баш во моментов за него готвам треба да си дојде од работа- пилешки крокети со пире, грчка салата и супа.
Секаде се пофалив па ајде и овде, денес ептен го нагостив мој Буци, Багелс Пецива и Браунис колачиња. Капучинца со многу пена и срце од чоколадо беа до неодамна најчест напиток во кревет. Оној ручек од минатиот пат беше многу добро прифатен од мојата посилна половина
Пита со праз, шницли, пилешко со кари, компир манџа, подварок со кременадли, обожава пржени компирчиња со јогурт и лук (ретко му правам заради лукот) , а без разлика што и да има за ручек, мора да јаде плус брокули и прокељ (ме умре со тоа више) )) .
Да е сакан, ЈЕ сакан ама денес ништо не му готвам, нека ме носи тој мене на ручек а утре ќе добие спанаќ за ручек
Што да му готвам, кога не ми ги сака бучкурушите. Не дека не готвам убаво, ама многу е пребилрив и не јаде сè и со тоа ми го отежнува изборот при готвење. Обожава благо, па затоа палачинките и мафините се на прво место. Неретко се случува да ми се јави и да рече: „Слободна си?“ „Ај смучкај од тие модерните слатки.“ Исто на менито се и тестенините - потпечени, запечени, варени, пропржени со некој сос - за нив немаме проблем. Јас обожавам сува храна и мислам дека сум главниот виновник кој го навлече на клуб-сендвичиња и потпечени лепчиња. Приготвувам најразноразни варијанти на сендивичиња - што има во фрижидер тоа, правам комбинации и ги снемува во рекордно време. Пилешко и телешко на разни начини, Цезар салата и ... и тоа. Не јадеше ниту печурки, ама му направив полнети потпечени во рерна и многу му се допаднаа. Му реков јас, со моето готвење ќе прејаде и суви сливи, ама прашање на време е кога.
Вака викендов планирам да му зготвам нешто на либето,ама врска немам што. Он се си јаде,ама јас имам две леви раце,така што ми треба предлог за нешто лесно,брзо и вкусно,што оди во комбинација со розе вино.
Се што ќе посака... Месо и компир на сите можни начини. Најмногу сака печено, ама ретко имам толку време да му спремам. Он мене најчесто ми прави кајгана за доручек, по негов рецепт.
Што му готвам? Па, тоа што знам. Пилешки прсти, свинско месо направено како селско со црвени суви пиперки, ќофтиња и пржени компири, спанаќ, мекици, копани со ориз, супа. Манџи не сака да јаде. За тестенини и кајгана е задолжен тој, и за стекот исто така. Од страна на благо ништо не правам, ама баш ништо, а треба да се научам барем палачинки да правам, ги сака многу, ама ете некако ми се досадни и не сум изјавила желба, а да пробам можеби ќе ги направам.
Се надевам дека не е премногу касно за предлогот. Рецептот е премногу лесен и нема шанси да утнеш или да не ти излезе нешто како што треба. Тестенини со бел сос - јас преферирам шпагети. *Мерките ми се од око, за двајца излегуваат дури и порции за репете. 3-4 моркови средни по големина сечкаш на коцкички и ги ставаш да се пропржат, сечкаш 2 чеснички лукче на ситно или пак пола главица кромид и ставаш заедно со морковот. Претходно потпечено пилешко месо сечкаш на коцки и го додаваш да се пржи со зеленчукот или пак можеш да експериментираш - печеница, врат, сланина, чадена пилешка салама - сечкаш и ставаш да се пржи. Откако ќе се запржат, додаваш солена павлака за готвење - нема врска дали е течна или пенаста (сум среќавала од онаа за готвење во пенаста форма исто како обичната павлака), таа си се разводенува и станува сос кога ќе се измеша со смесата. Мислам дека пакувањето беше од 400 мл, но не е проблем и доколку е 500мл. Постојано ја мешаш павлаката за да добие одредена густина и по некое време, обично 5-7 минути, тргаш од оган и готово е за сервирање. Мене розето повеќе ми годи кога се служи со благце, но мислам дека она аперитивното Стоби баш би одговарало и со тестениниве.
Хм што му готвам... па гревота е да речам дека САМА му готвам,кога си готвиме заедно двајцата повеќе сака тој да ми готви мене отколку јас него ..ЉУБОВ МОЈА ЕЕ
Се што ќе посака т.е не е некој прибирлив така да знам дека што и да зготвам ќе ме испофали дека е најубаво Најчесто компири на секаков начин и салати Од благо палачинки, брза торта со пудинг
Па најчесто пудинг и пуканки , тоа ми е најбрзо А инаку, пилешки прсти, соја/похована соја со некој сос со тоа што ќе најдам во фрижидерот, похован кашкавал, компирчиња пржени, ресана торта, јо јо торта, салата од зелка , печен сендвич, па што знам,најчесто ова, па сигурно има уште нешто али не ми текнува сеа баш Спојлер заборавив да напоменам, мм е доста пребирлив, и голема мака имам
Некна му направив пица и му ја однесов дома кај него он беше сам дома само што си дојде од работа и бидејќи знаев дека нема што да јаде јас ја направи и му ја однесов готова. Инаку он многу почесто ми готви мене посебно макарони и еден негов специјалитет што ми го направи мх мх мх