Овој мојов многу сака зелка со свинско и кока кола. Јас па ич не сакам зелка, и на крај памет не ми паѓа да зготвам, и прв пат му зготвив после 5-6 години заеднички живот. Се стопи од среќа, а јас се унезгодив што до тогаш му немав зготвено нешто што толку го сака, а многу е лесно за правење
Кога сме сами некаде, најчесто му правам пица, полнети печурки со кашкавал, ориз со салатка, пржени компирчиња со салатка, и обавезно цеден сок, без тоа не може. Многу не знам да готвам, но тоа што го знам го правам со мерак, посебно зошто знам дека ќе му се израдува. Инаку искрено по готвењето повеќе е он, а слаб е како соленка. Јас да си готвам толку многу, и толку вкусно како него, ќе треба вратата со маргарин да ја мачкаат за да ме протнат низ неа. Обожава да ги зачинува јадењата со кари или копар. Превкусно. Неговите шпагети се најубави, салатите кои ги прави мх мх мх, не јадев месо, со него пројадов малце . Така да ние си ја имаме наредено, он ќе готви јас ќе чистам
Не бев нешто по готвењето, па си знаевме да си седнеме негде на ручек, вечера или да си нарачаме за дома. Е сега кога почнав да експериментирам во кујна, него го нема. Ама му држам онлајн часови и сам си готви. Срце тоа, само поставува прашања Омлет со кашкавал му е нешто најомилено. А бе да може секој ден ќе јаде. Пилешко и тестенини со некој сос, летна манџичка со зеленчук и јајца, компирчиња печени, варен ориз. Пица, пица-лепчиња и тост (без сувомеснато). Мераклија си е и на благо, редовно го изненадував со колачиња од слаткарница или направени од мама, а најомилени му се моите палачинки со бел, ванила фил и слатко од јагоди. Нареден пат кога ќе дојде, здравје Боже, ќе го пречекам со богата трпеза.
Па бидејќи знам повеќе работи да готвам му готвам тоа што сака. Знам повеќе пати кога сум била кај него дома и кога не е неговата мајка таму, а треба нешто да се направи за ручек тогаш јас ја преземам улогата на домаќинка и искрено правам и за нас но и за нив
Најчесто кога сме заедно правам потпечени макарони во рерна со црвено винце м м м м, инаку овожава тиквички пржени и увек ме тера да му ги направам, за благо палачинки, тутифрути, мини крофнички, медено срце... има уште многу работи, но за сега ова ми дојде на памет
јас најчесто му правам десерти кој ги преобожавува...или cheese cake, чоколаден мус, ресана торта, и други слатки задоволства инаку освен стандардните јадења знам да го изненадам со лазања, кинеско пилешко со соја, гибаница
Мојот ужива да му правам пици,но ужива да јаде динствувани кременадли и копани динствувани,баш утре на репертоар ќе бидат динствувани копани и варен ориз кој ке биде варен,а потоа пржен во сосот од динствуваните копани фантастично е јадењево
Обожава шпагети со сос и кашкавал потпечени,тоа му го правам често,пилешко со компирчиња,турлитава исто така обожава и мусака,а најголем љубител е на слатките задоволства така да секој пат кога ќе дојде му правам по нешто благичко за да му биде благо на душичката
Генерално, не пребира.Јаде се што ќе му зготвам,единствено сака да му е убаво сервирано - така го научила мама Не сака само босилек или рукола во салатата, тоа за него е трева. А, јас не можам да замислам салата без овие додатоци
на љубави моја пааа се што сака најмногу ми го сака бифтекот со моркови и пире шпагетите со болоњезе сос пилешкото со ориз ааа и да не заборавам неговото омилено благо чупава деса
Дечко ми си е гурман преголем Ама благото месото и сосевите му се No.1 Секогаш го прашувам што сака. Но кога не сум во можност финансиски готвам што има.
Денес ќе му правам полнети модри патлиџани, или по на баба ми муабетот ИмамБајалди, малку ќе ги изменам, нешто ќе додадам, нешто ќе одземам, ама сигурно ќе бидат со афтентични зачини, турски, време е да ги отпакувам Кога дечко ти го одбира твојот ручек пред оној во Ориент Експрес, значи ептен те бива
Од оние брзите работички - клуб сендвичиња, со секакви можни комбинации, потпечени лепчиња и кршам по едно цело јајце на секое, па кога ќе изеде 3 е како бумбар во фацката и стомакот, сака шпагети со сос од мелено месо, или сос од модри патлиџани или еден мој измислен - со пилешко месо и кисели краставички. Многу е љубител на сарма, полнети пиперки и модри патлиџани, ама јас тоа поретко го правам, се нервирам некако со овие манџурии. Чекаме на мама за овој дел. Јајца на 101 начин - кајгана, омлет, на око, на уво. Пица, банички, милиброд, мафини, кифлички, се` тестесто... Туна салата и пилешка салата правам одлично, за мимоза веќе се знае, не е некоја голема филозофија... единствено на боранија се мршти и не му се допаѓа грашокот, јас го сакам потечен како манџичка, а он се чепати и го сака посув... Љубов сме со храната.
Најмногу ги обожава моите потпржени печурчиња со малку вегета,па тоа најчесто му го приготвувам. Ги сака сите видови на пици што умеам да ги направам - од тешки ,мрсни ,со месишита и сирења до лесни вегетеријански , ниедна не му штети по здравјето. Еднаш ,на почетокот од врската ,кога сеуште не му ги познавав доволно прехранбените навики му направив фрапе со јагоди ,а типацот бил интолерантен на лактоза.За три стотинки откако го испи отрча во вц и душата ја остави в шолја
Саканиот ми мој за среќа јаде се и не прави баш проблем околу храната ,ама најчесто му приготвувам пилешко со кари ,тестенини со разни сосови ,од благичко (пошто е голем љубител на благото ) топло ладно ,мафини ,киндер торта