Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што ми се допаѓа, а што не кај одредени форумџики?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од BoaVista, 25 октомври 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Оффспринг, многу си се преценила и осудила кога си одлучила да ја спомнеш Пирамида. Не ти личи.Таа е еден од најпочитуваните форумски ликови, толку паметна и добра, секогаш за совет и помош е тука, срамота е ова што си го напишала. Толку просто и неразмислено, што не ни знам ни што да напишам. Можи тоа што немаш некои посериозни обврски во животот, те врзува за форумов ептен лично, али ова не е реален живот така да те погодува ако имало кланови. Што ти се случува не знам? Понегативно мислење за тбее после ова не можев да добијам, иако ја имаш неколку пати претерано изигравајќи мадафака модератор. Едно време те сметав за паметна и со многу потенцијал, извини на изразов но ти не си ништо повеќе од селски тепач, само за кавга, само огорчена само негативна, се некој не ти чини. Овој пост што си го напишала овде те изваде од сите граници. Со помин да е.
    И еве баш сега ти го прочитав постот погоре, еве јас те спомнувам и ти го кажувам моето искрено мислење за тебе сега, не дека јас сум во клан со пирамида :) туку објективно гледано дека не е во ред.
     
    На sesilija, simoncelicius, glow и 5 други им се допаѓа ова.
  2. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Оффф мори Бичед забега скроз, али ај :)
    Пишуваш мене не ми прилега да се спуштам на твои години и да те цитирам, а ти на секој мој пост реплики ми маваш и ме именуваш?!? А си се запрашала ли ти дали тебе ти доликува на твоите годинки дака дрско да се однесуваш со повозрасна особа?! Ама остај, тоа е ствар на култура.
    А за дипломата, кога ќе ја добиеш, слободно искини ја, па ако сакаш и задникот избриши си го со неа, ок, ама кога ќе ја добиеш ;)
     
  3. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Не ми доликува , во право си.
    Секоја моја реплика врз тебе е ШАМАР на мојот ЛИК и ДЕЛО.
    Јас , во однос на тебе сум СУПЕРИОРНА.
    Ти реков , слаби страни ти се ирноијата и сарказмот , не дека избегав јас..ти не разбираш. За било каков понатамошен контакт , лп молам. Не е фер овде да замараме.

    И , се согласувам со дел од мислењата на Офспринг во однос на темиве , клановите и слично.

    Но , еве јавно кажувам дека Пирамид ми е најомилена форумџивка . Ги почитувам нејзините години , нејзините ставови и интелегенција. :bow:
    Има и други кои ги почитувам , кои заслужуваат внимание и се прекрасни ама тоа наредна прилика ..не е време и место ;) .
     
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Еј ај псссст :* :* :* на сите!

    Ама убаво е надвор, тивко, месечинка, утре сонце ќе огрее птиците песнопојки ќе запеат све ќе расцвета и јас пак ќе редам епитети како петооделенка а вие ќе бидете смирени и убави и добри НА НИШТО ОД ОВА НЕМА ДА СЕ СЕЌАВАТЕ

    Ќе бројам до 7 а вие да се разбудите

    1, 2..., 3.. 4..5..6..7..6
     
    На ANELIJA и Nightwalker им се допаѓа ова.
  5. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Koнкретно за темава-не ми се допаѓа тоа што некои форумџики упорно тврдеа дека кланови нема, а веќе по неколку дена и самите се преценуваат и збираат поданици :call: Е па богати, лично се сфаќа форумов, ај што сме тука да си оддадеме делче од чувствата, ами и тоа што лајковите ни ги деформираат некако :?:

    Не ми се допаѓа што кога еден ќе даде мислење, другиот дотичен кој индиректно или директно-небитно бил прозван, враќа со дрскост и навреди. Докази, милион, да не почнам само од темава да вадам цитати :D

    И, Офи, извини, ама веќе потенцираш ;)
     
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Потенцирам за да дадам пример Кате. Енивејз си го кажав моето и реков, отворена сум за критики кој сака нека ми се обрати слободно. Ете Фиарлес ме искритикува, во ред, го имам тоа на ум и не земам за зло. Можеби не ми личи да се расправам со Пирамида затоа што е постара но си имам забелешка и си ја кажав. А дека е почитувана овде, јасно ми е.
     
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Жапчето не повика никого од наведените на претходната страна да го поздрават и никој од оние што го поздравија не го поздравија два пати, а може и сум збунета доцна е работам ко скот обично, па ова време малку ми е закржлавен мозокот. Али утре ќе си ги пребројам поздравите да.
    Малку премногу години имам и искуство да патам од потребата да некој ме тапша по рамо за моите ставови или да застане зад мене да се чувствувам посигурна на форумот. Богати :) Одамна јас ја научив лекцијата за пилето дека треба да го напушта гнездото. Научи како во нова средина. Ваљда форумите не се нешто поразлично што знам. Не патам од комплексот да бидам позната на форумов и да ме читаат и лајкнат побогу. Го имам реалниот свет за тоа. Таму бар читаат повеќе луѓе. Затоа и овде на форумов пишувам во теми кои не ми го впрегнуваат умот и не ми ја ежат косата на главата кога ќе видам банда собрани околу една девојка спремни на клада да ја стават. Но, нели неистомисленици бугати. Прогон од фемина.
    Сигурно не нечија поддршка ми треба тука за да си напишам став за нешто или жива будалаштина од дното на петите извадена да се насмеам и сама себе. Не јас пукнав за на форум побогу да дојдам да барам помош за да некој ме сака. Ставовите со оние што ги наброја 100 % те убедувам дека би ни биле контра и тоа за многу теми, барем со Теодора имаме различни ставови и си го видовме тоа. И не си откажавме љубов, а богами и пред тоа многу заеднички вечери не поминавме. Лајковите мои се дадени на различни луѓе не се само на овие. Дури и на мислења кои никој не ги лајкнал, а девојката напишала еден ред. Но, што објаснувам всушност. Ако ова е мојот клан значи вие сте другиот клан. Расформирајте се да се расформираме и потпишуваме примирје. :) Утре сакам и во сите весници да се објави :) побогу форум еј хахахаххахахаха да се расправам стасав на форум кој ме поздравил хахахахахах. Бар баба ми да ви се јавеше да ургира или тате :) сега ќе го скорнам ајде се враќам :)
     
    На LivingGlam, Phyramide и ANELIJA им се допаѓа ова.
  8. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Некој очигледно многу се преценува.
    Како беше она ,, Фали ме усто да не те расчепам,, Ете тоа си ти Бичед.
    Велиш СУПЕРИОРНА СИ. Па да ти кажам не слушнав некаде да се зборува за твојата супериорност. Али ај, продолжи ти сама да си се фалиш по темиве, кога веќе нема кој да те пофали.

    Ајт толку од мене за оваа вечер. Сепак имам еден тон попаметни работи во моментот.
    Осани ми поздравена Бичед и не се нервирај многу, губиш лепота :*
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Прво и прво ми се смачи искрено да влегувам во нови мислења и на секои 2 недели да читам теми од овој калибар. Прво беше алармот, сега ова. На алармот се воздржав, ама сега не можам. Значи Билката да земе да почне да ја користи paint aлатката нема да згреши. Се знае зошто се ставени лајковите, за да нема мислења од типот "да", "се согласувам", "така е", " и јас мислам така". А најмногу од се што ме нервира е кога некој брои лајкови. Значи смачено ми е од лајкобројачи кои само чмаат кој каде стегнува лајк, на кого стегнува и потоа напаѓаат со таков арсенал кој е базиран на тој пуст лајк. И да, сето ова се прави заради тој лајк, заради тоа што ако некое мислење кое сте го пишале не добие лајк, а друго добие, па автоматски треба да се укинат сите лајкови. Епа не може така. Се дури не се оди офтопик ќе пишувам јас каде што ми е ќеф, ќе лајкнувам исто така каде што мене ми е ќеф. Ако денеска ми е мерак на душава да си ја поздравам Сесилија, ќе ја поздравам макар што тоа им смета на 32423532523 форумџивки. Ако ми е ќеф да пишувам во СП ќе пишувам.

    Форумов е убаво место, се дискутира во сите можни теми, и во музика и во филм и во мода и во медицина. Се е на место, кога оддеднаш ќе прочитам аларми, алудирање на скролови, кои искрено се сите до еден поттикнати од тебе Офи, и сите караници настануваат тука. Ти ако не си таков тип на човек кој сака да поздравува, јас сум. И ајде сега нека се укине СП затоа што некој не е мераклија да се поздравува. Еве и мене не ми е интересна темана за Пуливр(така ако се пишува), па не мрчам да се укине или да се намали со пишување таму, затоа што знам дека тоа ја исполнува Росоњерка, тоа ја исполнува Старфиш, Боа и многу други да не набројувам. Тоа е исто како мене некој да ми рече дека му е досадно да ме чита во музика. Тука е моето омилено место, ако на некој не му се допаѓа, нека не чита.

    И ако ова не прекине сега, ќе читам пак за 2 недели тема со ист мотив но различно име. И се затоа што нон стоп ви смета нешто бре луѓе. Ами затоа е форум, да си најдиме нови пријатели. Или сите нека пишуваат како странци, нека биде форумов сив и суров, нека ја нема онаа топлина кога читаш преубави зборови за некоја форумџивка, се нека биде штуро. Дајте и ЛП нека се укине како рејтингот па никој со никого да нема контакт. Сите нека бидат како странци, нека се дискутира само на озбилни теми, па форумов место за релаксација да служи за напнување.

    И не гледам зошто мора да има само еден круг кој е изолиран и никако да не се шириме од тој систем... Зошто некоја феминка ако е нова, да не си ја поздравам, и да не се спријателам со неа? Што ако Пирамид ги поздравила новите феминки? Тоа е убаво не е лошо, им дава поттик да пишуваат и понатаму, им дава поттик дека овде има вистинско другарство. Е сега некој ако не може да го најде тоа е веќе друг проблем. Ама јас сум отворен систем, утре ако се регистрира некој член кој ме насмеал, раздумал, инспирирал со некој негов пост, ќе го поздравам и пофалам. И да ова е форум и никој не може да ми го забрани тоа. Ако ви се зева на тоа зевајте. Ако ви се зева на убави зборови зевајте. Пишувајте само во аларми, скролови, забелешки и критики. Полнете се со негативна енергија што да ви речам друго. Ама немојте да се дрзнувате да забранувате некој да поздрави некого, не е убаво воопшто!
     
    На JuLleE, rossonerka, karak и 11 други им се допаѓа ова.
  10. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Леле што ви стана? Дај градете ја позитивно фемина, а не со негативности со тоа што секој ќе го чита овој (не)конфликт. И аман со тие кланови и цветчиња и лајкови. Чим сте на форумов доволно сте зрели за да знаете како ќе го користите. Секоја има право за мислење ама враќање на толку ниско и невкусно ниво. Не знам. И секогаш ќе има фаворизирање меѓу себе, тоа е сосема нормално. Иако темата со поздрави е проблем тргнете ја, не знам зошто ве погаѓа кој колку пати кого поздравува. Ах мислам дека оваа вечер е прилично бурно на фемина. Ух гушка до сите, само смирено и рационално.
     
    На All-that, LivingGlam, sesilija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Значи Офи не сакаше да ја навреди или не знам како оцрни Пирамида, туку сакаше да даде пример за тоа што се случува.....
    Значи читајте малку... и кој спомна лајкови од почетокот... се кажа дека сметаат мислењата кои секој ден се повторуваат и се со иста содржина дека феминките меѓу себе си се сакаат и почитуваат. СЕКОЈ ДЕН!!! Мене лично не ме дираат воопшто, ама си превртувам очи и скролам кога ќе ги видам, да не ги спомневте сеа, немаше ни да ми текне... толку значење давам... на било што

    да земам да запазувам сигурно мнгогу работи би ми засметале, ама не им давам значење, едноставно |(
     
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Па јас 200 пати напишав дека мене тоа лично ми смета и не реков дека Пирамид е незнам ти каква побогу ко да реков Пирамид е искомплексирана, ова за пример го давам. Си кажав само што ми смета и тоа е тоа. Уште еднаш теоријата се потврди дека постојат кланови затоа што рипнаа да се бранат. А незнам зошто.

    И кажете ми што да правам со темава. Што е до мене не би ја заклучила затоа што ќе помислите дека неможам да се бранам па посегнувам по модераторската секира. Ваше мислење, што да правам со темава, да стои или да не стои? Да не биде на своја рака и да личи као да се бранам.
     
  13. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    E не може сега така, прдна и сега не сум јас :D

    Јас се потпишав под мислењето на Фиарлес за тебе Офи, а искрено ми е жал многу повеќе за оние кои ти дадоа лајк, треба да се срамат затоа што истите тие добиле некој совет од Пирамида, добиле убав збор и слично, ама изгледа тоа ни е во крвта, во кодот на народот, ако не можеме со нешто да се истакнеме тогаш ни смета тој што се истакнал па ајде да го уништиме него и да немаме ништо, туку само празно сивило.

    Мене искрено ми е жал каде оди човештвото, срам ми е што сум дел од овој циркуз ама не можам да се воздржам а да не кажам колку сум запрепастена од вашите болни мисли, и како може да ви смета пофалбата до некого и убавиот збор.

    Билката на некој начин сака да балансира, ама за да се постигне тоа очигледно не е довоно само да се тргне рејтинг листата, треба значи да се забрани се, освен вашите мислења како што гледам.

    И секој одредува што му е корисно а што не да чита- можеби и мене не ми значеше ништо што ти си добила, и што си ја видела Лакримоса и сл ама го прочитав твоето мислење.
    И јас вчера добив, па никому ништо, нели :)

    И не сум јас крива што ми се поклопуваат мислењата со некои форумџики, и што С во азбуката оди после П и сега демек ние сме во клан
    Па како да не ја пофалам Ливинг, како може таков човек некому да смета, побогу :x

    Не сте свесни дека вие сте во клан, неколку души кои очигледно имате некакви фрустрации па ви смета среќата на другите.
    За среќа или несреќа во ова време, јас сум воспитана и знам да пофалам нешто кое ме воодушевува, да воскликнам на нечие дело и да дадам поддршка каде што треба.

    Не сум личност која се полни со негативна енергија и сака да фрла со камења по некого кого има да каже нешто повеќе од мене.

    Јас за разлика од вас, неколку души што сакате да каменувате, земам тефтерче и си запишувам, така и јас ќе имам некаква корист во животот ;)
     
    На simoncelicius, OzzyAngel, kate21 и 11 други им се допаѓа ова.
  14. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Работава беше, ај Офи биди храбра и кажи кои се тие одредени да е поинтересно, да те нападнеме, а после ќе збориме дека форумов се сфаќа премногу лично :^)
     
    На JoxyTheFreak, Trendafilka, x.Daisy.x и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.152
    Да бе,лајковите не ви биле важни!Утре Билката,дај боже да дочекаме,кола да дели за нив,да ве видам дали нема да ви бидат важни! :D

    Море,море...лакрдија!А паметни сте сите,не викам дека не,фини сте од прва до последна,ама со жени краставици да садиш,криви ќе ти никнат,тоа е!


    Само,чисто од забава да прашам,зошто бре почнавте да не ги лајкувате одеднаш востаничките од првата форумска војна?!Да не го сфаќате форумот случајно само као форум?! :D

    Се засркнав со сончоглед,ама жива сум,не берете гајле.Се поднасмеав фино,ал сите сте ми драги,мајке ми!Комплетни моми!
     
    На JoxyTheFreak, kate21, baguf4e и 7 други им се допаѓа ова.
  16. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Е ова ми се допаѓа кај Лилит. :D
    Се држам на темата, не сум оф :!:
     
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Како мене никој не ме информирал дека Пирамид е главната на кланот и зашто побогу не добив поздрав од неа. Пирамид, јас не вредам ли?!? Да се откажам ли... како бе зашто. Смешно е сево ова. Не доликува. Се забележува да и твојата блискост со кругот на луѓе со кои ти си поблиска, да речеме соновите кои си ги прераскажавте ти и пушката. Бар два пати на различни места прочитав како те сонувале со пушка. Па после друг сон што знам си што не го ни прочитав постот. Ова е што сега се сеќавам. Значи ли тоа дека вие сте си клан ли. Јас не сум примена во вашиот. Слободно погледни ги ѕвездите што јас ги имам добиено и изброј ги оние од пирамид колку се. И убаво погледни колку ѕвезди има од почетокот додека некој од кланот даде ѕвезда. Членови нови има. И не секој може да се истакне и не секој ќе се истакне исто како и во оној свет надвор. Не тоа се должи на поддршката од некој. Се должи на тоа што некој напишал. Бил смешен дента. Бил препаметен демек дента. И значи ли вие што пишувате во политика дека сте некој клан. Оние во мода, во филмови?!?
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Тедигреј, лајковите се основа за сите кавги, не треба да имаш математичка школа завршено за тоа да ти текне. Еден мал милион пати е кажано дека сметаат тие лајкови во СП така да, да не се правиме слепи, кога мајката природа ни ги дала анатомско здрави очите, те молам.

    И тоа за клановите... Значи по пропорција ако некого одбраниш затоа што мислиш дека е неправедно навреден (или еве земен за пример, бидејќи така се тврди во случајов...), ти си во клан со него? Еве љубам прв пат подобро ја приметувам вечерва, сум ја ѕирнала на неколку пати, па пак ќе кажам дека е во право. Жапче исто. И во клан сум со нив? Значи ако ние сме се спријателиле, тоа е затоа што имаме поклопени мислења за некоја тема, религија, музика или како и да е. Не сме во кланови, ама ако тоа е најдобар напад, дека јас ја бранам Пирамид бидејќи сум во клан со неа, така нека биде, така мислете.

    Не сум се видела со неа, ама овде на http://www.femina.mk ми е препријатна за читање и во СП и во сите други теми во кои што пишува. Ако не ви се допаѓа, не ја читајте. Ако некоја друга форумџивка не ви се допаѓа (пошто еве Пирамид само за пример била земена) не ја читајте. Ама немојте да отворате теми како вас не ви се допаѓа темата во која што таа форумџивка е активна. Затоа што ако вас не ви е интересно да ја читате мене и на уште 1 по десет на трета личности му е интересна. Факт.
     
    На LivingGlam, Phyramide и sesilija им се допаѓа ова.
  19. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    :D :D
    Се пери газ ор ват? :^)

    Ајде сега вака, Пирамид си е Пирамид, Јас сум си јас, Виножитка си е Виножитка.... Ондак? :wasntme:
    Секој си има свои квалитети, секој си е паметен на свој начин, секој плачи на свој начин. Што е проблемот? Офи на моменти стварно знае да ми стапне на живци со нејзината суровост и огорченост, ја разбирам тотално, ама нема потреба во секоја нејзина реченица да се гледа суровата реалност и омразата.... и што ти знам јас таму.... ама не ми е тоа муабетот, во овој случај Офи само ја даде за пример Пирамид и за тоа што се случува, а оттука треба сами да размислеме и за себе... Сигурно таа немаше да почне да реди бројчето ја поздравува постојано Теди, Пирамид сите, Лилит па никој не поздравува.... :D 3 форумџики се плави, 8 се црни, 10 се црвени.... се кажува еден пример, а 10 треба да се препознаат.

    И пак ќе кажам ја почитувам Пирамид, ама таа просветител ли е што толку ви е потребен незјзиниот убав збор? :wasntme: И толку што се дигнавте. Зошто не ја браните Џули што и е ,, сестра ,, на Пирамид? М? и таа беше споната, и Бокичка... Ама маааалку поопширно да гледаме, ќе сфатиме. На форумов постојат најмалку барем 7 Пирамитки, 5 Џулиња, 10 Ливинг Глам, 15 Бокички...... Сфаќатеее?
    Тука е поентата. Не беше исперкана Пирамитка, бар јас така го сфаќам тоа, туку беа посочени за пример за останатите да се препознаат. И јас можда тука се препознав, па не се кренав против Офи и сите. И да, форумот е место за забава, и затоа не може да се заковаат оковите и да се функционира како што еден ќе посака.

    ах бре жени жени.... награда за ова нема, знаете нели? :D
     
    На peperutkaa и Offspring им се допаѓа ова.
  20. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Бројче, јас искрено сум многу разочарана од сите вас

    Јас овде на темата не сум заради убавиот збор на Пирамидка, туку јас лично сум засегната и разочарана од постовите и не можам да поверувам до каде може да оди човековата завист и неблагодарност.
    Срам ми е да ве читам искрено, па сега се вадите на ефтини финти.

    Барем јасно е се, целиот валкан веш излезе на виделина, само за тоа ми е мило- сеуште не ми е јасно како можат да ви сметаат ликови како Пирамид, Ливинг, Старфиш, Теодора и други.

    Читајте некои девојки кои не знаат да сврзат една нормална мисла, така барем ќе доминирате и ќе си ги храните вашите минорни души
     
    На zhap4e, Mygirl, ANELIJA и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.