Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што ми се допаѓа, а што не кај одредени форумџики?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од BoaVista, 25 октомври 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Искрено не познавам никој од форумот, тоа што мислам дека не ми е соодветно го рипам. Има преинтелгентни суштества кои сакам да ги читам. Фемина ми е како некој виртуелен дневник. Но не знам зошто се напнувате со тоа лижење газ или не знам за тоа ми се допаѓа (лајк) или не знам што.
     
    На sesilija и zhap4e им се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Бидејќи сум од новите форумџики, тогаш можеби и лично треба да ги сфатам коментарите што до сега ги прочитав во неколку наврати на оваа и уште една друга страна, Специјален поздрав. Како прво, Специјален поздрав, веројатно е замислено токму затоа, да се поздрави одредена формуџика, која ви се допаднала, не заради убавите и штикли, силиконите у градите или стегнатиот и задник, не ради тоа што одите во истите кафичи и ѕенѕате на иста музика. Не знам дал некој за некого знае нешто во врска со тоа. Тоа што гледам е секој слободно се води кого ќе поздрави и да некои од форумџиките се веројатно позабавни, некои имаат слични стилови, некои различни стилови на пишување. Некои се „патетични“ како што љубите да кажете, но форум е. Ако е ставен на веб страна и може секој да се логира значи е слободен за секој да се логира, па бујрум нека си каже што има да каже. Јас лично, кога би се откажала од форумот, како што инаку со прст посочувате кон некои форумџики ОДНОСНО веројатно имате предвид си знаат они кои си се, да не ги именувам?!? Сигурно не би биле тие, кои и да се тие кланови за кои говорите, а би биле ваквите и други слични коментари, кои што ми го збогтисуваат форумот до немај каде. Дал некој е патетичен, дал некој е досаден, дал некој отворил проста според вас тема оф, зар е битно, форум е ако не ви се допаѓа не читајте го, не му отежнувајте на човекот, не сте му во кожата да знаете што му се случува во животот, за вас патетика да, но за него токму овој форум е лечење на се што сака да излечи во моментот. И ретко кој се приклучил бидејќи има вишок слободно време во животот па не знае како да го исполни. Секој имал конкретна намера и цел, како што јас дојдов не за друго а УН диета. Но, да видов други теми, кои ми се допаѓаат исто така. Секоја ѕвездичка, кога веќе постои и таква опција да се делат секој ќе ја даде кому сака и негови се причините зашто и како. Ако тоа е проблем, тогаш укинете ги ѕвездичките нека не им се бројат на девојките, нека не бодат очи, укинете ја темата за специјални поздрави и пак нема да боде очи взаимната им љубов и форумско сакање. И впрочем да не има правило против дружење и од каде тоа сигурно дека девојките не се сретнале некаде на кафе, ако веќе се зближиле тука...или и тоа е забрането.
     
    На crazylady, innablood, FBI и 6 други им се допаѓа ова.
  3. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Мислам дека никој не рече дека нешто такво е забрането,или слично,туку само кажаа што не им се допаѓа.
     
  4. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Јас би рекла ОЛАБАВЕТЕ , онака во мој стил ;) .
    Незнам зошто упорно некој се труди да направи нешто што е невозможно да се направи од еден ФОРУМ.
    Форум , место за муабет. За дружба , виртуелна.
    Да да , муабет. Без разлика дали е корисен или бескорисен.
    Некој се зачленал за квази муабет , некој за да добие совет , друг за да даде совет..уатевр.
    Незнам зошто упорно се трудите да го направите форумов досадно место , исто ко општеството надвор.Напнат само со озбилни тема и муабети од научен карактер. Ко социјални работници да сме. Побогу.
    Оставете нека е спој на карактери. На интелегентни и помалку интелегентни форумџивки.
    На лижала и на помалку лижала. Сите заедно го креираме , нели ?

    Што се однесува до клановите , ги забележав на почеток дека има некакво оградување кон нови членови..онака некој мисли дека само затоа што СТРУДИРА НА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ знае се.
    Истото е во сите теми. Глумење курназ , ау..нешо иронични коментари ...бла бла.

    За лајковите и слично , не се курчете. Тоа е еднакво на лечење комплекси.
    Безвезе е да , ама ..крај краева кој на кого сака може да му дава таква репутација.
    Од икс причини , ете ако сакам на мојата омилена форумџивка ќе и оставам 50 ѕвезди и ?
    И ништо , тие истите ни во г'з неможе да си ги стави.
    И тие се за забава.

    Не заборавајте дека колку што е мој толку е и ваш форумов , сите имаме еднакви права.
    Се додека не се преминат границите , навреди , арогантност , офтопици и слично..можам на секој пола саат да си го раскажувам денот.

    ФОРУМ , шо не е јасно ?
     
    На crazylady, Gea, Angelche и 12 други им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.817
    Пол:
    Женски
    Па, на крај краева се очигледно се сведува на истото, на кој како му одговара :)
    Кој не приметил уште поубаво за него. Пак ќе си кажам, Фала Богу што може да се скрола, што има опција непријатели, па барем можеме да се лишиме од нешто, единственото што не можеме нажалост да го направиме во реалниот ни живот :hai:
     
  6. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Еве , уште една бенефиција која ја нуди форумот ;)
    Само , бедно е кога форумот и животот надвор , се на нечиво исто рамниште.
    Get a life , it's such a wonderful world.
     
    На crazylady, LivingGlam, Phyramide и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Воопшто не ми е за лајковите, ако мислиш дека ми е. Не сум дошла за признание овде, туку да дискутирам. Зошто да не се дружите по форумот? -Дружете се, никаде не реков да не се дружите, но тоа го правите претерано, на секое и константно се случува. И мене ми е мила Лилит па не ја потенцирам на секое. и јас се запознав со Трендафилка, чак и преноќив кај неа па не го потенцирам тоа на секое колку сум и благодарна и колку ми е мило што ја запознав. Таа тоа го знае. Исто и за Лудото. Да летне по некоја пофалба, во ред, но вие на секое тоа го правите, ми доаѓа ова смајли - :yawn: затоа што е ужасно досадно да ги читаш тие едни те исти коментари тие едни те исти поздравувања во Специјален Поздрав и.т.н. И да, имам забележено дека тоа се случува, и да, ќе ви кажам кои сте, можеби ќе ми фатите за зло, но да не биде педерски од моја страна и да си останам достојна на тоа што ме прогласија дека сум најдрска и директна ќе ви кажам
    Како главна ми е Пирамид на друштвото. Прво со Џули и Бокичка беа сестри и незнам ти што, ајде во ред се тоа, разбирам мили сте си меѓусебно. Потоа се појави Дафне и меѓу неа се уклучија како бариера дека е опасна интелигентна и незнам каква. Зарем ние слепи сме и не гледаме дека е интелигентна и има смисла за хумор? Зарем мораме на секое да го потенцираме тоа и со тоа да се губи смислата на темите? Потоа незнам како ти се вклучи во друштвото. Па од Тхеодора бевте опасно фасцинирани сите и на секое се потенцираше колку е интересна за читање. Во ред, интересна е и ако ви е, читајте си ја, не мора околу неа сите да и го потенцираат тоа. Потоа Мерилин Монро имаше опасна смисла за хумор. Јас не негирам дека на пример Дафне не е интелигентна далеку од тоа и дека Тхеодора не е интересна за читање ниту пак дека Мерилин Монро нема смисла за хумор, но зборот ми е да не е на секое потенцирано тоа. Потоа од интелигенцијата на Жапче бевте фасцинирани, па Старфиш беше премногу креативна. Кој рече дека не е интелигентна? Кој ви е интересен читајте си го, не му штетете на форумов со тоа на секое, пофалби и незнам ти што. Искрено да кажам, рака на срце, Пирамид мила ми беше на почетокот, но ова откако стана премногу изразено некако го сменив мислењето. Од овие кланови се расипуваат форумите, ете кој бил член на кајгана нека каже дали сум во право или не сум? Тука сме да се дружиме, да споделиме мислења, но јас искрено не сум тука да читам цело време колку одредени форумџики многу се сакаат и се сметаат за едно хепи фемили и не сум тука да влезам во некој си клан за да ме поддржуваат и да стојат позади мене, да ме воздигнуваат и фалат на секое и да ми стискаат лајкови. Воопшто, не се заморувам околу тоа, опцијата е достапна за секој кој се согласува со мене и не планирам да прибирам луѓе околу мене за таа цел. И навистина е патетично, мене барем ми е. Знам дека сега ќе ме нападнете колку не сум во право или незнам што, но ова си е мое мислење и како и секогаш јасно и гласно го кажувам.
     
    На OzzyAngel, x.Daisy.x, peperutkaa и 12 други им се допаѓа ова.
  8. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Бичед девојко незнам која ти е поентата, ама во два три наврата те читам дека имаш некој проблем со мене. Еднаш во СДК имаше сличен ваков пост во врска со мене, на уште некое место прочитав, еве сега и овде. Биди малку доблесна и напиши ми го барем корисничкото име, а не да се криеш позади излитени фрази и да пишуваш меѓу редови. Јас стварно незнам што толку си опседната со мене и мојот факултет?!? Тоа што ти мислиш дека има клан во темата политика кој се здружил против тебе, гадно се лажеш. Тие твои фикс идеи секако се резултат на тоа што во темата за политика неуспеа да си ги одбраниш твоите мислења, што се контраше со секого, па најверојатно си створила погрешна слика во твојата глава дека некој прави клан против тебе, како да ти си толку многу важна.
    Најискрено, јас тебе те забележав единтвено во темата за политика, на која очигледно немаме исти мислења и на која се препукуваме и тоа за таму остана. Ниту те повикував со патетични постови во СДК, како што ти во неколку наврати правиш, од единтвена причина што јас не се замарам со тебе.
    Ама затоа пак ти очигледно дека многу се замараш со мене :)
    Си напишала ,,Get a life , it's such a wonderful world,,.
    Епа нареден пат пред да го постираш прочитај си го два три пати во себе, зошто очигледно повеќе се замараш за други животи отколку за твојот.
    Остани ми поздравена :* И немој да заборавиш утре пак да ме споменеш во некоја тема ;)
     
  9. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Што е право Боа , секој ден те мислам.
    Кога се будам , за ручек и пред спиење.
    Awww , срцка ти <3

    Ах бре девојко , очигледно имало причина чим си се пронашла во мојот пост. Инаку сигурна сум дека како студентка на Правниот факултет , мудро ќе молчеше ;) .
    И ЧИТАЈ , реков и во други ТЕМИ. Не биди толку ограничена , во ова шаренило.

    Не си само ти , полно се.
    Ама веќе кога сама си се именува , пружам рака. По доблесна си од мене , браво.
    Да , таква си. Мислиш дека знаеш се , но не знаеш. Незнам ни јас , ни никој друг. И кога тебе некој ти контра , ти се фаќаш ко слеп за стап и вреѓаш.

    И аман веќе со овие излитениве фори ЈАС НЕ СЕ ЗАМАРАМ СО ТЕБЕ , глупости.
    Ко јас да се замарам со некој шо не го познавам.
    Ех, сите проблеми си ги решив ..уште ти ми остана. Свашта.
    Олабави и среќно со факлутетот. Колешки ќе сме можда.
    Ама јас сум од друга раса..математика , I rule.
     
  10. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Темава замина во неповрааат. :yawn:
    Ова не треба да е во критики и забелешки? :^) Мислам немам ништо против изнесеното, дури и се согласувам со некои форумџики, ама веќе аман ми е од вакви дискусии.... се едно та исто. А резултат нема, е па ќе нема нормално, кога не можеме сите да се диригираме со иста палка.
    Многу луѓе, многу карактери, многу ... многу... многу.... Чаре? Нема!
    Пополнете си ја папката таму со непријатели и ајт создравје, вие среќни, тие уште посреќни.
    Или така па досадно ќе ви биде? Ќе нема кој да ви контра аргументира. Тогаш, опет назад, ги тргате од непријатели и почнувате пак, ми смета ова... она... сакате контрола... нема повторно, дури и полошо, повеќе форумџики се насобрале, нови, нови, еден куп... и сега? Оп пак папката непријатели..... :?:
    И се така во круг, се се врти во круууг, како беше? :?: :D

    Жени, рилекс. И мене нешто ми смета, и на Перса, и на Трајана.... ама тоа е. Еднаш изнесов, 2 пати, 3 пати.... е па јас за виртуелниов ли свет ќе кинам живци, како да ги немам во реалноста.
    Ајт таму, кој како сака нека си прави, форум е.... :x
    Ред без ред, тоа е.
    Ајт приватно, можда и пак ќе навратам. ;)
     
    На Dgirlll, FBI, sanjaeva и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    :clap: :o

    Јас сум Јакуп Исафит, а вие гледате глупости во боја. Абе човек не може на раат да се избања ниту да испегла, и кога ќе се врати на форумов што да види, овде се развила дискусија бе?! :)

    Како прво браво до сите што вака убаво и ја уништивте темата на Боа Виста со офф топици, а ти Оффи чинам во историјата на твоето форумско постоење, никогаш не си била по - ОФФ отколку сега во моментот. Те читам и просто се чудам. Ме прозва и затоа ќе реплицирам, иако искрено - немам што. Нит си ме нападнала со нешто од горе-напишаново, ниту е ова суд, ниту имам причина за нешто да се бранам, бидејќи, не сум виновна. А си викав јас цело време дека сум падната од Јупитер, ама сега сум апла со антени на главава и се обидувам да фатам некој сигнал со земјата, т.е. со тебе и не ми иде бе.
    Чекај ти си сериозна? :^)
    Од сево ова го заклучив следново. Забрането е да си искрен на форумов. Забрането е да добиваш лајкови. Забрането е да си ја истураш душата најискрено. Забрането е да се забавуваш. Забрането е да кажам дали некој ми се допаѓа или не. Забрането е да кажам мислење кое очигледно се побива со сите претходни мислења. И пред се, забранета е шега. Сестри, братучетки ово оно, човече мислам дај, мало усте имам па зинувам колку што можам од чудење, верувај да бев Стивен Тајлер ќе го лапнев цел фрижидер досега.
    За твоја информација дојдена сум на форумот првично заради совет, чисто онака ако те интересира. И да дадам совет. Сметам дека со моите години и искуство можам да помогнам и секогаш сум го правела тоа. Сите со кои сум била во каква и да е интеракција срам да им е ако сами во себе не си го потврдат тоа, дека несебично сум се трудела да ублажам болка, да дадам совет, да тапшам рамо барем виртуелно, затоа што барем јас сигурно знам колку помага некогаш макар еден убав збор. И не ми е потребно за тоа што сум помогнала ако веруваш да добијам ни едно фала. Доволно ми е ако знам - дека сум помогнала.
    Понатаму нема да се дообјаснувам, не ми личи на годините и искрено смешно ми е сево ова :) Guess why? Форум е ова! Форум! Значи здодевни бевте и очајно патетични и тоа во моментов не ми се допаѓа кај вас, кај тебе. Конструирате теории какви ни Крис Канингем не прави во своите музички спотови а Спилберг може само да се инспирира. Да не претеравте малку еј?
    Јас и понатаму ќе си пишувам на форумов, и ќе си пофалам по некоја феминка која во моментот ме воодушевила со нешто што напишала, и нема и понатаму да се срамам да си ја поздравам, била тоа Вајлд, или Сеси, или Штрумфетка, или Жапче, па и тебе, што да не, те читам, и ќе пишам ако ме воодушевиш повторно со некое мислење. Ова е форум и така и го сфаќам, а не парламент каде што правиме предизборна кампања а јас сакам да соберам гласови за да си уживам со останатите сопартијци, кои и да се тие, пошто јас партија немам. Си имам живот јас каде што ми е повеќе потребно да се афирмирам, онаква каква што сум. Со име и презиме.
    А со клановите? Па да во право си - единствените кланови кои крајно ги почитував и почитувам се Wu Tang Clan и Чиста Околина. Иронично кажано но вистинито.

    Ајде сега отидов на побитни работи, бидејќи ме чека нешто многу поважно отколку вакви да не речам, шупливи муабети кои се смешни за билокој, уште повеќе за една 30 и кусур годишна девојка која мислам дека во животот поминала нешто повеќе од секирации за лајкови на еден форум, или броење на специјални поздрави.

    Поздрав од мене и пополнете си ја листата со непријатели ако сум ви здодевна, мој совет ;)
     
    На simoncelicius, glow, karak и 5 други им се допаѓа ова.
  12. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Немој ти се молам толку многу да ме мислиш ќе неможам да заспијам вечерва :)

    И да, не се именував сама, ме именуваш ти во неколку наврати до сега, само како што претходно напишав немаш доблест отворено да напишеш, со корисничко име, па се криеш зад некои излитени и веќе видени муабети.

    И за крај, не мислам дека знам се, баш напротив, ама ако ти така ме доживуваш како човек кој знае се, ти благодарам, поласкана сум. А за мојата ограниченост или неограниченост, воздржи се, зошто мислам дека не си баш комптентна да ја оценуваш. Убаво напишав, погледни малку во својот двор, пред да почнеш да плукаш во туѓиот.

    И уште нешто, имаш право не сум студентка, јас одамна завршив. Ете ти материјал за пост утре во СДК ;)
     
  13. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Најнапред нема потреба ова да изгледа како моја потреба да се одбранам,бидејќи не сметам дека имам никаква вина,ама ете да си кажам свое мислење кога веќе сум спомената.
    Еве конкретно со Пирамитката,Ливинг,Џули,Мерлин,Сеси,Лолита и др.девојки сме нашле заеднички интереси низ темите на форумот и тоа нормално дека развило дискусии и било прифатено како извор на забава за сите нас,ама тоа дека на секое постои кај некоја од нас желба за постојано фалење или воздигнување или тапкање по рамо не е вистина.И зошто мислите дека било која од нас има потреба од тоа да стои цела група зад неа и да ја брани од што и кого не ве разбирам,па не формираме пара-воени формации на форумов,побогу.Во крајна сметка сите кои бевме повикани сме сосема способни сами да си одбраниме свој став бидејќи отворено ќе кажам секоја е девојка со изградени ставови и не и треба како на политичариве актуелни,рефлексни климачи со глава во позадина :nod: и одобрувачи :up: или по потреба кога стапи опозиција на сцена испуштање на „ууууууу„!
    Мислам дека имаме многу овр-риектинг ефект и не од мува слон,туку во Јура период ми забега ситуацијава и диносауруси почнаа да шетаат наоколу.Мислам дека го видов Ти-рекс!
    Секоја форумџика си има круг на форумџики со кои повеќе се согласува и тоа не е никаков клан нити па има што некого да иритира или засега на било каков начин.Зошто некоја би го напуштила форумов ако јас се согласувам со Пирамидка објаснете ми?Зошто не ја играме партизанки версус германки?!
    Нема ни потреба некој да се оправдува никому,ама тоа дека е претерано билдањето на нашите ега,или рејтинзи,или па собирањето лајкови е навистина невистинито.Ете укинете ги лајковите од Кафе-муабети,ако сметате дека е начин на стекнување непотребно лајкови.
    И што било која од нас добила или ќе добие за да постои толкава вознемиреност-бонус на плата,К-15,ќе се омажи подобро ако има повеќе лајкови на форумов,што ли?!
    За себе ќе кажам дека и натаму имам намера да си го пишувам она што ќе ми падне на памет,без воопшто да размислувам на последиците дали тоа некому ќе му смета па ќе го напушти форумов поради тоа или ќе го импресионира,не ни имам илузии дека треба на сите да им се допаѓам.Ама па листа на непријатели не планирам да имам ни во блиска ни во најдалечна иднина,фала Богу немам никакви фрустрации од детство па чичко Фројд не го респектирам премногу,нити па таквите листи.
     
    На julie77, LivingGlam, Marilyn-Monroe и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сигурна сум дека 90 посто од нас се во пмс или имаат добиено :lol: Ајде девојки, нема никаква потреба од кавги и понатамошни дискусии. Билчето го тргнала тоа за рејтинг што е добра идеа, според мене. И еве нека ја премести специјален поздрав во насмевка да нема лајкови. Од кога се направија тие лајкови настанува општ хаос за ѕвездички. и џабе туку зборите сите ајде признајте дека си гледате кој кое мислење ви го лајкнал. :D како што кажавте сите до една форум е. ќе олабавиме малку. Ќе се средиме, ќе пројде пмс и јово наново кога ќе налета новиот менструален бран :lol:
    А ако некој така клан ептен ви се приметува, тогаш скролајте си или непријателче додајте си. Ама јас мислам треба да ни е сеедно кој што сака нека си прави.
    Тука поминуваме голем дел од времето. За некои е нромално да имаме добро а за некои лошо мислење. Ама јас не сум приметила туку така за безвезе да се делат лајкови. Добро освен во сп и по малку во модните теми :D признавам. :rofl: Нормално е и да има некој што ни гази по нерви. Нормално е и за некој што сме имале добро мислење да го смениме и обратно. Се е нормално. Ние сме луѓе од реалноста и тука сме точно она што сме - стадо оФци :D И јас си имам пријателки паааа никому ништо. Утре може ќе имам уште некоја. Може ќе сменам мислење за некоја. Кој да знае. Па може и на фб ќе ја блокнам. Замислете :D
    Сигурна сум и дека во моментов имате и други грижи поголеми од овие. И ајде одете олабавете се малку разгледајте некоја тема за храна. :wasntme: И уживајте. Форумчето си е наше розево убаво. Да не го пустиме море чупиња. 8)
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Ахааа сигурна ли си?
    Можеби некој висок паметен згоден и богат дечко ќе се залепи баш на тие лајкови, никогаш не се знае, не си играј со судбината ќе си ја прокоцкаш шансата :) ;)
    Мај џоук изнт несесери бат ај нид ит :wasntme:
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Искрено, и мене до пред некое време многу работи ме нервираа, па затоа си решив, не не, непријатели немам, ама затоа пак си читкам тоа што си сакам, гледам тоа што сакам, си пишувам што ми лежи на душа, со некоја ќе исконтактирам преку лп... и тоа е тоа. Не сум толку активна како порано. Ако треба да помогнам, ќе помогнам. Ако треба да се насмееме, ќе се насмееме...
    И што дека ќе се траќам за некој што нит го знам, нит го познавам. Секаде има секакви луѓе, затоа и во реалноста со едни живееме, други не можеме да ги смислиме, трети не сакаме ниту да ги погледнеме...
    И така си оди тоа.
    Затоа жени, ајт не ми се нервирајте, нема полза од сето ова. Мислите дека некој ќе ве послуша? :^)
    Хммм, чисто сумњам, дури и контра ќе ви одат.
    Така да останете ми убави, паметни како и секогаш. Ретко кој ги има овие две доблести. :sun: :D
     
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Јас моето си го кажав, реков дека те почитував и беше во ред се додека не стана толку изразено. Едно 100 пати кажав дека немам против да се дружите но ПОБОГУ претерано е. Јас сум директна личност и си кажувам како што си мислам секогаш, така и сега. Можеби тебе или на некој друг не му се допаѓа моето изразување/пишување на форумов, бујрум, јас сум отворена за критики, кој сака и нека ме именува на темава, немам против, всушност имам храброст да го плеснам во лице, за разлика од вас каде што не направивте лом во Критики и Забелешки за фамозната нефункционална тема да зборуваме на дијалект, а погоди што? Не кажавте за никој ништо конкретно. А се пронајдов, нема да речам дека не рака на срце. Не се браниш, но се браниш, самото тоа што ми реплицира покажува дека сакаш да се одбраниш и да не си ја нарушиш сликата за тебе која ја створи со пофалби и незнам што, а искрено незнам што ти требаше тоа упикување на секоја една форумџика, кога сите те почитувавме и предходно. Ги почитувам твоите години можеби не ми ни личи да ти реплицирам на овој начин, но за твоите години треба да покажеш доза на толерантност и да бидеш малку по конструктивна, а не да се буниш за темата Дијалект како што се бунеше. Зарем ти личи на годините? Не ми е намера да те навредам, туку малку да ви укажам што ми смета, мене лично, затоа што така гласи и темата. Мене не ми се читаат секојдневни изјави на љубов овде од се едни те исти, упатени или од тебе кон ливингглам или тебе до џули или пак обратно рецимо. Зошто на пример тоа не го правите преку Фејсбук? Преку ЛП? Пак че кажам, мила ми е Лилит, си ја почитувам и ми е една од омилените форумџики, но не ја потенцирам на секое, затоа што не сакам да станам досадна и некој да превртува очи додека ме чита. Немав потреба ни јавно на секое да и се заблагодарувам на Трендафилка пошто беше одлична домаќинка кажав еднаш - секоја чест и таа тоа го знае, доволно е, неморам на секое да го тупам со тоа. Зошто мислиш дека некој овде сака да ви ги чита изјавите на љубов? Зошто милсите дека некој тоа го интересира? Пак ќе речам, дружете се не велам не, но мене искрено лично и персонално мене ми смета кога е премногу изразено. Не прави драми те молам дека незнам што било забрането овде на форумов какви што направи во мислењево што ти го реплицирам. Поопуштен форум од овој нема - а нема ни да има. Што сакате вие? Пазар да биде? Да ти ја дадам модераторскава функција па да се справуваш и да гледаш секому да угодиш мислиш дека е лесно? Мислиш дека е убаво кога те озборуваат дека си незнам каква модераторка и не си го заслужила местото? Ние сме модератори на доброволна основа, не примаме пари за да го работиме тоа, туку го правиме затоа што сакаме да е форумот убаво и пријатно место, се во границите на нормалата која вие на неколку пати ја преминувате. Јас тоа го имам забележано и за клановите јасно е како ден, и беше јасно уште кога ја затворивме фамозната тема кога испорипавте сите. Јасно е и кога ќе видам дека се едни те исти си стискате лајкови, мене не ми смета тоа, но барем бидете искрени а не се криете и лажете дека не сте друштво кое меѓусебно се поддржува, пошто се гледа од 100 километри тоа.
     
  18. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    А,а, мајн вос џоук ту, :D ,нот несесери ор несесити ;) !
    Ама сум Гад дем сириас дека се претера!
     
  19. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Некои девојки премногу сериозно го доживуваат форумов :^) Не сум од тој тип на девојки кои буквално се желни за внимание и за едно лајк. Лајк ставам само ако нешто навистина ми се допадне, а не на се и сешто само како даме приметат и утре тие да ми стават лајк. Искрено ме нервира темата специјален поздрав некако ме асоцира на „нати го - дајми го “ :tmi: Само еднаш имам поздравено и тоа е Виножитка што стварно мислењата на девојкава ептен ми се допаѓаат ( а мани тоа нема книга што ја нема прочитано :) ) На почетокот имав лошо мислење за Офии дека е премногу дрска , а всушност е многу реална ( и премногу за овој лицемерен свет) си дадов на право да и ги разгледам и останатите мислења што придонесоа моето мислење целосно да се смени се разбира кон позитивно. Не ми се допаѓаат девојките кои буквално ама буквално на секоја тема коментираат без разлика дали се компетентни или не на пример Плавуша17(а како неа има уште многу, многу), и оние девојки кои коментираат само како да и се покачи бројчето на мислења и на секое ново цветче се радуваат како бинго да им се паднало |( Можеби на форумов многу ме немаат ни приметено, ма не ми е ни гајле за тоа за мене форумов не е место каде што треба да се истакнувам туку корисно место каде што можам да потражам и да дадам совет за работи кои што стварно ме интересираат. ;)
     
    На Butterfly-itgirl4s му/ѝ се допаѓа ова.
  20. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697

    Да , јас сум сигурна дека ве мразам вас смртниците. Да , вие го правите ова општество труло.
    Те немам именувано човече , освен ако после некој пост доживеав амнезија..а ти се пронајде во некој дел од мојот текст , жал ми е..искини си ја дипломата - ВЕДНАШ.
    Прво и основно девојко не ти прилега да се спушташ на мои години и да ме цитираш .
    Ама очигледно имаш заглавено во 15тата година од животот.
    Слаба ти е смислата за иронија , слаба ти е смислата за сарказам.

    Ама знаеш што ? Гајле ми е. Утре ме чекаат тон обврски кои се многу поважни од моето и твоето мислење во темава.
    Најверојатно и кај тебе е ист случај, веројатно е дека животот не ти се сведува на форум.
    Така да , олабави и да си ја бркаме работата.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.