Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што ми се допаѓа, а што не кај одредени форумџики?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од BoaVista, 25 октомври 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Сеси бе човеку еден, па кој рече дека ни сметаат? Баш со овие зборови, сметаат?
    Баш и си ги читам овие девојки, и да ги почитувам. Не реков дека сметаат, туку го образложувам мислењето на Офи, што сите рипнавте на неа, како можела вака, така.... Сите знаеме дека знае да претера малку повеќе, ама овој момент не беше таков.
    Па и јас можеби сум те изнервирала и тебе, и Марама, и Мимс... и уште неколку форумџики со некое мое пропратно лигавење, па сигурно со едно такво не ви сметам, како што се изразуваш и ти.

    Нели отвореноста е доблест? А на крај испаѓа, е зошто си се отворила, срам да ви е што овие ви сметаат.

    Пак ќе кажам, никој не рече сметаат. Посочи ја таа реченица, каде што е ова потенцирано.
    Едно е да ми сметаш како личност, а друго е да ми смета твоја карактеристика.

    Еве пример, Офи не ми смета како личност, ама ми смета тоа што е сурова, и понекад знае да избрза.
     
  2. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Еве со какви навреди се бомбардираат некои мислењата, а зошто? Затоа што јас не размислувам како Сесилија на пр. :clap: Боже, каква иронија.
    Не знам дали треба да се срамам јас што стиснав лајк на мислењето на Оффи, или ти што мене барабар со останатите на кои им се допадна тоа мислење не навредуваш заради тоа што не размислуваме како тебе! :fubar:
     
  3. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Ај сега ќе бараме влакно во јајцето :)

    Битер, тебе не ти ни реплицирам, ти си последната реченица од мојот последен пост- оди дечко ти нека ти стави тампон ;)
     
    На Fearless му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Ајде сега, излезе вешот? Кој веш Сеси? Тој што ти ми рече дека е педерски да го кријам? Ете, по твоја иницијатива ќе си останеше вешот под кревет, убаво рече Фемина90, кажи си Офи за да те нападнеме така? Колку за појаснување никој не рече дека Пирамид не пишува убави работи реков дека ме нервира постојаното фалење и обиколување околу некоја форумџика патем незнам зошто Жапче се најде засегната кога не ја ниту навредив ниту на било кој начин ја повредив туку кажав дека кога се појави се обиколија околу неа со незнам колку комплименти. На некого Пирамид му помогнала, на некого Мимс му помогнала, на некого ти, Џули, сеедно, Трендафилка, било која. Не дели само Пирамид совети, делат сите кои се зачленети. Јас не ја нападнав дека е пример проста, глупа, од каде знам кој навредлив збор не ми ни текнува кој, туку кажав што ми смета во врска со неа и крај. Вие сите се засегнавте за тоа и се возбудивте, а патем на ваша иницијатива го кажав тоа. Немам ниту намера со тебе да се расправам пошто те почитувам и твое е дали ќе се согласиш или нема да се согласиш со мене, форум е.
    An Internet forum, or message board, is an online discussion site where people can hold conversations in the form of posted messages.[1] They differ from chat rooms in that messages are at least temporarily archived. Also, depending on the access level of a user and/or the forum set-up, a posted message might need to be approved by a moderator before it becomes visible.

    Forums have a specific set of jargon associated with them; e.g. A single conversation is called a 'thread'.

    A forum is hierarchical or tree-like in structure: a forum can contain a number of subforums, each of which may have several topics. Within a forum's topic, each new discussion started is called a thread, and can be replied to by as many people as wish to.

    Depending on the forum set-up, users can be anonymous or have to register with the forum and then subsequently log in in order to post messages. Usually you do not have to log in to read existing messages.
    Eте така, сега мислам јасна дека сум, оти не ја навредив пирамида ниту пак имав намера туку кажав што ми смета. Пошто се побунивте дека темава гласи "одредени" форумџики си кажав како што е во темата. Патем ниту пирамида не се потресе на темава толку колку што се потресовте вие.
     
  5. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Вака сега, бидејќи дојде до гооолемо недоразбирање... предлагам во секое едно што не ви се допаѓа на форумот и кај форумџиките, мене потенцирајте ме и давајте ме за пример, и да не е така, мене пишувајте ме :D :D за да не дојде до то дека на некој некоја му смета, да не дојде до такво уште едно недоразбирање. Еве дозволувам јас да бидам давана за пример. :wasntme:
     
  6. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Девојки, искрено смешни сте ми, и тоа многу :)

    А да, се извадија фрустрациите, и тоа многу, ама барем се искристалириза сликата што ја имаме едни за други и кој каков човек и е што се крие во него.

    Јас не сакам да навлегувам повеќе, не сакам уште повеќе да се разочарам од луѓето, а впрочем, си кажавме се- од сега натаму ќе биде само повторување на нашите првични мисли.

    И, Офи, твоето не беше само моментен став и мислење провоцирано од мене, твоето беше жарче кое тлееште долго и се провлекувеше низ повеќе теми, за да се претвори во вечерашниот оган.

    И јас не напаѓам никого, не ни бранам, јас сум само една душа која не може да поверува до каде можат до појдат човековите мисли и постапки :x

    Ти самата знаеш колку јас верував во тебе и полагав надеж и се, ама неволно морам да констатирам дека ти крена раце од твоите амбиции и сега ти сметаат сите, а што е најтрагично си најде и истомисленици на кои им сметаат очигледно среќните моменти на другите.

    Ти посакувам среќа понатаму, од срце, бидејќи јас сум човек кој длабоко во себе има убав збор за секој и се обидува да ги сфати постапките на луѓето ;)
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  7. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    :x Исфрустрирана си нема сомнеж.
    Нема што друго да коментирам, ти и онака нема да разбереш, За жалење си!
     
  8. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Јас барем можам сама да се допрам долу и да си ставам тампон 8)

    И да, исфрустрирана сум, ајде сега спиј си слатко ;)
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.152
    Сесилија,малку премногу претеруваш со изразите,како и сите претходно,почнувајќи од првиот пост што ги начна муабетиве,па еве до последниов твој.Минорни,не знам какви,а девојките кои ги спомнуваш ги доделуваш во некоја надчовечка група или што?!Тоа не е некоја класификација?!Секое мислење е вредно за читање,како и секоја книга и не сме ние тука никои да кажуваме кој вреди кој не.Оффспринг веројатно употреби осетлив пример,а верувам дека не мислеше некого да оцрни.
    Теодора,Жапче,Дафни,Мерлин,Трендафилка,Шилеа,Ливинг...многу од нив и јас ги читам секојдневно и занимливи ми се,но ставам лајкови или читам и заборавам на опција лајк на форумов и никогаш не сум ги испофалила толку срдечно,а сепак,ми се едни од луѓето кои ценам да ги подпрочитам,зошто мислам дека имаат нешто во себе интересно,но не ги изоставувам другите и потценувам,освен оние кои водат љубов со перници.
    Пирамид ко шо ја прочитав,не се припотресе ко ти,мајке ми.Дај смири живци и ти си една од тие кои своевремено биле и сеуште се почитувани,но убавината на некои работи е преќутно да се истакнат,а не зборовите и комплиментите кои патем се симптом за други нешта,а не за забелешки по тевтери.На Пирамид страшно многу и се налутив кога ми се обрати со едно привидно ноншалантно Лилит олади за работа која не бев јас крива(а кога сум погрешно обвинета,нека е монопол у прашање,терам правда у крв ми е,кој ме прифаќа,ме прифаќа.До душа шо го кажувам ова,очито знае и се забележа,зошто се тоа кружи по лп ),па тука излегоа по други теми Спилберковски сценарија,па од кои извлеков заклучок дека обете страни мислат непостоечки работи,но една е очигледна.Фаворизирањето пречи,а за тоа можам лично да тврдам,зошто сум била фавроизирана често и ми пречело.Зошто?!Затоа што после сум се стегала да бидам онаква каква што сум само заради врбувањето низ комплименти,затоа не ме групирај у некоја замислена група наречена минорни души,жити фемина.Направи некоја лоша констатација,се вознемири сосема непотребно.Ако форумот е форум и не се разбира сериозно,зошто тогаш се вознемири?!Мене ич не ми е гајле дали некоја вербално ќе ме исцелива или ќе ме зашамари,ич не ми е гајле дали ќе ме лајкне или не,ама трпам по квалитет на муабети и ми е глупаво човече.Теодора даде здив свежина,па си зачетувавме фино на една тема (не помнам која) и викам,шуќур,ама од ден на ден се губи и тоа,заради истите работи.

    Очигледно колективно не сме созреани доволно за на форум,зошто никој не знае да извлече неутрален заклучок и да разбере поента.Не бидува од нас медијатори еден ден,у случај да сака некој да се проба.

    И не бранам страна,гледам реално.Ми пречело секогаш нееднаквост,а не ми пречиш ти,Пирамид,Треодора и сите тие набројани погоре.Не инсистирам да се чувствувам моќно,а ниту сакам да се чувствувам маргинализирано,а не се чувствувам тука така,да бидам искрена,туку напротив.Ок е да има почитување,а не терање селски фраерлук (не ве нарекувам сељанки вас,туку зборам општо за сите,зошто и ова сто посто ќе го сфатиш лево),уште сто кец ни фали и комплет сме или можда у ЈБТ на голем и секој мал одмор,топ си срц.

    Се почувствував повикано зошто ни се обрати,нам лајкувачите и цело време зборуваш у множина,а патем не знаеш кој е мојот мотив на лајкување,да не речам,избрзуваш со заклучоци.Ќе ти препишам на пмс,зошто сум те ценела ко форумски лик.Не можеме сите да се согласиме,ама тоа не значи дека ќе се мразиме,а ти со ваквото поставување само го потпиша она кое се тврдело.

    И не ценам навреди и потсмев во момент на немоќ.Дали да е битер или не знам која у прашање.Зар имаше смисла ова грдово со тампонов и дали е релевантно во муабетов?!Само затоа што немате исти ставови...
    (не со Битер не коминицирам,да не мислиш дека тука пак е у прашање табор на минорни души)
     
    На Twinkles, JoxyTheFreak, macence85 и 11 други им се допаѓа ова.
  10. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    А зошто разговарате нешто што не е во контекст со муабетот?
    Е многу се нервирам кога се зборува за дрвото, а се врти за полјанката.
     
  11. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Има потреба да се пофали дека користи тампони ;)
     
  12. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    И кај вас тлее жарчето за мене, сите се потпишавте под мислењето на Фиарлес кое патем го почитувам како критика и не рипнав да се бранам или да и докажувам дека греши, нејзино си е. Зошто никој предходно ми се нема мене обратено да ми каже што му пречи? Имам напишано и во критики чинам уште после нова година дека како модератор кој сака може да ми се обрати за било што, да ме искритикува или пофали сеедно. И не се докажа само сега, туку и кога рипнавте за темата за дијалектот не отепавте од оцрнување, а не кажавте кој оцрнувате конкретно. Моето жарче излезе на виделина затоа што имам храброст да посочам некој иако и сега ми рипнавте како да реков којзнае што, а само си ја кажав мојата забелешка како што и гласи темава, а дали вашето излезе своевремено? Не покажавте ни малку толерантност дека можеби ни е тешко да му огодиме на квалитетот на форумот и останатите дискусии и да ви угодиме истовремено и на вас, туку рипнавте да не оцрнувате цел ден во Критики. Дали ние модераторите се браневме како што се браните вие сега? Оставивме да си го кажете своето без притоа да ве навредуваме дека сте исфрустрирани и незнам какви затоа што ја сакате темата назад.
     
    На x.Daisy.x и sanjaeva им се допаѓа ова.
  14. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Јас останав без зборови, секогаш ја имам моќта врз мене да се привлече сета кривица :D

    Како и да е, јас како емотивен човек можеби премногу сериозно ги сфаќам работите, ама ме нервираат неправдите, ме нервираат еден куп теми кои беа отворени па специјални подрави кои алудираа на нешто и некои за на крај сето ова да еруптура како демек анти поздрави и пофалби, и на крај испадна дека сето ова било само еден пример, а јас испаднав исфрустрираната :x

    Пред да продолжиме, ако има веќе цел, да се запрашаме од кого започна сево ова- кој отвори теми за форумџики, аларми, кој поздравуваше со алудирање :) ?

    Јас сум многу изненадена и разочарана, а сега имам и нова етикета- исфрустрирана и со проблеми.

    Да, можеби го сфаќам форумов лично, бидејќи ми беше пријатно место, виртуелен дневник и место каде што црпев позитивна енергија, а сега испадна дека тоа некому му смета.

    И мене ми сметаат вашите анти лајковни кампањи, анти поздрави, и се анти, ама чекав да ви помине тој период :talk:

    И можам да кажам дека ова баш женски форум, тоа се виде во последниот период, дефинитивно :)
     
    На Theodora, LivingGlam, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Не се потресов толку, бидејќи е ова форум. Ќе се повторам. А јас со песок си играв кога имав 5 годинки последен пат. Муабетов ме врати жими се во детски денови. Навредете се ако сакате, јас вака мислам и тоа е тоа.
    Но затоа што не реагирам толку, не значи дека немам нешто да кажам :)
    Само непријатно ме изненади Офи со нејзиниот пост за теории, па како јас тука формирам кланови и собирам сестри. Еј не се зафркавам, јас сериозно се смеам веќе.
    Ах Џули да чита што ми направи, ни крива ни дужна јас го јадам ради саркастичниот ни муабет за - еј ќе ми бидеш сестра? А може и јас да ти бидам даде? Е ајде можеее. Пошто си ги засакав неа и Бокичка од старт и се пронајдовме во многу муабети, ама тоа веројатно не ве интересира.
    Мислам дајте малку подобрете си го смисолот за хумор.
    И јас сум имала сра*а во животот па немам потреба тука да си ги филтрирам и нон стоп да пецкам ради тоа. Многу поубаво е кога е човек весел и кога се зафркава. Доста гомненици ни се случуваат во вистинскиот живот, сакате и форумов ли да го претворите во едно такво буниште? Стварно веќе нема смисла.

    Искрено не сум зачленета тука за да се карам, ниту да создавам тензии. И жал ми е што на некои ви бодам очи со мојата желба за дружење со сите, онакво форумско дружење де, не дека утре ќе си мењаме крв сите девојки тука нели? Но ете, виртуелно создаваме пријатни моменти за дружење, наоѓање поддршка или дебата, без навреди се разбира. Е сега се извинувам што не ги поздравувам сите подеднакво, не пишувате сите подеднакво и подеднакво не ми го привлекувате вниманието. Исто како што јас не го привлекувам вниманието на некој кој не гледа филмови ниту се разбира во музика да речеме. И ова не е фаворизирање, ова е чисто онака - читање и кимање со главата или пак обратно читање и правење ц ц ц - не се согласувам. Зарем во светов, на училиште, на факс или на работа со сите си се сакате и согласувате секогаш?

    Ама најсикрено уште еднаш, прекинете со тие ваши кланови, бидејќи веќе вие почнувате да ми личите на еден таков, што и да значи зборов. А многу страшно и расистички ми делува искрено, не се зафркавајте со вакви силни зборови. Тука сум мртва озбилна.

    Знаете која е мојата крвна група? Луѓе кои знаат да се смеат, да се позитивни и да извлечат позитивен заклучок и искуство од секоја една дебата или советување на форумов. Ете тука се потпишувам.
    И не, не е ова слика Оффи која јас би сакала да ја создадам за себеси. Тоа сум јас во Бишкек, во Ашкабат, во Уагадугу, во Скопје или во Рејкавик. Штета што ти си создала многу погрешна проценка за мене дека јас сум тука на форумов за да создадам некоја слика, со други зборови илузија, за тоа каква сум. Кога би ме познавала, би видела дека не си во право. Но не ми е намерата да те разубедувам, само велам ете - штета.

    Без разлика на што и да е, после муабетов дефинитивно иако бев доста позитивно и прифатливо наклонета кон сите, ми се искриви малку сликата за форумот како целина. И жал ми е. За среќа моја, ваша или не знам чија, ова е форум така да ќе продолжам и понатаму да пишувам, и да ширам позитивна енергија колку што можам повеќе. Затоа што јас поинаква не знам да бидам.
    Ако ви пречи мојата позитива или некогаш и тага, се извинувам но прерипнете ме. Ја имате таа можност.

    Чао од мене. Ми беше драго. Фала пријатно со надеж дека ќе бидам сфатена, овде барем, онака како што пишувам (значи кога ќе кажам цреша не мислам со тоа - ајде драги да ми купиш нова кола) :)
     
    На JuLleE, Angelche, Theodora и 4 други им се допаѓа ова.
  16. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Лоши девојки, што ќе биде со темава? :wasntme:
     
  17. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Аууууу !!!
    Не можам да ве дочитам , ќе бидам искрена.
    Не сум доволно стар член како повеќето од вас, ама сепак за форумов можам да кажувам само позитивни работи. Пред се, бидејќи скоро сите членови се навистина искрени и многу корисни работи научив.
    Второ , многу ме мотивиравте и иако никој со никого не се познава лично (со некои исклучоци) секогаш сте спремни да дадете поддршка.
    За разлика од други форуми, овде почувствував дека можам да бидам своја, да кажам што мислам , да добијам совет без да имам страв дека ќе бидам реметена.
    Мислам дека нема потреба од вакви муабети коишто се провлекоа низ овие 16 страни.
    Ова е виртуелен свет , каде што сите ние се обидуваме да избегаме од реалноста.
    Ако од овде не можеме да црпиме позитивна енергија и место тоа наидуваме на караници , па што друго ни преостанува?
    Кланови или не, сестри или не, верувам дека има членки коишто повеќе време посветуваат на форумов, повеќе се запознаваат една со друга, но тоа не треба да биде лошо.
    И јас би сакала да ве запознаам сите добро и да ве читам сите , а и јас да бидам поактивна, но едноставно секој со можностите.
    Така да ,ставете клуч на темава бидејќи сметам дека нема фајде што би рекле постарите!
    Не ја гледам поентата.
    Поздрав и имајте добра ноќ
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Темата е одлична, но за лични интереси (незнам кои, не ве разбирам) е злоупотребена. Да не учествуваа модераторите и да не беа лично засегнати од дискусијава која трае подолго од седница за ребаланс на буџет, до сега ќе беше заклучена, учесниците опоменати ( темата трета смена беше затворена за многу помалку)...и да ....имате ЧЕТ па расправајте се

    п.с. сите сте во право
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.