1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што ми се допаѓа, а што не кај одредени форумџики?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од BoaVista, 25 октомври 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.107
    Форум е еднакво на дискусија,дебата...не само на празно искажување на мислења.И?!Која е поентата така?!
     
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Од самиот старт иако не сум долго тука,нема ни еден месец,ги читам сите мислења кога ќе се заинтересирам за одредена тема.Гледам дека одредени форумџики контактираат тука секојдневно подолг период и си постои блискост меѓу нив,што си е супер.Некои на макијавелистички начин сакаат да се наметнат,тоа мене не ми се допаѓа,ама сепак нивно право и избор.Факт е дека на секој нов се гледа најпрво како на странец,така е и во реалниот,па и во виртуелниот свет,треба време да му се указе доверба,да биде прифатен од веќе постоечките.Или отфрлен-баниран,ако на било кој начин претера.
    Сосема е јасно дека постои шареноликост на мислења,добронамерни критики па и отворени провокации и навреди понекогаш.Сепак,треба да се зачува достоинството,културата и цивилизираноста и да се има мерка,секое претерување не води кон добро.
    Факт е дека постовите на одредени форумџики пленат со невообичаен хумор,па и вешто изразен цинизам,некои со оптимизмот,др.со суровата реалност,но јас си ги читкам сите,без прескокнување,таква сум си не сакам ништо да ми избега,а и не треба однапред ништо и никој да се осудува,не се знае кој се‘ би успеал да помогне некому,да го сослуша кога му е најпотребно и сл.
    Јас лично никогаш не би се зафатила да давам мислења за промена на карактер ни за личност која ја познавам во реалниот,ни во виртуелниот свет.Макар и да е најдобронамерно.Ја ценам индивидуалноста,а таа вклучува доблести и маани.Некаде прочитав дека силата и моќта на машките се добива во групи и со бројност пр.војска,а нашата вредност се намалува ако ни се одземе индивидуалноста и се согласувам со ова.
     
    На eliesaab, crazylady, NelChe и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    Ми пречи недостатокот на култура и вмешување на лични навреди. Што е смешно, воедно, бидејќи никој никого не познава овде и со наврдување кое не е поткрепено на ништо друго освен на неколку поста на одредена тема, не само што е празна навредата и неиздржана, туку и повеќе се однесува на упатувачот отколку на упатениот. Зборувам за навреди кои немаат никаква врска со темата...Како на пример...„Коковчиња“ што не нарече мене и Боа, една, сега веќе се надевам, неактивна форумџика.
    Смешно е. Инаку, во принцип, има толеранција и и покрај повремените испади кои сите ги имаме ( нормално, жени сме и некогаш ја губиме битката со сопствениот наплив на емоции), тврдам дека форумот е пријатно место за дискусија. И содржи квалитетни, барем вака виртуелно, и оригинални ликови кои со задоволство ги читам... За некои менувам мислење, за некои не, но во принцип сето тоа е без многу осцилации кај мене... :)
    Имајте убав ден.
     
    На BoaVista, crazylady, Hopeful и 2 други им се допаѓа ова.
  4. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    13.392
    Во последно време многу ми смета што некои форумџики си контактираат нели на фб, мсн, скапјп, и секогаш кога ќе видат мислење на таа со која што зборат и го лајкнуваат.
    Пример јас сега, зборам со *рандомфорумџика* и секој можен пост во сите теми и го лајкнувам. Или често, форумџики со помалку мислења,пишуваат многу поквалитетни мислења од некои постари форумџики, (А тие имаат повеќе од 500/600 лајкови) а никој не им ги лајкнува. А всушност тие што имаат 500/600 па и повеќе лајкови имаат лајкови на некои брутално, глупави мислења. Тоа изгледа е последица на *скролањето*.

    И, да, во секоја добро развиена дискусија, се смета за караница, и се почнува со навреди. Ако си доволно компетентен за права дебата, тогаш не ти требаат навреди.
     
    На eliesaab, MacaLove, crazylady и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    ја видов темава листајки преска, ја прочитав и искрено се мислев дали да пишам или да си ја тргнам капата на страна и никому ништо. Сепак ќе дадам мое мислење нешто во ублажена верзија, каде што нема да именувам никој туку само конкретно.

    Малце машки сме на форумов и со оглед на тоа што е женски форум, доста добро сум прифатен. За тоа девојки :bow:, немам зборови. После 2 и кусур месеци од како се зачленив, познавам доста голем број од Вас, а исто и Вие мене, се дуржиме, се зафркаваме на чет, се тоа ок... Како и да е, не се сите така прифатени. Има доста лицемерие, има доста дури и премногу понижување насекаде низ темите, има некои кои што оставаат свое мислење без разлика што и да е, колку само да се пише нешто..Пред некој ден ја читав темата во политика каде што се почна со лични навреди итн..Па добро бе, не може да се дебатира на интелектуално ниво? Не може да се дебатира со аргументи и со факти? Ако немам што да вратам, нема да пишам...the end..Или пак мора да се пише нешто? А пак ако не сум компетентен да дадам мислење на одредена тема, не се замарам, не ме занима !!!! Сигурно нема да се стаам и да дадам совет за "каква штикла да облечам денес", како што 13 годишни кажуваат и делат ај остај љубовни "совети", туку и како требало да се однесува во брак. Ок е и тоа, нема начин да се спречи, туку само револтира, зашто како и да е се познава СОЗРЕАНО и оформено мислење !!! Нема веза, друго нешто што би требало да се потрудиме, пишувам потрудиме зашто и јас сум го праел ова, не викам не, е исмевање на мислењата....Да често има прашања кои што стварно се банални и ти се иде да се чудиш како може некој да постави вакво прашање, но сепак би требало да се потрудиме да не обвинуваме, да покажуваме со прст и да исмејуваме до степен како што го правиме тоа сега моментално. Да не ме сватите погрешно, ова конкретно го зборувам за исмејување и осудување на новите членови...А додека за тие со стаж, повеќето и се знаат меѓусебно, така да таму слободно се зафркавајте, дајте малце ремет, употребувајте иронија, дури и поинтересна ќе ја направи дебатата и дискусијата , но кај новите членки тоа нема да запали. За недопаѓање, тоа....Она што ми се допаѓа, е тоа што како што кажав запознав доволен број од вас, со повеќето комуницираме на секојдневна база, дали на чет, фб, скајп или мсн не е важно, важно има прекрасни личности, доста паметни, сме разговарале на секакви теми, со неколку од вас дури сме разговарале и по повеќе од 3-4 саати (ќе се пронајдете :rock: ), зборот ми е дека сретнав и запознав прекрасни карактери, кои што се стварно девојки на место, со огромна смисла за хумор, не би можел да кажам лош збор за вас.... !!!! Во главно форумов е добро место за дружење, споделување идеи, размислување и нормално да се научи нешто....тоа не значи дека неможе да се напраи да е уште подобро место.. Keep it up girls ;)
     
    На glow, crazylady, Hopeful и 11 други им се допаѓа ова.
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.104
    Допаѓања:
    23.643
    Да, форум е еднакво на дискусија, ама неможеш да очекуваш сите кои ке се зачленат да имаат ниво на интелегенција доволно за да се впуштат во издржана дискусија. Нека си кажуваат лугето што им лежи на срце, и така овде има многу теми кои не се баш за дискусија, туку за давање совети (одговори), и немора да се биде лицимерен кон сите кои поставуваат прашања и искажуваат празни мислења на форумов. На крајот на краиштата има помали девојки кои МОЖЕБИ не можат да ја разберат метафората и сарказмот кој го има во повеке твои постови (не само твои, ама сега тебе те цитирав, па затоа те посочив), и сметам лично дека овие работи треба да се сведат на минимум кога се одговара на некое прашање. (без разлика колку безвезе е поставено)
     
    На TennisBabe, Phyramide и shiningstar им се допаѓа ова.
  7. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Јас овде ќе го цитирам еден филизоф и ќе речам

    Не е целта да му се допаднеш на секој, целта е да му се допаднеш на некој!

    Значи форумот знаеме сите хипотетички како треба да изгледа, но реално е дека форумите изгледаат далеку од она кое што ние го замислуваме, или сакаме да биде.

    Најголемата грешка се прави кога се очекува дека нашите мислења ќе му се допаднат секому, што е невозможно, затоа што и овде како и во реалниот живот има толку карактери колку што има луѓе. Свесна сум и јас самата дека моите мислења не го задоволуваат сечиј вкус, како што и мене некои мислења не ми се допаѓаат нормално. Исто така грешка се прави кога се очекува во попикантни теми да се дискутира без внесување на чувства во постовите. Не може во политика да се дискутира на исто ниво и со иста смиреност како во темата за чај да се разбереме. Но сепак доколку се дискутира убаво, со одбрани зборови, таквите теми можат да бидат едукативни и убави.

    Исто секој си има теми каде што е поактивен, кој во тема за мода, кој во тема за музика, или еве како јас лично, во темата филм. И не можам да очекувам јас сите мислења да ми ги чита некој кој во филм темата влегува еднаш месечно. Тоа е најнормално.

    Друго,пробајте да ги разберите тие што се поодамнешни феминки, кои си контактираат и настрана од форумов, нормално е тие да си имаат нивни шеги кои ние не ги разбираме. Фала Богу тие си знаат тоа што значи, и затоа ние кои не сме упатени кога ќе прочитаме ни изгледа како нешто без врска напишано, но тоа не е ништо страшно, впроочем сите ние ќе си најдеме некој со кој ќе се зближиме на форумов, и кога ќе сакаме да напишеме нешто што не е сосема прецизно кон темата на некој ќе му изгледа чудно. Јас тврдам дека сите кога тогаш ќе се најдеме во таква ситуација и не е убаво да се замериме заради тоа, затоа што мое мислење кое е производ на некоја предходна дискусија е лајкнато од некој што знае што тоа мислење поточно значи.

    И да, не ги гледајте лајковите, тие не се мерило колку е вашиот квалитет. Може некој да не го прочита вашето мислење, па доколку за некое убаво мислење не добиете лајк, не значи дека тоа мислење не е во ред. Не живеете за лајк, живеете да си најдите пријатели кои ќе ве ислушаат (макар и виртуелно), и кои ќе ви го направат седењето на компјутер поубаво. Гарантирам дека темите во кои што сте поактивни, ќе се најде некој истомисленик :) Но немојте да коментирате дека има незаслужени лајкови затоа што тие што имаат повеќе лајкови си ги заслужиле навистина. Прочепкајте низ нивните мислења и ќе видите дека тие форумџивки се нашето виртуелно злато.

    Едноставно сакајте го форумов како разонода, и кога се логирате логирајте се за да си поминете убаво квалитетно време пред компјутер, а не и во тоа малку време што го имаме слободно, да се полниме со негативна енергија. Јас за феминава досега имам да дадам само една огромна 10ка, одлична е во секој сегмент. Фала ви на тие што ме исчитавте и

    Make love, not war!
     
    На BoaVista, crazylady, Hopeful и 13 други им се допаѓа ова.
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Ми пречи во последно време идеализирањето на поедини форумџики и т.н. кланови кои сите тврдевте дека ги нема, а излезе спротивното кое се докажа во неколку наврати. Знам, јасно ми е дека со одредени форумџики добро стоите, мили ви се и не велам дека ни јас немам такви, но тоа никогаш не го вклучувам активно на форумов и на никој не му лижам чмар за да стои позади мене и да ме вади во одредени ситуации. Ми пречи многу, и го има тоа. Особено во последно време. Незнам дали некои форумџики неможат да дејствуваат сами па бараат околу себе некој вид на поддршка. Имам забележано дека секогаш кога ќе се појави опасна потенцијална форумџика, ново зачленета, се вклучуваат околу неа како некој вид на бариера, ја опсипуваат со убави зборови што дури патетично звучи. Ова го има, многу... Порано го немаше до толку, имаше дружба и се тоа, но не беше толку изразено. Незнам навистина која е целта, но страшно боде во очи, можеби не сте свесни дека на некој не му е дојдено да ги чита сите тие лигавештини и идиотштини како вие многу се сакате, а најтрагично не се ни знаете во живо (?). Можеби не сте ни свесни дека на некој начин го уништувате форумов со тоа, дека на одредени форумџики поради тоа им дошло преку полов орган па престанале да пишуваат, се повлекле и сл. Потоа се чудите кога ги нема и прашувате каде се. Епа запрашајте се сами себе каде се, МОЖЕБИ вие на некој начин сте издејствувале (сакајќи или несакајќи сеедно) они да го напуштат форумов, затоа што се дојдени за да дискутираат, а не се дојдени за некакво си признание и комплименти овде. Знам дека на сите ви доаѓа некогаш да пофалите некоја форумџика и немам против тоа затоа што се случува, но лошо е кога ќе стане премногу изразено и константно се случува, уствари лошо е за форумот, а патетично е за оние кои тоа го насетиле дека тој некој дошол овде по некакво си признание.
    Пишав пред некој ден во Специјален поздрав, незнам кој колку виде, можеби бев и остра малку но едноставно е против мојата природа да преќутам кога гледам дека нешто не штима. Размислете, убаво размислете дали со тоа правите добро, т.е. си правите добро само на вас, убаво ви е на егцето, но дали му правите добро на форумот и на останатите форумџики? Дали вие мислите дека секој еден овде сака да чита патетики и изјави на љубов? Дружете се, немам против пак ќе кажам, зборувам само во мое име и во ничие друго и не ни планирам да застапувам некој друг, можеби некој ќе се согласи со мене, можеби и нема, но дружете се преку ЛП, на мсн, скајп, фб сеедно каде. Не е лошо и овде да го правите но во одредена мера, а не на секое изјави на љубов, напливи на емоции, фасцинираност од поединци и.т.н.
     
    На Buttterfly, macence85, Gordana10 и 17 други им се допаѓа ова.
  9. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    Не ми се допаѓа кога ќе се обидам да покренам дебата, а ќе добијам одговор "вкус е во прашање" :)
    *а всушност не е само до вкусот
     
    На eliesaab и Offspring им се допаѓа ова.
  10. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    офтопик:
    Што ми се допаѓа а што не кај одредени форумџики? Значи треба конкретно за некоја форумџика да напишете на што би и замерила и што ви се допаѓа кај неа! А не вака се пишува по темата општо без именување и темава ја губи смислата!
     
    На crazylady, zhap4e, emma-chan и 4 други им се допаѓа ова.
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Да, и мене ме нервира она "некои форумџики". Одредени значи одредени :!:
     
    На FBI и zhap4e им се допаѓа ова.
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Несакам да излезам алапача и да именувам, ако мислевте за моето мислење. Само погледнете наоколу и ќе ви стане јасно.
     
    На JoxyTheFreak и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  13. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.522
    Допаѓања:
    2.425
    тоа што некои пробуваат да се претстават како повозрасни од тоа што се.. на пр пишува нешто во смисол тинејџерките глупи се само они гласаат, кубат коси за него.. а она има 15-16 години :rofl:
    и ме нервира прекумерна употреба на ова смајли :roll: особено после некое мислење на некоја "понова" или помалку активна членка.. и некако со ова смајли овие со поголемо присуство на форумот сакаат да се исмеат заради нешто..
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Офи, еве јас погледнав наоколу и ништо не ми е јасно :?:

    Ти барем порано си имаш кажено јавно на темата, впрочем затоа е и направена а сега одеднаш испаѓа дека ако јавно кажеш нешто испаѓаш алапача :wasntme: ?

    Подобро директно кажано мислење отколку вртење, вртење и на крај сите да остануваат во прашалници која била поентата и метата на авторот на постот ;)

    Ако веќе сакате нешто да кажете имајте г`з и кажете (било кој), затоа е темата, а од вакви педерски постови мене искрено ми се јавува оваа реакција |(
     
    На FBI и zhap4e им се допаѓа ова.
  15. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    искрено јас мислам дека премногу се сфаќа форумот здраво за готово. па добро форум е секој си има право на мислење.
    Како и во нормалниот живот нормално е и тука да има девојки кои не ви се толку мили, кои не преферирате да ги читате, а има некои кои ете ви прираснале за срце за брзо време.
    Мене искрено повеќе ми смета кога ќе видам како се расправате отколку кога ќе видам како некој се лигави. Се тоа дебата и разговор, спротиставени мислења е нормално. Ама кога дебатата поминува во нешто поозбилно мене лично ми е многу не знам одбивно и ја добивам фацата од сесилија :D
    Се е нормално. Има некој кој повеќе сака да се лигави, некој пожустро пишува ...
    ЈАс не знам зошто толку ви смета кој кого поздравил, кој колку поздравил, кој си го раскажува денот, кој има највеќе лајкови, кој на кого дал лајк, кој со кого се дружи приватно ...
    мислам ова е форум, нема потреба од детски и глупави работи. Тука сите сме исти и еднакви. Ако ми одговара некоја тема ќе ја читам. Секој од нас што пишува не се менува. ние сме такви и во реалниот живот.
    И уште поискрено да ми рече некоја од вас тедибеар ова кај тебе не ми се допаѓа, дали мислите дека јас ќе се сменам ??? Или општо било кој друг ???
    има девојки кои си ја сакаат модата. Таму се поактивни. Има девојки кои ја сакаат литературата. Таму се најактивни. Има девојки кои се интересираат за политика. Таму се најактивни.
    Јас не знам како можете да наоѓате толку забелешки и прибелешки а притоа сите тврдите дека ова е форум и да не се сфаќа здраво за готово. Не се однесува на никој погоре туку општо.
    Не знам ни како успевате да видите кој каде и што напишал и толку да памтите. Па кој колку мислења и кој колку лајкови имал на некое мислење.
    Ние сме повеќето девојки. Жени како жени на куп се знае. Ќе дојде и до рчка и до сема и до трач и до муабет и се. Ама немојте толку да бидете ... не знам како точно да се изразам.
    Форумот треба да е наше катче каде што се одмараме и олабавуваме.
    И не знам зошто се заморувате овој заклучил тема оној заклучил тема или оваа тема личи на ова на она. Таква е. Таква ние сме ја направиле. некоја тема е заклучена затоа што така треба. Побогу тоа им е работа на модераторите. Ако згрешиле ќе се поправат. Јас не знам што има да се карам за некоја заклучена тема. Или избришано мислење. Секој може да згреши и сите сме луѓе.
    Секој може да се прави паметен и до утре може да се зборува вака или онака.
    Ајде да си оставиме форумот да ни биде убав каков што и е. И да ни биде место за опуштање. А не за постојано мани наоѓање. Сфатете дека сме луѓе. иако е анонимен форум ние го правиме таков каков што е. Од секоја негова гледна точка.
    Ди енд и тенкју на внимание. :)
     
    На FBI, sanjaeva и zhap4e им се допаѓа ова.
  16. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    На темава не прочитав ништо друго освен дигање его со позитивните коментари, и кружење као киша око Крагујевца со негативните коментари. Сите сме дојдени на форумов со една цел, да споделуваме мислења и да се забавуваме. Не ми се допаѓа тоа покажување со прст, без разлика дали е пофалба или критика. Квалитетните форумџики се познаваат во дискусиите, а не во тоа колку пати ќе бидат спомнати во некоја ваква тема.

    Со тоа се набиваат „комплекси“ (во форумска смисла на зборот) кај некои форумџики кои може и не се толку приметливи, а сепак нудат квалитет во своите мислења, па пробуваат да ги имитираат мислењата на поактуелните форумџики со цел да бидат приметени. И тогаш се добива униформирана дискусија во еден правец, сите се согласуваат, демек. Тоа обично го прават помалите девојчиња, и многу ми е разбирливо.

    Не знам која е поентата да се пофали/искритикува некој, не дека ќе се смени ако прочита некој пост овде. Тргнувам од себе, не гледам потреба да си го прочитам никот во било каква конотација, ако му пречам на некој, може да ми пише во порака, ако му се допаѓа тоа што го пишувам, си има лајкови.

    Мое мислење. :)
     
    На crazylady, FBI, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  17. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Мислам дека сите сфативме која беше поентата на постот на Офи,и дека никој не остана во прашалници ;) И многу добро си се пронајдоа сите во истиот (оние кои прават така),и сите што го прочитаа постот во моментот помислија барем на една форумџика која го прави тоа,можам животот да го ставам на облог за тоа.
    Затоа,не се правете :?: ,кога сите знаат на што се мисли.
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.220
    Пол:
    Женски
    Точно, се согласувам со Маца, само на некој му иде во корист да се прави наудрен :) Квалитетните мислења се познаваат во дискусиите, да, меѓутоа форумџика која е омилена и да каже некоја тотално глупава и лигава работа, пак ќе има не знам колку лајкови, а некој не ни го прочитал мислењето. Тоа е целата работа на фаворизирањето. И се согласувам со Саја, некој од толку што се обидува да испадне оригинален, на крај е само чиста и провидна копија. Ама ете, како во реалниот живот, така и тука, се си е исто :)
     
    На Lux, lolyta777, 2468 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Баш така.И овде има лицемерие,трачарење.То је то. :)
     
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    На пример? Кои се тие тотално глупави и лигави работи што добиваат лајкови?
    Не се правам на удрена, туку стварно не сум сретнала такво нешто, па Реинбоу ако не ти е тешко те молам постирај ми некое такво мислење.
    Не ми е јасно на кого се однесуваат вашите постови за "клановите", но вие овде можете да кажете што ви се допаѓа, а што не кај одредени форумџики, а не да кажувате што да пишуваат тие во темите, а да се дружат меѓусебе "преку ЛП, мсн, скајп, фб сеедно каде". Зошто да не се дружам на форумот и темите? Забрането е?
     
    На kate21, sanjaeva, sesilija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.