1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што може да ги расплаче хороскопските знаци?

Дискусија во 'Канта' започната од Snow-Queen, 9 ноември 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Овен
    Многу сте суетни, но и многу емотивни, па вас лесно можат да ве повредат, ако личноста која ви значи и за која сте биле подготвени да направите се ве изневери или напушти. Тогаш плачете, затоа што сте немоќни да и се осветите, затоа што сеуште ја сакате. Чувствителни сте и за деца, па било каков облик на насилство врз нив, раѓа во вас страшен отпор и тага, особено ако неможете да направите нешто околу тоа.

    Бик
    Сите мислат дека сте практични, затоа што цврсто стоите на земја и ништо неможе да ве помрдне, што е во глобала точно. Но, кога ќе почне да ве прогонува споменот за незаборавна љубовна романса која неможела да се оствари, солзите веднаш ви ги полнат очите. Патите во тишина, со омилената музика и пијалок, не се јавувате на телефон, се додека некако сами со себе не се решите од болката, иако знаете дека тоа е практично невозможно.

    Близнаци
    Бидејќи сте најголемото зодијачко дете, вие обично плачете кога нешто ви е скратено, а сте немоќни да превземете нешто. Поради вашите каприциозни испади, во состојба сте да се расплачете поради работи кои на вашата околина и изгледаат тотално неважни. Недостатокот на љубезност и почит кон постарите личности и грижата за нив, може да ве растажи, затоа што сочувствувате со нивната состојба.

    Рак
    Поради нагласената суета, во состојба сте да се расплачете и пред големо друштво, кога некој ќе ве повреди и неможете да го направите тоа што сте го намислиле. Меѓутоа, ако некој од вашите блиски е болен или му е потребна помош, ќе ја ангажирате целата фамилија и ќе ги известите сите оние кои мислите дека можат да помогнат, но вам лично ќе ви биде најтешко да се ангажирате околу таа личност.

    Лав
    Во очај може да ве доведе болест или лоша здравствена состојба на близок член од семејството или ситуација каде неможете да ја заштитите својата фамилија, па имате чувство како да ви се врзани рацете. Се гадите од агресивно однесување, особено кон деца и животни и навистина може да ве растажи. Можеби солзите не ги покажувате на јавно место, но сигурно нема да ви биде лесно да ги задржите, затоа што сте многу чувствителни на болката на неспомошните и незаштитените.

    Девица
    Кога вашето его е повредено, тоа навистина тешко ви паѓа, иако често знаете да се расплачете за судбината на другите, отколку за својата. Многу сте чувствителни кон старите и беспомошни личности, па посетите на старечки домови можат навистина да ве растажат. Кога ќе видите напуштено животинче, целото тело ве тера да го понесете со себе и ако неможете да му помогнете имате огромна грижа на совест.

    Вага
    Иако умеете емотивно, многу бурно да реагирате, вас не е лесно некој да ве расплаче, затоа што по природа сте многу издржливи. Се грозите од сцената кога на јавно место, би изразувале чувства пред друг луѓе, но може да ве повредиличноста која ја сакате, ако ве изневерува, лаже. Кога влегувате дома и кога ја тргате маската на ноншалантно однесување и шарм, плачете до изнемоштување, гушнати со перницата и се заколнувате дека нема да дозволите веќе никој така да ве изигра.

    Скорпија
    Вие можете да заплачете, кога сте навистина фатени во некое значајно случување, било тоа свечен прием на највисоко друштвено ниво, свадба, роденден или крштевање на дете, кога нешто силно ќе ве допре и погоди. Ако сте импресионирани од успесите на вашите пријатели или најблиските роднини во кои сте допринеле нешто, може тешко да ви падне и да заплачете.

    Стрелец
    Ќе ви дојде да заплачете од мака кога ќе останете без пари, затоа што тогаш ве фаќа паника, поради неповолната финансиска ситуација во која едноставно се немоќни, а вие воопшто не го сакате тоа чувство, не ја сакате немоќтта, ни сиромаштијата. Сиромаштијата не ве плаши само вас лично, туку ве погодува и неправдината спрема луѓето кои таму некаде во белиот свет страдаат, поради болести, сиромаштија и беда или поради природни катастрофи, додека некои други, малобројни, профитираат на нивната мака.

    Јарец
    Со сеќавање ги листате семејните албуми со стари фотографии, додека ве обзема необјаснива меланхолија од која само навалуваат солзите. Го затварате албумот и ја отварате дрвената украсна кутија, во која сеуште чувате нечии љубовни писма. Ако сте млади, ги прелистувате пораките од мобилниот телефон или мејловите кои сте ги добиле од некој кој сте го сакале, а сега живее далеку од вас, или е во некоја друга држава.

    Водолија
    Всушност вие плачете кога ќе паднете во „јамата која самите сте ја ископале“, најчесто поради партнерот кој ве оставил, затоа што сте ветувале кули и градови, а ништо не сте исполниле. Сепак, вашиот конструктивен мозок работи „триста на час“ и смислува како да ги запре солзите. И пријателите може да ве натажат, ако ве изневерат, ако немаат човечност во нив, може да ве натажат и вести за оставени бебиња, злоупотребувани деца, бегалци и хуманитарни катастрофи.

    Риби
    Припаѓате на едни од најчувствителните и најсуетните хороскопски знаци, па затоа лесно е да ве расплаче нешто, поготово ако почувствувате дека сте изневерени или манипулирани од личностите кои ги сакате. Солзите веднаш ќе почнат и кога гледате романтичен, љубовен фил или серија, аможе да ве погоди некој ако малтретира животни. За да се заштитите, сакате да понегнете од таквата реалност – така и правите, фантазирајќи или патувајќи.
     
  2. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Да ,и мене ми е погодено.
     
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Сноу Квин, drugata-nauka/za-sto-najcesto-taguvaat-hor-znaci-t15000/ ;)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.