Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што му готвите на саканиот?

Дискусија во 'Рецепти' започната од viki85, 20 ноември 2010.

  1. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Мм е навлечен на кифлички, така што еднаш неделно обавезно правам дупла доза :D Исто така навлечен е и на бурек. Е со бурекот си имам мака. Патувам 40 минути до најблиската продавница со ориентални зачини и продукти за да купам кори за бурек. Ама пуста љубов, мерак ми е да го изненадам :inlove:
    Имам среќа што воопшто не е пребирлив, така да сите мои експерименти со светските кујни ги јаде :) Гурман е како мене и сака да пробува различни јадења.
    Од нашите заеднички рецепти ќе ја издвојам тексашко-македонската верзија на гравче тавче :rofl:
    А со опаш највеќе мафта кога ќе направам Васина или гријаж торта :D
     
  2. bekii

    bekii Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    53
    Со дечкоми и двајцаата сме по јадењето, никогаш најадени. Му имам готвено многу пати. Најмногу сака пржен компир, исто така јајца сум правела, тостови (солени и благи ) , салати, манџи, и мн др лесни работи.. :)
     
  3. Viktorii4e

    Viktorii4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    258
    јас пробувам да зготвам се по македонски рецепти ама мајкамy лошо го навикнала со нејзините рецепти па ќе мора да се навикне на моите...
    иначе готвам се месо,компири,тестенини,пити(комад),мекици,крофни,торти,колачи,грав,манџи,јајца, пуканки(обожаваме и двајцата),кифлите ми ги фали многу,ориз на секакви начини,супи и салати...тоа е се што ми текна сега.не е некој пребирлив ама не е навикнат на македонска кујна нажалост.
     
  4. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Вчера за ручек му правев печени компири со парчиња пилешки стек
    сакав да го правав и сосот од печурки ама не знаев како (facepalm)
     
  5. Tatjana95

    Tatjana95 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Абе којзнае што желба ќе беше... Ептен сакам да му готвам! Уште немаме услови баш за цел ден да се маткам во кујна, ама ќе биде и тоа. До сега од благите работи имам правено васина, еским, ледени коцки, тригони, индијанки, палачинки, а од солените шпагети со болоњезе сос, селски лонец, грчки ќофтиња, јајца на триста начини, и се што спаѓа во категоријата на тостови, сендвичи, пржени компирчиња, колбаси, зеленчукови мешавини, супи, макарони, салати итн... Сега на ред се гркланите и кифличките. После преминуваме на зелници и слични месени работи. Ух, одвај чекам шанса.. :lol:
     
  6. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Edno od pred nekoj den omilenoto na mm->oriz so mesavina zelencuk so belo meso i sos od pecurki so sopska :)
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    810
    Допаѓања:
    5.126
    Пол:
    Женски
    Мерак ми е да готвам, особено кога сум кај него и пред да дојде од работа ќе му спремам нешто вкусно.
    Најчесто приготвувам некое јадење со пилешко или тестенини тоа и двајцата ептен сакаме. :)
    Еве и денес сум кај него, па кога ќе дојде од работа на маса ќе го чекаат шпагети - болоњезе... мх мх мх ајде отидов јас да ја окупирам кујната. :D
     
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Највеќе ми ги обожава карбонара тестенините. Сите тестенини ми ги обожава, а јас секогаш различно ги правам, само додавам нешто, некој зачин, некое различно кашкавалче ...
    Многу ги сака тестенините потпечени во рерна со павлака за готвење и маги зачинот за запечени тестенини, чадена сланина и чаден кашкаваш, некогаш додавам и печурки или пилешко мевце со ова, што се наоѓа по дома тоа. Обожава тестенини со спанаќ, медитеранските тестенини ми ги обожава исто, абе сите мои тестенини му се омилени, со тоа немам утка.
    Ќе напишам како ги правам медитеранските тестенини:
    Се пропржува лукче на маслиново масло, се додава туна, црни маслинки без семка, малце да се крчка тоа, пред крајот се додава снопче рукола и шери доматчиња, се додаваат и претходно сварените тестенини (шпагети или макарони) и убаво се меша, се зачинува по желба, јас додавам многу шарен бибер. Одозгора обавезно пармезан.
    Тестенините со спанаќ ги правам слично, исто лукче се пропржува на маслиново, се пропржува и чадена сланина ситно исецкана, потоа се додаваат листовите спанаќ, на крај тестенините и се убаво се меша.
    Му правам јадења од компири, крокетите и плескавиците од компири посебно ги обожава.
    Крокетите ги рпавам така што прво варам компир, после го пасирам како за пире, во него додавам шунка, кашкавал, зачини, формирам топчиња, ги валнак во презла и пржам. Истиве ги правам и со колбаси ситено исецкани наместо шунка, и така се многу вкусни.
    Плескавиците ги правам според овој рецепт:
    Потребни состојки:

    • 2 кг компири, излупени и изрендани
    • 1 голема главица кромид, изрендана
    • 2 јајца, изматени
    • 1 лажица нишесте (густин)
    • 100 гр лебни трошки
    • сол и бибер
    • масло за пржење
    Подготовка: Компирите изрендајте ги, ставете ги во чинија и потопете ги во ладна вода. Кромидот изрендајте го и исцедете го преку цедалка или газа. Истото направете го и со компирите. Убаво исцедете за да нема ни малку течност. Во длабок сад ставете ги компирите, кромидот и додадете ги јајцата, лебните трошки, зачинете со сол и бибер и ставете го нишестето. Треба да добиете еднолична смеса. Од неа, земете мали топчиња, стиснете ги меѓу дланките и формирајте мали сплескани ќофтиња за да исцедите вишок течност. Потоа, ставете ги да се пржат во претходно добро загреано масло. Пржете додека да поруменат од сите страни.
    Правам и печен компир по рецепт на Алачки. Се сечат компирите на тркална, секое тркалце се мска во зејтин па во презла и се реди на тава, одозгора ставете малку сол, вегета и печете. Многу се вкусни.

    Салати обожава секакви, зелечнук многу јаде, шопската не ја менува за ништо.
    Од месо готвам најмногу пилешко, може цело коковче печено, пилечки прсти, пилешко во кари, печени крилца со сос...
    Тие се многу вкусни, мора да го изнанадите партнерот со овие. Дечко ми многу го потсетуваат на оние во Америчките филмови кога јадат по цела кофа, јас кога ги правам ни KFC не ми е рамен.
    Пилешките крилца прво маринирајте ги, по голем сад додадете им масло за јадење и зачини и оставете ги саат време. Потоа печете ги во рерна, нема потеба да додавате уште масло. Кога ќе бидат готови (мора да бидат крцкави) измешајте ги во сосот.
    Сос:
    половина лажичка чили (може и повеќе ако сакате да бидат лути)
    2 лажици соја сос
    2 чешниња лук
    50гр мајонез
    50гр сенф (мајонезов и сенфот лупнете ги по желба 2 лажици доста се, немора да се мери точно до грам)
    останати зачини по желба ( на пример неизбежното кари)

    Свинско и говедско правам слично ко гиро, досега не сум правела некое посебно печење. Обично во тортиљи го ставам.
    Пици и теста незнам да правам и не правам тоа.
    За сендвичи и тостови сум виртуоз (според дечко ми).
    Од благо знам да правам многу многу работи, ама најбрзо и најлесно ми е некои мафини или топло ладно на брзинка. :)
    Редактирам да ви кажам дека и скара многу добро правам!
    Што да ви кажам, дечко ми е среќен човек :lol:
     
    На Doozy, macovska, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  9. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    :D
    Пудинг, какао, колачиња најубави.
    Пица се важи ли дека му купувам? :)
     
  10. LadyVamp

    LadyVamp Активен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2014
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    79
    Какви шпагети со доместос сакам да му напраам на моментииии АУ
     
    На Espadrila и Arthur им се допаѓа ова.
  11. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    8.498
    Пол:
    Женски
    @Mishela , или било кој друг, некаква рецепта за тие полнетите печурки? Знам дека не е нешто комплицирано, ама никогаш не сум ги приготвила.
    Со што ги полниш? Кашкавал?
     
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.923
    Допаѓања:
    81.205
    Пол:
    Женски
    На свежите шампињони им ги отстрануваш дршките и внатре полниш со се` што имаш во фрижидер - зденка, фета или обично сирење, кашкавал, млечен намаз... можеш да си направиш каква комбинација сакаш. Нас најомилени ни се со кашкавал или сирење, ситно насецкана печеница и малку изрендан морков.
    Од зачини ставам само оригано или сушен магдонос, состојките внатре ми се доволно солени и немам потреба од сол или вегета. Печам од око - кога ќе видам дека сирењето/кашкавалот е растопен и печурките зарумениле и пуштиле вода, исклучувам и сервирам.
    Немам некој посебен рецепт, импровизирам со се` што ми се наоѓа при рака, а нема поубав гарнир од полнетите печурки - одлично одат со секаков тип на месо или како мезе со узо.
     
    На Doozy и simoncelicius им се допаѓа ова.
  13. macovska

    macovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2014
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Исто како што ти кажа Мишела, но јас практикувам : ГИ мијам,ги вадам дршките,и ги полнам со растителен кашкавал и од горе мало парче пилешка шунка (или нешто по твој избор), и ќе им туриш и малку вода,оригана,вегета или што сакаш од зачин и ќе гледаш отприлика да се топи кашкавалот и да заруменат печурките. Мојот ги сака со павлака и ситно сецкан магдонос а јас така ги јадам.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    @simoncelicius јас највеќе ги сакам полнети со кајмак и пршута. Е штета дечко ми не јаде печурки иначе какви рецепти знам... :smirk:
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  15. macovska

    macovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2014
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Баш ти фала за рецептиве , ете денес јас го изненадив со компир крокетите па и двајцата сме ти мн благодарни за идеата за ручек :)
     
    На simoncelicius и mims-89 им се допаѓа ова.
  16. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.968
    Допаѓања:
    134.891
    Пол:
    Женски
    На нашето (заедничко) мени има свинско месо,пилешко месо, пици, по некоја салата, макарони,палачинки, тост и компири. Е сеа од тоа зависи колку време иам за готвење и колку сум расположена. Ако ме има мрза фатено праам тост и толку е. Ако више ептен сум расположена може да му запечам или пилешки стек или свинско мевце, да испржам компир и да напраам шопска салата. Он сака превише да експериментира, со вкусови, со зачини. со се и свашта, ама мојот желудник не го поднесува тоа. Затоа он коа готви прави одделно за него одделно за мене.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    a-Chapl_ZL1.jpg
     
    На tessie и Sesil им се допаѓа ова.
  18. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Комплетно е навлечен на слатки, посебно Red Velvet тортичките, палачинки и крофнички со чоколаден прелив, мх, мх. Му викам вака ако продолжиш во вратата нема да те собере, ама супер си е. :lol:
    Сака многу протеинска храна, па кон тоа и се придржувам кога и да му подготвувам нешто. Секогаш е нешто различно и сакам да го изненадам со нешто ново. Она што како стандард се провлекува се салатата од туна, шпагети Bolognese и омилениот доручек ~ јајце Benedict и свежо подготвен холандез сос. :)
     
    На alana95 и joy1 им се допаѓа ова.
  19. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Обожавам да готвам за него, секако кога има прилика за тоа, си јаде се што ќе му зготвам фала богу не е прибирлив..
    последно за доручек му направив јајца на око, пржено сирење и кисели краставички
    уште да научам тие палачинки да му ги правам, јас нит ги јадам нит знам да ги правам
    ама од љубов мора да научам :angel:
     
    На crazylady, EMoonlight и SwanMay им се допаѓа ова.
  20. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Лека полека почнавме се’. На почетокот тоа беа само сендвичиња, па преминавме на тестенини и стасавме до печења :)

    Остана уште да ги научиме македонските традиционални рецепти.

    Кога немате време за готвење доволен ви е еден Тако чипс, и добро познатиот сос кој го научив овде на Фемина; Во малку млеко се става кашкавал да се растопи и добиваш совршен дип.