караат и едноставно уживаат во некоја садо мазо дебата со скоро секоја форумџика каде што гледаат шанса на најиритирачки и најпрост начин да удрат контра. Неизградени ставови, зборови на купче кои не даваат една нормална, осмислена реченица. Да не бидам типична жена и да ги именувам работите без вртење, конкретно Ашлинг ми е таква и тоа кај нејзе не ми се допаѓа. Само напаѓа и везден бара некакви конкретни одговори од конкретни форумџики а притоа не знае според мене да води дебата на нормален начин. Едноставно ми шири некоја напната атмосфера каде и да се уклучи во муабет.

    Епа ете толку од мене :)
     
    На Danilela, rossonerka, bittersweet и 4 други им се допаѓа ова.
  13. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Моите најомилени женетини и врапците знаат кои се, причината е едноставна и јасна, нудат нешто што го привлекло моето внимание,без разлика дали е добро или лошо поткрепено е со вистина и факти.Понудиле мислења кои кај мене предизвикале насмевка,размислување,согласност,негирање,клештење до солзи...предизвикале нешто што не било зевање!

    Не ми се допаѓа умилкувањето и лижењето г*з,а колку го има тоа на форумов,искрено ги надмина сите мои очекувања.Јас сам просто изненаѓена :o

    Не ми се допаѓа тоа што ако си искрен стануваш лош и завидлив, ако ќутиш ...еми ако ќутиш поарно не се ни зачленувај! Мислам дека сепак е форум место за развивање на дискусија,а не место кај што само ќе си климаш со главчето пред монитор и ако не се согласуваш со нешто ќе си голтнеш кнедличка,само за да бидеш добар :angel: Тука сите ги сакаш,ако реално додека читаш нешто превртуваш очи ја замислуваш дотичната девојка со свиткано вратче :x

    Ете тоа не ми се допаѓа,лигавењето,тупењето во место ,губењето на сопственото јас некаде меѓу редовите,обесувањето со досадни и глупави работи кои не ги интересира никој аман.

    Нормално дека ова се однесува на поедини членки и секоја чест на оние кои едноставно му даваат живот на форумов.Секоја чест на оние кои се јасни,гласни,искрени,позитивни,негативни...ама пред се оригинални!

    Во друга прилика и позитивните работи што сепак го надминуваат сево ова...ама сепак другпат ;)
     
    На Danilela, senza.parole, FBI и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Мене срцекршачка многу ме нервира. Пишува на сите теми, без разлика дали е компетентна за тоа, има многу мислења кои се несодржајни. И ме нервира што во СДК пишува цел ден како и поминал, или го цитира цел разговор со некој дечко и сл.
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  15. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.180
    Допаѓања:
    23.862
    Во принцип не се потресувам многу за форумот и со тоа кој што мисли за мене (ова искрено) :) Не сакам да се упикувам и го користам форумов од практични причини (да дадам помош, да побарам помош).

    Ми се допагаат девојките кои конкретно одговараат на некое прашање или даваат конкретен совет.

    Не ми се допаѓа што понекогаш премногу се истакнува должината на членството за да се докаже нешто. (како да е тоа релеванто) и не ми се допаѓа што некогаш имам чувство дека одредени членови читаат само одредени постови (од неколку девојки) а се друго *скокаат*.
    Исто така не ми се допаѓа буквално мавање со глава во ѕид (во дискусиите за Политика), и членови што не согледуваат реална ситуација туку *се држат до своето* буквално по секоја цена. (и само за да биде ЕЈ, ја последна пишав, јес)

    Како и да е, помиувам одредено време од денот тука, а тоа значи дека е пријатно место за мене и се надевам дека така ќе остане :)

    едит- многу работи дознавам од тука и многу работи имам и научено :)
     
    На la-chicka, Phyramide, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  16. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Ја имав забележано оваа тема од порано и искрено сакав да го истакнам моето мислење во неа, но се премислив. Мислев дека можеби избрзано сум донела некои заклучоци и дека со тек на време тие ќе се сменат :?:. Но сепак и после некое време јас сеуште го имам истото мислење...

    Првенствено не ми се допаѓа тоа што некој невидлив авторитет владее на форумов. Има неколку “алфа“ форумџики и има нивни верни поданици :) Секое мислење кое е спротивно од нивното се смета за грешно, одма креваат галама и настанува неред по темите :rofl:
    Новите членки на форумов не се достојни да им се обратат и да добијат соодветен одговор.... |(
    Е ваквите работи ми пречат и ме иритираат многу! На форумов има многу паметни жени/девојки кои таа своја особина ја истакнуваат по мирен пат, а не со караници и безполезни дискусии ;)
    Не бидете сомничави и непријателски расположени кон новите членки....и кажете го своето мислење без премногу да осудувате :) Ќе си се пронајдат

    Сепак на форумов се пресретнав и со прекрасни ликови, пријателски и дипломатски расположени. Таквите форумџики го даваат позитивниот дух на форумот, оној кој ме расположува и кој ја буди мојата креативност :) Не ретко се случува да ги поздравам по ЛП и да им посакам убав ден. Се знаат самите кои се :*
    Продолжете со креативните и позитивни постови, се случува да ми го разубавите денот со вашите поетски мисли :inlove:
     
    На glow, 2468, LivingGlam и 14 други им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.517
    Не ми се допаѓа лицемерноста на некои форумџики кои лека полека си изртија и си го истакнаа тоа што си го криеа.
    Исто така не ми се допаѓаат оние кои не можат да поднесат контра размислување и го сфаќаат како карање.Ма ајде...го сфаќам како неспособност да се брани сопственото размислување,како незнаење да се дебатира,а секоја дебата е таква,остра.Не ми се допаѓа што лично ги сфаќаат работите,па го разбираат како некој да сака да доминира,а останатите му се следачи...глупости.
    Се друго ми се допаѓа кај сите форумџики.Во принцип,се можам да прифатам,освен лицемерие,немоќ,бацнување на задници,лаги,менување на ставови као камелеон и лечење на фрустрации врз други,а има неколку такви,ако се пронајдат нека ми пишат,ќе продискутираме.
     
    На FortuneTeller.xD, 2468, Strumfeta93 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Cамо ќе кажам нешто!
    мене искрено тие Cпецијални поздрави не ми се допаѓаат и готово!поготово кога ќе видам листа, ко на уписи на факс :D Jас сфаќам сакаш да поздравиш една-две форумџики ти дошло во моментот, тоа се е ок, според мене за тоа е таа тема, а не да ја силуваме :lol: затоа премногу ретко ја отварам, а и уште поретко поздравувам, зашто мислам дека таа ми е најлицемерна тема на форумов. без навреда :)
     
    На antonina, Hopeful, FortuneTeller.xD и 3 други им се допаѓа ова.
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Мене ми боди очи тоа исмејување на нечиј пост, па каков и да е.
    Мислам личи ли на нешто цитиран пост од некоја форумџика и доле само смајлиња :^)
    Ако имаш да додеш нешто додај, ако не смеј си се зад мониторот колку сакаш!
    И не го зборам ова ради едно мое мислење кој на некоја форумџика и беше сменшно, исрено и мене ми е, но во монетов политика се полни со такви смеења :worried:

    Друга работа што ми пречи е што некој луѓе едноставно премногу лично го сфаќаат форумов и коментарите упатени до нив, ауу па лупање од земја зошто некој не ги поздравил :x и после следат тупење илјадници коментари индиректно упатени до форумџиката која витруелно ги навредила и повредила и го срушила целото убаво мислење создадено за таа виртуелна особа, па читај такви работи ако немаш друга работа :emo:

    Тука сум за да се дружам ВИРТУЕЛНО со непознати девојки, да разменам искуство, да примам или да поделам совет, да ги читам прекрасните мислења на многуте паметни, интелигентни и перфектни жени овде, нејќам да читам труење и лечења на комплекси од исфрустирани особи, нека си расчистат прво сами со себе таквите.
     
    На antonina, BoaVista, FortuneTeller.xD и 11 други им се допаѓа ова.
  20. All-that

    All-that Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2010
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    67
    Знам дека не сум најактивна на формумот, но јас повеќе следам, па потоа го кажувам мислењето или впечатокот. Потполно се согласувам дека контра мислењата се најнормално нешто, па сите ако бевме исти немаше да биде интересно.:) Но, буквално напаѓање на нечиј коментар па макар и во виртуелност, само го докажува спротивното од тоа дека форумот е место за искажување на мислењата слободно. Баш така, се согласувам дека секој има право на свое мислење и дека секогаш ќе има некој што не се согласува со изјавата, но исмејување и индиректно напаѓање се несоодветни. А многу мислења изјавуваат дека се против лицемерност, па мислам дека треба да ја оствариме таа цел, на добар пат сме :) :*
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.