Како што рекле старите две жени во една кујна не бидува, а камо ли три - па така и јас не можам да се истакнам. Не можам да правам нешто кога сите околу мене се и свекрва и золва , и само додаваат е јас така правам , другата јас додавам нешто и така јас правам кога тие се отидени некаде што е многу ретко. Мојот сакан најмногу ги сака јајцата на око , омилени му се,потоа пржени компирчиња, долма, гравче тавче, печурки пржени со маргарини и сос од печурки,едноставно ги обожава кога се од мене правени. За благото, не е многу по јадењето благо само желбата му е голема да ми досадува да направам нешто благо, најчесто тоа е араванија, куглов , некоја лесна торта. Сега да си го средам спратот, ја чекаме кујната да ни стигни па ќе види тој какво е моето јадење
Обожавам да готвам за нас двајцата..секогаш се трудам да направам нешто вкусно. Еве неколку од нашите најчести јадења Пица,да многу сакаме и двајцата пица и често правам.Некогаш го купувам тестото а некогаш и го правам.Инаку на неа ставам кечап,печурки,маслинки,шунка,кашкавал,оригано и друго,најизменично. Месо со печурки и сенф. Компири на сите можни начини. Лазања,ммм колку ја обожавам. Лиснати кифлички со сирење,шунка или мармалад. Шпагети,макарони со различни сосови. Мајонез салата,пилешка салата....Инаку обаезно со секое јадење мора да има и салата шопска,таратур....во зависност од тоа што има. Ги заборавив слатките работи,најчесто правам палачинки,крофни,торти.... Инаку дечко ми ретко приготвува јадење,најчесто е зафатен со работа,но сепак умее нешто да приготви.Знае тој така понекогаш да изненади....
Па знае дека не сум по готвењето.. Уште незнам некои којзнае какви специјалитети, ама јајца и макарони знам! му се пријаде кај мене дома кога бевме, и сакаше да нарача пица, и јас ( домаќинката ) му викам чекај ќе ти направам јадење.. Му направив, најубави макарони! Со сос некој од мама кој го купила.. Читав употреба и правев.. и тој прв пат многу му се допадна, па ми кажа да има и друг пат.. Веројатно нема да има друг пат..
Јас искрено скам да ви кажам алал да ви е што му готвите Јас ова си го сметам за минус, ама не можам против себе. Се мразам себе кога сум во кујна, не знам зошто, ама толку се нервирам што му се смачува и од јадење и од се
Не сум некој голем готвач, ама се снаоѓам во кујната. До сега се што му имам зготвено му се допаѓало, особено обожава компир манџа со месо. Ја усовршив до толку, што и од мајка му поубаво ја правам
Многу често си јадеме заедно и иако во поголемиот дел од случаите јас сум главна во кујната , сепак понекогаш и дечко ми знае да припрема нешто . Омилено му е селско месо, но сама сеуште не сум се усовршила да го припремам, па само со мама . Најчесто му готвам пилешки стек со пире, колбавчиња или саламче со компричиња, јајца во комбинација со нешто . Знаеме да каснеме и гравче, мусака, ориз со копанчиња
До сега ги имам зготвено следниве работи: мусака, полнети пиперки, гравче на тавче, ориз со пилешко, спанаќ на тавче, пилешко со печурки, риба на скара......тестенини, јајца и други полесни работи се подразбираат. Сега сум во план да научам турли-тава, грашок, боранија, чорба со компири, супа со кнедли и ќе бидам спремна за мажење А од десерти имам направено торта со ореви, палачинки, орасници, бомбици рафаело, чоколадни топчиња (од храна и вино) ,емби, сладолед, пудинг До сега овие работи со кејф ги имам научено и мерак ми е. Дечко ми има пробано и му се допаѓаат....Тој пак често ми прави морски специјалитети, убави сендвичи, знае да пржи , прави многу убава скара и така
Саканиот мој и камења да зготвам ќе јади и ќе ме фали..срцка е за јадење..мана нема. Ама знае да си побара сутлијаш или полнети домати. Често знам да му зготвам и лазањи или канелони со топена зденка, посебно кога имаме и некое убаво винце да си се романсаме. Не е многу по месото па фала богу тука сме си погодени.
Јас си немам мака со моето кутре. Му готвам често. Најмногу од се сака ориз, со пилешко. Секој ден да му готвам само ориз ќе јаде и „А„ нема да каже Макарони со секакви сосови, лазањи, компир варен со сирење, кашкавал па потпечен во фурна. По месото не е многу. Јаде само пилешко, и телешко. Тука веќе сме си погодени. Нема да имам мака Си сака манџички како грашок, боранија. Меша секогаш со сирење и кисело млеко, без тоа не седнува да јаде. Не е прибирлив За десерт многу сака пудинг со бисквити внатре. Мрсна торта, ресана торта, палачинки со еурокрем, банана, и бисквити.
Јас пошто не знам да готвам, најчесто му правам тост или сендвич, а со помош на мајка ми пица или кифлички
мојот си јаде се па и за срека што и да му направам ме фали и му се допага,ама најмногу од се му се допага кога му правам макарони со сос,кофтиња со пире,мајонез салата секој ден да му правам ке биде пресрекен и да не заборавам домашен леб...ке се онесвестев од срам кога и рече на мајка му дека на пола не прави леб убав како мојот (па женава уште ме прашува како го правам-за на крај да каже ако бе мајка па со неа ке си цел живот нека ти прави се од убаво по убаво) иако ме бидува ама баш за се,додуша и секој ден готвам бес десерт нема ден кај нас некои колачиња обавезно,кифлици си месам...срека климата ме спасува па можам и на оваа време да печам леб ( инаку веке скоро година дена секој втор ден месам ) но и него си го бива во кујна кога е во питање сарма (ама не таква како македонската ) палачинки и печење месо тогаш јас морам да сум надвор од кујна дека готварчето мое си сака сам да си работи
Би му готвела се` што ќе посака...само уште да знаев што јаде и еден мал проблем - да знаев да приготвам нешто повеќе од макарони и шпагети.
Се што му душа сака, само да не остане гладен . Син на мајка тој, го чувам, го чувам, му кухам буквално се (се си знам)
Толку години сме заедно а јас скоро ништо му немам зготвено! Дури сега срам ме фати бре, ич не сум се покажала пред него Ние практикуваме или да одиме некаде на вечера или ручек или пак да си порачаме храна и да уживаме во јадењето! А за готвење сеуште не сум го шокирала со некој специјалитет Кога сум сама дома често ми е гостин и останува на спиење па наместо да се ,,развртам,, низ кујната и да зготвам нешто јас го терам да порачиме храна (пици, скара, билошто)! Најмногу што можам да направам е да испржам компир и да ја наредам масата (во тој дел признавам се трудам да бидам добра, демек му сервирам ) Изгледа ми дојде умот, нардниот пат ќе се потрудам нешто да зготвам
Стално ме кара дека не ме бивало за готвење Ама јас и сама си признавам, така да кога ни доаѓа на гости мама ни прави на двајцата пица или нешто благо набрзина, а јас еднаш само имам правено макарони потпечени и ми кажа дека повеќе му се допаѓале на мама пиците и кифличките ! Епа нека си јаде со баба му
Се’ што знам, му готвам. А тој е душа невидена, јаде се’ што ќе му сервирам, и коментира дека е вкусно. Знам дека му угодувам со проверени рецепти. Крем супи, салати, тестенини на илјада начини, домашна манџичка, месено... Знам дека самиот процес му е топење, така да и да не направам којзнае што, го цени тоа. Затоа и си го сакам.